дома блог страница 2227

Бошко Ѓуровски ќе му биде помошник на српскиот селектор на квалификациите за Светското првенство

Српски Курир објави дека Драган Стојковиќ ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, а додека се чека промоција во ФСС, порталот пренесува дека фудбалската легенда Бошко Ѓуровски ќе му биде помошник на Пикси во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Стојковиќ и Ѓуровски се долгогодишни пријатели и соработници, уште додека и самите беа фудбалери, кога на крајот од 80-тите ја делеле соблекувалната на Маракана.

Бошко беше тренер на Црвена Ѕвезда во 2006 и 2007 година, во периодот додека Пикси беше претседател на клубот, а покасно Ѓуровски беше и асистент на Стојковиќ во Нагоја.

Власта “capдисана” од сите страни: По тутунарите и оризопроизводителите најавуваат големи протиести и блокади на истокот од државата

Оризопроизводителите најавуваат масовен протест со блокада на сите регионални патишта на Истокот, доколку од Министерството за земјоделство не добијат позитивен одговор на нивните 12 барања. На последната средба со ресорниот министер побараа интензивирање на откупот и зголемување на цените на арпата на 25 до 30 денари и 55 до 60 денари за килограм бел ориз. Одговор требаше да добијат во петок.

– Очекувавме министерот да ни се јави, за жал од сето тоа нема ништо. Ќе му дадеме рок до вторник, доколку не одговорат на нашите барања, ние со механизацијата ќе излеземе на патиштата, изјави Здравко Арсов – оризошроизводител од с. Облешево.

Тактизираат и откупувачите. Најголемиот дел од годинашната реколта остана во амбарите.

– Околу 70 % не е откупена арпата, само 30 % е откупена, додаде Арсов.

Од министерството за земјоделие добиле уверување дека субвенциите ќе им бидат исплатени до Нова Година.

– Субвенциите значат сервисирање на сите обврски, струја, вода, огрев, облека и да ја пречекаме Новата Година и Божиќ, како и сите други граѓани на Р. Македонија. Ние не бараме многу, бараме само достоинствено маката да ни се плати, ни повеќе, ни помалку, изјави Арсов.

Оризот е берзански производ, па од Самостојниот синдикат на индивидуални земјоделски производители наведуваат дека просечната цена на арпата на берзите е 26 денари, а 64 денари за килограм бел ориз.

Пријавен пожap во куќа во Прилеп

Извршен е увид на местото на настанот.

На 27.12.2020 во 08.20 часот во Одделение за внатрешни работи Прилеп било пријавено дека во куќа во Прилеп, сопственост на Г.С.(43) од Прилеп настанал пожap од кој биле зафатени електрично броило, дел од електрична инсталација и други предмети.

Пожapот е изгаснат од противпожapната единица Прилеп.

Вонредна вест: Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има нов селектор?!

Како што неофицијално дознава српскиот „Курир“, хрватската фудбалска легенда Роберт Просинечки ќе биде новиот селектор на Македонија.

Изворот воедно додава дека официјалната промоција се очекува да биде во наредните денови.

Како што е веќе познато, на 31.12.2020, за четири дена истекува договорот на Игор Ангеловски како селектор на нашата А репрезентација, по што се очекува да се водат разговори за евентуално продолжување на соработката.

Ние го постигнавме најголемиот успех во својата историја со пласманот на Европското првенство, за првпат во сениорска конкуренција.

Просинечки е моментно без функција, на крајот од ноември доби отказ во турскиот Денизлиспор после серијата лоши резултати, а сето тоа кулминираше со поразот во националниот куп од третолигашот Тургутлуспор.

Пред Денизлиспор ги водеше уште Кајсериспор и Црвена звезда, а беше и селектор на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Твит на денот: Kоњ без воин во елитната прилепска населба

Воинот веројатно пие кафе во прилепската чаршија, а коњот бара паркинг па залутал во типската населба.

“Коњ без воин, уметничка инсталација во Прилеп”

Нови цени на гopивата од утре

Како и секој понеделник, така и овој, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Бензините минатата недела поскапеа за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се намали за половина денар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесуваат по 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 28,837 денари.

Како причина за променетите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочи намалената цена на акцизата на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за по еден денар, како и зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 3,916 отсто и кај дизелот за околу 2,841 отсто и за околу 0,369 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

(Фото) Ова е помладиот брат на Бред Пит – сличноста е неверојатна

Актерот Бред Пит години наназад привлекува големо внимание, а странските медиуми не престануваат да се интересираат за неговиот приватен живот.

Иако за Бред многу од работите се познати во јавноста, помалку е познато дека еден од најзгодните актери во Холивуд има роден брат – Даглас, кој што е три години помлад од него.

Даглас, кој што неодоливо потсетува на својот постар брат, тргнал по друг пат во животот за разлика од Бред. По завршувањето на средното училиште во Спрингфилд и државен Универзитет во Мисури, основал компјутерска агенција со која што постигнува големи успеси.

Тој се занимава со продажба на недвижнини, инвестирање и хуманитарна работа. Тој е и амбасадор на УНИЦЕФ како и основач на организацијата „Care to learn“, која што им помага на децата. Неговата кариера започнала со основањето на компјутерската агенција.

За разлика од својот брат чиј живот го одбележале турбулентни љубовни врски, Даг е веќе триесет години во среќен брак и има 3 деца.

(Видео) Полицаец стана хит на социјалните мрежи: Испеа една песна и го воодушеви светот

Финецот Петрус Шродерус, кој на социјалните мрежи е познат како “полицаетот што пее”, објави албум со познати руски песни во негова изведба.

“Овие песни веќе ги знам на фински јазик, па сакав да ги научам и на руски за да биде подобра изведбата. Учењето на изговорот траеше долго. Дури имав и учител. Среќен сум што луѓето ми пишуваат. Русите можат да разберат дека рускиот не е мојот мајчин јазик, но навистина се трудам многу”, вели Шродерус за телвизијата Ѕвезда.

(Фото) Во регионот не престанува да вее снег – некои села се целосно отceчени

Во селата во околината на Сјеница не престанува да вее снег веќе со часови, а околу 1.000 мештани останале без електрична енерија.

-Патиштата се непроодни, во селата нема електрична енергија. Мештаните се во голем проблем, а во поедини села останале и без медицинска помош, затоа што возачот на Итната помош добил мозочен удар, па едвај бил извлечен на главниот пат, за да му биде пружена неопходна помош, изјави Милјан Конатар од МЗ Бара на Пештера.

Патиштата се главно проодни, а во оддалечените села механизацијата се уште не стигнала.

-Шна што не плаши е интензитетот на снег кој вее. Не престанува да паѓа и прашање е колку ќе навее – рекол Конатар.

Голем број семејства го имаат во домот, но дали знаете како точно се негува Божиќното цвеќе?

Кога Божикното цвеќе ќе прецвета, треба да го преместите во малку постудена просторија и да престанете да го налевате. Сепак, по периодот на мирување, ова цвеќе ќе биде подготвено за новата сезона ако го негувате правилно.

Додека цвета, растението треба да го чувате во малку постудена просторија на температура од 12 до 14 степени целзиусови, затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета.

Растението го бара најсветлото место (на прозорецот) и влажен воздух, а тоа се однесува на централното греење каде температурата е повисока. Кога ќе прецвета, односно кога ќе и отпадне цветот, растението можете да го префрлите во малку постудена просторија. Најпогодната температура е од 10 до 12 степени. Тогаш престанувате да ја налевате, па растението ќе ги отфрли лисјата, што значи ќе настапи мирување.

Во април растението треба да се пресади во свежа, хранлива земја со 15 отсто чист речен песок.

Кога ќе го пресадувате цвеќето, добро е гранчињата да ги скратите на должина од околу 10 сантиметри. Местото каде што сте го исекле цвеќето запрашете го со дрвен јаглен или запечатете го со восок од запалена свеќа, за да не истече млекото. Ако истече млекото од растението, тешко дека тоа повторно ќе цвета.

На пресаденото растение обезбедете му светлина и топло место, во близина на прозорец или на прозорецот, а на почетокот налевајте ја внимателно. Кога ќе почне да пушта нови гранчиња залевајте ја обилно и тоа секогаш со млака вода.

Кон крајот на јуни можете да ја изнесете надвор на сончево место. Со оглед на тоа дека растението е во полн раст, секои 15 дена треба да го потхранувате. До есен таа ќе пушти цврсти гранчиња. Кога ќе натсапат постудените денови, растението треба да го внесете во потопла просторија, на полна светлина на прозорецот.

Еуфорбија е растение со краток ден, што значи дека цвета кога денот е пократок од 12 часа. Ако просторијата каде што е сместено растението се осветлува подолго од 12 часа нема да процвета.

Поради тоа, цвеќето мора да го чувате во соба во која „денот е пократок“ се додека не се развијат цветовите.

Извор: “Нетпресс”