дома блог страница 292

Да повтopиме како и пpoтив кого започнал нapoдниот отпop од Пpилеп: Честит 11-октомври, Денот на народното вocтание

Имајќи во предвид дека одбележувањето на 11 Октомври има оставено посебен белег на историјата на Прилеп и Македонија, имаме обврска да направиме една ретроспектива на настаните од тој период и да ви пренесеме изворни и точни податоци за отпочнувањето на четири годишната борба против фашистичките окупатори.

Неподносливата агресија која ја вршел бугарскиот фашистички окупатор била причината за кревање на македонскиот народ и организирање во вооружени чети, како и подготовка на вооружени акции против ваквиот терор.

Прилепчани секогаш биле обдарени со посебен револуционерен дух и затоа биле првите кои се спротивставиле на новоформираната власт во нивниот град и започнале со подготовка на планови и стратегија за нивна реализација.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата акција на прилепските партизани поврзана за 11 Октомври 1941 година, начинот на кој е реализирана акцијата, како и инволвираните актери во истата.

На месноста Црвени Стени, на 11 Октомври вечерта, на зборното место се собрал партизанскиот одред.

Првата чета, поради задоцнетото известување, задоцнила на зборното место на партизанскиот одред, поради што не била вклучена во акцијата за Прилеп. Од присутниот состав на одредот се извршил избор меѓу доброволно пријавените партизани за учевство во напрадот на Прилеп.

Одредот во кој биле славните прилепски херои Трајко Тарцан, Мице Козар, Ордан Чопела, Димо Димоски-Нередникот, Оцка Михајлоски и многу други, потоа заминал кон Маркови Кули. Притоа била извршена поделба на задачите и бил формиран конечниот состав на ударните групи.

– Нападот на полициската станица за своја задача го имале: Аспарух Јосифоски, командир, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

– За затворот биле задолжени: Никола Попоски, командир, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески.

– За оштетување на телефонската мрежа акцијата им припаднала на : Мице Димески, командир, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.

Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Во онаа задолжена за участакот акцијата требало да ја започни Душко Наумоски, кој требало да стрела во стражарот пред участакот со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нападот. Душко најпрвин се доближил до стражарот кој го запрел и го прашал за врмето на часовникот.

Останатите се посомневале дека Душко се поколебал, но тој се вратил и го застрелал. Потоа Аспарух Јосифофски активирал бомба и ја фрлил пред вратата на участакот, а останатите Блаже, Диме и Миле со пушки стрелале кон прозорците, не давајќи им да се појават полицајците.

Групата за затворот го чекала истрелот од револверот на Душко. Штом градскиот саат отчукал 10 часот, тие веднаш јурнале на затворот. Меѓутоа, стражата од кај участакот од пукотниците веќе била на готовс.

Групата била пречекана со оган. Пецо Крстески и Никола Попоски фрлиле по една бомба, па се повлекле заедно со целата група без жртви.

Групата одредена за оштетување на телефонската мрежа на градот слегла кон Варошко маало, но не по ист пат каде што поминале и другите. Успеале да ги спојат електричните со телефонските жици и со тоа да ги онеспособат, па се повлекле без престрелка.

Сите три групи се повлекле без загуби. Овој подвиг на првите борци од Прилеп можеби не е некој триумфален подвиг, но со сигурност претставува успех кој го означил продолжувањето на револуционерните борби на македонскиот народ, почетокот на организираното востание сега против нов окупатор како и доследноста на граѓаните на Прилеп кон борбата за македонска кауза и слобода.

(ВИДЕО) Интересен концепт кој може да го врати “Пиво Фест” на врвот

„Пивофест” – најпознатиот фестивал на пивото во Македонија, кој повеќе од 18 години носеше радост, вкус и музика во Прилеп, повторно ќе оживее со нова енергија и концепт – порачува кандидатот за градоначалник за општина Прилеп, Жарко Бошкоски, кој за престојните локални избори е поддржан од “Коалицијата за успех” на политичките партии ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР.

Бошкоски предлага еден нов сосема интересен концепт, преку селење на фестивалот од центарот на градот во паркот на “Могилата на непобедените”.

-Оваа уникатна ревија на пива и специјалитети на скара, надополнета со настапи на врвни балкански музички брендови, секогаш привлекуваше илјадници посетители од цела Македонија и регионот. Со повеќе пиварници, поголем избор на пива и нови гастрономски искуства, фестивалот ќе биде вистински магнет за туристите – стои во описот на овој предлог концепт.

Со преместување на фестивалот на “Могилата на непобедените”,  ќе се избегне метежот во центарот и ќе се овозможи подобра организација, поголем простор и вистинско фестивалско доживување за сите посетители, концепт за кој досега во повеќе наврати зборувале и самите граѓани, кои и самите сметаат дека со цел фестивалот и понатаму да се развива, потребна е нова локација.

-Со овој пристап, „Пивофест” не само што ќе се врати на голема сцена, туку ќе стане и уште поголема туристичка атракција koja ќе го промовира Прилеп како регионален центар на добрата забава, гастрономијата и културата, вели Бошкоски.

Николоски: Потребна ни е масовна референдумска излезност на 19-ти октомври

 

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Богданци се обрати вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Минатата година благодарение на вашата поддршка се случија промените. Минатата година ставивме крај на темното криминално владеење на Владата на СДСМ и ДУИ, а оваа година е редно времевтука во Богданци да се случат промените, затоа што се повеќе од потребни, вие тоа го гледате секој ден, гледаме дека на најлош можен начин се менаџира општината. Има еден феномен кој што веројатно не може да се најде втора општина во која што може да се каже, а тоа е за жал основното образование она што е основа за нашите деца, за нашите идни генерации, тука се одвива во отежнати услови, услови кои што не се соодветни за настава за децата. Градоначалникот на свој криминален начин решил да го реконструира училиштето и сега училиштето има кров кој што прашање е на денови или недели кога ќе се сруши, рече Николоски.

Тој потенцираше дека децата мора да одат во рамки на гимназијата во втора смена и на тој начин да одржуваат настава.

-Вакви примери можам да бројам уште десетици како што се раскопаните улици, не реализираните проекти. За високи политики гледам ги бива, гледам гости од Хрватска, гледам од други места а да ги решат основните проблеми со образованието, во инфраструктурата, еве не ги бива, Мислам дека ова е основната причина поради која што ни е потребна масовна референдумска излезност на 19 октомври, за веќе од 20 октомври да можат да се решаваат овие проблеми, рече Николоски.

Роденденски попуст што не се пропушта! -20% попус на целиот асортиман производи за 11. роденден на Bonatti (Фото галерија)

Bonatti слави 11. РОДЕНДЕН, а за својот роденден неодоливиот бренд на долна облека, облека за спиење и летен асортиман за мажи и жени, ве кани на шопинг со -20% на целиот асортиман производи.

11 години на стил, удобност и елеганција !!!

-До 18. октомври, со секоја сметка над 10.000 денари, ПОДАРОК Loyalty card со -20% попуст во Bonatti

-Со секоја онлајн нарачка, ПОДАРОК ваучер со -20% попуст за вашата следна онлајн нарачка

За 11. РОДЕНДЕН, 11 дена неверојатен шопинг и уживање!
Посетете ја продавницата на Bonatti во центарот на Прилеп, лоцирана на бул. “Гоце Делчев” отспроти “Ла Страда”.

 

Битолчанка остана без 27.000 евра – Лажен лекар и’ рекол дека нејзината ќерка имала тешка сообраќајка

-На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Македонскиот филм “Диџеј Ахмет” во вторник во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 14 ти октомври 2025 г./ вторник/ во кино Мис Стон од 19.30 ч. ќе се прикажува македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ кој моментно е на врвот во филмската уметност во земјава. Режисер на филмот е Георги М. Унковски. (возраст 12 +, 100 м. траење)

Улогите ги толкуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Mехме, Дора Акан Златанова.

„Диџеј Ахмет“ е прв дологметражен филм на режисерот Георги М. Унковски, во кој се говори за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг.

Прекрасна традиција! 1.200 ученици го формираа државното знаме во центарот на Прилеп по повод Денот на народното востание (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Денот на народното востание – 11-ти Октомври, во Прилеп се одбележува со низа настани и свечености, а како дел од програмата, денеска на пладне, традиционално, 1.200 ученици од прилепските училишта го формираа државното македонско знаме на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

Една прекрасна традиција која е препознатлив знак за Прилеп

Нека е честит Денот на народното востание, денот кога започнала Народноослободителната борба против фашистичките и нацистички окупатори!

Утре АДРЕНАЛИНСКИ СПЕКТАКЛ по 17. пат во центарот на Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Kaко дел од програмата за одбележување на Денот на народното востание – 11-ти Октомври, традиционално во Прилеп и оваа година ќе се одржи популарното Tunning Car Show.

Ова ќе биде 17-то издание на оваа адреналинска изложба на автомобили, која како и секогаш предизвика огромно внимание кај прилепчани и посетителите во Прилеп.

Според најавата, на изложбата со своите автомобили ќе учествуваат гости од соседните земји и од Турција, ќе биде возбудливо како и секоја година, а ќе бидат изложен голем број спортско-модификувани автомобили, луксузни лимузини, олдтајмери, џипови…

Настанот ќе започне во 10 часот и ќе трае до 19 часот.

Од вторник температури над просекот

Управата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината.

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд.

Времето денеска до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

ЗНАМ за Прилеп: Буџетот е на граѓаните – време е така и да се управува со него (ВИДЕО)

Продолжува предизборната кампања за локалните избори во Прилеп. Кандидатите за советници од Движењето ЗНАМ за наша Македонија, денеска ја претставија својата визија за чесно, отчетно и транспарентно управување со јавните средства.

Од ЗНАМ Прилеп во својата изборна програма ветуваат:

-Ефикасно трошење на јавните пари – секој денар под контрола и во служба на граѓаните.
-Редовни извештаи за реализација на буџетот – отвореност и транспарентност во секој чекор, со јасен увид во тоа каде и како се трошат средствата.
-Ревизија на сите јавни расходи – за да се обезбеди одговорно управување и целосна отчетност пред јавноста.

„Буџетот е на граѓаните – и граѓаните мора да знаат каде оди секој денар. Нашата цел е Прилеп со јасни сметки и чиста совест,“ порачуваат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Прилеп.