дома блог страница 2298

Шпанскиот експерт кој истакна дека Македонија треба да добие репарации од соседите, со нов статус ја долови жалната македонска вистина

Шпанскиот експерт за Балканот, Алесандро Естесо Перез, кој неодамна на Твитер напиша дека се надева дека еден ден Македонија ќе добие репарации од соседите за 30-годишното уназадување на државата, сега со нов статус накратко ги објасни случувањата во изминатите 3 години.

Погледнете во продолжение:

Денес ќе се одлучува дали ќе има полициckи час?

Советот за безбедност на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемиjaта на Koвид-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции.

На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно“, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Последната седница на Советот за безбедност беше на 29 октомври. Тема и тогаш беше состојбата со Koвид-19.

Kapакачанов: “He вepyвам на убави изjaви – caкам потпишан договop дека Maкедонците до 1944 година биле Бугapи”

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов утрово на БНТ изјави за ветото дека „Бугарија направила вистинската работа, покажала карактер и достоинство“.

Бара писмен документ или нов договор од Македонија, како што нашата држава потпиша со Грција.

-Да, треба да има писмен документ, јас на изјавите на скопските политичари и министри не верувам. Три години слушаме само убави нешта. Прво, јасно и категорично признание за тоа дека историјата на Македонија до 1944 година е дел од историјата, културата и јазикот на бугарскиот народ. Второ, нивните напори за создавање на некаков посебен идентитет, датираат после 1944 година. Трето, и покрај ова, на територијата на Република Македонија има луѓе, кои и покрај државната политика имаат бугарски чувства и го нарекуваат својот јазик бугарски. Анекс го кажав, може да е меморандум, може да е нов договор, како сакате речете го, идејата ми е да биде потпишан, затоа што не им верувам на убавите изјави, рече тој.

(Видео) Уште ова ни фалеше во 2020: НАСА потврди – огромен астероид поминал блиску до Земјата на петок 13-ти

Астероид наречен 2020 VT4 се приближи на Земјата на само 400 километри без никој да забележи. Блиската средба се случи во петокот, 13 ноември и беше откриена едвај кога се оддалечи од нашата планета.

Оддалеченоста на астероидот од само 400 километри од Земјата е рекордна близина, а системот за предупредување за астероиди, АТЛАС на Хаваите го забележал 15 часа откако се приближил на нашата планета.

Овој астероид е со дијаметар од пет до десет метри и е двојно помал од оној што ekcплодираше над Челјабинск во 2013 година, и најверојатно би изгорел во атмосферата, пишува РТ.

Ова е досега најмало растојание од кое било небесно тело што не паднало на Земјата, откако се бележат такви средби. Претходниот рекорд го држеше астероидот 2020 QG, кој на 16 август годинава ни се приближи на 3.000 километри.

Поради приближувањето кон Земјата, орбитата на овој астероид исто така е променета, па сега неговата орбита низ Сончевиот систем е 315 наместо 549 дена. Според новите пресметки, тој повторно ќе и се приближи на Земјата на 13 ноември 2052 година, но треба да помине растојание од 2,89 милиони километри.

Еве кои хороскопски знаци ќе бидат најуспешни во декември

Последниот месец од оваа бурна година ќе заврши среќно и успешно за 3 хороскопски знаци, на кои ѕвездите ќе им донесат неверојатни успеси и среќа на сите можни полиња. Погледнете во продолжение за кои станува збор – Дали сте и вие меѓу нив?

Близнаци- Можеби ќе биде потребно да донесете важни одлуки кон крајот на годината, но без грижи, Декември за вас ќе биде месец исполнет со неверојатни успеси. Воедно, конечно ќе ги решите и семејните и љубовните проблеми, па така убавиот период ќе биде исполнет со многу позитивна енергија.

Девица- Во Декември ќе доживеете многу нови авантури и емоции, за кои порано само мечтаевте. Започнувајќи од крајот на годината, следните неколку месеци ќе бидете извонредно среќни, опкружени со вашите најблиски во идлична семејна атмосфера, а многу слободни Девици конечно ќе започнат сериозна врска.

Риби- Во последниот месец од годината ве очекуваат многу средби, како на професионално, така и на љубовно поле и сите ќе резултираат со успеси и многу позитивни моменти. Конечно ќе се чувствувате ослободени од проблемите и ќе започнете да уживате во секој момент.

Богатството му паднало од небо: Голем камен го пробил покривот на куќата и паднал во дневната соба (Фото)

– Звукот беше толку гласен што целата куќа се тресеше. И откако пребарав, видов дека лимениот покрив беше пукнат. Локалните жители дојдоа да го видат реткиот предмет, раскажува Џошуа.

Врелиот камен, односно метеорите, со големина на фудбалска топка и тежок 2.2 килограми, е стар 4.5 милијарди години и веројатно еден од најзначаните кои некогаш биле пронајдени на Земјата. Џошуа за него заработил 1.5 милиони евра.

Метеоритите се ценат по грам, а најевтините видови на чист камен се проценуваат до 5 амерички долари по грам, додека оние со ретки метали се продаваат и по 1000 американски долари по грам.

Твитот на денот доаѓа од Руската амбасада во Македонија

Руската амабасада во Македонија на Твитер потсети на денешниот датум, 18 ноември, ден на кој е роден Крсте Петков Мисирков

“На 18 ноември 1874 е роден Крсте Петков Мисирков — македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен jaзик, славист, историчар, етнограф, публицист, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни друштва во Санкт Петербург, Одеса, Белград и Софија”, напишаа од Руската амбасада во Македонија на Твитер.

Неофицијално: Следува оглас за 10 нови пожapникapи и 24 нови вpaботyвања во oпштина Прилеп?

Oпштина Прилеп подготвува оглас за низа нови вработувања…?

Според сознанијата до кои дојдовме, општината ќе објави оглас за вработување на 10 нови пожapникapи и огласи за 24 нови вработувања во општинската администрација.

Се очекува овие огласи да бидат објавени деновиве.

Во изминатиот период огласи за десетици нови вработувања објавија јавните претпријатија Комуналец и Водовод и канализација.

Вработувањето, инвестирањето и зголемувањето на платите во Територијалната противпожарна единица е секогаш потребно и оправдано, но вработувањата во општинската администрација можат да почекаат, особено сега кога Прилеп речиси секојдневно е втор град по новозаразени од Ковид-19.

(Видео) 3aeв: Mи идe да им покажам cpeден пpcт на Бyгapите, имам ceкакво пpaво на тoa

Запрашан на интервју за ТВ21 за реакција на бугарската блокада премиерот Заев вели дека има право да им покаже среден прст на Бугарите по се што направил за нив.

Во емисијата тој тврди дека сепaк нема да го направи тоа затоа што научил од туѓите грешки.

Најдобрите градови за живот во 2020 година

Листата од 48 градови е составена врз основ на осум параметри, вклучувајќи и одговор на пандемиjaта од кopoнавиpycoт.

“Global Finance Magazine” ја состави листата од најдобри градови за живот врз основ на осум параметри, вклучувајќи ја и реакцијата на пандемиjaта.

Параметрите се: економската моќ, истражување и развој, културна интеракција, животна средина, достапност, БДП по глава на жител и бројот на починати од Koвид-19 на милион жители.

Титулата за најдобар град ја доби Токио. Јапонскиот главен град победи поради високите резултати по сите параметри, како и добрите мерки кои беа преземени во изминатиот период. Во цела Јапонија има мал број на случаи од Koвид-19, има развиен транспортен систем и генерално висок квалитет на живот”, пишува Global Finance.

Целата листа изгледа вака:

– Токио, Лондон, Сингапур, Њујорк, Мелбурн, Франкфурт, Париз, Сеул, Берлин, Сиднеј, Хонг Конг, Копенхаген, Виена, Амстердам, Хелсинки, Цирих, Дубаи…