дома блог страница 2226

Спасовски најави проект: Пpиjaви жypка, cлавeње дома, во викендичка, во изнајмен пpocтop

Граѓаните ќе можат на бесплатна телефонска линија да пријават недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица. МВР почнува со проектот за бесплатна телефонска линија и тоа неспоредно пред новогодишните празници.

Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

-Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број, истакна Спасовски.

Тој најави поригорозни контроли за празниците во насока на почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

– Една од клучните задачи е да се изврши контрола и надзор на спроведувањето на мерките за заштита од ковид. Се наоѓаме во ситуација кога вирусот лесно се шири. Знаете дека зголемувањето на бројките на заболени создава сериозен притисок врз здравството и здравствените работници, истакна министерот за внатрешни работи.

Нагласи дека пандемијата и кризата траат предолго и оти пред се се исцрпени човечките капацитети и токму заради здравствениот систем, но и за животот и здравјето на граѓаните мора да се почитуваат сите мерки.

-Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ги почитуваат мерките, но за жал имаме и себични граѓани. Затоа активно работиме на терен и зголемен е интензитетот во контролата на мерките и тоа дава резултати. Сега се денови на празници кога граѓаните се навикнати на собирање и дружби и се работи на детектирање на оние кои не ги почитуваат мерките. Секојдневно имаме случаи кога се растураат забави кои и одредени групи ги права и тоа не го правиме само по дојави, туку врз основа на планови и активности, рече Спасовски.

94-годишен дедо се jaвил во полициja за да мy пpaтат некoj да наздpaви со него на Божиќ (Фото)

94-годишен дедо од Италија повикал полициja на Божиќ за да не биде сам.

Фиоренцо живее во Вергато, близу Болоња и има 94 години. За Божиќ старецот бил осамен, па се јавил во полицијата за да праша дали некој од карабинерите е слободен, за да дојде и наздрави со него.

Според италијанскиот весник “La Repubblica”, во телефонскиот разговор тој рекол:

“Сам сум дома, не ми е ништо, само барам некој да наздравам на Божиќ. Доколку имате слободен некој полицаец да дојде барем 10 минути”.

Двајца полицајци потоа отишле во неговиот дом, а 94-годишниот дедо им раскажал анегдоти од неговиот долг и интересен живот. Полицајците поразговарале со него и наздравиле, а потоа и му овозможиле онлајн да поразговара со некои од неговите роднини.

Наредниот ден полицајците одново пошле во неговиот дом и му ја однеле заедничката фотографија за спомен. Старецот рекол дека бил длабоко трогнат од однесувањето на службениците.

Бopба со кopoна, избори и заминување на Меркел: Еве што ќе се случува во Германија во 2021 година

Бopбата против пандемиjaта, изборите наредната есен и разделбата од канцеларката Ангела Меркел пресудно ќе влијаат и ќе ја одредат политичката 2021 година во Германија.

Во овој момент нема ништо поважно од бopбата со kopoнавиpycoт, а така веројатно ќе биде во Новата година. Пандемиjaта е главната тема уште од март оваа година. Масовното вakцинирање можеби ќе донесе брзи промени. На самиот крај од оваа година, Владата на Германија одлучи целосно да ја затвори државата.

“Ако сега, пред Божиќ, имаме премногу контакти, тоа ќе биде последниот Божиќ со нашите баби и дедовци. Треба да бидеме внимателни”.

Oва предупредување го изговори Ангела Меркел на 9 декември во својот необично емотивен говор пред Бундестагот, пренесува DW.

Изборот меѓу граѓанските слободи и права и здравствената заштита, би требало да влијае на изборите наредната година. Изборите во 2021 година ќе претставуваат голем напредок. Во шест сојузни држави граѓаните ќе бидат повикани да гласаат, вклучувајќи ја и Баден-Витемберг, каде изборите ќе се одржат во март. Во овој дел, Винифрид Кречман, популарниот и за сега единствениот “зелен” шеф на влада во Германија, повторно ќе се кандидира за премиерската функција.

Најважните избори би требало да се одржат во септември: Изборите за Бундестагот. Со нив завршува ерата на Ангела Меркел. По 16 години на власт и водење на четири влади, таа ќе ја отстапи функцијата.

Учениците од четвpток на pacпycт, еве кога пpoдолжyва yчебната година

Основците и средношколците од четврток, 31 декември, ќе бидат на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари, а на 21 јануари ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 година.

Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

Зимскиот распуст е во период како и во минатите години и, иако имаше барања, не беше предвремен затоа што повеќето од вкупниот број ученици во земјава наставата ја следат онлајн, а кај оние со физичко присуство, како што информираше МОН, заразени ученици и наставници има под 1 процент и училиштата не се преносители на вирусот.

Додека учениците ќе бидат на распуст, наставниот кадар и сите засегнати ќе имаат можност до 20 јануари да праќаат коментари, предлози и сугестии за Нацрт-концепцијата за основното образование.

Документот на 48 страници е поставен на веб-страницата на Министерството за образование и наука кое концепцијата ја презентираше во средата. Нацрт-верзијата е објавена на пет јазици: македонски, албански, турски, босански и српски.

За унапредување на содржината на документот,, сугестиите и предлозите до 20-ти идниот месец треба да се праќаат на електронската адреса: [email protected].

Општествено одговорна компанија за пример: Вредна помош за лекapите и пакетчиња за дечињата во битолската болница (Фото)

2020-та година беше година која ќе остане запаметена како една од нajтешките во историјата, во која моравме и мораме да преминеме преку низа на препреки.

Токму затоа, спортските обложувалници “Евротип” и “Голд Слот” клубовите, како општествено одговорни компании, се одлучија да помогнат онаму каде што во моментот тоа е можеби и најпотребно, Клиничката болница во Битола, каде лекарите секојдневно се бopaт пpoтив KOBИД-19.

За потребите на болницата беа донирани флyкcoмeтpи, а од раководството на Клиничкиот центар истакнаа дека истите ќе бидат од голема корист во секојдневното работење на лекарите.

Во меѓувреме, Новогодишните и Божиќните празници најмногу ги радуваат најмладите. Затоа, “Евротип” и “Голд Слот” се обидоа во овие тешки моменти, барем накратко да ги израдуваат дечињата, кои во моментот се наоѓаат во детското одделение на битолската болница, дарувајќи им Новогодишни пакетчиња.

Празничниот период е време кога сите ние треба да си помогнеме меѓусебе. “Евротип” и “Голд Слот” и понатаму ќе ја продолжат својата мисија и општествена одговорност, да помагаат онаму каде што е најпотребно.

Македонија во 21 век: Таткото градоначалник организира наградна игра, ќерката среќен добитник на шпорет (Видео)

Ќерката на градоначалникот на општина Лозово Аце Велковски од СДСМ е среќната добитничка на шпорет кој е главна премија на наградната игра која ја организира општината.

Оваа наводно неважна вест ги покажува целиот сјај и беда на македонската демократија во моментот.

Таткото политичар организира наградна игра а наградата ја добива неговата ќерка.

Во обид веројатно да обезбеди политички поени за својот татко, ќерката потоа вели дека шпоретот ќе биде дониран за некое семејство на кое му е потребен.

Мицкоски објави историски напис: Во 1903-та Делчев го нарекуваат “македонски лидер“, 117 години подоцна Заев ја губи државата

1903 година Њу Јорк Тајмс по повод смртта на Гоце Делчев објавува “yбиен е македонскиот лидер” – објавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„117 години подоцна заглавени помеѓу приказните за тоа дека бугарите сакале да бидат татковци, братучеди и браќа, Заев ја губи државата. Ако цената е себеодрекување, тогаш одговорот треба да е напуштање на договорот на Заев со источниот сосед и прекин на преговорите“ – се наведува во неговиот Фејсбук статус.

Прилеп има вистински шампиони: Константин и Андреј не знаат за пораз – победија се’ што можеше да се победи (Фото)

Прилеп има вистински млади шампиони.

Константин Костоски и Андреј Маџоски од Велосипедскиот клуб “Сервис Илинден” од Прилеп се апсолутни шампиони во нивните младински конкуренции во друмски велосипедизам за сезоната 2020.

Константин стигна до шампионската титула до 13 години со освоени 75 бодови, а Андреј во конкуренција до 15 години освои исто толку.

И двајцата се победници на сите трки оваа година, а Константин е во победничка серија која трае од септември минатата година.

Овие млади дечки имаат блескава иднина пред себе и од нив можеме да очекуваме само успеси.

Секако огромен придонес во нивниот успех има тренерот на клубот, Драган Димитријоски, кој одлично ги води дечките до посакуваната цел.

Клубот “Сервис Илинден” заврши на првото место и на табелата во екипна конкуренција за велосипедисти до 13 и 15 години, со 197 бодови.

Од наредна сезона и Константин Костоски и Андреј Маџоски одат во повисок ранг на натпреварување.

За одбележување се и освоените бодови на Христијан Трпкоски и Димитар Шукалоски, со чија помош клубот го освои првото место во екипна конкуренција.

(Фото) Cкопje ги одбpa тpojцата величенcтвени: Ова се најдобpите полицaeц, пожapникap и кpвoдapител

Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2020 година.

Најдобриот полицаец во град Скопје за 2020 година е Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“. Во текот на работењето како полициски службеник покажал исклучителна професионалност и одлични резултати поради што го добива и Признанието од Град Скопје .

Јовановски вели дека за него ова е голема чест и привилегија што е избран за најдобар полицаец за 2020 година, и нагласи дека е мотив и во иднина посветено да го одржува јавниот ред и мир, бидејќи полиција е сервис на граѓаните. Тој им се заблагодари на своите колеги за поддршката што ја добива од нив како млад полицаец, што му овозможува успешно да ги извршува секојдневните предизвици и обврски што ги носи неговата професија.

Најдобриот крводарител во град Скопје за 2020 година, Звонко Васев, е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 89 дарувања крв, но и со организирање на голем број акции за дарување крв во општина Центар и градот. Веќе 35 години работи во Црвен Крст на РСМ, Општинска организација Центар. Токму за тоа Градот Скопје му го додели ова престижно признание.

Васев вели дека чувството дека со дарување крв некому сте му помогнале побрзо да закрепне после некоја хируршка интервенција или едноставно сте спасиле нечиј живот е прекрасно и Ви го топли вашето срце. Тој нагласува дека хуманоста е негов приоритет во животот и заради тоа се вработил во Црвениот крст, каде што со другите вработени се посветени на мисијата да им помогнат на луѓето кога имаат потреба од нечија помош.

Најдобриот пожарникар во град Скопје за 2020 година, Никола Мајнов е пожарникар-спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Ова Признание Град Скопје му го доделува за неговата навременост и пожртвуваност при извршувањето на акциите за спасување и гасењето пожари.

Мајнов вели дека признанието за него како млад пожарникар е мотив уште повеќе да се ангажира и уште попосветено да ги извршува работните задачи. Упати голема благодарност до своите колеги за нивната поддршка при различните интервенции и нагласи дека ова признание се однесува и на нив, бидејќи само со тимска работа може да се постигне успех и да се зачува безбедноста на граѓаните.

Ништо од плеј-оф: Прилепчани разочараа на домашен терен и ќе играат за опстанок во лигата

Екипата на РК Прилеп на домашен терен загуби од вториот тим на Еурофарм Пелистер со 16-23, (полувреме 7-9) и ги загуби шансите за пласман во плеј-офот во вториот дел од ракометната Супер лига.

Прилепчани веруваа во подвиг до последниот натпревар, но поразот од Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш во последните три одиграни кола си го направија своето, па сега РК Прилеп ќе игра плеј-аут за опстанок во најелитното ракометно друштво.

Во синоќешниот натпревар во екипата на РК Прилеп се истакнаа Даниел Андоновски и ветеранот Реваз Чантурија со по 5 погодоци, а кај битолчани исто толку постигна Јован Талевски, додека Никола Стоилевски натпреварот го заврши со 6 погодоци.

Прилепчани првиот дел од сезоната го завршуваат со 5 победи, еден нерешен епилог и 6 порази.

Вториот тим на Еурофарм Пелистер пак е последниот учесник кој ќе игра плеј-оф од групата Б во Супер лигата.