дома блог страница 3108

Македонски активист од Бугарија кандидат за градоначалник на Благоевград

Атанас Кирјаков, македонски активист од Бугарија, објави дека на претстојните локални избори ќе биде кандидат на ОМО „Илинден“ за градоначалник на Благоевград – пишува порталот “Експрес.мк”

„27.08.2019., ИК на ОМО ‘Илинден’ (Благоевград) ја издигна кандидатурата на Атанас Кирјаков за градоначалник на Благоевград на претстојните локални избори, кои ќе се спроведат во текот на месец октомври 2019“, објави тој на својот профил на Фејсбук.

„Само треба да сме обединети и ние благоевградчани можеме да го победиме ГЕРБ“, порача популарниот Војвода, мислејќи на владеачката партија на премиерот Бојко Борисов.

Кирјаков (58) потекнува од бегалско семејство од Егејскиот дел на Македонија и е еден од основачите на Обединета македонска организација „Илинден“. Во 1991 година ја основа издавачката куќа „Кукуш 1913“, преку која го издаваше весникот „Пиринска камбана“, а во 1995 година во родниот Благоевград го основа Културно-просветното и спортско друштво „Светилник“. Активно се занимава со проучување на македонската историја преку собирање документи од Пиринскиот дел на Македонија. Врз основа на таквите документи, со Александар Донски во 2005 година ја објавија книгата „Сведоштва од Илинденскиот период“.

Не е лажна вест, Сонцето од Кутлеш заблеска на Школка во Градски Парк (ФОТО)

Сонцето од Кутлеш заблеска на Школка во Градски Парк.

Конечно е решена дилемата дали го има или го нема Сонцето од Кутлеш на Школка.

Дел од медиумите вчера објавија дека Школка е декорирана со знамето од Кутлеш, дел пак напишаа дека тоа е лажна вест.

Од овие фотографии јасно може да се види дека Сонцето од Кутлеш заблеска на Школка во Градски Парк.

Емотивно интервју на Новак Ѓоковиќ за Си-ен-ен: „Децата плачеа, не престанував да треперам до утрото“

Новак Ѓоковиќ имал 11 години и спиел во кревет кога го разбудила експлозија, проследена со сирена и парчиња искршени стакла.

Тоа било 24-ти март 1999-та година кога почнало бомбардирањето на Белград од страна на НАТО и траело 78 денови, пишува американскиот Си-ен-ен, истакнувајќи дека Новак, додека неговиот татко Срѓан ѝ помагал на неговата мајка Дијана која ја изгубила свеста бидејќи со главата се удрила од радијаторот, ги барал своите браќа кои тогаш имале осум и четири години.

„На 11 години јас бев голем брат. Бев задолжен за нивната безбедност од почетокот на бомбардирањето. Се сметав за одговорен за нивната безбедност кога силите на НАТО почнаа со бомбардирањето“ – напишал Ѓоковиќ во автобиографијата.

Две децении подоцна, 32-годишниот Ѓоковиќ е фаворит за новото освојување на УС опен кое почнува на 26-ти август во Њујорк.

Како што наведуваат од Си-ен-ен, Ѓоковиќ освоил четири од последните пет гренд слем турнири и сега има 16 трофеи, само два помалку од Надал и четири од Федерер.

„Момче како јас, да расте во Србија и да стане светски шампион? Тоа е малку веројатно. А уште кога ќе почнат да паѓаат бомби тогаш тоа е неверојатно“ – напишал Ѓоковиќ.

Во првото поглавје на книгата Ѓоковиќ се присетува на ноќта за која вели дека му го променила животот засекогаш.

Откако на Дијана Ѓоковиќ ѝ се вратила свеста, семејството тргнало кон зградата во близина во која живеела тетката на Новак, а која имала засолниште.

Додека неговите родители трчале по улицата со браќата, Ѓоковиќ паднал на улица.

„Тогаш се случи. И ден денес гласните звукови ме исполнуваат со страв“ – пишува Ѓоковиќ.

Две ракети поминале над неговата глава и ја погодиле болницата која се наоѓала во близина.

Новак во далечината ги забележал неговитите родители и браќата и веднаш тргнал да трча кон нив и така стигнале до бетонското засолниште, односно засолништето во кое имало 20 семејства.

„Децата плачеа. Не престанав да треперам тоа утро“.

„Тие времиња се нешто кое на никого не би му го посакал. Два и пол месеци секој ден, секоја ноќ, бомбите паѓаа низ градот. Бомбите и ракетите буквално паѓаа на половина километар од нас. Ги видовме авионите кои летаа над нашите глави и бомбите кои паѓаа половина километар од нас“ – изјавил Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ почнал со тренинзите во текот на бомбардирањето, тренирал на неколку локации во Белград.

На почетокот тој бил парализиран од стравот, но потоа нагло се променил

„Решивме да не се плашиме. После толку см*тни случаи, деструкции, едноставно престанавме да се криеме. Кога еднаш ќе откриеш дека си немоќен тогаш откриваш и дека си слободен на некој начин“ – напишал Ѓоковиќ. Два месеци по бомбардирањето, Ѓоковиќ заминал од Србија во Минхен и таму почнал да тренира со Никола Пилиќ. Четири години подоцна станал професионалец.

ГИ ЗАБОРАВИЛЕ ВО КОЛА: Две деца дexидрирале откако биле оставени сами во автомобил во Скопје

Две деца се најдени оставени сами вчера во автомобил марка „Алфа Ромео“ на паркинг на бул. „Видое Смилевски Бато“ дexидрирани. Граѓани алapмирале, по што повикале полиција.

Нeофицијално, еден од очeвидците на настанот го сkршил стaклото за да ги извадат maлолетните деца од автомобилот. Децата се братче и сестриче, едното е три години, а другото седум. Децата се префрлени на kлиника.

Случајот за „Република“ го потврди и МВР. Се уште не е познато колку време биле оставени децата сами на топлото време во загреаното возило. Ќе се врши увид за настанот.

Нови предизвици пред прилепските џудисти: Џудо клуб “Бушидо” со интензивни подготовки ја започна новата сезона

Со интензивни подготовки џудо клуб “Бушидо” ја започна и втората зезона од 2019 година.

Од клубот се подготвуваат за државните и меѓународните првенства кои следат, започнување со презентација на проектот “Џудото во основните училишта” и други настани.

На 14-ти септември џудо клубот “Бушидо” по трет пат ќе земе учество на Меѓународниот џудо турнир “Трофеј Пантера 2019” во Бјелина, Република Српска.

Минатата година проектот “Џудо во основните училишта” имаше одличен резултат, односно 15-те примени нови членови се закитија со голем број на медали во текот на годината.

Ердоган на гости кај Путин: Побара рускиот претседател да му плати сладолед (ВИДЕО)

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера присуствуваше на отворањето на меѓународно авиациско-вселенскиот саем „МАКС“ како гостин на рускиот претседател Владимир Путин.

Таму лидерите се освежиле со сладолед, а како што може да се види на видеото, на шега Ердоган го прашува Путин дали ќе плати неговиот сладолед на што Русинот му одговара потврдно:

Секако, ти си мој гостин, одговори рускиот претседател.

Груевски: Не копајте гpoб на друг, оти самите ќе паднeтe во него

Екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, преку социјалните мрежи упати честитка по повод денешниот празник Успение на Пресвета Богородица.

Тој порача, овој празник да донесе здравје и среќа за сите, додавајќи да правиме добро, со добро да ни се врати.

„Денес е голем празник-Успение на Пресвета Богородица.

Денес се слави, не смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на мајката на Исус Христос – Марија. Земена во Христовите прегратки и вознесена на небото, Таа станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

И, како што рекол нашиот народ, не копајте гроб на друг, оти самите ќе паднете во него“, вели Груевски во честитката.

“Пресреќни за 36 денари повисоките пензии се качија во прескапите автобуси” (ВИДЕО)

Дел од прилепските пензионери на заедничко промотивно возење со новите автобуси заедно со градоначалникот Илија Јованоски.

Мaлолетник со мотopцикл од прилепско изгубил контpoла и паднал на коловозот

На 27.08.2019 во 13.00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Обршани – с.Крушеани, кај месноста викана ,,Кај мостовите“’, 15-годишен мaлoлeтниk кој управувал мотоцикл без peгистарски ознаки, изгубил koнтрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешkи тeлecни повpeди.

На лицето му е укажана лекаpcка помош во Општата болница Прилеп.

Македонците од Австралија повикуваат на бојкот на концертите на „Танец“

На 17 ноември во Мелбурн, на 22 ноември во Канбера и на 24 ноември во Сиднеј закажани се концерти на ансамблот „Танец“ по повод 70-годишнината од основањето. Овие концерти доаѓаат непосредно по промената на името на „Танец“ во национална институција на народни игри и песни на Северна Македонија.

Дијаспората од Австралија повикува на бојкот на овие концерти затоа што „Танец“ веќе не е „ансамбл за народни игри и песни на Македонија“.

Во Австралија, по повод националниот празник 8 Септември, се повикуваат Македонците на протест пред македонската амбасада во Канбера против промената на името на државата и забраната за употреба на симболот од Кутлеш, шестаесеткракото сонце.

Македонските организации најавуваат дека нема да присуствуваат и на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн. Причината за ова е срамниот Преспански договор и илегалната промена на името, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија.