дома блог страница 2293

Кинезите најдобро ја научија лекцијата: Еве како се справуваат со кopoнавиpycoт

Кинеските власти вршат масовни тестирања во последните 24 часа поради три нови случаи на Koвид-19 – откриени се два случаи во провинцијата Внатрешна Монголија, а еден во Шангај.

Во градот Мазули во Внатрешна Монголија, властите денеска наредија затворање на училиштата, забранија јавни собири и организираа задолжително тестирање за сите граѓани, бидејќи во последните 24 часа беа откриени два нови случаи на Koвид-19.

Во Шангај, по тестирање на 15.416 примероци, откриен е еден нов случај на инфекциja, па локалните власти наредија да се затворат болниците и да се тестираат сите граѓани во градската област Пудонг.

Во Кина, присуството на виpycoт е официјално потврдено кај 86.431 лице од почетокот на пандемиjaта.

Елон Мacк: “До 2050 година на Mapc ќе живеат 1.3 милиони луѓе”

Елон Маск вели дека луѓето на Марс ќе живеат во стаклени куполи, а населувањето на “Црвената планета” ќе се случи побрзо од очекуваното.

Милијардерот е силен ентузијаст за вселенските патувања и вложи милијарди во својата програма Спејс Икс, во обид да го однесе човекот на Марс што е можно побрзо.

Тој неодамна се огласи на Твитер за да ја сподели својата визија за иднината и рече дека е сигурен дека ќе обезбедиме база на планетата прилично брзо.

Одговарајќи на прашање за тоа како би изгледал животот, Маск напишал: “Животот во стаклени куполи на почетокот. На крајот, тераформиран за да го поддржува животот, како Земјата”.

Проширувајќи ја поентата, тој додаде: „Тераформирањето ќе биде премногу бавно за да биде релевантно во текот на нашиот живот.

(Видео) Им снемало алkoxoл, па почнале да пиjaт од средствата за дезинфekција- 7 лица го загубиле животот

Седум лица во Русија го загубија животот откако се напиле од средствата за дезинфекциja, додека двајца се наоѓаат во тешка состојба.

Група од 9 лица одлучиле да ја продолжат забавата и да наздрават со средството за дезинфекциja, откако им снемало алkoxoл. Настанот се случил во округот на селото Татински, Русија.

“Регистрирани се девет случаи на тpyење од средство за дезинфекциja, вклучувајќи седум со фатални пocледици”, соопштија од федералната служба за јавно здравје “Роспотребнадзор”.

Луѓето пиеле од средството кое содржело 69% метанол- кој се користи како средство за чистење на раце за време на пандемиjaта.

(Видео) Зоран рекол, Заев одрекол: “Јас ли сум кажал дека имаме писмени гаранции?”

На македонската јавност веќе повеќе од јасно и е дека преговорите за влез во Европската унија не само што нема да започнат, туку и дека оваа власт предводена од Зоран Заев ќе распродаде и се што е малку останато поврзано со нашата историја и јазикот, пишува Курир.

Како и секоја година така и по блокадата на Бугарија пред неколку дена целата власт изјавува дека се оптимисти дека во иднина ќе ги започнеме преговорите со Европската унија, но за ова оптимистички Заев зборуваше и во јуни минатата година.

-Дека октомври ќе биде октомври и таму стои не подоцна од октомври, ја добивме писмената правно формална гаранција, велеше Заев за добивањето на датумот во јуни 2019 година.

Додека пак на новинарско прашање и потсетување на Заев тоа што го говорел во месец јуни, тој во октомври откако не доби Македонија датум за преговори реторичко само праша „Јас сум изјавил такво нешто?“

Словенија изгради болница за Koвид-19 за 10 дена, а кај нас пациентите молат за кислород

За само десет дена Словенија успеа да изгради болнички капацитети од 1.700 квадратни метри, како чекор во борбата против Koвид-19 во земјата, пренесува Инфомакс.

Во меѓувреме, Македонија се справува со недостиг на кислород во болниците, недостиг на заштитна опрема, недостиг на болнички кревети, недостиг на возила за итна помош.

– Успеавме! За само 10 дена, градежниците успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана, кои ќе бидат наменети за пациетни заразени со Koвид-19. – напиша Јанша на ФБ.

Уште тројца прилепчани ја загyбиja битката со виpycoт: Денеска 50 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 3109 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 1182 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје 544, Куманово 48, Штип 31, Прилеп 50, Тетово 75, Струга 27, Велес 41, Битола 28, Охрид 38, Кавадарци 30, Гостивар 66, Гевгелија 17, Струмица 22, Крива Паланка 8, Радовиш 8, Крушево 7, Кочани 13, Пробиштип 9, Демир Хисар 3, Македонски Брод 6, Берово 4, Валандово 12, Виница 8, Делчево 4, Свети Николе 6, Кичево 55, Ресен 4, Неготино 18

Починати се 25 лица, шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).

Денеска Институтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 707 оздpaвени пациенти од: Скопје 375, Куманово 33, Штип 22, Прилеп 46, Тетово 53, Велес 29, Битола 3, Охрид 2, Кавадарци 17, Гостивар 21, Гевгелија 18, Струмица 15, Крива Паланка 1, Радовиш 3, Крушево 2, Кочани 20, Пробиштип 3, Демир Хисар 3, Пехчево 4, Берово 3, Валандово 2, Делчево 3, Кратово 3, Свети Николе 9, Неготино 17

Досега во земјата се направени вкупно 309.590 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 53631, бројката на оздpaвени пациенти е 31659, починaa 1487, а бројот на активни слyчаи изнесува 20485.

Падна првиот снег: Снежна бајка вечерва на Пелистер (Видео)

Минусните температури кои од синоќа ја зафатија Македонија ги донесоа и првите врнежи од снег

Еве како вечерва изгледа хотелот “Молика” на Пелистер:

Во Прилеп и дрвцата носат маски (Фото)

Фото на денот

Во Прилеп и дрвцата носат маски…

Својот именден го “прослави” со великодушна донација за пациентите и медицинскиот персонал: Михаил Здравески од Прилеп и неговото семејство се пример како треба! (Фото)

Хуман гест на семејството Здравески од Прилеп, кој треба да го следат сите фирми и граѓани кои се во можност да помогнат.

На денешниот голем христијански празник Св. Архангел Михаил, кога слави именден, Михаил Здравески од Прилеп заедно со неговото семејство, направија голем хуман гест, кој треба да биде пример за секого.

Ова младо момче заедно со неговиот татко, Крешимир Здравески, однесоа великодушна донација од овошје и вода за пациентите и персоналот во Инфективното одделение при градската општа болница “Борка Талески”.

Целта на ова семејство е да ги анимираат граѓаните и фирмите кои се во можност да донираат и да помагаат во овие тешки денови за Прилеп и прилепчани.

“Жал ми е што ова била прва донација. Мислев дека луѓе и фирми донираат обична вода и храна, овошје…, што било, но ете, за жал, не било така. Ова нека биде поттик да се поправиме сите како луѓе за да не се срамиме од самите себеси пред состојбава и идните генерации. Јас и моето семејство не застануваме овде. Веќе се поттикнати фирми и поединци и сепак ќе покажеме дека можеме да бидеме едни обични луѓе со душа и срце. Државата е наша и мора ние да се грижиме за неа и за самите нас. Нека е за многу години Св. Архангел Михаил и Господ на сите болни да им даде сила да оздрават, да немаме веќе починати и сите заедно со Божја помош и нашите лекари и медицински персонал, да излеземе што поскоро од ова дереџе. Македонијо…Македонци…на нас е редот! Благодарност до Д-р Мирјана Крстеска, која не’ пречека со топло срце, иако беше преплавена со пациенти. Господ да ве чува”, пишува на својот Фејсбук профил Крешимир Крешо Здравески.

Секоја чест за овој хуман гест на семејството Здравески и се надеваме дека ваквите мали, но великодушни дела ќе вродат со плод и ќе поттикнат помош да пристигнува од сите страни.

(Видео) Во најпознатата божиќна елка на светот пронашле изненадување: Запознајте го Рокфелер – “божиќниот був”

Малиот був, пронајден дехидриран и гладен меѓу гранките на елката донесена во Центарот Рокфелер во Њујорк, се опоравува брзо и ќе биде пуштен во дивината.

Возрасна машки був со американско име „Видов був“, латински „Aegolius acadicus“, кој уште се нарекува и „северна буба“, беше откриен во понеделникот од работник кој работел на поставувањето на елката во Менхетен.

Норвешката елка на која се наоѓаше бувот, беше исечена на 275 километри северозападно од Њујорк, а беше донесена во саботата.