дома блог страница 2364

Peцепт кој гapaнтиpa одлична зимница: Co подготовката на киceла зелка сите пpaват гpeшки, но Cлободанка има тpик кoj ceкогаш e ycпешен

Сезоната на закиселување зелка на големо започна, а ние ви откриваме рецепт според кој Слободанка Рончевиќ од Србија ја закиселува својата зелка.

Слободанка и нејзиниот сопруг садат зелки во својата нива.

-Имаме седум хектари зелка, што е повеќе од 20 тони зелка. Освен зелка, одгледуваме и компир – раскажала Слободанка.

Додава дека не бара многу внимание, како морковот или компирот, само треба многу вода и мора да се чува од црви и инсекти, болести кои можат да ја уништат.

Таа открила и како ја закисeлува зелката која ја подготвува за зимница.

-Луѓето обично количината сол ја одредуваат според количината зелка, а тоа е грешка. Процентот на солта зависи од големината на бурето, па на буре од 100 литри одат 3 проценти сол, што е околу 3 килограми. Зелката потоа се полева со вода, бурето добро се затвора и за три недели ќе имате највкусна и најдобра зимница.

За вкусна сарма таа вели потребно ви е:

1,5 килограми кисела зелка, 750 грама мешано мелено месо, 250 грама сyви свински ребра, 200 грама лут колбас, 100 грама димена сланина, 50 грама ориз, 2 главици кромид, 3 лажици брашно, мелен бибер, бибер во зрно, сол, ловоров лист, црвен пипер и масло.

Главицата кисела зелка раздвоете ја на листови. За филот издинстајте го кромидот, додадете го оризот и меленото месо, послете и забиберете. Тргнете од оган, изладите и додадете јајце и сецкан колбас. Со листови зелка и сланина обложете го садот во кој ќе се вари сармата. Направете сарми, па меѓу нив ставајте парчиња ребра и сланина. Посипете со црвен пипер, ставете ловоров лист и бибер во црно, налејте со вода и варете.

Добар апетит.

Подгответе се, пристигна вистинска есен: Еве какво време не очекува до крајот на неделава

Под влијание на циклонска активност попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 литри на метар квадратен за 24 часа, а локално и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер, денеска од југоисточен, а утре од југозападен правец.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а нов влажен бран се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.

Ништо чудно, само мало девојче кое се капи со своето милениче питон (Видео)

Осумгодишната Инбар сака да се разладува во својот мал базен во дворот во Израел со својот омилен пријател за пливање – нејзиното милениче, питон.

Жолтата змија долга три метри, по име Бела, е едно од многуте миленичиња на нејзиното семејство, кои живеат среќно заедно во засолниште за животни во земјоделска заедница во јужен Израел.

Змијата е именувана по Бела, женскиот лик во популарниот анимиран филм на Волт Дизни, Убавицата и Ѕверот, која облече жолт фустан во позната танцова сцена во филмот.

Инбар вели дека Бела е добро друштво за време на карантинот од коронавирус што ги затвори училиштата во изминатите неколку недели.

-Ми помага да го поминувам времето затоа што навистина сакам да се дружам со змии, а понекогаш им помагам на змиите да ја излупат нивната кожа и им помагам да бидат среќни за време на коронавирусот, вели Инбар.

Сарит Регев, мајката на Инбар, вели дека двајцата пораснале заедно.

-Инбар е воспитувана со сите овие животни. Кога беше мала, се капеше во бањата со змијата и сега кога порасна и змијата стана поголема, пливаат заедно во базенот. Тоа е многу природно за нас, вели таа.

Во Словенија снег, во Хрватска големи поплави, доаѓа циклон и кон Македонија (Видео)

Во текот на вчерашниот ден невреме ги зафати Истра и северниот Јадран во Хрватска.

Како што јавија хрватските медиуми, локално наврнале над 80 литри дожд на метар квадратен до 14 часот, а најмногу дожд наврнал во Ровињ – 106 литри. Пореч е под вода, а на Платак паднал снег.

Порталот Индекс објави дека невремето, придружено со пороен дожд и грмежи, најмногу ги погодило Ровињ, Истра и Кварнер.

Во пошироката област на Загреб може да наврнат од 20 до 40 литри дожд на метар квадратен, од 25 до 45 во областа Карловац.

Покрај обилни врнежи, метеоролозите најавуваат и грмежи, особено во Сплит и Риека.

Бидејќи температурата на морето е сè уште релативно висока, можен е развој на силно невреме над морето. Снег падна и на Крањска Гора, познат ски-центар во Словенија.

Во Македонија под влијание на циклонска активност денеска попладне, во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја.

На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 литри на метар квадратен за 24 часа, а локално и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од југозападен правец.

Груби: “Рамковно вработените не може да добијат „отказ“ ако одбијат да работат” (Видео)

И покрај тоа што 1.350 „рамковни“ со години земаат државна плата, а седат дома, не може да им бидат прекинати договорите дури и ако одбијат да работат во некоја од институциите, вели вицепремиерот Артан Груби – пренесува “AЛФА ТВ”.

„Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите вработени не сакаат да одат, во некои други случаи, институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања. Затоа и најавив усвојување можеби на посебен, специјален закон, само за оваа категорија, со кој би било обврзувачки, и институцијата и вработениот да го прифатат распределувањето“ – вели Груби.

Пред напуштањето на функцијата, тогашниот министер за администрација Дамјан Манчевски рече дека за 3 месеци ќе се најде решение за овие луѓе, а ако тие не сакаат конечно да тргнат на работа, ќе им бидат прекинати договорите, потсетува ТВ Алфа.

Сега Груби вели дека е неблагодарно да се даваат рокови до кога треба тие да бидат работно ангажирани, а тоа што седат дома – не е по нивна вина.

(Видео) Стpaшна сцена од Америка: Езеро “проголта” цела населба

Среде езеро во Америка се отвори дупка, која почна да голта се пред себе.

Застрашувачката глетка беше снимена од очевидец, но не е наведено каде точно, а се изгледаше како во „садопер“.

Просто е неверојато и зачудувачки како водата оддеднаш почна да голта се пред себе.

Погледнете:

Да беше од Битола ќе го викаа “Левисо” или “Џинсо”: Заменик градоначалнико на Прилеп по фармерки положува цвеќе на 11 Октомври (Фото)

Tвит на денот

-Заменик градоначалнико на Прилеп по фармерки положува цвеќе за 11 Октомври – Да беше од Битола ќе го викаа “Левисо” или “Џинсо”

(Фото) Мирослав и Милош уловиле риба тешка 180 килограми

Двајца рибари во Будва денес уловиле туна долга 2.20 метри и тешка 177.30 килограми.

Рибарите Мирослав и Милош Јовановиќ се фотографираа покрај капиталецот кој денес го уловија во Јадранско море, пренесуваат локалните медиуми.

Циклон се приближyва кон Македонија, следува пopoeн дожд, гpмежи и cилен ветep!

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја.

На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 литри на метар квадратен за 24 часа, а локално и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од југозападен правец.

Македонско магаре добило 87.000 евра за курс по пеење?

Адвокатот Александар Тортевски на социјалните мрежи сподели дел од „едукативните“ проекти со ЕУ пари исплатени на една скопска „фризерница’ преку Националната агенција за европски и образовни програми.

По ckaндалот со 270 илјади евра Тортевски објави дека за „обука на хрватско магаре“ биле исплатени 83.000 евра европски пари, додека пак за обука за гостопримство на Кипар за само 54.000 евра.