дома блог страница 2269

Пандемиjaта не стивнyва: Прилеп веднаш зад Скопје, денешните бpojки повторно загpижyвачки

Министерството за здравство информира дека во пocледните 24 часа се напpaвени 3399 тecтиpaња, а peгистрирани се 1342 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-479, Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42, Гостивар-63, Гевгелија-33, Струмица-29, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-5, Кочани-33, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-4, Валандово-4, Виница-4, Делчево-22, Кратово-7, Свети Николе-13, Кичево-31, Ресен-13, Неготино-18.

Денеска Институтот за jaвно здpaвje peгиcтpиpa 679 оздpaвени пациенти од: Скопје-266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3 и Неготино-8.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бpojка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнесува 65231, бројката на оздpaвени пациенти е 41656, починaa 1847, а бројот на активни слyчаи изнесува 21728.

Во Прилеп од почетокот на епидемиjaта со Koвид-19 се зapaзиле 3231 лица, а моментално активни се 1031.

Бугарски генерал во Скопје понудил Пиринска Македонија да и’ се врати на Македонија, но еве зошто тоа не се случило

Поранешниот уредник на Македонската Радио Телевизија, Диме Ратајковки, објави интересна објава со историски податоци од поствоениот период од Втората светска вojна.

„Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас. Ние Бугарите дозволивме на фашистите да се здружат со Германците и да не потиснат од природниот сојуз со нашите братја Славјани…“

Најголемиот дел не го познаваат, а можеби и никогаш не чуле за него. Добри Трпешев е бугарскиот министер и генерал на отечественофронтовска Бугарија кој на 28 декември 1944 година во Скопје на Второто заседание на АСНОМ, го одржал својот експлозивен говор пред македонското и југословенското политичко раководство, како претставник на бугарската Влада и Бугарската работничка партија, во духот на заедничката борба против фашизмот, говор кој предизвикал лавина реакции – воодушевувачки во југословенската и делумно во бугарската јавност, но не и во англо-американската јавност и дипломатија. Од документите од Второто заедание на АСНОМ, каде што интегрално се објавени поздравните говори, ставам акцент на неколку цитати од бугарскиот претставник, кои во денешен контекст се актуелни по однос на употребата на вокабуларот – осудата на бугарскиот фашизам за време на војната:

„…Ете, во таја борба ние, Бугарите, ама веќе отечественофронтовски Бугари, не старите, сакавме да влеземе. Старите неотечественофронтофски Бугари кои беја три години джандари на Хитлера на Балканот ни нанесоа срам и ние сега и секога кога се јавуеме пред вас секјаваме некое стеснение и покрај това што сме рамо до рамо против секакво надирање на фашизамот и за слободата и братството меѓу сите балкански народи. Ама и покрај това ја секјавам кривицата на бугарскиот народ што тој позволи на својот внатрешен непријател да се сојузи со германскиот фашизам и да му служи како слуга на Балканот. Ете, това е нашето стеснение и ете за това ние сакаме да ги избришиме сите тие дејствиа на нашите фашисти за да започне едно вистинско политичко единство и за да се оствари братството меѓу тие народи. Затова ние посакавме от Маршал Тито да ни позволи да се бориме рамо до рамо со вас против општиот непријател…“

Токму поради ваквиот негов енергичен настап, името на Добри Трпешев денес е оцрнето и осудено од бугарската историја и јавност, вбројувајќи го во низата предавници и родоотстапници. Трпешев без влакна на јазикот говори за „ослободувањето“ на Македонија од „бугарската фашистичка“ власт, јасно и недвосмислено акцентирајќи ги зборовите кои денес се предмет на расправа, бескрупулозно иницирана и злоупотребувана во политички контекст, наспроти историската реалност, потврдена токму од бугарска страна:

„…Бугарските фашисти наново използуваја особеното положение на Балканот во првиот етап на световната војна и наново го забија ножот на југословенските народи… Ние не би можеле да успееме во нашите борби напоследок ако не ни помогневте вие. Ето таков е фактот. Ние даваме заповед да почнат да дејствуват нашите одреди по вашата граница. Ние го молевме генерал Апостолски да отпочне борби, за да ги привлечат фашиските сили. Ние го молевме другарот Тито да дејствува против бугарските фашиски окупатори за да им ги привлече главните сили и да не олесни во борбата… “
Делот од говорот којшто предизвикал огромни реакции, позитивни во салата но негативни во дипломатските кругови е даденото решение од страна на Трпешев за припојување на Пиринска Македонија кон Народна Република Македонија во рамките на југословенската федерација:

„…Разликата меѓу старата Бугариа и отечественофронтофската Бугариа е уште и во това што отечественофронтофската Бугариа смета, дека треба да се врати оној дел от Македониа, кој денеска се навоѓа во границите на Бугарија, и да се приопшти кон Македониа во Југославиа…“

Громогласните аплаузи иницирани од ваквиот став на бугарскиот министер и генерал не наишле на одобрување кај англо-американските претставници – мајорите Милер и Дикенсон, кои побрзале да ги известат своите Влади за идното бугарско-македонско најавено пријателството под покровителство на Југославија.

***

На фотографијата е даден приказ на бугарскиот претставник на Второто заеседание на АСНОМ, Добри Трпешев кој се обраќа пред Президиумот на АСНОМ – предводен од Методија Андонов – Ченто и југослоевнската делегација предводена од Едвард Кардељ. Фотографија на Благоја Дрнков од приватниот албум на генерал Михајло Апостолски.

Дечките од Ресен кои растурија со првата песна, имаат нов хит и видео спот со кој одново ќе ве освојат (Видео)

“Реприза” e името на бендот од млади музичари од Ресен, прекрасен музички спој кој пред неколку месеци се појави на сцената.

“Реприза” е бенд составен од 3 млади момци од Ресен. Мартин, Христијан и Борче, а на македонската сцена дебитираа со првата авторска песна „Засукај Ракави“, која стана хит за било каква еколошка акција или настани поврзани со екологијата.

“Наша цел е „Музиката“. Создавање на македонска музика, современа, популарна. Ви ја претсавуваме нашата втора авторска песна „Иста слика“.

Сите сме се нашле во ситуација каде доаѓаме до судир помеѓу своето и туѓото, ситуација каде туѓото не се менува и нé става во безнадежна, безизлезна емоционална состојба. Ситуација каде нашето не останува така длабоко врежано таму каде што сме го оставиле. Оваа ситуација е дел од процесот на создавањето и созревањето на нашата личност.

Но, „Иста слика“, различни приказни. Нашата приказна доловува лик кој се запрашува како да се доближи до сликата(туѓото), односно како се оддалечил од неа. Тој зборува, но со никој друг освен со самиот себе. Тој е слушан, но од никој друг освен од самиот себе. Убеден дека не може да направи ништо друго, освен да си потврди дека нешта не се менуваат, не може да ги напушти тие мисли.

Во целата безнадежна ситуација, неговите внатрешни гласови му посочуваат дека би можело да се живее и без она кое што го посакуваме. Животот не би му бил ист, но става крај на мислите кои не му излегувале од глава долго време и ослободува место за нов почеток, нова авантура.

„Иста слика“ е прогресивна, модерен-рок песна, во која главни водечки елементи се живиот рок-инструментариум и текстот кој е поткрепен со музика која соодвествува на неговиот тек”, велат од бендот за новата песна.

Уживајте во продолжение:

“Покрај нас тројца, во оваа песна пее и 17 годишната Ангела Трајчевска, наша најдобра пријателка. Огромна благодарност до луѓето без кои беше невозможно овој проект да изгледа вака.Хари Михлајловски, актерот во спотот. Александа Илкова АРТАЛ, сликарот на главната слика. Студио „Подрумот“ – Ангел Ќосев за аудио записот и Пеце Здравковски за спотот на песната”, додаваат од “Реприза”.

(Фото) Древните православни цркви во далечните планини на Етиопија

Црквите во далечните планини на Етиопија, за кои се верува дека се изградени пред повеќе од 1000 години, со векови претставуваат место за богослужби на православните христијани од овој дел на светот.

Верувајќи дека на тој начин му се приближуваат на Бог, фигуративно, но и буквално, младите ученици ги ризикуваат своите животи качувајќи се по стрмните карпи за да стигнат до црквите во кои свештениците ги читаат светите списи на христијанската вера, пишува Дејли Меил.

Момчињата го прифаќаат свештеничкиот повик од мали нозе, благодарени на родителите кои веруваат дека тоа ќе им овозможи подобар живот од оној кој можат да им го пружат на своите мали земјоделски имоти.

Eден од странците кои се осудиле да поминат десетина дена во планините на Етиопија, фотографот Ашер Свиденски вели: “Некои свештеници-учители живеат во овие планини повеќе од 40 години. Со нив се секогаш и младите ученици, кои тука пристигнале по подобар живот. Суша ја мачи Етиопија, па гладот станува секојдневие. Во желба да ги спасат, родителите ги испраќаат своите деца во црква”.

Петкоски: “Гpaдоначалниче, ги лажете ли Poмите? Обjaвyвате оглac за Poм, а ќе вpaботите пapтиски пocлyшник? (Видео)

Прилеп ги живее најтешките денови од пандемијата со Ковид-19, а за градоначалникот Илија Јованоски и власта на СДСМ, единствено важно е отчестувањето со своите партиски послушници. Во неполни два месеци распишаа огласи за дури 111 партиски вработувања – ова го истакна Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на денешната прес конференција пред општина Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во целост во продолжение:

“111 нови партиски избраници се сместија во јавните претпријатија и општинската администрација на грбот на граѓаните, во услови кога Прилеп е веднаш зад Скопје во дневните корона статистики.

Малку беа 85 вработувања во Комуналец и 18 во Водовод и канализаицја, па сега и општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 партиски кадри.

За Јованоски и СДСМ не е важно што болницата кубури со медицински персонал и лекари. Не е важно што болницата зависи од донации на граѓани и фирми и не е важно што половина од дуќаните во чаршијата затворија, и цели семејства останаа без егзистенција.

За овие луѓе единствено е важно да ги обезбедат нивните луѓе, роднини и послушници.

Денеска исто така ќе го прашаме градоначалникот:

Дали е вистина дека огласот кој е наменет за вработување на припадник од ромската заедница во општина Прилеп е само фарса, како што тврди на социјалните мрежи советникот од СДСМ, Адем Мамудоски?

Дали се точни коментарите на Мамудоски каде вели дека на ова место ќе вработите друго лице, иако во огласот јасно и гласно стои дека е наменето за нашите сограѓани Ромите?

Почитувани сограѓани,

Ова е реалноста и вистината за Прилеп. Јованоски и СДСМ соочени со реалноста дека ништо не реализираа во овие три години локална власт, ја полната администрацијата и плаќаат партиски вработувања со ваши пари.

Вистинските виновници поради кои граѓаните немаат соодветна здравствена заштита и поради кои стравуваат за своите животи, се градоначалникот Илија Јованоски и Министерот наречен “се е под контрола”, Венко Филипче.

Чувајте се и чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најмили, затоа што ним не им е грижа за вас”.

(Фото) Неверојатно: Во амазонската џунгла пронајдена “сикстинска капела” стара 12.500 години

Една од најголемите светски колекции на праисториски резби на карпи е откриена во амазонската прашума, на 17 километри од колумбискиот град Сан Хосе дел Гуавијар. Оваа колекција археолозите ја нарекоа “Сикстинска капела на древните луѓе”, а се претпоставува дека за проучување на цртежите ќе бидат потребни повеќе генерации научници, бидејќи нивниот број е огромен.

Цртежите се направени од првите луѓе кои стигнале до овој дел на Амазон и датираат од леденото време пред околу 12.500 години. На карпите долги 12 километри древните луѓе цртале различни геометриски облици и животни.

“Цртежите се толку природни и толку добро изработени што веднаш знаете за што се работи кога ќе ги погледнете, за разлика од други праисториски цртежи кои до сега сме ги пронаоѓале”.

ВМРО-ДПМНЕ предложи, а власта одби да исплати плати и здравствено осигурување за “Еурокомпозит”

За СДСМ човечките животи и судбини воопшто не се важни. СДСМ на чело со премиерот во заминување Зоран Заев, повторно по којзнае кој пат ги излажаа и ги заборавија вработените во прилепскиот Еурокомпозит, ова денеска го истакна Ане Лашкоска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пари за исплата на неисплатените плати и придонеси на овие работници, повторно и во буџетот за 2021 година, СДСМ одлучи да нема. Уште едно лажно ветување и поигрување со судбината на вработените во прилепски Еурокомпозит. СДСМ уште еднаш ги остави овие луѓе на цедило. Ги остави без плати, но замислете, во услови на пандемија и тешка секојдневна борба со Ковид 19, ги остави и без здравствено осигурување. Срамно, безобразно и лицемерно однесување на СДСМ. СДСМ има пари за набавка на нови возила и нов мебел за министерствата, има и за бадеми и ф’стаци и други луксузирања, но нема за исплата на плати и здравствено осигурување за вработените во Еурокомпозит. Очигледно за СДСМ и Зоран Заев, дадените ветувања, дадениот збор или законите, немаат апсолутно никаква важност и тежина.
Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ преку амандман на буџетот за 2021 година предложи веднаш и без никакви изговори, да се обезбедат средства во висина од 172 милиони и 480 илјади денари со цел конечно да се реши овој горлив проблем на вработените во прилепскиот Еурокомпозит, вели Лашкоска.

Таа додава дека за мене како пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од Прилеп, но и за целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, решавањето на овој проблем, со оглед на важноста и тежината, секогаш бил и е приоритет.

-Како во изминативе 3 години, така и сега, ние ќе продолжиме да се бориме со сите средства кои ни се на располагање се додека СДСМ и нивниот шеф Зоран Заев конечно не се сетат и не одлучат да го решат овој повеќегодишен проблем со исплатата на платите и придонесите за овие луѓе. Затоа уште еднаш ги повикувам СДСМ и колегите пратеници од владеачкото мнозинство, да си ја признаат сопствената грешка, да го поддржат овој амандман на ВМРО-ДПМНЕ и како знаат и умеат да обезбедат средства за овие луѓе. Само така ќе покажат дека имаат искрени намери и работат за решавање на проблемите на граѓаните. Во спротивно, доколку не го сторат тоа, уште еднаш ќе докажат на дело дека перфектно лажат, манипулираат и си поигруваат со трпението и човечките животи и судбини на луѓето, вели Лашкоска.

(Фото) Што се случува во светот: Се појави уште еден монолит, овој пат на планина во Калифорнија

Нов мистериозен монолите се појави на врвот од планината во Калифорнија, само седум дена откако ист ваков монолит беше откриен во пустината во Јута.

Монолитот кој со својата појава ја разгope фантазијата на јавноста и ги поттикна теориите на заговор, освен во пустината во Јута беше пронајден и во Романија.

Локалните медиуми пренесуваат дека ова “сребрена градба” била забележана на врвот од планината Пајн, откако неколку локални планинари поминувале по тој пат и се фотографирале со монолитот.

УXMP објави каква зима не’ очекува и што да очекуваме во декември, јануари и февруари

Зимата 2020/2021 се очекува да биде со натпросечни темератури и просечно врнежлива, покажуваат хидрометеоролошките следења и прогнози.

Како што соопшти УХМР, во однос на врнежите кои ќе бидат во рамки на просекот од периодот 1981 – 2010 година, мала е веројатноста за позитивно отстапување во источниот регион на Северна Македонија и за мало подпросечно отстапување во западниот дел.

Во декември, особено во првата половина, температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој месец. Во втората половина се очекува мало заладување, но сепак температурите ќе бидат над просечните за овој дел од годината.

Врнежите се очекува да бидат во рамки на просечни вредности, со незначителна веројатност за малку над просекот во втората декада од месецот.

-Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат на пораст на температурите на воздухот и на поголемиот дел од Европскиот континент и на температурите на воздухот во Северна Македонија. Температурите на воздухот во Северна Македонија за период декември 2020 – јануари 2021 – февруари 2021 имаат поголема веројатност да бидат надпросечни, со позитивно отстапување од 1 до 3 степени целзиусови од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источна Македонија, наведува УХМР.

Просечната температура за зимата (декември – јануари – февруари) 1981-2010 г. се движи од -1,5 степен целсиусов во Маврово до 5 во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри во Лазарополе. Просечната температура за Скопје е два степена, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

-Напоменуваме дека сезонскиот изглед на времето не може да обезбеди детални информации за интензивни краткотрајни временски неприлики (зимски олуи, екстремно студени периоди, екстремно влажни). За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, се наведува во соопштението.

Милошоски: “Кон ветото на Бугарија се приклучиле уште две земји-членки”

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски синоќа преку Фејсбук, повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, соопшти дека на бугарското вето кон Македонија се приклучиле уште две земји-членки.

-Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка. По однос на македонско-бугарскте спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година. Сепак по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ, пишува Милошоски, додавајќи дека неколку членки, како што се Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или прогаварачка рамка само за Албанија.

Милошовски пишува дека германското претседателство ја прекинало дискусијата поради немање консезус. Темата за проширување, според Милошоски, ќе биде отворена на состонокот на „Coreper“ на 7-декември.