дома блог страница 279

Миха е првото бебе во Новата година во Кочани – се роди на Божик

Неколку часа по полноќ, 7 јануари 2026 година оклу три часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Виолета Димитровска од Оризари го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Миха и е втора рожба во семејството Димитровски.

Бебето е родено со тежина од 3.500 грама и 53 сантиметри должина.

Трдиционално, како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов ги посети мајката и новороденчето.

Врачувајќи им ги традиционалните подароци им поска добро здравје и многу среќа, а упати и благодарност до персоналот што го изврши породувањето.

Исто така, Локалната самуправа на Кочани обезбеди подарок – телевизор за перосоналот на акушерското одделение.

Спореде податоците од гинекологот Илчо Атанасовски породувањето поминало добро.

Негова оценка е дека 2025 година ја поминале со 17 породувања, 1.600 прегледи, како и 230 хоспитализации.

На втор ден Божик празнуваме Собор на Пресвета Богородица

На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Кога стана успението на пресвета Богородица ангелите и апостолите на облаците се собираа и, Тома наречен бизнак. Сета Индија ја уверија во тој час, три илјади луѓе, и не сакаше да дојде дури не го увери сиот народ. Зеде облак светол и тој го донесе, и ја сретна света Богородица што се носеше на облаците и во рајот влегуваше.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

Mакедонија вечерва против Бахреин на “Жолтиот куп” во Швајцарија

Машката ракометна репрезентација на Македонија на Божик пристигна во швајцарскиот град Винтертур, кадешто од денеска до 10 јануари ќе учествуваат на „Жолтиот куп“, кој ќе им биде увертира за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва од 20:30 часот ќе играат против Бахреин, в петок од 17:45 ч. со Украина и в сабота од 18:30 ч. со домаќинот Швајцарија.

Од Винтертур „црвено-жолтите“ директно ќе заминат за Данска, кадешто на 13 јануари ќе го имаат последниот тест против данскиот тим Митјиланд.

Македонија ќе стартува на ЕП на 16 јануари против соорганизаторот Данска, два дена подоцна ќе игра со Португалија и на 20 јануари против Романија, сите три меча закажани во Хернинг.

Двете првопласирани селекции ќе продолжат во групата од главната фаза.

На втор ден Божик во Прилеп се пpaзнyва и Cветецот чија икона стана чyдо пред 9 години

Денеска православните христијани го празнуваат вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ. Денеска исто така православната црква го слави и Соборот на Пресвета Богородица како и споменот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански.

Пред 8 години, на 31 март 2015 година во Прилеп, според православната црква, токму во храмот „Св. Благовештение“, се случи чудо, бидејќи иконата на Св. Никодим Прилепски, која сега стои во средината на црквата започна да мироточи.

Капките од мироточењето и денес се познаваат на иконата.

Коњановски на терен – големи поплавувања вечерва во Битола и битолско (ФОТО)

По обилните врнежи од дожд кои деновиве, а особено попладневно го зафатија и битолскиот регион дојде до поплавување на дел од селото Кравари од каналската мрежа.

-На лице место сум со директорот на јавното претпријатие „Водовод“ Битола, Андреј Гинов, каде ја следиме состојбата. Битолски „Водовод“ во Кравари интервенира со механизација, а станува збор за проблем со каналската мрежа која не може да ја прими големата количина на вода. Заради ова екипите на „Водовод“ работат на лоцирање на најкритичните точки, со цел што поскоро санирање на состојбата. Се сретнав и разговарав со жители од ова населено место и заеднички се обидуваме што поскоро да ја ставиме состојбата под контрола – информира на социјалните мрежи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Во интервенцијата се приклучија и екипи со механизацијата од водостопанското претпријатие „Битолско Поле“.

Kлуч на врата за маркетите кои претеруваат со цените – Мицкоски најавува казни и засилени контроли

Годишната инфлација за минатата 2025 година ќе биде околу 4 отсто, имаме засилени контроли на Државниот пазарен инспекторт и на Комисијата за заштита на конкуренцијата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што ќе преземе Владата ако продолжи растот на цените.

– Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат Законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата – рече премиерот Мицкоски.

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд кои вечерва предизвикаа поплавувања на повеќе улици низ Битола, екипите на ЈП „Нискоградба“ заедно со другите јавни претпријатија започнаа итни интервенции за санирање на состојбата.

Најкритична е ситуацијата кај стариот „Прогрес“, во близина на каналот од реката „Курделес“, кој се излеа и го отежна сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ (поранешна „Иво Лола Рибар“) во правец кон Железничката станица.

Интервенции се спроведуваат и на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат, како и во населбата „Стрчин“, каде е забележано задржување на вода и отежнато движење.

Екипите остануваат на терен и продолжуваат со работа, имајќи ги предвид најавите за продолжување на врнежите. Во акцијата се мобилизирани служби од „Битолско поле“, „Водовод“ и „Стрежево“, со најави за интервенции и во селата Кравари, Канино, Лера, Горно Српци, како и долж коритото на реката Црна, во потесното и поширокото градско подрачје на општината.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност и почитување на привремените сообраќајни ограничувања сè додека траат интервенциите.

Поради поплави се евакуираат жителите од улицата „Прилепска“, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче

По обилните дождови во делови од земјата се пријавени поплави и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поплави се пријавени во Кичево, каде се евакуираат жители од повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ и во Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања и на патниот правец с. Татеши – с. Мислодежда – струшко.

Како што информираше Центарот за управување со кризи, во Кичево се евидентирани поплави на повеќе стамбени објекти на ул. „Прилепска“. Во тек е евакуација на жители, а на терен се екипи на Општина Кичево, ДЗС, Црвен крст, ЈКП „Комуналец“ и други надлежни служби.

Во Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации. За состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид, кои постапуваат по пристигнатите пријави.

Во Струга по пријава преку бројот за итни повици 112, евидентиран е поголем одрон на патниот правец с. Татеши – с. Мислодежда. За состојбата е известено ЈП „Македонија пат“ и се преземаат активности за санација.

Во Тетово и Гостивар регистрирани се одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања.

По пријави преку 112, евидентирани се излевања на реката Вардар во с. Балин Дол, Лукавичка Река во с. Мало Турчане и Сушичка Река во с. Горно Бањице. Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови. За состојбата се известени Општина Гостивар, ДЗС, ЈКП „Комуналец“, ПС Гостивар, како и ХЕЦ Маврово, каде е преземено намалување на производството на електрична енергија.

Во Општина Боговиње поради излевање на вода надвор од постоечки канали, поплавено е обработливо земјиште. Директорот на ЈКП „Шари“ е на терен и координира активности со надлежните институции.

Кај селото Сирхан, битолско, е саниран одрон, додека во с. Дрмени поплавени се два двора, за што се известени Општина Ресен и ДЗС Ресен.

Врнежите продолжуваат, а состојбата на теренот и водостоите на реките се следат континуирано од надлежните институции.

Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, состојбата на поголемиот дел од територијата на Република Северна Македонија е стабилна, без нарушување на редовната состојба.

Во Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема излевање на реки, ниту евидентирани последици од врнежите. Надлежните општински служби ја следат состојбата.

Во Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Штип исто така не се пријавени поплави или одрони, состојбата е стабилна и под контрола.

500 деца од различни религии и групи по 20.пат го празнуваа Христовото раѓање со Божиќен ручек во Прилеп (Фото галерија)

По 20-ти јубилеен пат, традиционално, во организација на Детската амбасада, во Прилеп се одржa традиционалниот свечен Божиќен ручек на кој учествуваа 500 деца од целата држава. Настанот оваа година се реализираше во свечената сала „Симфонија“ во Прилеп, каде децата заеднички го прославија Христовото раѓање.

На свеченоста беше доделено најпрестижното признание за општествена одговорност – Орден за носител на мирот, кој годинава ѝ беше врачен на Амбасадорката на сите деца во светот, Н.Е. г-ѓа Гордана Нацева.

На заедничката божиќна трпеза седнаа деца од различни целни групи и средини, како и истакнати членови на Детската амбасада, од Прилеп, Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид, Штип и од други градови и општини ширум државата. Во духот на мотото „Едно небо за сите деца“, на настанот учествуваа и деца од различни верски заедници – православна, исламска, католичка, еврејска и евангелско-методистичка, испраќајќи силна порака за еднаквост, толеранција и мир.

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, г. Петар, Божиќниот ручек го благослови Неговото Преосвештенство, викарниот архиереј на Преспанско-пелагониската епархија, г. Никола.

На сите деца ќе им бидат доделени празнични пакетчиња, обезбедени со поддршка од градоначалникот на Општина Прилеп. За културно-забавниот дел се погрижија од Танцовото студио „Зодијак“ од Прилеп, младата музичка ѕвезда Димитар Иваноски, како и македонската музичка ѕвезда Христијан Настески – Пајак.

Покрај Орденот за носител на мирот, организаторите доделија и Плакети за пријател на децата на: ЈП Македонска радио телевизија, Канал 5 Телевизија, Наша ТВ, ТВ Тера, Радио Пела, Радио Холидеј, како и порталите Инфокомпас, Маркукуле и Шеталиште – медиуми кои две децении континуирано го поддржуваат овој настан.

Организацијата на јубилејниот Божиќен ручек се реализираше со поддршка на бројни пријатели на децата и општествено одговорни компании, како и со поддршка од Општина Прилеп.

МВР отвори истрага по фотографиите со осветување на полициските возила со свештеник

Министерството за внатрешни работи отвори истрага по фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени полициски возила во кругот на Министерството.

Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите и дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на постапката.

Фотографиите предизвикаа бурни реакции во јавноста. Дел од граѓаните го оправдуваат чинот како дел од верската традиција, додека други сметаат дека ваквата практика е спротивна на принципот на секуларност и верска неутралност на државните институции.