Дечките од Ресен кои растурија со првата песна, имаат нов хит и видео спот со кој одново ќе ве освојат (Видео)

“Реприза” e името на бендот од млади музичари од Ресен, прекрасен музички спој кој пред неколку месеци се појави на сцената.

“Реприза” е бенд составен од 3 млади момци од Ресен. Мартин, Христијан и Борче, а на македонската сцена дебитираа со првата авторска песна „Засукај Ракави“, која стана хит за било каква еколошка акција или настани поврзани со екологијата.

“Наша цел е „Музиката“. Создавање на македонска музика, современа, популарна. Ви ја претсавуваме нашата втора авторска песна „Иста слика“.

Сите сме се нашле во ситуација каде доаѓаме до судир помеѓу своето и туѓото, ситуација каде туѓото не се менува и нé става во безнадежна, безизлезна емоционална состојба. Ситуација каде нашето не останува така длабоко врежано таму каде што сме го оставиле. Оваа ситуација е дел од процесот на создавањето и созревањето на нашата личност.

Но, „Иста слика“, различни приказни. Нашата приказна доловува лик кој се запрашува како да се доближи до сликата(туѓото), односно како се оддалечил од неа. Тој зборува, но со никој друг освен со самиот себе. Тој е слушан, но од никој друг освен од самиот себе. Убеден дека не може да направи ништо друго, освен да си потврди дека нешта не се менуваат, не може да ги напушти тие мисли.

Во целата безнадежна ситуација, неговите внатрешни гласови му посочуваат дека би можело да се живее и без она кое што го посакуваме. Животот не би му бил ист, но става крај на мислите кои не му излегувале од глава долго време и ослободува место за нов почеток, нова авантура.

„Иста слика“ е прогресивна, модерен-рок песна, во која главни водечки елементи се живиот рок-инструментариум и текстот кој е поткрепен со музика која соодвествува на неговиот тек”, велат од бендот за новата песна.

Уживајте во продолжение:

“Покрај нас тројца, во оваа песна пее и 17 годишната Ангела Трајчевска, наша најдобра пријателка. Огромна благодарност до луѓето без кои беше невозможно овој проект да изгледа вака.Хари Михлајловски, актерот во спотот. Александа Илкова АРТАЛ, сликарот на главната слика. Студио „Подрумот“ – Ангел Ќосев за аудио записот и Пеце Здравковски за спотот на песната”, додаваат од “Реприза”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.