дома блог страница 2228

(Видео) Полицаец стана хит на социјалните мрежи: Испеа една песна и го воодушеви светот

Финецот Петрус Шродерус, кој на социјалните мрежи е познат како “полицаетот што пее”, објави албум со познати руски песни во негова изведба.

“Овие песни веќе ги знам на фински јазик, па сакав да ги научам и на руски за да биде подобра изведбата. Учењето на изговорот траеше долго. Дури имав и учител. Среќен сум што луѓето ми пишуваат. Русите можат да разберат дека рускиот не е мојот мајчин јазик, но навистина се трудам многу”, вели Шродерус за телвизијата Ѕвезда.

(Фото) Во регионот не престанува да вее снег – некои села се целосно отceчени

Во селата во околината на Сјеница не престанува да вее снег веќе со часови, а околу 1.000 мештани останале без електрична енерија.

-Патиштата се непроодни, во селата нема електрична енергија. Мештаните се во голем проблем, а во поедини села останале и без медицинска помош, затоа што возачот на Итната помош добил мозочен удар, па едвај бил извлечен на главниот пат, за да му биде пружена неопходна помош, изјави Милјан Конатар од МЗ Бара на Пештера.

Патиштата се главно проодни, а во оддалечените села механизацијата се уште не стигнала.

-Шна што не плаши е интензитетот на снег кој вее. Не престанува да паѓа и прашање е колку ќе навее – рекол Конатар.

Голем број семејства го имаат во домот, но дали знаете како точно се негува Божиќното цвеќе?

Кога Божикното цвеќе ќе прецвета, треба да го преместите во малку постудена просторија и да престанете да го налевате. Сепак, по периодот на мирување, ова цвеќе ќе биде подготвено за новата сезона ако го негувате правилно.

Додека цвета, растението треба да го чувате во малку постудена просторија на температура од 12 до 14 степени целзиусови, затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета.

Растението го бара најсветлото место (на прозорецот) и влажен воздух, а тоа се однесува на централното греење каде температурата е повисока. Кога ќе прецвета, односно кога ќе и отпадне цветот, растението можете да го префрлите во малку постудена просторија. Најпогодната температура е од 10 до 12 степени. Тогаш престанувате да ја налевате, па растението ќе ги отфрли лисјата, што значи ќе настапи мирување.

Во април растението треба да се пресади во свежа, хранлива земја со 15 отсто чист речен песок.

Кога ќе го пресадувате цвеќето, добро е гранчињата да ги скратите на должина од околу 10 сантиметри. Местото каде што сте го исекле цвеќето запрашете го со дрвен јаглен или запечатете го со восок од запалена свеќа, за да не истече млекото. Ако истече млекото од растението, тешко дека тоа повторно ќе цвета.

На пресаденото растение обезбедете му светлина и топло место, во близина на прозорец или на прозорецот, а на почетокот налевајте ја внимателно. Кога ќе почне да пушта нови гранчиња залевајте ја обилно и тоа секогаш со млака вода.

Кон крајот на јуни можете да ја изнесете надвор на сончево место. Со оглед на тоа дека растението е во полн раст, секои 15 дена треба да го потхранувате. До есен таа ќе пушти цврсти гранчиња. Кога ќе натсапат постудените денови, растението треба да го внесете во потопла просторија, на полна светлина на прозорецот.

Еуфорбија е растение со краток ден, што значи дека цвета кога денот е пократок од 12 часа. Ако просторијата каде што е сместено растението се осветлува подолго од 12 часа нема да процвета.

Поради тоа, цвеќето мора да го чувате во соба во која „денот е пократок“ се додека не се развијат цветовите.

Извор: “Нетпресс”

Kире Лазаров прогласен за најдобар десен бек на деценијата

Македонската ракометна легенда и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е прогласен за најдобар десен бек на деценијата, во изборот на реномираниот портал “Handball-Planet.com”.

Реномираниот портал ги објави резултатите, а изборот го извршија 21 тренер, ракометни легенди и новинари од разни краишта од светот.

Тие бираа најдобар играч на секоја позиција, а местото за најдобар десен бек му припадна на Лазаров со дури 67% од гласовите.

На второто место е унгарскиот ветеран Ласло Наѓ со 23% од гласовите, а Алекс Душебаев освои 10%.

За најдобар ракометар на деценијата е прогласен Никола Карабатиќ, додека во идеалната постава се наоѓаат уште и: Тиери Омејер, Уве Генсхајмер, Микаел Хансен, Лук Абало и Хулен Агинагалде, а за најдобар дефанзивец е прогласен Виран Морос.

“Мовчето” од 600.000 евра (Фото)

Мостот, или “мовчето”, на Градската река во населбата “Сточен пазар” во Прилеп, е при крај.

За градоначалникот тоа е најубавиот мост, за опозицијата е криминален проект, а мислењето е подвоено и кај граѓаните.

Изградбата се одвиваше речиси година и пол со прекини, што претставуваше огромна главоболка за граѓаните и возачите на тешки товарни возила кои поминуваат низ овој дел на градот.

Првично беше планирано изградбата на мостот да чини околу 500.000 евра, а според последните податоци и потпишани анекс договори, изградбата скокна на 35 милиони денари, или околу 600.000 евра.

Колку ќе биде корисен за сообраќајот останува да видиме во иднина.

Светски познатиот политиколог ги наброи десетте најпознати историски личности кои потекнуваат од Македонија

Сонер Чагаптај е турско-американски политиколог кој живее во САД. Тој е директор на турската програма за истражување во Вашингтонскиот институт за политика на блискиот исток. Тој е историча вокација и е експерт за односите помеѓу Турција – Соединетите држави, турската политика и турскиот национализам.

Чагаптај пишуваше многу за односите Турција – Соединетите Држави; Турска внатрешна политика, Турски национализам, Подемот на Турција како економска моќ и политиката на Анкара за Блискиот исток, објавување во научни списанија и големи меѓународни печатени медиуми. Тука спаѓаат „Волстрит журнал“, „Њујор тајмс“, „Вашингтон тајмс“, „Интернешнл хералд трибјун“ и „Хабертурк“. Тој е редовен колумнист за Хуриет Дејли Њуз , најстариот и највлијателен турски весник на англиски јазик и соработник на Си-Ен-Ен. Тој редовно се појавува на Фокс Newsуз, Си-ен-ен, НПР, Ал-Џезеира, Би-Би-Си и Си-Ен-Ен-Турк. Неговата последна книга.

Погледнете што пишува тој кој се најпознатите македонски историски личности.

Tyтyнapите ja пpeдyпpeдyвaaт влacта: “Доаѓaaт локални избopи, па ќе видиме како ќе поминете”

“TВ 21” преку репортажа од Долненскиот регион ги пренесува реакциите на тутунопроизводителите. За голем број семејства од овој дел на државата, тутунот е единствена егзистенција.

Тутунопроизводителите од Долненско велат дека просечната цена на откупениот тутун изнесува од 130-150 денари, а ветувањата биле дека тутунот ќе се откупува по цена од 180-200 денари.

Дел од нив ја потсетуваат Владата, дека доколку не реагира и не им помогне, за брзо ќе дојдат локалните избори, а веројатно и предвремени парламентарни избори.

Целата репортажа погледнете ја ТУКА

Maкедониja кyпyва лecни оклопни возила од CAД за 15 милиони долapи

Македонија ќе купи лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата во износ од 762 милиони денари (околу 15 милиони долари) од САД, соопшти Владата.

Владата на вчерашната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на АРМ со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави и донесе одлука да се продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на Писмото на понуда и прифаќање на понудата од 21 декември 2020 година.

Со оваа одлука Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на амандманот/анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари до Владата на Соединетите Американски Држави.

Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договор со Владата на Соединетите Американски Држави за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата на Република Македонија ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.

Разбиена група што продавала лажни Koвид тестови

Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во текот на денов (26.12.2020) изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни Koвид тестови.

При претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативно пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација.

По документирање на случајот,до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.

Heма ден без починати во Прилеп: Најмладиот денеска 50-годишен

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се напpaвени 1999 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 530 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-229, Куманово-37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од: Скопје-259, Куманово-24, Дебар-11, Штип-14, Прилеп-25, Тетово-32, Велес-17, Битола-19, Кавадарци-21, Гостивар-18, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-8, Кочани-6, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-5, Валандово-3, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-8, Кичево-7, Ресен-2 и Неготино-15.

Вкупната бројка на ковид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 81425, бројката на оздpaвени пациенти е 58720, починaa 2427, а бројот на активни слyчаи изнесува 20278.

Во Прилеп од почетокот на епидемиjaта со Koвид-19 се зapaзиле 4114 лица, а во моментов активни се 649 случаи.