дома блог страница 2296

Викендов ни дoaѓа cнегот: Ни следyва виcтинcки темпepaтypeн шok

Времето утре ќе биде студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд.

Во недела времето ќе биде претпладне променливо облачно и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер.

Во понеделник времето ќе биде утрото многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура во понеделник ќе достигне -11 степени.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

УХМР предупредува дека поради продор на студен воздух денес од крајот на денот и утре ќе дува засилен северен ветер. Од ноќеска кон изутрина понекаде на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, а понекаде во котлините за појава на краткотарен дожд.

Mилошоски оптегна платно пpeд Bладатa

Економската ситуација, надворешно политичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза, сите три кризи имаат име и презиме, а тоа се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров, истакна денеска Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметаме дека проектот наречен Зоран, Венко и Никола треба да си поднесе оставка. Во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро-перспективата. Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро-интеграциите“, посочи Милошоски.

(Видео) Cтpaшна глетка на брегот: Бранови од 10 метри исфрлија огромно “чудовиште” од морето

Силното невреме исфрли кит долг 19 метри на брегот на Камчатка.

Според зборовите на очевидците, морското суштество на брегот го отфрлиле големите бранови. Китот е долг 19 метри, што за овој вид е навистина реткост.

Претходно хидрометеоролошкиот центар на Камчатка предупреди дека неверемето со бранови до 10 метри се очекува од 18. до 19-ти ноември на западните и централните Алеунтски острови, како и во Берингово море.

Православните христијани утре го празнуваат Св. Архангел Михаил – еден од најголемите христијански празници

Православните христијани, утре на 21 ноември го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како бopeц-вojвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во сабота. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

Метеоролозите најавуваат голема промена на времето

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умеран, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува, а ветерот дополнително ќе засили.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Под влијание на продор на студена воздушна маса во сабота ќе дува силен северен ветер, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Историја која малкумина ја знаат: Фудбалскиот клуб “Гоце Делчев” од Прилеп ги предводел прилепчани во бopба пpoтив бугарскиот окyпатop (Видео)

Maлкумина знаат дека Прилеп имал фудбалски клуб во далечната 1941 година.

На јутјуб деновиве се појави еден интересен документарен филм кој датира од мај месец 1981 година, а во него се раскажува за 40-годишната фудбалска историја на Прилеп и спортското друштво “Гоце Делчев”, како претходник на денешната ФК Победа.

Спортското друштво “Гоце Делчев” e формирано од помладокот на тогашното политичко друштво “Скоевци”, а со согласност на тогашната Комунистичка партија, како легална форма на дејствување на партијата против германскиот и бугарскиот фашистички окупатор.

Друштвото освен како фудбалски клуб, водело пропаганда против окупаторот од втората полувина на 1941 година до неговото постоење октомври 1942 година. Сите негови членови биле учесници во Народноослободителната борба.

Фудбалскиот клуб “Гоце Делчев” имал огромна улога во подигнувањето на националната свест на прилепчани. На пример на секоја утакмица доаѓале по повеќе од 10.000 гледачи. Низ улиците се носеле слики со Гоце Делчев, се извикувале пароли, а сето тоа му помагало на народот да се охрабри во тие тешки услови кои ги имал поставено бугарскиот окупатор.

Во видеото во продолжение има интересни сведоштва, како и каде се одиграла првата утакмица, како се снаоѓале за спортска опрема, но и кои биле активностите на друштвото кои умешно се криеле зад превезот на фудбалскиот клуб.

30-тина минути историја и сеќавање кои мора да ги проследите:

Maкедонка од Австралија кажyва како и зошто може да биде поништен договopoт со Бyгapиja

Младата Македонка од Австралија Марија Аневска открива “дупка” во Договорот што Македонија го потпиша во август 2017, а сега Бугарија тврди дека не се почитува и затоа стави вето на преговорите за ЕУ – пренесува “Експрес.мк”

Според Аневска која дипломирала во Мелбурн Владата како извршна власт нема право да го објаснува договорот во контекст на толкување согласно уставот затоа што тоа е работа на Уставниот суд.

Иако политички спорниот став од членот 11 може да звучи логично затоа што зборува за немешање во внатрешни работи на друга држава, правно тој е целосно надвор од уставниот систем.

“Ова е член 11.5 од таканаречениот договор за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија. Може ли некој да ме просветли под која поделба на власта владата можеше да даде таква изјава во врска со уставното толкување? … Прашање на уставниот суд, а не на владата, не?”, пишува Аневска и отвара дебата за противуставност на Договорот кој поради тоа може да се поништи.

Што вели точно ставот 5 од членот 11 од контравеезниот договор:

5. Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав НЕ МОЖЕ и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.

Согласно македонската поделба на власта Владата не смее да врши толкување ниту да објаснува уставна материја, уште помалку да тврди дека нешто во уставот не може да се толкува на некаков поинаков начин.

Извор: “Експрес.мк”

Пет бpaчни пpoблеми кои не cмeeте да ги игнopиpaте

Факт е дека не постои совршен брак, порано или подоцна паровите се соочуваат со проблеми кои понекогаш е тешко да се надминат, па односот станува неподнослив.

Ова се некои од проблемите кои се јавуваат во секој брак.

1. Осаменост

Најтешко е да се чувствувате осамено кога сте во врска или брак. Доколку ова чувство често се јавува треба да разговарате со партнерот и заедно да го надминете. Осаменоста може да биде знак дека не сте доволно отворени кон партнерот или дека вашите обиди да се поврзете со него не се оствариле како што посакувате.

2. Минување низ тешки ситуации

Некои брачни партнери се зближуваат, а некои се разделуваат кога ќе се појави одредена животна препрека или тежок момент. Тие предизвици за некои се тест за издржливост, за други се капка што ја прелива чашата. Понекогаш притисокот е преголем, како и одговорноста со која треба да се носат партнерите, па врската се распаѓа.

3. Стресот

Стресот е еден од најчестите проблеми во брачниот живот, а може да биде предизвикан од различни ситуации како семејни проблеми, финансиски тешкотии и слично. Стресот предизвикан од семејството може да биде поврзан со децата, проблеми со некој член од семејството и слично. Стресот и начинот како се справувате со стресот може да создаде повеќе стрес.

4. Досада

Досадата е многу потценет сериозен брачен проблем. Со текот на времето партнерот може да се досадува од врската, од монотонијата во брачниот живот и релацијата работа, деца, сопруг/а. Станува досадно бидејќи односот станал предвидлив. Еден пар може да прави исти работи секој ден со години без никаква промена, односно без некој предизвик. Нема спонтани моменти, врската е монотона и така досадата може да стане проблем. Особено ако еден од партнерите запознае интересна личност која ќе внесе свежина во неговата монотона ситуација на живеење.

5. Љубомора

Љубомората може да направи пекол од бракот. Ако имате работа со љубоморен човек тогаш справувањето со него е вистински предизвик. Љубомората е добра за секоја врска, но кога ќе ги надмине нормалните граници станува проблем. Таквите луѓе постојано го препрашуваат партнерот со кого зборува на телефон, зошто зборува со него, од каде го знае, колку долго се знаат и слично. Таквата врска ескалира во одреден момент со многу стрес кој става крај на таквата непродуктивна врска.

На кој Стево да му веруваме, на мартовскиот или на ноемврискиот? Глупост до глупост..? (Видео)

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Кризна состојба за чекор назад во борбата против #COVID.

Пред 8 месеци предложив воведување на кризна состојба, пред сè затоа што таа е регулирана согласно закон, без можност за широки толкувања, што би се рекло со помали шанси за злоупотреба.

Тогаш одговорот на Заев беше дека кризна состојба нема да ги постигне посакуваните ефекти, а Стево Пендаровски велеше дека за ангажирање на војската и ресурсите не е потребна кризна состојба и дека државата нема ресурси за прогласување на кризна состојба на целата држава.

Инаку, тогаш прогласувањето на вонредна состојба која е непрецизно регулирана им даде можност за масовни злоупотреби во пресрет на изборите, легализиран поткуп во форма на картички за еднократна употреба, субвенции, дотации, кои беа директен поткуп, а не помош.

Денес кога парите се потрошија, потрошија 2 милијарди евра, кризата со Kовид не се намали, дојдоа на мојот став дека потребно е кризна состојба.

Но, денес корона заразата руши рекорди по распространетост, а системот е целосно блокиран. И не можам да сфатам како Пендаровски и Заев им е просто толку лесно себе си да се посипаат со пепел и да играат на картата за кратко помнење. Образот им е ѓон, но барем да не ја навредуваат интелигенцијата на јавноста, народ ги гледа и памети.

Црвените телефони за цензура нема да ја на прават сликата поубава, затоа што народот го живее хаосот предизвикан од неспособноста на Заев, Пендаровски и целата власт.

И ве уверувам дека и кризната состојба нема да биде искористена за вистинска борба против Ковидот, туку за замајување на јавноста дека работат нешто, додека пандемијата ќе продолжи да одзема животи поради неспособност, читајќи ги сите оние сведоштва за личните трагедии на луѓето кои ги губат своите најблиски.

И на крај, како тоа има потреба за кризна состојба, а Заев тера избори во криза во Штип и Пласница. Ќе почекаме да дојдат на ставот дека нема услови за корона избори.

А во продолжение рускиот рулет на Стево и немањето проблем со камикази изјави инспирирани по примерот на менторот Заев.

Димовски во 10 потези го матира Каракачанов: Штета што немаме национално единство како Бугарите

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва преку социјалната мрежа директно му се обрати на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов поставувајќи му 10 прашања за односот на бугарската држава кон Македонија во минатото.

Според Димовски, кои сме, какви сме и каква историја почитуваме, каков јазик говориме и каква култура градиме е наша и само наша борба, според европските и светските демократски стандарди.

Тој го потсети Каракачанов на односот на бугарската држава и армија во минатото кон Македонија и македонскиот народ, велејќи:

„Знам дека никој од прозваните министри нема да ви одговори, бидејќи очигледно си имате измешани и нерасчистени сметки и нарушена лична доверба, па еве јас по втор пат оваа година да си дозволам да ви се обратам, за да ви помогнам и вам и на вашите колеги министри, некако да разберете дека вашиот (најчест) однос кон Македонија во последните 120 години, не само што е штетен за нашата Македонија, туку е катастрофален и за вашата Бугарија (пак да не ве потсетувам на сите непотребни животи кои ги потрошивте низ македонските широчини), вели Димовски.

Поранешниот пратеник им порача на Каракачов и неговата колешка од бугарската влада, Екатерина Захариева да намалат со навредите и потценувањето бидејќи во Македонија има паметни луѓе, дури и за извоз.

Господине Каракачанов, низ последниот век некогаш бевме на исто, но често не бевме на иста страна, вие дури често ја користевте Македонија за остварување на вашите бугарски интереси, а на штета на луѓето кои живееа и живеат низ Македонија. Дозволете да ве прашам неколку прашања:

1. Зошто бугарската армија не влезе во Македонија за да го оствари ветувањето дека царска Бугарија ефективно ќе го помогне Илинденското востание? Или нашите овде беа помалку “бугари”, па можевте да ги користите како кусур во позиционирањето и односите со другите соседни држави?

2. Зошто потпишавте пакт за поделба на Македонија, ако македонскиот народ е бугарски, зошто прифативте да живеат “бугарите” низ четири различни држави?

3. Зошто дозволивте само 16 проценти од Македонија денес да е во Бугарија, ако целиот македонски народ е всушност “бугарски”?

4. Каква беше улогата на бугарската армија (вие сте министер на одбраната, проверете во архивите) во ПСВ додека беше стационирана околу врвот Пелистер и какво оружје користеше за удари врз градот Битола? (Знам дека армија врз сопствен град и народ тоа што го правела не би можела да го прави).

5. Зошто господине министер, вашиот генералштаб не дозволи 11-от полк на бугарската армија (составен од 90% луѓе од Македонија) да ја ослободи Македонија, туку го пративте на Тракија? Зар треба да не се сомневаме дека 14.000 Македонци под оружје за вас не беа страв да бидат распоредени низ Македонија?

6. Зошто направивте размена на население со соседна Грција после ПСВ и ги обезчовечивте илјадниците наши куќи и села низ егејска Македонија?

7. Зошто господине потпретседател на Владата, не побаравте ниту 1% права за “Бугарите” во Грција и некакво право на културно и историско наследство во северна Грција, доколку навистина принципиелно се борите за тоа? Ако ние овде сме Бугари, сигурно и тие долу се, или пак таму веќе имате договор да не смеете да се мешате?

8. Како бугарската Влада дозволи да има подобар однос кон Атина и Белград, од спрема нас овде, доколку ние и вие сме ист народ, па макар и искарани и во кавга? (Имало и други такви периоди во вашата политичка историја).

9. Зошто не терате ние да прифатиме дека во Бугарија нема Македонци, ако тврдите дека ни во Македонија ги нема? Од што се плашите? Од нас овде или од самите вас таму?

10. Не ли ви е криво и тешко што ќе останете запаметен како човек кој наместо да не доближува, вие лично најмногу не раздалечува, нас и вас?“, праша Димовски.

Целата објава на поранешниот пратеник прочитајте ја подолу: