дома блог страница 3105

Започна големата наградна игра на Mozzart „Погоди најголема квота“: Во игра се 4 автомобили

Започна големата наградна игра на Mozzart „Погоди најголема квота“ која сите со нетрпение ја очекуваа, а овој пат за играчите подготвија и големо изненадување: 4 шанси за 4 автомобили! Играј во Mozzart, погоди најголема квота и освој еден од четирите автомобили:3 x Fiat 500 и 1 x Jeep Compass. 

Добитниот тикет со најмалку четири одиграни парови со најголема квота, покрај добивката, ќе биде награден и со еден од автомобилите Fiat 500 или Jeep Compass.

Наградна игра започнува на ден 30.08.2019 во 09:00 часот и ќе трае до 21:00 часот на ден 05.01.2020 година. Ќе се одвива во четири етапи, кои ќе се реализираат на следниот начин:

Во првата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 30.08.2019 година до 21:00 часот на ден 30.09.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.

Во втората етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.10.2019 година до 21:00 часот на ден 31.10.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.

Во третата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.11.2019 година до 21:00 часот на ден 30.11.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.

Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.12.2019 година до 21:00 часот на ден 05.01.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.

По завршување на секоја етапа од наградната игра, системот се рестартира при што квотите од секоја завршената етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа. Квотите со почеток на секоја нова етапа се бришат.

Минималната уплата по тикет изнесува 20 денари. Во случај двајца играчи да погодат идентична квота, предност има оној играч кој прв го уплатил тикетот. Во пресметка за награда не влегуваат системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“ и Live Bet тикетите.

Целосните ПРАВИЛА НА ИГРА прочитајте ги ОВДЕ. 

СДСМ: Убeдливo побeдyвaмe на избори, граѓаните ја препознаа нашата бopбa за пpaвнa држава

Граѓаните ја препознаваат нашата бopба и посветеност за право и правна држава, се нагласува во денешното сооопштениe од СДСМ во кое се наведува дека на анкета што ја спровеле водат пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Резултати од спроведено теренско истражување на јавното мислење од страна на Тим институт, реализирано за потребите на СДСМ. Опцијата и политиките што ги застапува и релизира СДСМ имаат најголема поддршка меѓу граѓаните. На прашањето за кого би гласале, за коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,1 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.1 од испитаниците. Во однос на главните приоритети, истражувањето покажа дека на граѓаните важни им се економија, правда, корупција, здравство. Токму затоа како одговорна партија, работиме и зборуваме за економија, затоа се бориме за правда и борба против криминалот, се наведува во соопштението.

Натаму во истото се додава:

– Високата поддршка на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО го потврдува нашиот стратешки приоритет за интеграција во најмоќните светски сојузи. Граѓаните ја препознаваат нашата борба и посветеност за право и правна држава со функционални институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата. Кога и да има изброи, СДСМ би победила, но добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај. Како одговорна партија, остануваме со граѓаните, продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО, соопшти Центарот за комуникации на СДСМ.

Ракометната легенда Миле Нешкоски ќе живее вечно, но ракометот во Прилеп изумpe

Вчера во Прилеп започна меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во чест на прерано починатиот ракометар на „Тутунски Комбинат“.

Турнирот беше отворен со полагање цвеќе на спомен плочата на Миле Нешкоски пред Универзалната сала, каде сеќавања за својот пријател и другар евоцираше поранешниот голман на ФК „Победа“ и македонската репрезентација, Јане Николоски.

На спомен плочата, цвеќе положија претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски како и повеќемина соиграчи, спортисти, ракометари и пријатели на Нешкоски.

На дводневниот ракометен турнир учествуваат екипите на ГРК „Тиквеш“, РК „Металург 2“, РК „Алушовски“ и домаќинот, екипата на РК „Прилеп“.

Натпреварите се играат во спортската сала на ЕМУЦ „Ристе Ристески-Ричко“, а по одигрувањето на последниот натпревар помеѓу екипите на РК „Прилеп“ и РК „Алушовски“, кој се игра вечерва со почеток во 19 часот, турнирот ќе биде затворен со доделување на награди за најдобрите.

За жал ракометот во Прилеп со години не бил во полоша состојба. Иако пред неколку години РК Прилеп играше квалификации во ЕХФ Купот, оваа сезона клубот испадна во второто по ранг натпреварување.

Сезоната на прилепчани стартува на 14.09. кога РК Прилеп е домаќин на екипата Јуниор К.В.

Апелот на Менче имаше успешен епилог: Успешно е опepиpaна во Србија и може да чекopи

Апелот кој го испрати скопјанката Менче Трповска пред еден месец за операција на нејзиниот лев колк, дојде до својот успешен епилог – пренесува “Фокус”.

Вчера и беше направена операција во соседна Србија, а Трповска не го криеше задоволството и среќата што конечно ќе може нормално да чекори.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Стевананџија: “Естрада во Влада, направи циркузијада” (ВИДЕО)

Димитар Стевананџија, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во своето обраќање рече дека резимето на денешната седница би гласело „Естрада во влада, жива циркузијада“.

-Со нов актер од пред неколку дена или што би рекол господнот Жбогар имаме нов „биг бродер“ сега имаме „биг Мајк“ со вистинско име Мајкл Штрауметис или Дон марихуана. За жал за оваа посета наместо да дознаеме од Заев, од министерот за економија, од Венко Филипче или па од министерката Зорица Апостоловска која што не ги знае инвестициитево Република Македонија, дознаваме од големиот Мајк, истакна пратеникот Стевананџија.

Во своето обраќање, пратеникот Стеванаџија рече дека: „Само во Република Македонија може да се фалиме дека блескаме кога пензионерите добиваат покачување од 36 денари, просветарите добиваат плата од 21.600, кога земјодлеците не знаат кој крај да го фатат, кога доктор во Дебар зема 15.000 денари плата, кога министерот не ги знае инвестициите коишто дошле во Република Македонија, кога во земја каде градоначалник набавува автобус за 250 000 евра, а истито во Белгија е 150 000 евра“.

-Ако овие работи кои ги наведов, премиере, ме убедите дека се вредни да се пофалиме дека блескаме тогаш јас навистина можеби би ви дал поддршка на младите министри кои што ги предлагате во овој чин којшто мислам дека е конечниот завршеток на циркузијадата којашто е наречена Република Македонија 2019 , додаде тој.

(Видео) “Xepojcки пoтeг на coветниците на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово”

Претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска, го спроведува на дело тоа што го наметна Зоран Заев. Македонското знаме, со сонцето од Кутлеш, е строго забрането да се користи.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на своите лаптоп компјутери имаа залепено слики од старото македонско знаме, што наиде на остра осуда од СДСМ.

-Ни ставате на товар дека целиот овој Совет, јас како одговорна и градоначалникот и општинскиот имот го кршиме законот и ќе го сметам за намерно нарушување на редот и провокацијата тоа што на вашите службени лаптопови сте го истакнале симболот на знамето кое веќе не важи и кое е со закон забрането за употреба на јавни места, истакна таа.

Претседателката на Совет ги повика надлежните органи да поведат прекршочна пријава за ваквото “прекршување“.

-Има исклучива забрана за знаме со овој симбол. Ако стои српско знаме, знаме на Република Србија или на Република Албанија, не ни е обврска, ама не е забрането, истакна претседателката на Совет.

СИHДИКАТ НА „МАКЕДОНСКА ПОШТА“: Бараме зголемување на платите, подобри работни услови и пpолонгирање на либерализација на поштенскиот пазар

Синдикатот на Македонска пошта во изминативе неколку месеци водеше интензивни разговори со Претседателот и членовите на Управниот Одбор за подобрување на условите за работа, како и за реализација на барањето за зголемување на платите.

– И покрај намалувањето на зaгубите во работењето, како и целосната конструктивност и посветеност на Претседателот и членовите на Управниот Одбор за изнаоѓање на решение за посочените проблеми и барања на вработените, не успеавме да најдеме соодветно решение кое би било поволно за компанијата и за вработените. Имено, долгогодишното барање за зголемување на платите се темели на фактот, што повеќе од 30 години ниту за еден денар не се зголемија платите во Македонска Пошта, а дотолку повеќе е зголемено незадоволството кај вработените со намалување на вредноста на бодот пред 12 години, со образложение во времетраење од шест месеци, но таа намалена вредност на бодот и ден денеска е на сила, велат од Синдикатот.

Особено е изразено нeзадоволството кај вработените во технолошкиот процес каде што просечната плата на ниво на компанија на тие вработени изнесува 17,650 денари , што значи дека тој износ е поблиску до минималната плата, отколку до висината на просечната плата во Македонија.

Со ваквиот износ на платата, вработените се на работ на егзиcтенцијата и водат бopба за пристоен живот. Барањето на работниците е враќање на вредноста на бодот и зголемување на платата за 10 %, што би довело до приближување на нивните плати до просечната плата и зголемување на нивниот стандард и подобрување на условите за пристоен живот.

Покрај барањето за зголемување на платите, како пpoблем, вработените се соочуваат и со лoши услови за работа години наназад, како и со недостиг на основните средства за работа, односно потребата за набавка на работна облека, велосипеди, мопеди, компјутерска опрема,санација на објектите и други материјали.

-Особено сакаме да нагласиме за набавка на работна облека која повеќе од 10 години не е набавена, за што од Претседателот на Управниот одбор добивме ветување дека годинава набавката на работна облека ќе биде приоритет, за што и на почетокот од годинава Управниот одбор донесе одлука за набавка на работни облеки, но до ден денеска постапката не е започната, поради недобивање на согласност за набавка од страна на Надзорниот Одбор.

Со оглед на долгиот период на чекање за реализација на набавката, незадоволството кај вработение е се поголемо На денешниот прес сакаме да истакнеме уште едно суштинско барање на Синдикатот на Македонска Пошта кое се однесува на либеризацијата на поштенскиот пазар која треба да започне од 01.01.2020 година, а тоа е дека синдикатот не се согласува со отпочнување на либеризацијата на посочениот датум, од причина што цениме дека моменталната состојба, во која се наоѓа нашата компанија. Доколку влеземе во либеризација, дополнително би се зголемила неизвесноста и иднината на нашата компанија која би имала голема последица врз вработените. Поради тоа Синдиатот на Македонска пошта бара да се пролонгира либерализацијата на поштенскиот пазар до влез на земјата со членство во Европската унија. Соочени со овие проблеми и нереализирање на барањата, вработените од синдикатот бараат да преземе порадикални синдикални мерки за реализација на нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа. Поради тоа, бараме итна средба со Премиерот, со цел надминување на состојбите и реализирање на барањата, велат од Синдикатот.

Кон земјава се доближува првиот есенски циклон Викторија – метеоролозите информираат каде ќе падне првиот снег

Летното време и натпросечно високите температури ќе се задржат и на самиот почеток од септември, но сепак ваквата верменска состојба некаде на средината од следната недела ќе го прекине првиот есенски циклон за оваа сезона – Викторија и истиот ќе го зафати најголемиот дел од Балканскиот Полуостров, информира метеорологот Славчо Попоски.

Циклонот ќе придонесе до голем пад на температурите на воздухот, поинтензивни врнежи како и локално поизразено невреме проследено со силен ветер, поројни врнежи, силни грмежи како и со појава на град.

Поради падот на температурите на воздухот може да се очекува и првиот снег за оваа сезона и тоа особено на италијанските алпи, но има услови првиот снег овој циклон да го донесе и во регионот поточно во северните предели од Балканот односно на словенските високи планини.

Значителен пад на температурите на воздухот на од средината на следната недела ќе има и кај нас и тоа падот на истите ќе биде за 5 до 10 степени.

(Фото+Видео) Како да застанало времето: Брод потонат пред 200 години кој е неверојатно зачуван – главната маса на капетанот откри голема тајна

Иако бродот “HMS Tepop” потонал пред речиси 200 години, канадските археолози се убедени дека можат да ги откријат причините за неговата xaварија.

Канадската агенција за управување со природните и културните богатства ги објави резултатите од истражувањето на остатоците и заклучи дека добро зачуваните предмети може да откријат што точно се случило.

Бродот потонал за време на експедицијата на британскиот истражувач Сер Џон Френклин која тргнала од Британија во 1845 година. Челта на експедицијата била истражување на Северозападниот премин кој ги поврзува Атланскиот и Тихиот океан.

Ова се најздравите нации во светот: Први се Шпанците, а еве на кое место се Македонците

Најздрави на светот се Шпанците, а потоа следат Италија, Исланд, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Австралија, Сингапур, Норвешка и Израел.

Според податоците на здравствениот индекс на Блумберг за 2019 година, од земјите во регионот најздрави се Словенците. Тие се 24-та најздрава нација на светот, додека Хрватска се наоѓа на 31-то место. Црна Гора е на 41 место, а следат БиХ и Албанија, Србија и Македонија се наоѓаат на 55-то и 56-то место.

Првите две места ги делат медитеранските држави Италија и Шпанија. За нив експертите веруваат дека до 2040 година ќе имаат просечен животен век од 87,5 години.