-На 15.12.2025 во 13:25 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(48) и мопед „томос“, управуван од малолетник, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.
Новогодишно МЕНИ по пристапни цени за секого! Ресторан „КАЛАБАЛАК“ – место за гастрономско уживање
Во населбата “Точила” позади маркетот “Тобако”, веќе некое време вистинските гурмани во Прилеп ги пречекува едно ново гастрономско катче – место каде вкусот и традицијата се спојуваат во едно, ресторан кој за кратко време почна да го бие добар глас за одлична храна и услуга.
Ако не сте биле, редно е да ги посетите, ресторан “КАЛАБАЛАК” нуди вистинско гастрономско уживање со традиционална прилепска скара и традиционални прилепски специјалитети.
Во пресрет на Новогодишните празници, ресторанот нуди богато мени по пристапни цени за секого, за одлично уживање и расположение заедно со пријателите, семејството, колегите од работа…
Резервирајте навреме, термините веќе се пополнуваат!
Телефон за контакт: 078 282 559
Прилепскиот боксерски бренд – БК “АС” и оваа сезона ја заврши во самиот врв на Младинската лига (ФОТО)
Изминатиот викенд во спортската сала “Македонски херои” во Скопје, се одржа шестото и последно коло од Првата и Младинската лига во бокс на Македонија.
Дел од лигата и оваа година беше прилепскиот боксерски клуб “АС”, oд каде одново одлично се претставија и лигата ја завршија во врвот на табелата.
Од клубот упатија благодарност за несебичната поддршката до Министерството за спорт и локалната самоуправа, и информираа за резултатите кои нивните боксери ги постигнаа во последното коло:
-Леон Цветкоски до 40 кг. загуби во равноправна борба со 2:1 и покажа одлична борба.
-Мартин Трајкоски до 52 кг. победи со одлична прикажана техничко тактична борба.
-Валентин Стризлоски до 70кг. дебитираше со победа над својот противник.
-Давид Карапеев до 75кг. ја оствари највпечаткивата победа со нокаут во втората рунда.
-Младинецот Влатко Димески немаше противник во неговата категорија.
БК “АС” Прилеп сезоната ја заврши на четвртото место во Младинска бокс лига на Македонија.
Честитки за боксерите од БК АС Прилеп и тимот кој успеа и годинава со макотрпна работа и ангажираност со талентите во боксот да го постигни овој резултат.
Планот за наредна година е што поголеми успеси за градот Прилеп и Македонија.
84-годишен прилепчанец со “југо” удрил во своја сограѓанка
-На 15.12.2025 во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(84) удрило во 53-годишната Р.Ј., двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Ј., констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.
Уапсен битолчанец – Со закана со секира ограбил казино
-На 15.12.2025 во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода С.Р. (53) од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на ул.„Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8.600 денари, по што се дало во бегство. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Во “Цепенков” отворена изложбата „Круг и град“ од уметниците Петра Јованоска и Рафаел Ристовски
Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ отворена изложбата „Круг и град“ од уметниците Петра Јованоска и Рафаел Ристовски. Претставени се графики и фотографии. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Централниот мотив во делата на Петра Јовановска е кругот, кој според неа, не е случаен избор, туку симбол на креативната и животната филозофија, како и на сознанието дека совршената форма нема почеток и крај.
– Кругот ја симболизира вечноста, животниот циклус, движењето на планетите околу Сонцето, космосот и совршенството – вели Јованоска.
Рафаел Ристовски се претставува со фотографии преку кои ја истражува убавината на природата и урбаната околина, како и врската меѓу нив, и го одразува својот однос кон светот преку жанрот на градскиот пејзаж.
Во оваа заедничка изложба, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски создаваат уметнички дијалог, каде двата различни пристапи — тој на Јовановска преку симболиката на геометриските форми и емоционалната порака, и тој на Ристовски преку урбаната фотографија со дигиталната манипулација — се спојуваат во една уникатна уметничка приказна.
40 години во САД, светски достигнувања во џудото, а сега знаењето го пренесува на младите во Прилеп – Марјан Димески е спортска легенда кој не знае за пензија (Фото галерија)
Неполна година му беше потребно на прилепчанецот Марјан Димески да формира џудо клуб во својот роден град и истовремено неговите ученици да покажат големи резултати. Џудо мајсторот кој 40 години живееше во САД, редеше историски спортски успеси и беше успешен бизнисмен, сега во пензионерски години, се’ уште е активен и посветен на џудото и се’ уште се натпреварува во ветеранска конкуренција.
Во својата спортска кариера Димески е мулти медалист во поранешна Југославија од 1973 до 1980год., додека престојува во САД е медалист на Пан Американските игри во 2004 год., два пати е шампион на САД, има титула шампион на Источен брег на Јапонија во 2005год., а како ветеран во поново време е Балкански шампион во 2024год. и шампион на Берлин Опен во 2025год.
Сите овие успеси на индивидуален план, Димески сега ги преточува во Џудо клубот Осака, каде неговите ученици во изминатите 9 месеци освоија: 4 златни, 5 сребрени и 4 бронзени медали на различни домашни и меѓународни натпревари.
Клубот функционира во објектот на КАМ маркет Точила на вториот кат, тренираат деца од 8-12 години, и она што е интересно е дека клубот не наплаќа чланарина за своите ученици. Секако донација од родителите кои се во можност е добредојдена. За жал клубот досега нема добиено финансиска поддршка од надлежните институциии – Министерството за спорт и Општина Прилеп, ниту од било која фирма. Трошоците целосно ги сноси тренерот Марјан Димески, кој не штеди за доброто на младите, а со цел да ги упати по вистинскиот пат во животот.
Тренинзите се одвиваат три пати неделно, и тоа: понеделник, среда и петок од 20:00часот. Посетете ги, или контактирјате на
тел.бр. 070 649 348.
Џудо Клуб ОСАКА е клуб на идни спортски шампиони!
Уапсен прилепчанец, ограбил манастир во Неготино
На 15.12.2025 во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен М.А.(44) од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино, информира МВР.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полнете резервоар! Големо намалување на цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Во одлична атмосфера, вредните прилепски домаќинки ги подготвуваат посните сармички за градската слава Св.Никола (ВИДЕО)
Вредните домаќинки од Здружениjaта: “Китка”, “Орхидеја”, “Мајка традиција” и “Преродба” во Прилеп, и оваа година ја продолжуваат традицијата на подготовка мали посни светиниколски сармички, вкусно гравче и останати посни специјалитети.
Се подготвува трпезата за празнувањето на заштитникот на градот, ден кој за прилепчани е посебен.
Оваа година Прилеп одбележува 20 години од донесувањето на Одлука на Совет, со која Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, беше прогласен за заштитник на градот – јубилеј кој е причина плус во што поголем број да се собереме во центарот на градот и заеднички да се поклониме и помолиме на нашиот патрон.
Домаќини оваа година се компаниите “МАТАДОР” и “БИМФООД”, а догодина домаќин ќе биде “РУСТИКА КЕТЕРИНГ”.
Посната трпеза за петок се подготвува со многу љубов и во одлично расположение, а ние имавме можност одблиску да се увериме во мајсторијата и умешноста на прилепските домаќинки.
Одбележувањето ќе започне во 08:00 часот со Свечена литургија во храмот „Св. Благовештение“.
Централното чествување продолжува во 12:00 часот пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот, каде ќе се изврши водоосветување и прережување на славскиот колач.
Веднаш потоа на плоштадот „Александрија“, ќе биде организирана традиционалната светиниколска посна трпеза, а празничниот амбиент ќе го збогати настапот на музичката група „Тајфата“ на Камената бина.
Повелете за Св. Никола во Прилеп! Нека е за многу години и напомош!






























































