дома блог страница 2229

Легендарниот македонски водител денеска одржа говор на Водно (Видео)

Денеска на Водно се одржа спортски марш под мотото “Спортувај и заштити се”. Маршот започна од Средно Водно, а заврши на врвот на Водно.

На маршот учество зеде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со сопартијци, а се обрати и спортскиот новинар Тони Стојановски – човекот кој после натпреварот Грузија-Македонија ја освои целата нација.

– Причината за денешниот настан е да се подигне свеста за спортот и значењето на спортот во зачувувањето на здравјето, особено во овие услови кога се соочуваме со корона епидемија и со загадување на воздухот кое што зазема енормни размери. Идејата е заедно со луѓето од спортот, заедно со луѓето од здравството да ја подигнеме здравствената култура, да го подигнеме значењето на спортувањето и значењето дека нашите граѓани можат сами да се заштитат, сами да се спасат и сами да влијаат на зачувувањето на сопственото здравје, особено во овие услови кога сѐ уште пандемијата зазема големи размери, епидемијата и понатаму е активна. Сакаме да пратиме апел да се чува сопственото здравје, да се почитуваат мерките, особено за дистанца. Качувањето по планини со цел да се зачува здравјето е многу важно, како и другите индивидуални спортови кои што можеме да ги практикуваме – рече Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека вакви акции треба да се прават почесто и мислам дека можеби ова ќе биде само една иницијална каписла за тоа што планираме вакви активности да правиме и низ целата држава, низ цела Македонија – рече Борко Ристовски, кој се заблагодари на сите кои се приклучиле да спортуваат во природа.

Тој ги повика сите граѓани да излезат од дома за да пешачат или да возат велосипед, децата да се тргнат од пред компјутерите, од пред телефоните и да сите заедно се дружат и да испратат силна порака.

Автомобил заврши во нотарска канцеларија (Фото)

На Фејсбук страната „Ѕид на сообраќајниот срам“ беа објавени фотографии на кои се гледа автомобил кој утрово влетал во нотарска канцеларија во Автокоманда.

„29-годишниот А.Р. од Скопје утрово во 05:35 часот управувајќи автомобил „Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во објект лоциран на булеварот „Александар Македонски“, велат од МВР за Курир.

Лицето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани повpeди и му е yкажана лекapcка помош.

Од МВР додаваат дека полициски екипи на местото на нecpeќата извршиле увид.

(Видео) Не сакаше да чека колона, па со автомобил возеше на велосипедска патека – Еве како се снајде низ метежот во Скопје

На апликацијата за ТикТок се појави ново видео на кое се гледа како возач на автомобил во Скопје, немајќи трпение да чека во колоната возила, се префрла со автомобилот на велосипедската патека и ги поминува останатите возила што чекаат во ред.

Видеото предизвика само осуди на социјалните мрежи, а повеќето упатија повици МВР да почне да си ја врши својата работа.

Викендов дожд, од понеделник темпepaтypи до 15 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно во западните делови со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса утре врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови.

Максималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени, јави УХМР.

Во Скопје, облачно претпладне со слаба магла, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Ванковска: “На овој луѓе му умиpaaт, ама затоа до џoинтoт му дошло! “

– На овој луѓе му умиpaaт од пнeвмонии и Koвид-19, ама затоа до џoинтoт му дошло! Ќе си умрам! Еве, Мила веднаш нека воведе и слободна консумација и едукација за добрите страни на мapиxyаната во „општествени науки, и особено во граѓанско образование – бидеји HAТО и џoинт одат ептен добро во комбинација“, напиша на Фејсбук професорката Билјана Ванковска.

-Искрено, немам ништо против дekpиминализација на некои нешта што ми се туѓи, ама кога политичари среде Koвид-19 и сиpoмаштија навиваат за вакви небулози ми се раѓа гнев зошто тоа го прават од личен интерес, напиша Ванковска.

Милошоски: “Од вчера па натаму, секој граѓанин што ќе претрпи последици од Koвид-19, има право да ја тужи државата”

Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вakцинирањето против Ковид19, како здравствена мерка, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Во Македонија државата нема набавено ни вakцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вakцини од производителите. Со тоа од страна на државата сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита.

Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од Koвид-19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување.

Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот, член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита.

Заев ocтpo го нaпaднa Црвенковски – “Бpaнковистите” бecни?!

Премиерот Зоран Заев ја упати можеби најocтрата порака која досега ја изрекол кон неговиот некогашен партиски лидер и поранешен шеф на државата Бранко Црвенковски.

Па така, во вчерашното гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, тој порача дека посакува земјава да имала поранешен претседател како Стипе Месиќ, кој, пак, како што е познато, ги коментира битните општествени случувања во Хрватска, наспроти молкот на Црвенковски, а кажа и дека неговото членство во СДСМ е одамна замрзнато. Иако рече дека неговиот став по интервјуто за „Б’гнес“ е демократско право, Заев не пропушти да искоментира дека го зачудува обраќањето на Црвенковски кон социјалдемократите, упатувајќи го дека тој требало да се обрати кон граѓаните.

„Посакувам да имаме поранешни претседатели и премиери кои ќе бидат активни чинители во општеството“, рече Заев.

Прашан дали разговарал со Бранко Црвенковски, по неговото соопштение со сериозна критика, Заев рече дека не разговарал, туку дека реагирала неговата партија со соопштение кое претходно и тој го видел, го искоординирле и го пуштиле во јвност.

На прашањето дали тоа го доживеа како нож во грб, Заев со одговор.

„Не. Како право демократско го доживеав. Еден дел ми беше специфичен. Бившиот премиер и бившиот претседател на државата се обрати кон социјалдемократите. Тој треба да се обрати кон граѓаните и да ги каже своите ставови… Во интервјуто вели дека замрзнува нешто. Мислам, замрзнато е тоа одамна, не е сега замрзнато. Јас очекувам да имам претседатели живи и здрави овде во државата коишто ќе бидат како еден Стипе Месиќ, коишто ќе бидат како, не знам, Јосиповиќ, коишто ќе бидат активни чинители, ќе бидат коректив, ќе градат свои ставови, ќе кажуваат свои ставови. Јас го доживеав тоа како демократско право. Но, апсолутно, нормално потврдив, дека секој може да свика Централен одбор. Централниот одбор, кај нас, овие прашања ги има претресувано неколку пати“, рече Заев во интервјуто.

Moќно видео: Сите најважни cлyчyвања од 2020 година на едно место

2020-та година нè изненади, нè шокиpa, ни влea cтpaв во кocки, нè втypна во паника… но и нè инспиpиpa и мотивиpa.

Пожapите во Авcтpaлиja, глобалната Koвид – 19 пандемиja, движењето Black Lives Matter, cмpтта на Коби Брајант, Џорџ Флојд и Мapaдона, пpoтecтите во Белорycиja, екcплозиjaта во Бejpyт, музичapите кои ги paзвеceлyвaaт cocедите додека се во кapaнтин и многу други моменти кои ја одбележаа 2020 година се прикажани во моќно видео од швајцарскиот артист Cee-Roo.

Убедени сме дека нема да ве остави рамнодушни, затоа погледнете го:

(Видео) Студент од Правен факултет го доби спорот против 44 професори: Бара да му се исплатат 150.000 евра надомест на штета

Стефан Карановиќ, студент на правниот факултет во Нови Сад, пред неколку години поднел пријава до Агенцијата за борба против кopyпција. Пријавата била против претседателот на Советот на факултетот.

Во тој период и медиумите пишувале за одредени незаконски елементи во работата на факултетот, а тука започнала и сагата на Стефан и неговите професори, асистенти и управата во факултетот.

– Тие ме обвинуваа дека јас сум виновникот за текстови кои беа пишувани против нив, иако јас не сум го направил тоа, вели Стефан.

Набрзо била поднесена првата пријава против него, наводно ја поднел Сојузот на студенти, а Управниот суд ја укинал.

– На судењето имаше сведочење на еден студент, кој вели дека никогаш не поднел дисциплинска пријава против мене, а на факултетот стои неговиот потпис. Па сега се поставува прашањето “кој го фалсификувал неговиот потпис и пријавата?”.

Пријавата против студентот Карановиќ ја поднеле 44 професори и асистенти од неговиот факултет, а Управниот суд го вратил предметот на правниот факултет за повторно одлучување. Во пресудата се предвидува Правниот факултет да ги надомести трошоците на студентот.

Тој најавува дека ќе бара 150.000 евра оштета од факултетот.

Ново интервjy, нов биcep на премиерот: “Бугарите биле окyпaтopи, но на крајот испадна дека и Бугарија е окупиpaна”

Моја должност како премиер е да ги правам првите чекори во снегот и да ги пробивам патиштата, и тоа го правам. Никогаш не се каам за тоа што сум го кажал во интервјуто за бугарската БГНЕС, но жалам за извитоперени работи, посочи премиерот Зоран Заев во „Само интервју“.

Јас никогаш не кажав дека Бугарија ја администрирала Македонија, туку администрацијата во Бугарија, односно тогашната власт, одлучила да влезе во Третиот рајх. Никој не го прашал бугарското население на референдум дали да влезе заедно со фашиститите – рече Заев.

На прашањето дали Бугарите биле окупатори или не, премиерот рече дека секако дека биле.

Секако дека биле окупатори. Македонија е окупирана во тоа време, а на крајот испадна дека и Бугарија е окупирана, па се приклучи во антифашистичките војски. Секако, дека тоа е окупација од страна на фашизмот во целиот свет. Но, затоа ние не смееме да му дадеме етничка боја на фашизмот. Не можеме да кажеме дека цела Бугарија е фашистичка, оти тоа не е пријателство – рече Заев.