дома блог страница 301

Прилеп блескаше: Волшебниот Германски Божиќен Базар остави незаборавна празнична магија на централниот плоштад (Фото галерија)

Во срцето на Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, денеска успешно се одржа волшебниот германски Божиќен базар, кој го оживеа градот со празничен дух, насмевки и топлина.

Во организација на Здружението на наставници по германски јазик – MKDV и Гете-институт Скопје, а во соработка со училиштата од Општина Прилеп, настанот донесе автентично божиќно доживување по германски пример.

Од 12:30 до 14:30 часот, плоштадот беше исполнет со радост, музика и детска креативност. Учениците со огромен ентузијазам ги претставија своите ракотворби, празнични украси и подготвени изненадувања, создавајќи атмосфера што ги стопли срцата на сите посетители.

Културно-уметничката програма на германски јазик беше вистински празник за сетилата – со песни, игри и нежни настапи од најмалите, кои внесоа искрена радост и празнична магија. Посетителите уживаа во прошетка меѓу шарените штандови, учество во креативни работилници и учење нови германски зборови, носејќи си дома убави спомени и нови знаења.

Настанот, кој беше целосно бесплатен и реализиран од деца за деца, зрачеше со хуманост, љубов и заедништво. Со поддршка од Општина Прилеп, општествено одговорни компании и партнер-училишта, овој базар уште еднаш покажа дека празничната магија е најубава кога се споделува.

Прилеп денес навистина блескаше – исполнет со детска радост, креативност и волшебна божиќна добрина што ќе се памети долго.

Николоски: Започнаа промените во општина Карпош, ќе се реконструираат преку петнаесетина улици со поддршка на Владата!

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Вицепремиерот Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”, изјави вицепремиерот Николоски.

Tанчер по потекло од Прилеп падна од сцената на концертот на Лејди Гага во Сиднеј (ВИДЕО)

Лејди Гага била принудена да го прекине својот концерт во Сиднеј откако еден од нејзините танчари паднал од бината поради обилниот дожд, пренесува „Билборд“.

Настапот се одвивал на отворениот стадион Акор (Accor) во Сиднеј, а дождот паѓал во текот на целиот концерт. Пред да дојде до инцидентот Гага ги изведувала нејзините хитови како „Judas“, „Poker Face“ и „Aura“.

Два часа по почнувањето на концертот, поради дождот и мократа подлога на бината, еден од танчерите паднал одбината, а пејачката веднаш го прекинала настапот.

Лејди Гага и нејзините танчари се повлекле за да најдат соодветна облека и обувки. Потоа продолжиле со настапот, со изведби на песни како „Rain On Me“, „How Bad Do You Want Me“ и „Always Remember Us This Way“.

Инаку, танчерот кој падна е Мајкл Дамески, австралиски танчар со потекло од Македонија – роден е во Сиднеј, а неговите родители потекнуваат од Прилеп. Танцувачката кариера ја почнал уште од 6-годишна возраст, кога се пријавил во австралиско шоу за танцување.
Дамески ја има и главната машка улога во спотот на Лејди Гага за песната Abracadabra.

21-годишна девојка од Битола со “хјундаи” удрила во свој сограѓанин

-На 15.12.2025 во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57). Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

27-годишен фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден, е еден од убиените во пукањето во Сиднеј

Терористички напад се случи на плажата Бонди во Сиднеј каде татко и син убија 16 лица. Според информациите, еден од загинатите е и фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден, 27-годишниот Ден Елкајам.

„Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер на Рокдејл Илинден фудбалскиот клуб, Ден Елкајам,беше жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025. Ден беше интегрален член на нашиот тим кој беше екстремно талентиран и популарна личност меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство за фамилијата на Ден, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе недостасува. Нека почива во мир“, потврди клубот.

Вкупно 40 лица се ранети. На плажата Бонди се одржувал настан по повод првиот ден од еврејската прослава на празникот Ханука. Нападот официјално е прогласен за терористички инцидент.

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

И овој декември, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжи својата хумана мисија и традиција на општествена одговорност, реализирајќи ја 25-тата крводарителна акција. Акцијата се одржа во просториите на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст, компанијата уште еднаш ја потврди својата посветеност кон хуманите вредности и поддршката на доброволното крводарување. Оваа, 25-та по ред крводарителна акција претставува мал, но значаен јубилеј и уште еден доказ за континуитетот на ваквите активности.

Крводарителната акција прерасна во убава и препознатлива традиција што ја негува колективот на Видеолотарија Касинос Австрија, при што голем дел од вработените и индивидуално учествуваат и поддржуваат хумани иницијативи. Со ова, компанијата активно придонесува кон спасување човечки животи и кон промоција на културата на солидарност и хуманост.

Придобивките од крводарувањето се повеќекратни. Освен што директно се спасуваат човечки животи, со дарувањето крв се поттикнува и обновување и регенерација на организмот. Дополнително, лицата кои десет пати доброволно ќе даруваат крв, остваруваат право на бесплатно лекување.

Крводарителството е доброволен и хуман чин, кој ја отсликува солидарноста и грижата за заедницата. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години со добра општа здравствена состојба. Согласно утврдените критериуми, мажите може да даруваат крв на секои три месеци, а жените на секои четири месеци. Само едно крводарување може да спаси од три до четири човечки животи.

Воодушевена публика во Битола по премиерата на „Утре наутро“ на Јани Бојаџи

Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи после четирите распродадени сали во Скопје, премиерно беше прикажан во киното „Браќа Манаки“ во Битола. Во главните улоги сe: Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите улоги ги толкуваат: Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Петар Горко, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска. Бројната публика имаше можност да го проследи филмот кој според критиките заслужува внимание. По проекцијата гостите имаа можност да се дружат со режисерот, дел од тимот и актерската екипа и да дискутираат за филмот.

“Утре наутро“ е независен филм, снимен без пари од државата. А тоа е сосема друг вид на одговорност кон оваа работа. Јас сакам да знам дека сум направил се за филмот да стигне до својата публика. Во принцип ова што јас го правам е вообичаено по светот, каде што луѓето се вложиле себе си и веруваат во тоа што го направиле. Се чуствувам како човек кој служи на своето дело, а не на државни службеници на кои треба да им пополни прашалник со афирмативни реченици. Во таа смисла, навистина сум благодарен на прекрасната публика во Битола која филмот го прифати со воодушевување. Можеби и со вознемирување, што е очекувано од филм кој има за цел да ве исправи пред самите себе си?! Но и со оптимизам. Со верба во идеата за подобар живот. Макар и тоа да е “утре наутро“! “, изјави режисерот по премиерата и додава:

„За жал, ние сме народ кој не учи од себе самиот, а не пак од уметност или од филм! Сепак, филмот е дихотомна уметност. Филмот може да не забавува учејќи не, но и да не научи забавувајќи не. Јас верувам дека од “Утре наутро“ има многу што да се научи. Но, ако од тие многу можности, оној за мене непознат гледач што ќе дојде во кино и ќе го изгледа филмот – ако тој човек научи дека само неговото човечкото достоинство ќе го спаси од сите беди, без разлика на тоа дали се материјални, социјални или пак духовни, јас ќе бидам задоволен дека сум направил дело кое може да се нарече добар филм“.

И битолскиот актер Петар Горко задоволен од премиерата во Битола.

„Навистина го чекав денот да го видам филмот, секако дека возбуда имаше, ама со оглед на тоа што јас не ја знаев целата приказна, односно ја имав само линијата на мојот лик како се движи во целото сценарио. Возбудата за време и после филмот се претвори во грутка во стомакот, силни емоции, прашања, одговори ме преокупираа мене лично, а и моите пријатели и семејството. Да ова е филм за сите нас, горчлив како нашата македонска судбина , кажана многу директно и отворено како што треба секој Македонец режисер тоа да го прави, но по се изгледа дека само Јани Бојаџи е таков. Секоја чест. Боли навистина и не знаеш што е пострашно  мојот негативен лик или ликовите видливи и невидливи кои се предавници на оваа земја. Тоа беа дискусиите на коктелот после премиерата во КИЦ Битола“.

Се работи за политичко социјална драма во која режисерот ги опсервира луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме сите ние. Приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година, посебно 27 април 2017, ден што засекогаш ја смени нашата современа историја. Судир меѓу идеалите и реалноста; границата помеѓу вистината, лагата и совеста. Центар на филмот е актерот и неговата човечност. „Утре наутро„, филм што не се гледа лесно, но се памети долго.

Горко вели дека доцниме со  љубовта кон својата татковина. „Заедно сите –  до последен, доцниме со казните за предавниците, знаеме дека големите ги јадат малите, тоа е нашата приказна, ама за пари ??? да станеш предавник, да оставиш карма на цело семејство, за пари?? Страшно, за мене е страшно. Многу истории се како нашата, во многу земји мислам, толкаво мешање на големите ќе да е кармично наследство од дамнини. Додека не почнеме сите заедно да ја сакаме, нема напред, додека од секој нас не тргнеме да влијаеме со нашето однесување и лично и професионално, да го сфатиме системот само како унија на нашите однесувања кои очигледно не се добри, а тоа е одраз во власта сиве години од осамостојувањето. Системот сме ние, секој поединечно. Но, има големо но, кое боли…ќе се промени ли нешто? Да Утре наутро“.

Продуцент на филмот е Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи. Продуценти се: Синемон медија фактори, Револушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија.

Денеска побрзајте во “Форум маркети”, работната недела не може да започне повкусно од ова (ФОТО)

Не знаете што за ручек денеска? “ИН Кетеринг” заедно со Форум маркети во Прилеп ви носат богато дневно мени за одличен старт на работната недела.

Наша препорака е понеделникот да го започнете го нешто невообичаено и вкусно, а по цена што одговара за сечиј џеб – Пилешко во сос од црн тартуф за само 130ден.

На дневното мени овој понеделник ќе можете да вкусите и:

🍱Чорбест грав 100ден.
🍱Манџа со свинско 150ден.
🍱Тава 150ден.
🍱Свинско динстано 140ден.
🍱Селско 140ден.
🍱Пилешко во кари сос 130ден.
🍱Македонка плескавица 140ден.
🍱Пилешки ражнич 120ден.
🍱Стек похован 140ден.

Со секое јадење добивате и гарнир и салата, вклучени во цената, што значи комплетен, обилен и вкусен оброк без дополнителни трошоци.

Дневното мени е достапно ексклузивно во Форум маркетите – на добро познатите локации:

-Во населба “Точила”
-До фабрика “11-ти Октомври”

БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА ПОРАЧКИ НАД 5 ПОРЦИИ!!!!

Идеално решение кога сакате брз, вкусен и квалитетен ручек!

Од денеска со „Визер“ преку Скопје ќе се лета и за Прага

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Со тоа, скопскиот аеродром добива значајно проширување на своите услуги.

Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од Скопје и тоа – Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ноември и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје од декември.

На настанот денеска, според најавите, ќе присуствуваат генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во авиокомпанијата „Визер“ Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Утрово -3 во Прилеп, -5 во Битола, преку ден сонце и натпросечни температури

Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка со еден степен, соопшти УХМР.

Во утринските и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко.

Максималната температура ќе достигне до 7 степени.