дома блог страница 280

Честит именден Јаков: Се празнува еден од дванаесетте големи апостоли

Православната црква денеска, 22 октомври, го слави споменот на Светиот апостол Јаков, син Алфеев и еден од дванаесетте големи апостоли, роден брат на евангелистот Матеј.

Јаков беше сведок на зборовите и чудата на Исус Христос, на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, тој ја ширеше Христовата благовест во Елефтеропол и околните места, а подоцна и во Египет, каде што и пострада за својот Спасител. Неговиот труд и ревност беа крунисани со голем успех, многу незнабошци поверуваа во Христос, основаа цркви и поставија свештеници и епископи. Познат како Јаков Праведниот, тој се смета за заштитник на оние кои се стремат кон верската ревност и духовната правда.

На денот на Свети Јаков народните верувања посочуваат на важноста на прошка и духовна чистота.

Немажените девојки се советуваат да се измијат со ладна вода околу полноќ за да го заштитат телото од зли духови и да обезбедат здраво потомство. Според традицијата, тоа е момент за смирување на душата и отворање на патот кон благословено потомство.

Истовремено, Свети Јаков испраќа јасна порака до богатите и моќните. Тој потсетува дека материјалното богатство е минливо и предупредува дека оние кои угнетуваат други ќе се соочат со последици.

Мицкоски на средба со кралот Чарлс: “Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности”

Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс III.

Премиерот Мицкоски информира дека средбата со Кралот Чарлс III била искрена и содржајна.

-Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, напиша Мицкоски во објавата денеска на неговиот Фејсбук профил.

Во рамки на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес кој се одржува во Лондон, премиерот Мицкоски ќе оствари повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото Кралство.

Приведените за случајот со прилепската болница треба да бидат изведени пред суд

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп.

Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница.

Според Основното јавно обвинителство, од април годинава, се постапуваше во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а поврзано со финансиското работење на болницата. Дејства преземаше Управата за финансиска полиција и тогаш беше извршен претрес на осум локации во Прилеп.

Набрзо по стапувањето на функцијата, лани 2024 година, сегашниот директор на прилепската Општа болница „Борка Талески“, Кире Јоноски, во повеќе наврати на прес-конференција изјави дека биле забележани неправилности во финансиското работење на Болницата и дека болницата ја наследил со долг од речиси 193 милиони денари.

Во текот на денот се очекуваат информации за случајот од Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Изложба на дела од уметникот Синиша Новески, во петок пред прилепчани

 На 24 октомври 2025 /петок/ од 19.00 ч. во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од Синиша Новески. Изложбата е дел од годишната програма на ЦК „Марко Цепенков“ за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам.

За изложбата:

Изложбата на скулпторот и професор Синиша Новески содржи околу 20 скулптури во различни материјали,мотиви и тематики.Тие се работени во последните 20 години, али најмногу има од последниот негов циклус на скулптури наречен” Жар скулптури” кои се направени во дрво и се доста симболични и асоцијативни и на еден метафизички начин го прикажуват денешниот свет со елементи на македонската традиција и митологија. Тие како жар во дрвото зрачат со својата топлина и ја греат душата на посетителот и гледачот. Во неговите скулптури секогаш има некоја лиричност и порака, но и богата ликовност и естетика.Скулптурите се во мал галериски формат, но зрачат со нивната монументалност.

Синиша Новески во неговото творештво има околу 30 самостојни изложби во земјава и странство и е добитник на многу награди и признанија .Член е на уметничкиот совет на ДЛУМ и работи како професор на Факултетот за архитектура при МИТ универзитетот во Скопје.

БИОГРАФИЈА

Синиша Новески (роден на 6. септември 1978 г.) е академски скулптор и искусен педагог со повеќе од 20 скулптури изложени во јавни простори во Македонија, Србија, Бугарија и САД. Има изложено на 27 самостојни и повеќе од 45 групни изложби и има учествувано во повеќе од десет ликовни колонии и симпозиуми. Добитник е на 17 награди за сопствено уметничко творештво и за менторско-педагошко работење со студенти.

По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2002 г. како најдобар студент во класата по вајарство на професорот Васил Василев, Новески две години работел како асистент на еминентни скулптори Томе Серафимовски, Драган Попоски-Дада, и Никола Смилков. Титулата професор по уметност се здоби во 2004 г., а од 2007 до 2011 г. предаваше ликовно образование во СОУ „Свети Наум Охридски“ во Македонски Брод. Магистерски студии на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ги завршил во 2011 г. кај професор Жарко Башески.

Од 2011 до 2022 г., Новески ја прошири својата кариера во Белград, Србија, каде што, покрај развој како самостоен уметник, придонесе во областа на образованието и културната дипломатија во следните улоги: професор по ликовна уметност на Меѓународното училиште „Бејза“ (2013-2014), надворешен соработник за култура за Амбасадата на Македонија (2014-2018), претседател на управниот одбор на Македонски национален совет за култура (2015-2019), уметнички директор на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ (2013-наваму), член на Управниот одбор на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Србија (2014-наваму) и културен соработник на фондацијата „Нушиќ“ (2014-наваму).

Во 2022 г. се врати во Македонија и од 2023 г. е член е на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Денес работи како доцент на МИТ Универзитет во Скопје, Факултет за архитектура.

Младите кошаркари на КК МЕГА БАСКЕТ фуриозни – Овие деца заслужуваат нормална сала и нова опрема (ФОТО)

Полна салата во ООУ “Добре Јованоски”…уништени столчиња, нефункционални тоалети, рефлектори што не работат, НО, за среќа Прилеп има кошаркарски ентузијасти што волонтораат за да децата тренираат и се такмичат.

И успеваат во тоа. Одлична игра и победа со 83: 61 над Охрид, на крилјата на своите врсници во публиката. Но, овие деца заслужуваат многу повеќе, заслужуваат нова сала, опрема, реквизити…

Честитки за младите таленти од КК “Мега баскет”. Очекуваат поддршка од градот и од бизнис секторот… подобро во сала, отколку на улица е нивното мото.

Огрома радост во “Добре Јованоски” – Прилепчани со триумф ја стартуваа сезоната

Прилепската кошаркарска екипа Мега Баскет со триумф ја стартуваше сезоната во Втората лига. Во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” синоќа прилепчани триумфираа со 86:80 над Црн Дрим од Струга.

Екипите од Прилеп и од Струга одиграа доста интересен, возбудлив, и во најголем дел изедначен натпревар, во кој на крајот победата ја однесе домашната екипа. Како пресуден се покажа оној средишен дел од натпреварот, особено вторите 10.минути во кои прилепчани парцијално направија (24-15), и на полувреме заминаа со двоцифрена предност (46:36), која се покажа како доволна за првата победа во новата сезона.

Четата на тренерот Благоја Печалов одигра крајно колективно, особено во фазата на нападот. Во преден поентерски план излегоа Враниќ, стрелец на 21.поен, Јовановски, кој уфрли 17, Митков кој даде 15. А двоцифрен број на поени во победничкиот тим имаа и Радически 12, односно Балоски кој додаде 10.

Сличен пристап имаа и стружани, во оној офанзивен дел, пред се, во кој Камиловски дојде до 21.поен, следен од Костоски кој уфрли 14, Узуноски имаше 12, додека Шабани и Бојоски имаа по 10.

Граѓаните го креираат буџетот – Општина Битола ги кани сите да земат учество на буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на градот Битола и населените места дека во периодот октомври- декември 2025 година ќе се реализира буџетски форум во заедницата со цел подобро планирање на општинскиот буџет за 2026 година.

Првата работна сесија од буџетскиот форум ќе се одржи на 24.10.2025 година со почеток во 11 часот во Офицерски Дом.

Општина Битола ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество во работата на Форумот и да дадат свој придонес кон планирањето на
општинскиот буџет за 2026 година.

И утрово апсење во прилепската болница – 20-тина лица, меѓу нив 8 вработени во болницата

Финансиска полиција во утринските часови уапси 20 тина лица од Прилеп меѓу кои 8 вработени од Општата Болница Прилеп на нивните работни места во врска со злоупотребите со тендерите, дознава Курир.

По наредба на Јавното обвинителство, Финансиската полиција влезе во прилепската болница. Се преземаат дејствија за наводи против повеќе лица за злоупотреби.

Според информациите, приведени се повеќе лица поврзани со сомнежи за сторен криминал, со тендери во работењето на здравствената установа.

Истрага и за раководни лица, поради злоупотреби со јавни набавки, во вредност од 800-ни илјади евра.

Во април прилепското обвинителство постапуваше во предистражна постапка поради сомневања за кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување. Тогаш беше извршен претрес на осум локации, а дејствија преземаше и Управата за финансиска полиција.

Детали за акцијата од Обвинителството најавија во текот на денот.

Голема АКЦИЈА НА МВР во Прилеп – Еве кои лица се апсат во моментов

MAРКУКУЛЕ дознава дека во тек е голема полициска акција во Прилеп. Според неофицијални информации уапсени се 25 лица поврзани со сомнежите за сторен криминал во работењето на прилепската болница “Борка Талески”.

Oд МВР во моментов не откриваат повеќе детали.

Инаку, во април годинава, Основното јавно обвинителство Прилеп и Финансиската полиција вршеа претреси на повеќе локации во градот поради сомнежи за финансиски злоупотреби на Прилепската болница.

„ОЈО Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази”, стоеше тогаш во соопштението од ОЈО Прилеп.

Владина делегација предводена од Николоски на средби во Лондон: “Создаваме ново поглавје во стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија”

Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата. Ова беше констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетето Кралство, Сер Крис Брајан, која денеска се одржа во Лондон.

-Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна подршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка, истакна на средбата потпретседателот Николоски.

Токму инвестициите и пренесување на нови искуства и знаења кои произлегуваат во Договорот за соработка, ќе ги доближат двете земји до воспоставување на стратешки партнерства и реализација на регионални инфраструктурни проекти.

Ваквата соработка е ново поглавје за стратешкото инвестициско партнерство меѓу Македоннија и Велика Британија, потенцираше вицепремиерот Николоски. Тој ги потврди силните заложби и активности што ги презема Владата за економски развој на државата како и за регионалното поврзување и соработка.

Обединетото Кралство е силен подржувач на земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија и како резултат на таквата соработка, инвестициите од Обединетото Кралство имаат силен импакт во растот на македонската економија, исткана потпретседателот Николоски.

На средбата се разговараше за новите текови во економските односи меѓу двете земји со посебен фокус на проектите кои ќе се реализираат согласно Договорот за соработка како и подршката што ќе ја овозможи Велика Британија во реализација на истите.

Министрите се дел од владината делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Самитот за Западен Балкан- Берлински процес, кој се одржува во Лондон.

Владината делегација денеска и во текот на утрешниот ден ќе оствари повеќе економски и политички средби со високи владини преставници на Обединтетото Кралство.