дома блог страница 263

Четири нови стоматолошки столови за училиштата и градинките во Прилеп – симбол на хуманоста на организацијата Hand Till Hand

Шведската невладина организација “Hand till hand” донираше 4 стоматолошки столици во вредност од 40.000 евра за подобрување на условите во школските и  стоматолошките амбуланти во градинките во Прилеп. Невладината организација чиј прв човек е Mарија Росенгрен, со потекло од Битола, досега има донирано над 700.000 евра во различни институции во нашиот град.

Првиот од четирите стоматолошки столови веќе е монтиран во градинката во “Тризла”, каде ќе имаат грижа не само децата од предучилишна возраст, туку и учениците од ООУ “Добре Јованоски”. Се очекува стоматолошки столови да се монтираат и во училиштата “Кочо Рацин” и “Kлимент Охридски”.

Инаку стоматолошките столови во училиштата досега беа во катастрофална состојба.

“Ќе значат овие столови за подобрување на оралното здравје на младите, за работата на училиштата. Имавме машини кои беа многу стари, кои не ги задоволуваа потребите за работа, сега со оваа донација работата многу ни се подобрува, се со цел да се подобри оралното здравје на децата”, истакна стоматологот Јулијана Стевананџија.

За хуманиот и општествен ангажман во здравствената заштита, организацијата „Ханд тил ханд“ беше и добитник на Третоноемвриско признание на Општина Прилеп.

 

Лихвари од Кавадарци наплатиле 700.000 денари за долг од 80.000 денари од 71-годишник

-На 06.11.2025 во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари.

По издадена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од МВР.

Претреси во домовите на двајца битолчани – пронајдена дpoга

-На 07.11.2025 во 00:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршија претрес во домот на А.Ч.(28) од Битола, при што била пронајдена марихуана. Во исто време извршен е претрес и во домот на Н.Р.(39) во Битола, при што била пронајдена марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја. Исто така, во близина на неговиот дом пронајдени се паковки со марихуана и грутчеста материја. По документирање на настаните, ќе следуваат соодветни пријави – информираат од МВР.

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно

Резултатот од локалните избори е лош. Мислам дека резултатот од 126 илјади претставува дно и јас би сакал да е тоа дното на кое сите ние ќе застанеме. Ова е коментарот на пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во однос на резултатот што партијата од која доаѓа го имаше на изборите.

Спасовски вели дека како одговорен човек тоа го загрижува, но и мотивира за тоа да се види што треба да се прави за понатаму.

СДСМ, вели тој, претставува една вистинска идеја што има длабоки корени и традиција во македонското општество и секако дека таа идеја мора да опстои.

„Резултатот покажа една друга димензија во која генерално граѓаните на Македонија покажаа негативен став кон партиите и тоа треба серизоно да се разгледа“, рече Спасовски во интервју на телевизија Алсат.

Околу тоа дека СДСМ изгуби многу од општините во кои досега беше власт, вклучувајќи ја и Струмица, Спасовски рече дека е лошо да се коментира која партија колку изгубила.

„Факт е дека ние изгубивме 20 и повеќе илјади гласа од претходните парламентарни избори. Факт е дека бројот на градоначалници е сведен на шест. Факт е и тоа дека 60 проценти од граѓаните во Македонија одлучија да не излезат воопшто да гласаат. Тоа покажува разочарување од политичките партии“, рече тој.

Од „Абе чекај, Албанка е“ до среќен брак и три дечиња: Емотивна исповед на градоначалникот Јовановски за сопругата Линдита

Новиот градоначалник на Кичево, доктор Александар Јовановски, по победата на локалните избори во ексклузивно интервју за КУРИР изрази благодарност до сите политички партии и граѓани кои му ја дадоа поддршката. Тој нагласи дека за оваа победа, која ја остварил заедно со сите партии, големо значење има заедничката соработка и квалитетот во работата, а не политичките поделби.

„Сакам да покажам дека сите треба да функционираме заедно и да се фокусираме на труд, чесност, искреност и братство, без да се делиме на партиски основи“, истакна Јовановски.

Тој додаде дека ќе се заложи за поголема застапеност на Турците и Ромите во јавната администрација на општината, за реално да ги согледаат нивните проблеми и да се зближуваат со сите други граѓани.

„Мојата цел е да го подигнам нивото на заеднички живот во Кичево и да го изградиме како еден кохезивен град, без поделби, каде секој граѓанин ќе се почувствува еднаков“, додаде Јовановски, нагласувајќи дека тој не се придржува на поимот „соживот“, туку на реален живот во кој секој има еднакви права и можности.

Најемотивно во интервјуто Јованоски зборуваше за својата сопруга Линдита. Љубовта на прв поглед станала жртва на предрасуди, но била толку силна што ги победила сите препреки.

Денес се во брак 11 години, а круна на нивната љубов се трите дечиња Јана, Живко и Дафина.

Се запознале во кичевската гимназија, каде тој предавал медицински предмети, а таа била наставник по англиски јазик.

-Таму, ете судбината така сакала, да ја запознаам мојата идна сопруга. Тоа беше од моја страна љубов на прв поглед. Од нејзина не знам бидејќи не ме познаваше кога јас прв пат ја здогледав. Така да, сосем случајно седејќи во канцеларијата со професорите, влегува една прекрасна, јас пеперутка ја нареков тогаш и кога ја видов не можев око да тргнам од неа. Веднаш почнав да барам контакт да стапам со неа. Што е интересно, и од Македонците и од Албанците со кои што комуницирав да најдам контакт, сите одма ми викаа „Абе чекај, Албанка е, кај трчаш“. Мене не ми е поимливо, па што ако е Албанка? Никогаш ни дома не сме биле воспитувани така луѓево да ги делиме на нациналност. Во моментот воопшто ни не размислував од која националност е, едноставно сакав да стапам во контакт со неа. Добро, тоа беше еден постепен процес. После на запознавање, па на дружење, па на излегување, на вљубување и сите тие работи. И морам да ви кажам, не беше лесно. Ви напомнав, ние сме една средина која живееше многу убаво, која многу се согласуваше меѓутоа не паметам да имало мешани бракови или ако имаше по некоја мешана врска за жал, завршуваа неуспешно. Во старт се соочивме малку со потешкотии, ама му благодарам на Бога, на сопругата и на љубовта што успеавме, се изборивме заеднички и на крај остваривме и брак, ни се родија три дечиња. Сега функционираме прекрасно, рече тој.

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Б.M. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ 5.540.729 ДЕНАРИ

Б.М. од Скопје на 06.11.2025, ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка-СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, вреден 5.540.729 денари. „40 Супер хот“ е играта која му ја донесе среќата и оваа фантастична џекпот добивка. Добивката е освоена на видеолотариските терминали во Златна Копачка.

Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни моменти!

Во периодот од 27.10.2025 до 02.11.2025 Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 14.177.347денари кон играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија и тоа:

  • 1 СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ → исплатени 6.208.451 денари
  • 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки вкупно 5.835.359 денари
  • МИНИ џекпот добитници → со добивки од 2.133.537 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните ВЛТ играчи низ Македонија им се исплатени преку 3 милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.

Швеѓани ќе тренираат во прилепско Големо Коњари пред натпреварот со Македонија

По неодамнешниот тренинг на младинската фудбалска репрезентација на Ерменија до 21 година (У21) на стадионот на ФК Големо Коњари, истиот терен и клупските простории ќе ги користи и репрезентацијата на Шведска У21. Стадионот, кој е во одлична состојба, според најавата од управата на клубот, во вторник од 11 часот ќе биде ставен на располагање за тренинг на младата репрезентација на Шведска, која се подготвува за натпреварот против Македонија.

-Почитувани љубители на фудбалот, со голема чест и голема радост за нашиот клуб и нашето село, ве известуваме дека на 11.11.2025 (вторник) на нашиот стадион во Големо Коњари, тренинг ќе одржи репрезентацијата на Шведска У21. Тренингот започнува во 11:00 часот – стои во соопштението од ФК Големо Коњари.

Дисциплинската на ФФМ одлучи: Победа до крајот на годината без публика, плус казна од 3.000евра

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на вчерашната седница донесе повеќе одлуки меѓу кои и санкција за прилепска Победа.

-ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери на натпреварот ФК Победа АД – ЖФК Шкендија 77 Арачиново – стои во соопштението на ФФМ.

Покрај тоа Дисциплинската комисија ги донесе и следните одлуки:

1. Ивица Глигоровски, кондиционен тренер на ФК Силекс АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

2. Тони Мегленски, помошен тренер на ФК Вардар АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

3. Диако Лассана, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

4. Против ФК Вардар АД се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства, односно фрлање петарди, на натпреварот ФК Вардар – ФК Силекс.

5. Оливер Тодоров, фудбалер на ФК Вардар Неготино, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

6. Игор Јаневски, фудбалер на ФК Охрид Лихнидос, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

7. Николче Ефремов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на два натпревара.

8. Бојан Иванов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

9. Димитар Ѓорѓиев, фудбалер на ФК Детонит Плачковица, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

10. Осман Даци, доктор на ФК Шкендија Арачиново, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.

11. Љупче Џеков, фудбалер на ФК Силекс, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

12. Против ФК Пелистер се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот ФК Пелистер АД – ФК Вардар АД, односно користење пиротехнички средства од страна на навивачката група.

13. Против ФК Вардар се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група Комити и направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“.

Уапсен крадец од Прилеп – одземеното вратено на сопственикот

-На 05.11.2025 во 14:00 часот на ул.„Методија Шаторов Шарло” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија С.М.(40) од Прилеп. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во продажен објект и кај него се пронајдени предмети кои ги одзел, а кои подоцна се вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Сиљановска-Давкова ќе биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје.

Директорката детално ја запозна со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот којшто ќе се одржи во јуни следната година под провокативното мото „Храбриот нов театар“.

Импресионирана од иновативноста на програмската содржина, претседателката со задоволство прифати да биде покровителка на фестивалот.

Соговорничките споделија мислења за македонската драматургија, местото и улогата на славните глумци во неа, но и хроничните проблеми со коишто се соочуваат театрите, вклучувајќи ги и најтешките: просторните и финансиските.

Сепак, недвосмислено заклучија дека театарот мора да остане жив и витален, обидувајќи се да привлече нова публика меѓу децата и младите, воден од чесната намера да ја поттикне кај нив љубовта кон уметноста.

Претседателката смета дека знаењето, професионалноста, храброста и ентузијазмот на директорката и нејзиниот тим гарантираат незаборавен фестивал којшто заслужува институционална и финансиска поддршка.