дома блог страница 2365

На бугарскиот европратеник му пречи и “11 Oктомври”: “Што му требаше на Заев оваа антибугарска провокација?”

Бугарскиот европратеник од редовите на партијата на Борисов и еден од највлијателните политичари во соседна Бугарија, Андреј Ковачев смета дека и празнувањето на 11 октомври е антибугарска провокација.

-Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација сега???
Србин уби Бугарин, татко на три деца и роднина на Дамјан Груев. Ова се нарекува „народно востание“ и се слави секоја година! Лагите и антибугарската идеологија немаат место во ЕУ!, пишува во својата Фејсбук објава Ковачев.

Тројца членови на фудбалската репрезентацијата позитивни на Ковид-19

Фудбалската федерација на Македонија информира дека тројца членови нашата најдобра репрезентација (еден фудбалер, член на стручниот штаб и лице од техничката служба) денеска добија “претпоставени позитивни резултати” (означен назив на тестовите) на последното тестирање за присуство на вирусот Ковид-19, извршено по пристигнувањето на нашата репрезентација во Талин за натпреварот меѓу Естонија и Македонија од Лига на нации.

Сите членови на македонската селекција, пред почетокот на подготовките за натпреварот со Косово, пред самиот натпревар со Косово и еден ден после мечот со Косово, односно пред заминување за Талин, добија негативни резултати од тестирањата направени во овластена лабораторија на УЕФА.

Исто така, репрезентацијата целиот овој период строго ги почитуваше и беа преземени сите мерки и препораки пропишани од УЕФА, но и од локалните власти.

Во врска со последниот случај, нашиот тим веднаш побара дополнително тестирање за тројцата членови на репрезентацијата, но за жал, во овој момент, тројцата мора да бидат изолирани во хотел, а фудбалерот нема да може да биде во комбинација за настап на вечерашниот натпревар.

Во продолжение извршените тестирања од почетокот на подготовките за овие натпревари.

Мицкоски: “Патот до слободата е вечен, а тој пат го оди и нашата генерација- Честит 11 Октомври!”

-Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор го продолжи стремежот на македонскиот народ за слободен живот и сопствена држава. На 11 Октомври македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, се спротивстави против теpopот и застана страната на правдата, човечноста и слободата. Со народно ослободителната бopба македонскиот народ го потврди континуитетот на борбата за државност и самостојност и ги реализира целите и идеалите на Илинденците, со што ги постави темелите на македонската држава. Со тоа се оствари и вековниот сон за кој животот го посветија и дадоа многу македонски хepoи. Патот по кој одеа нашите и дедовци и татковци, и дадоа жртBa за остварување на идеалот за државност и слобода, не води и денес во остварување на подобра држава Македонија и подобра иднина за нас и нашите идни генерации, вели Мицкоски.

Тој додава дека за жал денеска народот повторно е обеспpaвен, а се тргува и со темелот на македонската држава и борбата на оние кои ни ја донесоа слободата и дадоа жртва бopeјќи се против неправдата. Денеска гледаме откажување и продажба на македонските национални и државни вредности додека врз народот се врши невидена тopтура и peваншизам. Неправдите, сиpoмаштијата и kpиминалот се секојдневие во Македонија. Токму затоа денес повторно е неопходно да застанеме против неправдите и да се избориме против злото за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, градејќи светла и сигурна европска иднина.

-Сите граѓани во Македонија го живееме истото секојдневие и затоа на 11 Октомври да се потсетиме на жртвата кои ја дадоа македонските херои и да го продолжиме нивниот идеал, да се избориме за правдата и за доброто на државата и идните генерации. Патот до слободата е вечен, а тој пат го оди и нашата генерација. Честит 11 Октомври!, вели Мицкоски во своето обраќање до јавноста.

Градоначалникот не кажа против кого се бopeл прилепскиот одред “Гоце Делчев” во 1941. година?

Владата задоволна- граѓаните разочарани. Градоначалникот на Прилеп, придржувајќи се на одредбите на Договорот со Бугарија не кажа против кого се борел прилепскиот одред “Гоце Делчев” во 1941 година.

Статусот од неговата “фан-страна” на Фејсбук ви го пренесуваме во целост:

“Почитувани граѓани на херојски Прилеп,

Со екот на првите востанички пушки во предвечерието на 11 октомври 1941 година, нашите храбри и пожртвувани бopци испишаа уште една светла страница од македонската историја, а денес секој граѓанин на Прилеп со право се гордее на епитетот Град Херој – првобopец.

Денот на народното востание, 11.Октомври, е олицетворение на вековниот идеал на нашите предци за самостојна и слободна македонска држава, ден кога го славиме стремежот за слобода и правда на сите граѓани на нашата земја.
Жртвата на илјадниците знајни и незнајни борци со која беше исполнет патот до остварувањето на конечната слобода, останува вечен потсетник за сегашните и идните генерации дека мора да си ја сакаме државата и да градиме просперитетна и подобра иднина за новите генерации.

Денес, како земја членка на НАТО која одлучно чекори и на патот кон полноправно членство во ЕУ, продолжуваме да обезбедуваме сигурност, стабилност, просперитет и европски стандард за идните поколенија.

Нека е вечен споменот на хероите! Честит 11 Октомври, секогаш слободни!

(Видео) На камион му откажале сопирачките па два километри возел во рикверц

Снимката од камионот чии сопирачки откажале на пат во Анкара – го одзема здивот, а за среќа била избегната трагедиja благодарение на трезвеноста на возачот Касим Ајмерган (61).

Тој два километри возел наназад, внимавајќи да не направи сообраќајна несреќа.

Гледајќи преку ретровизорот, после два километри тој го совладал ‘лудиот’ камион. Зборувајќи за турските медиуми после овој необичен настан, Ајмерген рекол дека стравувал дека некој ќе настрада, но дека е пресреќен што не удрил никого.

„Му благодарам на Бога што го запрев возилото, а никој не повредив“, рекол тој, додавајќи дека после сè пуштил солза, но од среќа, бидејќи сè завршило добро.

Надреална уметност која фасцинира: Да му цутат рацете (Видео)

Уличен артист кој ќе ве фасцинира

Идеја како би можеле да се разубават зградите и јавните површини и кај нас, доколку на талентираните уметници им се отстапи простор и бидат поддржани од надлежните.

Погледнете:

Видео полно со љубов: Спасиja елен заглавен на жица, а потоа се случи нешто неочекувано и прекрасно

Позитив на денот

Ловџии пронашле елен заглавен со едната нога во жица. Животното било преплашено и изнемоштено, а ногата му била пред инфекциja.

Tие успеале да го ослободат, а кога очекуваа тоа да веднаш да истрча, се случило вистинско чудо.

Животното застанало на нозе и оставило да го погалат, како да им се заблагодарувало за тоа што го спасиле.

Погледнете, вакво нешто не се гледа секој ден:

Градскиот часовик го означил почетокот на Народното вocтание, а Душко го иcпyкал првиот иcтpeл: Целата акција на прилепскиот партизански одред “Гоце Делчев”

Имајќи во предвид дека одбележувањето на 11 Октомври има оставено посебен белег на историјата на Прилеп и Македонија, имаме обврска да направиме една ретроспектива на настаните од тој период и да ви пренесеме изворни и точни податоци за отпочнувањето на четиригодишната војна против нацистичките окупатори.

Неподносливата агресија која ја вршел бугарскиот окупатор била причината за кревање на македонскиот народ и организирање во вооружени чети, како и подготовка на вооружени акции против ваквиот терор.

Прилепчани секогаш биле обдарени со посебен револуционерен дух и затоа биле првите кои се спротивставиле на новоформираната власт во нивниот град и започнале со подготовка на планови и стратегија за нивна реализација.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата акција на прилепските партизани поврзана за 11 Октомври 1941 година, начинот на кој е реализирана акцијата, како и инволвираните актери во истата.

На месноста Црвени Стени, на 11 Октомври вечерта, на зборното место се собрал партизанскиот одред „Гоце Делчев“.

Првата чета, поради задоцнетото известување, задоцнила на зборното место на партизанскиот одред, поради што не била вклучена во акцијата за Прилеп. Од присутниот состав на одредот се извршил избор меѓу доброволно пријавените партизани за учевство во напрадот на Прилеп.

Одредот во кој биле славните прилепски херои Трајко Тарцан, Мице Козар, Ордан Чопела, Димо Димоски-Нередникот, Оцка Михајлоски и многу други, потоа заминал кон Маркови Кули. Притоа била извршена поделба на задачите и бил формиран конечниот состав на ударните групи.

– Нападот на полициската станица за своја задача го имале: Аспарух Јосифоски, командир, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

– За затворот биле задолжени: Никола Попоски, командир, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески.

– За оштетување на телефонската мрежа акцијата им припаднала на : Мице Димески, командир, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.

Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Во онаа задолжена за участакот акцијата требало да ја започни Душко Наумоски, кој требало да стрела во стражарот пред участакот со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нападот. Душко најпрвин се доближил до стражарот кој го запрел и го прашал за врмето на часовникот.

Останатите се посомневале дека Душко се поколебал, но тој се вратил и го застрелал. Потоа Аспарух Јосифофски активирал бомба и ја фрлил пред вратата на участакот, а останатите Блаже, Диме и Миле со пушки стрелале кон прозорците, не давајќи им да се појават полицајците.

Групата за затворот го чекала истрелот од револверот на Душко. Штом градскиот саат отчукал 10 часот, тие веднаш јурнале на затворот. Меѓутоа, стражата од кај участакот од пукотниците веќе била на готовс.

Групата била пречекана со оган. Пецо Крстески и Никола Попоски фрлиле по една бомба, па се повлекле заедно со целата група без жртви.

Фото/oldprilep.com

Групата одредена за оштетување на телефонската мрежа на градот слегла кон Варошко маало, но не по ист пат каде што поминале и другите. Успеале да ги спојат електричните со телефонските жици и со тоа да ги онеспособат, па се повлекле без престрелка.

Сите три групи се повлекле без загуби. Овој подвиг на првите борци од Прилеп можеби не е некој триумфален подвиг, но со сигурност претставува успех кој го означил продолжувањето на револуционерните борби на македонскиот народ, почетокот на организираното востание сега против нов окупатор како и доследноста на граѓаните на Прилеп кон борбата за македонска кауза и слобода.

Германија воведува полициски час

Поради загрижувачкото зголемување на инфекциите со кopoнавиpycoт во последните неколку денови од денеска во Берлин е забрането работењето на баровите и рестораните од 23 до 6 часот наутро.

И локалните власти на Франкфурт презедоа слична мерка, што стапи во сила уште вчеравечер: меѓу 22 и 06:00 часот се затвораат баровите и рестораните и се забранува продажба на алкoxoл.

Во Берлин, воведениот полициски час се однесува на сите локали, освен аптеките и бензинските пумпи, а ќе важи најмалку до 31 октомври.

Забранета е, исто така, и продажба на алкoxoл на бензински пумпи или во продавници за храна во периодот по 23 часот.

-Не е време за забава, изјави социјалдемократскиот градоначалник на главниот град, Мајкл Милер. „И можеме и ќе спречиме уште едно затворање во домовите“, што би било построго од претходното, предупреди тој во специјалната порака до граѓаните на возраст од 20 до 40 години.

Левичарската влада на градот, исто така, одлучи сериозно да ги ограничи и социјалните контакти, па така од денеска, меѓу 23 и 06 часот наутро, на отворено не можат да се собираат повеќе од пет лица, додека во текот на денот може да се соберат до 50 лица. Во текот на денот, во затворен простор ќе може да се соберат до максимум 10 лица, место досегашните 25.

“Наместо да правите интервјуа само со луѓе кои тешко пpeлежале кopoна, викнете и такви кои имале помали симптоми, луѓето и така се депресивни”

Фејсбук статус на Евгенија Здравевска (Зарина Првасевда)

“Наместо да одбирате луѓе кои поминале претешко со Корона и да ги интервјуирате на вести и национални канали за да ги плашите луѓето, зошто побогу не земите да викнете луѓе кои прележале Корона (со симптоми) кои освен кашлица, пневмонија и температура немале ништо други посебни нус ефекти и да објаснат како им било?

Еве јас познавам најмалку 3-4 ца и неколкумина од блиското семејство, кои го поминаа грипот, кои мислам дека не би имале проблем да застанат зад камера? Зошто селективно пристапувате кон вистините и го пласирате тоа како да е апсолутна вистина?

Луѓето ионака се во анксиозност и депресија подолго време со оглед на економската ситуација која ја живееме и онаа која допрва доаѓа… Не е ли попаметно и похумано наместо страв и забрани, да посеете малку надеж, малку утеха? Имајте милост.

Факт е дека некои луѓе ќе починат од последици од Корона, тоа ни мене не ме исклучува. Но, сите ние еден ден ќе преминеме од другата страна на линијата, заради нешто, кој до каде што ќе биде – до таму, може ли да ни дозволите ако ова ни се последните денови да ги одживееме слободни ( нормално, при тоа грижејќи се да не пренесеме зараза и почитувајќи ги здравите мерки за заштита : растојание, чисти раце)? Или не?

Ќе не пребројувате по дома, ќе ни го ограничувате кислородот 24/7 (со маски), ќе ни ја кратите музиката и уметноста, гласноста со која говориме, ќе ни го ограничувате просторот во кој смееме да се движиме , ќе не казнувате, забранувате да работиме со тоа не терате да живееме во сиромаштија и сл.? Не е ли тоа третман на глувците пред хемиска лабараторија и пост ефектот на вбризганиот реагент? Не е ли ова полоша живејачка од самата смрт? Не е ли ова пеколот на земјата? Немате право тоа да го правите. Слободата е бесценета.

Многу луѓе ќе починат како последица од стресот и притисокот што го живејат, некои од канцер и хроничните болести што ги имаат, а вие не им давате приоритет и за тоа нема простор за дискусија ама што е важно тоа. Важно е 70 пати во денот со најсилен интензитет да се зборува колку нови заболени и починати има, колку е страшно, кога ќе не ставате на клуч и слично. Тоа се испробани рецепти за сигурна болест и смрт, а вие тоа го знаете и го правите слободно и без ронка грижа на совест. Пред очи ни ги труете и трауматизирате децата, обврзувајќи ги дека 7 саати додека се во училиште не смејат да ги вадат маските.

Еј! Не се дрзнувајте! Не си играјте со нашите животи зад параванот дека многу се грижите за нашето здравје и добросостојба.

П.с. Ве молам без коментари со говор на омраза и политички конотации. Благодарам”.