дома блог страница 257

Михаилов: “Лисица со запалена опашка ни направи страшна работа во велешко, а постојат и вештачки бубачки што пренесуваат пожари”

Во текот на овие изминати месеци, јас видов се’ и сешто, од глувче кое што запалено ни пренесе пожар, до лисица со запалена опашка во велешко, ни направи страшна работа – истакна во синоќешното гостување во “Тема на денот” на “Сител ТВ”, заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

Михаилов зборуваше и за изјавата на вработена во Национални шуми, дека запалени скакулци ги шират пожарите, па додаде дека имаат сознанија оти постојат и бубачки кои можат да го прошират огнот.

-Така да скакулците, би ги оставил да ги продискутираме. Во текот на таа изјава, која што беше дадена од нашите вработени, ми се јавија неколку професори, кои што кажаа дека постојат такви бубачки, вештачки, кои што навистина можат да пренесуваат пожари. Јас искрено се сомневав дека ќе треба да направиме добра анализа во тој дел, можеби и нешто такво има. Значи, со оглед на тоа што во Македонија изминатата година, се случија пожари во број, кој што ги немало досега, еве јули ако го земам за пример, ако лани имавме бројка од 620, овој јули имаме бројка од 550. Тоа се огромна бројка на пожари, истакна Заменик директорот на Национални шуми.

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје -Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.

Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови перспективи меѓу двете земји и за двата народи.

На средбата, исто така беа разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, притоа вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија е влезена во инвестициски циклус во развој на патната и железничка мрежа со посебен акцент на коридорите кои треба да го придвижат регионалниот економски развој.

На средбата беа потенцирани и можностите за инвестирање во земјава, преку реализација на инвестиции во сектори од заеднички интерес.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е на добро ниво и дека истата дополнително може да се зацврстува особено во делот на економијата.

И оваа година литија со моштите на Св. Климент Охридски во Крушево – сите верници се поканети да учествуваат

Соопштение од црковниот храм “Свети Никола” во Крушево и покана до верниците да земат учество во традиционалната литија на 10.08.2025год:

Благочестиви христијани, на 10.08.2025 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

На Литијата ќе чиноначалствува Епископот дремвитски г. Давид во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.

“Нешто за што не ви пренесоа дека се случи во Битола” (ВИДЕО)

На 1 август, “Ракометното” во Битола беше претворено во сцена за едно навистина спектакуларно музичко доживување – браќата Стефан и Мартин од “Некст Тајм” уште еднаш ја потврдија својата титула на амбасадори на македонската песна.

Стотици обожаватели, со срце и душа, заедно со нив ги испеаја најубавите народни и современи македонски композиции, создавајќи атмосфера што ретко се гледа. И покрај тоа што дел од медиумите фокусот го насочија кон други концерти и настани во земјава, она што се случуваше во Битола зборуваше самo за себе – македонската публика знае кого сака и кого следи.

Со огромна енергија, емоции и препознатливиот патриотски набој во нивните интерпретации, Некст Тајм уште еднаш покажаа дека умеат да ги обединат сите генерации на едно место – во име на песната и татковината.

Гостин на концертот беше и Слаткаристика, што дополнително ја подгреа атмосферата:

МОРТУС! Броѓанец возел прилепско “југо” со 2,39 промили алкохол

-На 04.08.2025 во 11:35 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода В.С.(54) од Македонски Брод.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Српски министер доживеа мозочен yдap за време на гостување во емисија во живо (ВИДЕО)

Министерот Дарко Глишиќ бил гостин во утринската програма на Пинк телевизија кога одеднаш му се слошило. Како што неофицијално дознава Блиц, министерот доживеал мозочен удар и е во тешка состојба.

Министерот за јавни инвестиции не можеше да го заврши своето гостување, па програмата беше прекината. Како што дознава „Блиц“, Глишиќ доживеал тежок мозочен удар.

Дарко Глишиќ е пренесен во болница, каде пристигна и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Глишиќ, инаку, е еден од најверните луѓе на Вучиќ.

Дарко Глишиќ е министер во Владата на Србија во мај 2024 година. Тој е во Српската напредна партија од нејзиното основање, а беше избран на позицијата претседател на ИО СНС во 2016 година.

Вака изгледаше драматичниот момент кога Дарко Глишиќ доживеа мозочен удар во студиото на Пинк Телевизија:

Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за детектирање на хепатитис и болести на црниот дроб (ФОТО)

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.

Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.

Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.

Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.

Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Во Битола вечерва прва самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак

Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во рамките на Програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде отворена првата самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак.

Изложбата, под наслов „Декларација на вредност“, опфаќа повеќе дела – слики, цртежи и фотографии – преку кои авторот пренесува свој автентичен израз.

Константин Солак, 19-годишен битолчанец, е првенец на генерацијата во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. И покрај младите години, веќе се истакнува со активноста и креативноста на повеќе уметнички полиња. Има учествувано на бројни конкурси и е добитник на награди за авторски фотографии, слики и кратки филмови.

Работел на повеќе проекти во соработка со здруженија и амбасади, меѓу кои и оние поддржани од амбасадите на Италија и Холандија.

Изложбата ќе биде поставена во Културниот центар „Магаза“ и ќе биде отворена за посетители до 15 август, секој ден од 18:00 до 21:00 часот.

ВИДЕО: МВР експресно реагираше, поднесена пријава против лицата кои дивееја по скопските булевари

Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП.

СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Како срце имаат да го прават ова? Обиена и ограбена касата од манастирот во изградба Св. Василиј Острошки во прилепско Чумово (ФОТО)

Непознати сторители ја обиле и ја ограбиле касата од манастирот во изградба во прилепско Чумово, кој го носи името на Св. Василиј Острошки.

Од манастирот, кој се гради со многу љубов и огромна помош од верниците и стопанственици, објавија фотографии на социјалните мрежи и напишаа:

-Свети Василиј Острошки ти суди му за касата

Срамно и жално! Како срце имаат поединци да го прават ова?!