дома блог страница 3107

Рускиот џин се врати во Вардар и ќе го носи дресот во наредните две сезони

Рускиот интернационалец, Глеб Калараш (28) останува член на Вардар и во следните две сезони. Иако замина за Украина, желба на играчот беше да се врати во клубот со кој ја освои ЕХФ лигата на шампионите и СЕХА Газпром лигата минатата сезона. Откако беа разрешени сите административни формалности, 205 см. високиот играч е регистриран како играч на Вардар.

Калараш минатата недела дојде во Скопје, но чекаше да се завршат сите формалноси за да може и официјално да тренира со своите соиграчи. Вардар во моментов е на Супер Глоуб во Дамам, а Калараш остана во Скопје да тренира заедно со Стоилов кој се подготвува за враќање на теренот.

Рускиот пивотмен дојде лани во Вардар и веднаш стана еден од омилените играчи на публиката, но и меѓу соиграчите. Беше дел од екипата што ја одбраната титулата во СЕХА ГАзпром лигата и во домашното првенство, и во триумфот на „црвено-црните” на Ф4 турнирот во ЕХФ лигата на шампионите Келн.

Прилепчани од денеска си имаат своја верзија на “Нешто ќе те питам бабо”: Двајца прилепчани ја изведоа како никогаш досега (ВИДЕО)

На 14-ти јули се одбележаа 112 години од најепохалната битка после Илинденското востание, битката на планинскиот врв Ножот, кој се наоѓа во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Повеќе патриотски здруженија во организација на Македонското патриотско здружение “Патриот” од Прилеп, како и група граѓани беа присутни на Ножот каде им оддадоа почит на паднатите херои.

Прилепскиот оперски пејач Стефан Неданоски на Ножот отпеа неколку песни, а најновата снимка која излезе е од изведбата на “Нешто ќе те питам бабо”.

Стефан песната ја испеа во придружба на гитаристот и професор Илија Чакароски.

Слушнете ја оваа моќна изведба:

ПОЗНАТИ БЛОГЕРИ ОД ЧИКАГО: Ова не може да го најдете во Грција, само во Македонија

Блогерите Одри и Хари од Чикаго, вљубеници во патување низ светот, на Твитер споделија фотографија од Македонија со шеснаесеткракото сонце, и напишаа:

– Ова не може да го најдете во Грција, само во Македонија.

“Пресс24”: Таткото ги оставил децата во автомобилот за да оди на забава – Детали за дpaмата во Аеродром

Тpaгедија била спречена во Аеродром кога биле пронајдени две забоpaвени и дехидрирани дечиња, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, заклучени во возило на булеварот Видео Смилевски-Бато.

Таткото ги заклучил децата во автомобилот додека спиеле, па отишол на забава во Ново Лисиче. Децата по кратко време се разбудиле во возилото во кое биле оставени сосема сами и заклучени и плачеле додека не дexидрирале. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош – пишува порталот “Пресс24”.

Очевидци велат дека веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница. Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала.

Парот бил разведен, а децата биле кај таткото на еден ден.

Извор: “Пресс24”

Koнцерт на “Трио Долче” во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”

На 30 август 2019 /петок/ во 20.00 часот, во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ под наслов „Сеќавање на едно лето“, концерт ќе одржaт “ТРИО ДОЛЧЕ”.

ДЕЦАТА СЕ ОДЗЕМЕНИ ОД РОДИТЕЛИТЕ: Центарот за социјална работа ги смести децата кај згрижувачко семејство

Центарот за Социјални работи денеска излезе со изјава во врска со случајот со заклучените деца во автмобилот во населба Лисиче. Од таму известија дека децата се одземени времено од родителите, сместени се во згрижувачко семејство. Се чекаат документи и официјални резултати од истpaгата на полиција и ОЈО за понатамошна постапка.

Од Центарот известија дека биле запознаени со случајот на децата уште во текот на вчерашниот ден, но по слуајот се постапува денеска поради тоа што се чекало да завршат деталните лекарски прегледи.

“На кој Г(к)радоначалник од Полошкиот (Пелагонискиот) регион мисли Христијан Мицкоски?”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во колумната која пред неколку дена ја напиша за порталот “MКД.МК”, во еден дел вели:

“Имено, доколку е автентичен записникот од сведочењето, а Русковска потврди дека е точен, зошто овие политички моќници од СДСМ не беа повикани да дадат исказ? Зошто Јовевски на прес конференција кажа дека нема политичари кои се споменуваат во овој случај? Како и на кој начин се финансирани правните лица сопственост на обвинетите и доколку се констатира дека биле финансирани со средства обезбедени на криминален начин ќе се констатира ли нематеријална добивка на водството на СДСМ кое деноноќно беседеше во едно од правните лица, убедувајќи нѐ дека блескаме? Дали од сето наведено во записниците од сведочењата, единствен криминал е троседот или софата? Одговор на овие прашања нема да добие јавноста, но затоа помалку мистично ќе почне да се шири една приказна за еден г(к)радоначалник од Полошкиот упс пардон, Пелагонискиот регион, од редовите на СДСМ. Тој бил мераклија од сопартијците да побара паричка за вработување, потоа приказната оди за состанокот што го имал со еден сопартиец кој одлучил да плати за работно место, па како пликото полно со пари било потпишано од Заев и конечно како Заев му се јавил на тој г(к)радоначалник и онака помалку шеретски го поздравил градоначалникот, демек знаел што прави. На прашањето, и што понатаму? Одговорот е само што не го уапсиле, ама не е само тој. Ги има неколку такви. Јасно ми е кој ја води државата и како, но и да е точна оваа мистична приказна за тој или тие г(к)радоначалници, уште колку дена граѓаните на тие општини ќе бидат жртви на мистиката, наместо закон и правдина веднаш.”

Се поставува прашањето на кој г(к)радоначалник мисли Мицкоски во неговата колумна?

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

“Градоначалникот заборави да честита “Успение на пресвета Богородица”, ама Рамазан Бајрам не го заборави?”

Секуларниот градоначалник и секуларната општина Прилеп, како што самите се нарекоа минатата година, честита едни празници на едни верски заедници, а заборава други.

Така на 04.06.2019 градоначалникот Илија Јованоски го честиташе верскиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од од исламската вероисповед, а заборави на вчерашниот празник “Успение на Пресвета Богородица”, кој е еден од најголемите во календарот празници на православните верници.

Празникот Успение на Пресвета Богородица се празнува најмасовно низ македонските црковни храмови и манастири, а така беше и вчера, кога голем број верници ги исполнија светите места во и околината на градот.

Првите луѓе на општините и на политичката сцена се секогаш првоповикани да ги честитаат празниците на сите верски заедници, затоа што само така се гради едно општество за сите и општество во кое се почитуваат традициите, културата и вредностите на различните заедници.

Така било во минатото, така треба и да продолжи!

Всушност, во предизборните кампањи политичарите бараат поддршка од сите и добиваат гласови и од православни и од муслимани и од католици….

На Лидија ѝ се заканува целосна паpaлиза, а потребните пapи никако да се coберат: Ова е итен апел за помош!

Лидија подолго време се обидува да ги собере потребните парични средства за да замине на трансплантација на матични клетки во Русија.

Од месец март до сега никако да успее да ги собере потребните пари. Иако ситуацијата е итна Лидија не може да замине и постои ризик од целосна парализа.

Недостигаат 18.000 евра.

Дали Лидија ќе замине во Русија и еден млад живот ќе успее во борбата зависи од нас. Нашите 100 денари за Лидија значат шанса за живот.

Ајде да донираме за Лидија, да споделиме, да тагнеме пријатели, да ја рашириме оваа вест и да ги собреме потребните пари за Лидија!

143 121 Телеком
143 474 Вип/Оне

Македонски активист од Бугарија кандидат за градоначалник на Благоевград

Атанас Кирјаков, македонски активист од Бугарија, објави дека на претстојните локални избори ќе биде кандидат на ОМО „Илинден“ за градоначалник на Благоевград – пишува порталот “Експрес.мк”

„27.08.2019., ИК на ОМО ‘Илинден’ (Благоевград) ја издигна кандидатурата на Атанас Кирјаков за градоначалник на Благоевград на претстојните локални избори, кои ќе се спроведат во текот на месец октомври 2019“, објави тој на својот профил на Фејсбук.

„Само треба да сме обединети и ние благоевградчани можеме да го победиме ГЕРБ“, порача популарниот Војвода, мислејќи на владеачката партија на премиерот Бојко Борисов.

Кирјаков (58) потекнува од бегалско семејство од Егејскиот дел на Македонија и е еден од основачите на Обединета македонска организација „Илинден“. Во 1991 година ја основа издавачката куќа „Кукуш 1913“, преку која го издаваше весникот „Пиринска камбана“, а во 1995 година во родниот Благоевград го основа Културно-просветното и спортско друштво „Светилник“. Активно се занимава со проучување на македонската историја преку собирање документи од Пиринскиот дел на Македонија. Врз основа на таквите документи, со Александар Донски во 2005 година ја објавија книгата „Сведоштва од Илинденскиот период“.