дома блог страница 3110

Пожарот во Велес фотографиран од авион: Погледнете ја оваа жална слика

Флората и фауната покрај езерото „Младост“ во Велес е целосно уништена поради денешниот голем пожар предизвикан од мајстори кои работеле на изградба на куќа.

Фотографиите направени од авион кои пристигнаа до редакцијата на „Република“, ја покажуваат големината на штетата која е предизвикана.

На терен со пламените јазици се борат повеќе од 50 војници, екипи на ТППЕ, хеликоптери и два авиони од ДЗС кои вечерва ја прекинаа акцијата поради намалена видливост, на помош во велес пристигнаа и противпожарни екипи од Скопје.

Извор: “Република.мк”

Во село во Полска 10 години се раѓаат само девојчиња

Во селото Миејсце Одржанские на југот на Полска веќе 10 години се раѓаат исклучиво женски бебиња. Во селцето живеат само 300 луѓе.
Во изминатата деценија се родиле само 12 бебиња, од нив ниту едно момче.За несекојдневниот случај пишуваат и познатите светски медиуми.

Претседателот на месната заедница Рајмунд Фришко, инаку татко на две ќерки, понудил парична награда за првата брачна двојка која ќе добие момче.

– Толку многу медиумите пишуваа за нас така што дури и размислував да именуваме улица по првото родено момче. Тоа би бил дефинитивно убав подарок. Ќе засадиме даб и ќе го именуваме по него – рекол Фришко за британски „Телеграф“.
Ваквиот случај ги заинтригирал и научниците кои покажале интерес за ова село, но досега конкретно истражување за генетиката на населението немало.

„Постојано добивам повици од доктори од целата земја со совети како да се зачне момче. Неодамна ми се јави доктор од централна Полска, кој вели дека полот на бебето зависи од исхраната на жената, и дека треба да биде богата со калциум ако сака да роди момче“, изјавил Фришко.

НАПРЕД МАРКО! Цела Македонија е со тебе! Охридскиот херој го започна маратонот долг 64 километри (ВИДЕО)

Малиот Марко Пејчиновски предмалку го започна својот нов подвиг.

Марко ќе плива цели 64 километри во водите на Охридското езеро, а неговата траса ќе се движи до Св. Наум, потоа до Струга и ќе финишира во Охрид утре на големиот христијански празник „Успение на пресвета Богодорица“.

Подвигот на Марко Пејчиновски е дотолку поголем ако се има предвид фактот дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Марко плива за лицата со ретки болести, за што беа испечатени и маички, а средствата добиени од продажбата на истите ќе бидат донирани токму за овие лица.

ХОЛИВУДСКАТА ЅВЕЗДА ПРОДАВАЛ ДOМAТИ НА ПАЗАРЧЕ ВО НИШ: Еве зошто на Роберт Де Ниро Србија му е во срцето

Еден од најголемите актери во Холивуд, Робет Де Ниро (76) е горд татко на шест деца, а ја посвоил својата најстара ќерка додека бил среќно оженет со неговата поранешна сопруга Дајана Абот. Дрена де Ниро има 48 години, исто така е актерка, а малку е познато за приказната зад нејзиното име. Имено, Дрена е именувана по реката Дрина, што се споменува и во нејзината биографија на веб-страницата IMDB. Со оглед на целата приказна што можете да ја прочитате подолу, се претпоставува дека ќерката на Де Ниро го добила името по познатиот роман „Мостот на Дрина“.

Уште во 1967 година, Де Ниро ја посетил поранешна Југославија како авто-стопер и на излегување од Ниш застанал селанец од Кокот, по име Радован Ѓокиќ. Еден нишлија преведувал што зборува Де Ниро и се покажа дека младиот, тогаш непознат странец, бара сместување.

Ѓокиќ го ставил во својот автомобил и срдечно го примил во неговата куќа, каде што актерот ја помина ноќта. Следниот ден, тој го придружувал до патот, спакувајќи му погача и сирење за да не остане гладен.

Една година подоцна, во летото 1968 година, во Чокот се појавил автомобил „Фолксваген“ со германски регистарски таблички. Се испоставило дека не е никој друг зад воланот туку истиот човек што минатата година дошол во местото. Овој пат тој останал три дена и заедно со својот домаќин берел домати, возешел зеленчук на пазарот во Ниш и продавал со него.

Потоа заминал за Чокот за Грција, но на бензинска пумпа помеѓу Ниш и Лесковац качил стопер кој му го украл паричникот. Поради ова, тој се вратил кај Ѓокиќ кој му дал пари за пат, а Роберт му ја понудил во вид на благодарност својата камера, но селанецот го одбил.

Поминале многу години од тогаш. Ѓокиќи од Чокот го виделе Роберт Де Ниро на филмското платно и сфатиле дека тие всушност имале голема ѕвезда на гости.

Во меѓувреме, Де Ниро го прочитал романот „Мостот на Дрина“ и на својата ќерка и го дал името Дрена. Медиумите исто така пишуваат дека тој често ангажирал дадилки од Србија, а со години како телохранител за него работел човек кој исто така е Србин.

Извор: “Инфомакс”

Целовечерен концерт на КУД “Дримкол” од Вевчани во Прилеп

Под мотото „ Со песна и оро до височините“ во четврток 29.08.2019, од 20.00 часот на платото пред ЦК„Марко Цепенков“ (арт плоштад) целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето и е во програмата на ЦК„Марко Цепенков“ поддржана од Министерството за култура.

Податоци за друштвото

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со своето долгогодишно постоење има оставено белег во македонската историја на традиционални уметнички вредности.

Формирано е под името Печалбар, а подоцна се преименува во „Дримкол“ и од тогаш до денес континуирано и активно работи за негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон фолклорната дејност. Како национално богатство друштвото ја афирмира нашата држава онака како што доликува: квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоените дипломи, награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали.

Богатата изворна вевчанска носија, изворните инструменти, изворните кореографии го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Република Македонија. Но и покрај изворниот фолклор на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава. Друштвото денес брои 175 активни членови од 7 до 55 години распоредени во составите кои работат во рамките на друштвото:фолклорните ансамбли, пејчката група, изворниот оркестар.

КУД „Дримкол“веќе неколку години е класифицирано како друштво од Прва категорија во рамките на Министерството за култура на Република Македонија, класификација која од една страна претставува признание за долгогодишната успешна работа, а од друга страна и мотив за поголем придонес во развојот на Македонската култура и традиција.

(ВИДЕО) Решил да отвара вино со оган од плинска боца, па за малку ќе доживееше kатacтpoфа

На социјалните мрежи често можеме да видиме видеа во кои се отвораат вински шишиња на спектакуларен начин, со мачета, со оган и друго.

Овој „генијалец“ реши да проба да го отвори виното со оган од плинска боца, но очигледно не е доволно обучен за тоа па неговиот обид заврши катастрофално и шишето му експлодираше во рацете. За среќа од експлозијата не е повреден никој.

“Штрајкбрејкери во Прилеп: Презадоволни ли од платата не сакале штрајк?”

Околу 170 просветни работници од Прилеп, незадоволни од Одлуката на Регионалниот одбор на СОНК, а која била донесена уште во февруари годинава, и со која, наводно им било забрането зачленувањето во постоечката синдикална организација, на денешната прес-конференција обелоденија дека тие, в понеделник, немало да учествуваат во најавениот штрајк на СОНК, односно дека редовно си се враќаат на своите работни места – пренесува порталот “Три.мк”

Според нив, со ваквата Одлука на Регионалниот одбор, односно на неговиот претседател, Златко Думбалоски, тие биле ставени во дискриминирачка положба, бидејќи според Законот за работни односи, чл.185 – „Работникот слободно одлучува за своето стапување и истапување од Синдикатот“.

Меѓутоа, она што зачудува во целата оваа работа е зошто овие, претежно млади, нововработени просветни работници, на ваквата Одлука на Регионалниот одбор, која е стара шест месеци, реагираат дури сега, непосредно пред одржувањето на закажаниот штрајк кој треба да се одржи на 2-ри септември, иако, за волја на вистината, нивното оправдување беше дека тие, наводно дури сега дознале за неа ?! Исто така, претставникот на групата просветни работници, наставникот во одделенска настава, Горан Аврамоски, денеска не знаеше точно да одговори на новинарското прашање што добиваат, а што губат со тоа што тие не се членови на Синдикалната организација, освен што им е нарушено со Устав загарантираното право за членство во синдикална организација – пишуваат од порталот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Златески: “Внимавајте како ги трошите парите на граѓаните, да не се случи крајната дестинација на автобусите да биде Шутка!” (Видео)

“Tри дена веќе од СДСМ се сликаат и прават филмови од новите автобуси болиди вредни 1 милион евра народни пари, кои според премиерот Зоран Заев ќе сообраќаат во Полошкиот регион”, истакна на денешната прес конференција Никола Златески, претседател на Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Добро е тоа што се набавија нови автобуси, но јавноста сака да чуе одговри за тоа како се потрошени парите на граѓаните, дали постојат нерегуларности околу набавката и дали одредени лични интереси се ставени во преден план…

Денеска повторно прашуваме, како е возможно на еден така голем тендер единствен понудувач да биде фирмата Аутомакедонија АД Скопје?

Дали тендерот еднаш бил поништен, а во повторениот тендер одново како единствен понудувач се јавува само истата фирма, која во првиот обид не доставила банкарска гаранција?

Доколку е така, она што требало да го направи општината е да и даде на фирмата негативна референца, а не да и дозволи да го добие тендерот.

Дали според ова личните интереси и договорите во четири очи имале предност при набавката на автобусите?

Зошто директорката на ЈП за ПУП тврди дека тендерот бил меѓународен, кога на електронскиот систем од Бирото за јавни набавки јасно стои дека не постои меѓународна објава?

Зошто ви беа автобуси на метан кога во Прилеп не постои метан станица и на колкав дополнителен трошок ќе ги изложите граѓаните и општината?

На крајот како ќе ја оправдате цената од по 250.000 евра за секој автобус, кога со обично пребарување на Гугл може да се забележи дека ист ваков автобус чини 150.000 евра?

Повторно ви порачуваме, бидете внимателни и домаќински трошете ги парите на граѓаните, за да не се случи овие четири болиди за крајна дестинација да водат до Шутка.

Овие сомнежи се повеќе од доволно за и Јавното обвинителство да се одважи и да го истражи случајот по допрен глас, што доколку не се случи ќе биде покренато од наша страна”.

РКЕ со нови цени на горивата: Дизелот повторно поскапува

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ до идниот понеделник.

Цените на бензините остануваат непроменети, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 и понатаму ќе чини 66.50 денари литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 68.50 денари.

Мало зголемување има кај цената на дизелот – и тоа за половина денар. Соодветно на тоа од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 61.00 денари.

Цените важат од полноќ.

Се здружуваат промоторите на БРЕГЗИТ: Фараж му нуди изборен пакт на Џонсон, а еве што го чека доколку одбие

Лидерот на битанската партија за Брегзит, Најџел Фараж, му понудил на британскиот премиер Борис Џонсон “изборен пакт” доколку земјата излезе од ЕУ без договор, додека во спротивно ќе се соочи со борба за секое пратеничко место на следните избори, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, повеќе од три години откако Британија со 52% од гласовите го изгласа Брегзит, излегувањето од ЕУ “виси на конец”, а се отворија повеќе опции како бурен развод со Брисел, мирен излез или пак нов референдум.

Фараж кој во 2013 година вршеше притисок на тогашниот премиер Дејвид Камерон да организира референдум за излез од ЕУ, рече дека големи се шансите избори да бидат организирани уште оваа есен.