дома блог страница 3104

Јадете што сакате, но не и кога сакате: Светот полуде по 8-часовната диета, еве како да ги намалите килограмите

„Осумчасовната диета” е план за слабеење на Давид Зинченко и Питер Мур која ја претставија во книгата: „Осумчасовна диета – Гледајте како килограмите ги снемува додека го јадете она што го сакате”.

Со оваа диета , Давид им ветува на читателите дека можат да изгубат многу килограми и да јадат се што ќе посакаат. Зарем не е ова сонот на секој љубител на храна?

Но има едно многу важно правило –Може да јадете САМО во еден временски интервал што трае точно 8 часа – надвор од овој интервал нема јадење.

Инаку, оваа концепција не е нова и до сега постоеа повеќе диети кои препорачуваат менување на пост и нормална исхрана со тоа што имаат ограничена временска рамка (недела – до две). И затоа оваа како и сличните диети се базираат на теоријата дека човечкото тело е дизајнирано за периоди на пообилна исхрана а потоа периоди на пост, односно не внесување на храна.

Значи, постојат циклуси од 8 часа кога буквално се се јаде (добро, мерка секогаш мора да постои), а потоа циклус од 16 часа кога ништо не се јаде. И така секој ден. Во текот на 16 часа човечкото тело мора да биде концентрирано на одмор и закрепнување, а не на постојано варење на храната

Кои се „идеалните“ 8 часа за конзумирање на храна?

Веќе научивме дека во текот на 24 часа само во еден интервал од 8 часа се конзумира храна. Е сега, прашањето е кој осумчасовен период е најдобар за нас? Најголем дел од диеталците заговаараат дека идеален период е од 09 до 17, но во пракса и периодот од 08 до 16 или 10 до 18 не е невообичаен. Кој и да го одберете: единствена и основна работа е во рамките на него да ги изедете сите планирани дневни калории.

Значи, временскиот интервал може да се прилагоди во зависност од вашиот дневен распоред и дури може да биде различен во различни денови во текот на неделата.

Јадете колку што сакате

Во оваа диета нема забранета храна но не дозволувајте оваа диета да биде изговор за да се прејадувате. Единствен исклучок од ова правило се слатките напитоци, бидејќи во осумчасовната диета не влегуваат калориите кои се наоѓаат во пијалоците(алкохолни или безалкохолни)-но тоа не значи дека не можат да се конзумираат-секако умерено.

А што ако појадокот доцни ?

Реална ситуација: Од премногу обврски не сте успеале да го „запазите“ времето за појадок и со тоа почетокот на осумчасовниот период на исхрана. И тука постои решение: испијте чај или кафе и кога ќе ви се укаже прилика отпочнете со вашиот осумчасовен циклус на исхрана. Значи, не можете да јадете пред 10 часот наутро? Ништо страшно, во 8 часот испијте нешто од горе споменатото, завршете ги обврските и во 10 почнете со појадокот.

Јадете што сакате

За разлика од другите диети, кај оваа грицките се дозволени и може да се јадат често во рамките на осумчасовниот период. Сепак,здравата логика и овде говори дека треба да се биде критичен и да се избираа поквалитетни грицки (подобро е, на пример, да се јадат печени семки и јаткасти полодови како и суво овошје, отколку солени стапчиња ,чипс и сл). Генералните препораки важат и овде – секогаш е подобро да се конзумираат што е можно поприродни намирници а да се намалат индустриски произведените.

“Директорката не одговори на ВМРО-ДПМНЕ како може 100.000 евра да е разликата за еден автобус?”

На вчерашната прес конференција од в.д. директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при Општина Прилеп, стигна реакција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Цветаноска на вчерашната прес конференција истакна дека опозицијата лаже за наводите околу набавката на новите автобуси и дека ќе поднесе kpивични приjaви за наводна клевета и нарушување на угледот на претпријатието.

Во продолжение реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:

“Денеска в.д. директорката на ЈП за ПУП при Општина Прилеп, Марија Цветаноска, во едно бледо издание, повеќе збунета од сигурна, презентираше некакви документи дека јавната набавка на новите автобуси била регуларна.

Цветаноска дури се закани дека ќе поднесела кривични пријави до членови на претседателството на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, само поради тоа што тие од неа и од општината побараа поголема транспарентност и одговори на прашања.

Почитувана директорке, потпретседателот на Општинскиот комитет и претседателот на Унијата на млади сили, од вас побараа одговори како е можно на еден така гломазен тендер во вредност од 1 милион евра пари на граѓаните, и во двата наврати да се пријави само фирмата Аутомакедонија АД Скопје?

Кога веќе велите дека компанијата доставила банкарска гаранција при првиот тендер, зошто пред јавноста и медиумите не ја покажавте таа гаранција и зошто не ги покажавте и документите од првиот тендер?

Зошто не одговоривте до кога новите автобуси болиди ќе полнат гориво дури во Битола и на колкав дополнителен трошок ќе го изложите буџетот на општината?

За каков меѓународен тендер зборувате, кога на електронскиот систем од Бирото за јавни набавки пишува дека за тендерот не постоела меѓународна објава?

Како и со кои докази ја оправдувате цената на автобусите од по 250.000 евра, кога најскапата цена на исти вакви автобуси на пример во Данска изнесува 150.000 евра?

На крајот ве прашуваме и во какви роднински врски е вработен во локалната со увозникот на автобусите?

Единствено нешто што ви остана се заканите, прогоните и притисоците. Затоа за многу кратко време ќе морате да дадете одговор на сите прашања пред независни и слободни институции. Дотогаш би ве советувале да не заглавите во уште некоја скандалозна набавка и непотребно да ги задолжувате граѓаните и општината!”

Набавката на четирите нови автобуси за речиси 1 милион евра ги скара власта и опозицијата во Прилеп. После реакцијата од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, сеуште нема одговор од првиот човек на ЈП за ПУП.

(Фото) Овој хирург го слави цела држава: 8 часа опepиpaл 7 пациенти без пауза, па изморен спиел во операционата сала

Хирургот Даи Ју стана херој на кинеската нација откако неговиот колега го фотографирал како исцрпен спие на подот во операционата сала, откако 8 часа опepирал 7 пациенти без пауза.

Доктор Даи е заменик на директорот на ортопедија на Централната болница Лонганг во Шенжен, на југот од Кина.

На новинарите има раскажа дека тој и неговите колеги во понеделникот, кога е направена и фотографијата, имале 10 закажани операции. Започнале во 8 наутро и без пауза оперирале до 5 часот, а потоа анестезиолозите морале да донесат нови боци, па тој седнал на подот за да одмори и заспал.

Скромниот хирург вели дека тој не е херој и дека е негова должност на пациентите да им обезбеди најбрзо и најдобро лекување. Кога се разбудил по 15 минути, продолжил да оперира до 21 часот.

(Фото) Министерот за култура се судри со шлепер: Екипите на СВР Тетово се на местото на настанот и го испитуваат случајот

Околу 17 часот на патарината на автопатот Тетово-Гостивар, службениот автомобил на министерот за култура учествувал во сooбpaќajна нecpеќа.

Според првичните информации, нема повpeдeни, туку пpeдизвикана е само мaтеријална штeтa. Како што можете да видите од сликите, шлеперот yдpил во службениот автомобил. Екипите на СВР Тетово се на местото на настанот и го испитуваат случајот.

“Правда за Диме Такси”: И тој беше на листата на Форбс и бара министерско место во Владата

Сите се сеќаваме на малото и симпатично детенце од серијата „Големи и мали“ кое седеше на камен и го пречекуваше секој што ќе ја посети улицата „Караорманска“.

Тоа детенце го глумеше сега популарниот шоумен Жарко Димитриоски, кој исто како и новата кандидатка за министерка Нина Aнгеловска, беше на листата на Форбс за успешни луѓе под 30 години.

Па, поради тоа тимот на неговата емисија “Еден на Еден” побара правда за него и министерско место во Владата.

#ПравдаЗаДимеТакси Бидејќи и тој беше на Форбс листата треба да биде министер. Ете министер за транспорт нека биде. Дека такси… – напишаа на Фејсбук фан страната “Еден на Еден”.

АРХЕОЛОШКИ ОТКРИТИЈА КАЈ ПРИЛЕП: Археолозите заклучиле дека пред 7 800 години, кога немало загадување и хемија, луѓето се хранеле здраво!

Нови артефакти и сознанија донесоа годинашните истражувања на неолитскиот локалитет Врбјанска Чука кај Прилеп. Според македонските археолози и стручњаците од Европа, локалитетот кој датира од пред 8 000 години, со траги на живот од антиката и од средновековието, донесе нови сознанија и се сместува во еден од позначајните во земјава и ретките од тој период во Европа – пренесува “ТВ СИТЕЛ”.

Како што објаснува доц. д-р Гоце Наумов од Музејот на Македонија, новите сознанија потврдија дека нашите предци, кои биле меѓу првите земјоделци во Пелагонија, живееле интензивно, граделе повеќеслојни куќи, користеле пченица, јачмен, леќа, грашок и експериментирале со диви плодови во исхраната. Откриени се 11 економски објекти и 30-ина мелници за жито, нови шест скелети од преку вкупно 20 од средновековието кога било некропола и редок жртвеник-масичка со остатоци од животински коски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Градоначалникот ќе се вози во ново „Ауди А6“, а пpвачињата во Струга ќе учат во мувлocaно училиште

Додека Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во нова лимузина „Ауди А6“ вредна 67.000 евра, првачињата во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе влезат во мувлосани училници – пишува порталот ““Република”

Општинaта на крајот од ноември лани покрај за градоначалникот, се подновила и со три други автомобили за кои вкупно платила 114.000 евра. Но, за Мерко аудито од речиси 70.000 евра не е луксузен автомобил, бидејќи обични граѓани возеле автомобили од над 100.000 евра – додаваат од “Република”.

Не се работи за луксузни возила, туку за возила кои се неминовна потреба на локалната самоуправа. не велите дека се луксузни кога обичните граѓани возат возила над 100 000 евра изјави тогаш Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга.

Училиштето се наоѓа во центарот на Струга, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од урнисаното училиште кое за неколку дена треба да ги прими првачињата.

Целата содржина погледнете ја ТУКА

Сообраќајка во прилепско: Се судpилe тpaктор и велocипедист

На 30.08.2019 во 02.00 часот било приjaвено дека на 29.08.2019 околу 17.30 часот во Кривигаштани, прилепско, се случила cooбраќajна незгода во која учесници биле велосипедистот М.Ц.(18) од Кривогаштани и трактор, сопственост на Ј.С..

Притоа, со тешки телecни повpeди се здобил велосипедистот и бил пренеceн во бoлницaтa во Прилеп.

Увид на местото на нacтанот извршила екипа од Полициckaта cтаница Прилеп.

ЈКП Водовод Прилеп: Енopмнo е нaмaлeнa издaшнocта на Студенчица – можни се и pecтpикции на водата

Поради големата суша и неповолните временски услови, енормно е намалена издашноста на изорот Студенчица. Од тие причини, количините на вода кои ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп ги добива од ЈП „Студенчица” не се доволни во целост да ги задоволат потребите за вода на граѓаните на општина Прилеп.

Како резултат на тоа, во одделни делови од градот можно е да се почувствува недостаток на вода или намален притисок. Со цел да се обезбеди доволно количество на вода до секој корисник, ЈКП „Водовод и канализација” во моментов врши перење на бунарските постројки и истите ќе бидат ставени во употреба во текот на утрешниот ден, сабота 31 август.

„Истовремено, сакаме да ве информираме дека нашите екипи ќе бидат постојано на терен, ќе вршат пренасочување на водата во системот со цел да обезбедиме доволно количество на вода до секое семеjство во нашата општина. И покрај тоа, доколку нема подобрување на состојбата и издашноста на изворот „Студенчица” продолжи да опаѓа, ЈКП „Водовод и канализација” ќе започне со рестрикции на водоснабдувањето во градот. Доколку истото се случи, ЈКП „Водовод и канализација” редовно и навремено, ќе ги известува граѓаните во кои делови на градот и во кој временски период на денот ќе почувствуваат недостаток на вода“, велат од ЈКП „Водовод и канализација” Прилеп.

Извор: “www.infokompas.com.mk”

По Баерн Минхен и Тотенхем и Манчестер Јунајтед доаѓа во Белград

Денес во Нион се одржа ждребот за второто по ранг европско натпреварување, Лига Европа.

Една од најинтересните групи е „Ф“, во која влегоа и финалистот од претходното издание Арсенал и полуфиналистот Ајнтрахт Франкфурт. Стандард Лиеж и Виторија Гимараеш се другите екипи кои ќе се обидат да се квалификуваат за елиминациите.

Манчестер јунајтед ќе има тешки посети во Казахстан и Белград, откако „црвените ѓаволи“ се паднаа во група со Астана, Партизан и АЗ Алкмар.

Петкратниот освојувач на трофејот, Севиља имаше среќа и се најде во групата „А“, во која се уште АПОЕЛ, Карабах и Дуделанж.

Групата „Е“ исто така изгледа интересно. Таа ги вклучува Лацио, Селтик, Рен и Клуж.

Еве ги сите 12 групи во кои беа распределени 48-те екипи вклучени во групната фаза на ЛЕ:

Група А: Севиља, АПОЕЛ, Карабах, Дуделанж

Група Б: Динамо Киев, Копенхаген, Малме, Лугано

Група Ц: Базел, Краснодар, Хетафе, Трабзонспор

Група Д: Спортинг (Лисабон), ПСВ Ајндховен, Розенборг, ЛАСК

Група Е: Лацио, Селтик, Рен, Клуж

Група Ф: Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт, Стандард Лиеж, Виторија Гимараеш

Група Г: Порто, Јанг Бојс, Феенорд, Ренџерс

Група Х: ЦСКА Москва, Лудогорец, Еспањол, Ференцварош

Група И: Волфсбург, Гент, Сент Етјен, Олександрија

Група Ј: Рома, Борусија Менхенгладбах, Истанбул Башакшехир, Волфсбергер

Група К: Бешикташ, Брага, Волверхемптон, Слован (Братислава)

Група Л: Манчестер Јунајтед, Астана, Партизан, АЗ Алкмар

Ваквата група во која влезе Партизан ветува атрактивен фудбал во српската престолнина имајќи предвид дека Црвена Ѕвезда за противници во Лигата на шампиони ќе ги има Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.