дома блог страница 3106

БОЖЈО ЧУДО: Илјадници дрва изгopeни, а манастирот остана недопрен

Во последнов време сведоци сме на стpaвични пожapи ширум светов кои изгopeа илјадници дрвја. Но, во Евија се случи чудо. Ова е сцена од дел од изгорената шума во Евија. Дрвјата околу храмот изгореле, но храмот останал недопрен.

Голем е Бог. Ете ни уште едно чудо, велат жителите.

5- ти меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски“

Прилеп, иако одамна не е на листата “ракометни градови“, (нема екипа во Супер лига, ниту соодветна сала за големи ракометни натпреварување) се обидува да го негува ракометот, бидејќи многу ракометни имиња и ракометни велични произлегоа од овој Пелагониски град .

Токму, во битката да се зачувауваат ракометните спомени, деновиве, Прилепчани ќе можат да уживаат во ракометната игра, следејќи го меморијалниот ракометен турнир “Миле Нешкоски 2019„, кој почнува од утре.

На турнирското натпреварување се само четири екипи: РК Прилеп, ГРК Тиквеш, РК Металруг 2 и РК Алушовски. Натпреварите започнуват од 11,оо ч. РК Прилеп – ГРК Тиквеш, а во 13,оо ч. ќе се сретнат екипите на РК Металруг 2 и РК Алушовски. Следните натпревари се од 18,оо ч. , а во 17,оо преставници од екипите учесници и организаторите ќе положат цвеќе пред спомени обележјето на ракометарот Миле Нешкоски, поставено пред Универзалната сала во Прилеп.

Натпреварите продолжуваат во петок од 17,оо ч. Сите натпревари се играат во салата на СОУ Ристе Ристески Ричко.

Меморијалниот ракометен турнир “Миле Нешкоски 2019 “посветен на својот поранешен ракометар на РК Тут- Ком , репрезентативец и ракометен тренер, Миле Нешкоски кој почина 2011 г , во 41. година од животот, од срцев удар.

Извор: “Радио Пела”

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: “Диpeктоpката на ЈП за ПУП, за брзо ќе обjacнува за ckaндалот пред cлoбoдни инcтитуции”

Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на прес конференцијата од директорката на ЈП за ПУП, Марија Цветаноска.

“Денеска в.д. директорката на ЈП за ПУП при Општина Прилеп, Марија Цветаноска, во едно бледо издание, повеќе збунета од сигурна, презентираше некакви документи дека јавната набавка на новите автобуси била регуларна.

Цветаноска дури се закани дека ќе поднесела кривични пријави до членови на претседателството на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, само поради тоа што тие од неа и од општината побараа поголема транспарентност и одговори на прашања.

Почитувана директорке, потпретседателот на Општинскиот комитет и претседателот на Унијата на млади сили, од вас побараа одговори како е можно на еден така гломазен тендер во вредност од 1 милион евра пари на граѓаните, и во двата наврати да се пријави само фирмата Аутомакедонија АД Скопје?

Кога веќе велите дека компанијата доставила банкарска гаранција при првиот тендер, зошто пред јавноста и медиумите не ја покажавте таа гаранција и зошто не ги покажавте и документите од првиот тендер?

Зошто не одговоривте до кога новите автобуси болиди ќе полнат гориво дури во Битола и на колкав дополнителен трошок ќе го изложите буџетот на општината?

За каков меѓународен тендер зборувате, кога на електронскиот систем од Бирото за јавни набавки пишува дека за тендерот не постоела меѓународна објава?

Како и со кои докази ја оправдувате цената на автобусите од по 250.000 евра, кога најскапата цена на исти вакви автобуси на пример во Данска изнесува 150.000 евра?

На крајот ве прашуваме и во какви роднински врски е вработен во локалната со увозникот на автобусите?

Единствено нешто што ви остана се заканите, прогоните и притисоците. Затоа за многу кратко време ќе морате да дадете одговор на сите прашања пред независни и слободни институции. Дотогаш би ве советувале да не заглавите во уште некоја скандалозна набавка и непотребно да ги задолжувате граѓаните и општината!”, стои во соопштението од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прилепска “култура” или општинска негрижа позади Домот на културата? (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На социјалните мрежи денеска се шират овие фотографии кои се направени позади Домот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп.

Една навистина неубава слика за градот кој важеше за најчист во државата.

Министерката Апостолска збунета од инвестицискиот бум, па не знаеше да кажи колку нови инвестиции има во земјава? (ВИДЕО)

Политиката за привлекување на странски инвестиции на Владата дава резултат во општина Илинден. Таму беше отворена фабриката на австриската компанија „Текспорт“. Станува збор за погон во кој ќе се произведува противпожарна опрема за пожарникарите. Инвестицијата отвора работа за 220 луѓе, за подоцна да вработи и нови 140 работници.

Телевизија Алфа беше единствениот медиум кој беше присутен на пуштањето во употреба на новата фабрика. Таму беше и министерката за странски инвестици Зорица Апостолска, која даде интервју за тековните активности, но и колку странски инвеститори влегле во Македонија.

Погледнете го разговорот на министерката за „инвестицискиот бум“.

Извлечени групите во Лигата на шампиони: Моќни дуели во најава

Предмалку беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на шампионите.

Вака одлучи ждребот:

Група А: ПСЖ, Реал Мадрид, Клуб Бриж, Галатасарај

Група Б: Баерн Минхен, Тотенхем, Олимпијакос, Црвена Ѕвезда

Група Ц: Манчестер Сити, Шахтјор, Динамо Загреб, Аталанта

Група Д: Јувентус, Атлетико Мадрид, Леверкузен, Локомотив Москва

Група Е: Ливерпул, Наполи, Салцбург, Генк

Група Ф: Барселона, Дортмунд, Интер, Славија Прага

Група Г: Зенит, Бенфика, Лион, Лајпциг

Група Х: Челзи, Ајакс, Валенсија, Лил

Несомнено групата Ф каде се наоѓаат Барселона, Дортмунд и Интер ќе биде најинтересна за гледање оваа сезона, но ништо полоша не е ниту групата Д каде ќе се соочат Јувентус, Атлетико Мадрид и Леверкузен.

Од Кина доаѓа досега мобилен телефон кој досега не е виден (ВИДЕО)

Постојат неколку компании во светот за кои слободно можеме да кажеме дека изработуваат најдобри телефони во светот, но се чини дека добија конкуренција и тоа од Кина.

Станува збор за „ВИВО“, а телефонот ја носи ознаката „Nex 3“. Извесен „јутјубер“ успеал да обезбеди еден тест примерок и останал без текст кога ги видел можностите на телефонот

Покрај врвните спецификации и поддршката за 5Г конекција, „ВИВО“ има една работа која со сигурност на сите ќе им падне во очи, а тоа е екранот.

Како што може да се види од видеот, телефонот има екран кој се спушта по ивиците на телефонот повеќе од било кој друг модел кој моментално може да се најде на пазарот.

Повеќе детали за овој телефон можете да погледнете во видеото.

РАСПУСТОТ ЌЕ БИДЕ ПРОДОЛЖЕН: Новата учебна година во понеделник ќе започне со штрajк на наставниците

Нема да има регуларен старт на наставата – новата учебна година в понеделник ќе започне со предупредувачки штрajк. Наставниците ќе дојдат на своето работно место но наместо со детски џагор во училниците денот ќе го поминат во своите канцеларии.

Дали децата ќе се примаат во училиштата без да има настава очигледно ќе зависи само од индивидуалните одлуки на директорите од образовните установи. Првиот човек на СОНК ги замолува родителите на трпение.

Дека нешто може да се промени во дијалогот со Министерството за образование до понеделник Неделков не е оптимист. Просветните работници не отстапуваат од своето барање наместо 5 да добијат 25 проценти покачување на платите.

Неделков вели дека ова го очекуваат со ребалансот на буџетот кој го најави Владата и ќе бараат потврда за реализацијата.

Предупредувачкиот штрajк ќе трае само еден ден. Доколку и до крајот на следниот месец нема значителен напредок на релација СОНК – МОН, ќе се излегува на протecт

Следен неработен ден е понеделник: Ни следува уште еден продолжен викенд

По Голема Богородица, следен неpaботен ден е 8. септември, кој се пaѓa во недела, па затоа нeмa да се paботи во понеделник.

Потоа следат:

11 Октомври (петок), Ден на наpoдното вocтание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската peволуционерна бopба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (недела), Велигден-Католички

1 Ноември (петок), Празникот на сите cвeтци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврejската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Рускиот џин се врати во Вардар и ќе го носи дресот во наредните две сезони

Рускиот интернационалец, Глеб Калараш (28) останува член на Вардар и во следните две сезони. Иако замина за Украина, желба на играчот беше да се врати во клубот со кој ја освои ЕХФ лигата на шампионите и СЕХА Газпром лигата минатата сезона. Откако беа разрешени сите административни формалности, 205 см. високиот играч е регистриран како играч на Вардар.

Калараш минатата недела дојде во Скопје, но чекаше да се завршат сите формалноси за да може и официјално да тренира со своите соиграчи. Вардар во моментов е на Супер Глоуб во Дамам, а Калараш остана во Скопје да тренира заедно со Стоилов кој се подготвува за враќање на теренот.

Рускиот пивотмен дојде лани во Вардар и веднаш стана еден од омилените играчи на публиката, но и меѓу соиграчите. Беше дел од екипата што ја одбраната титулата во СЕХА ГАзпром лигата и во домашното првенство, и во триумфот на „црвено-црните” на Ф4 турнирот во ЕХФ лигата на шампионите Келн.