дома блог страница 2225

He e воланот, нитy менyвачот: Овoj дел од внатpeшнocта на автомобилот е повалкан од тoaлетот

До сега, според истраувањата, воланот и рачката на менувачот се сметаа дека се највалканите делови од кабината на автомобилот, но работите се менуваат.

Површините што најчесто ги допираме во автомобилот се исто така највалкани, а во последниве години воланот и рачката на менувачот добија сериозна конкуренција. Според студијата спроведена од „Compare the Market“, нов кандидат го достигна врвот на листата на највалкани површини.

Студијата спроведена од британскиот портал за споредба на осигурување на автомобили беше спроведена на десет различни автомобили на кои тие се обидоа да утврдат степен на нечистотија со класични брисеви, но исто така и со методот RLU (Relative Light Units) кој ја споредува количината на аденозин трифосфат (АТП), која е присутна кај сите клетки на растителни, животински и микробиолошки организми. Колку е повалкана површината, толку е поголема количината на АТП и ова резултира во поголемо отчиту

Студијата ги испита површините што најчесто ги допираме, како што се лостот на трепкачот, ременот, рачките на вратите, централниот ретровизор, итн. Според резултатите, највалканата површина е екранот со инфо-забава, со 371% поголемо читање на RLU во споредба со вц-шољата. Рачката на менувачот е на второ место, проследена со рачката на трепкачот, воланот и рачката на сопирачката за паркирање.

(Видео) Мила Цapoвcка доби пecна пocветена на нea

За новите планирани реформи во основното образование, министерката за образовение, Мила Царовска, си доби песна

Автори на песната се членовите на Здружението на музички педагози. Слушнете во продолжение:

УXMP со пpoгноза: Еве какво вpeме не’ очекyва за Hoвогодишната ноќ

Новогодишната ноќ со врнежи од снег ќе биде само на повисоките места. Во пониските предели, според метеоролозите, ќе биде суво, а во западните делови ќе има услови за слаб дожд.

Од УХМР информираат дека за време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места. Минималната температура ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари на некои места ќе се спушти до минус два, а највисоката ќе биде до три степени. Првиот ден од новата година температурата ќе се движи меѓу 8 и 13 степени.

Од денеска во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови со повремен дожд, на повисоките планини од снег.

Температурите ќе бидат над нулата. Минималната денеска ќе се движи од еден од седум, задутре од два до седум, четврток од 3 до осум. Под нулата паѓаат по нова година, односно на 1 јануари ќе биде од минус два до четири, сабота од минус три до четири и во недела од минус еден до шест.

Дневните температури целата недела ќе се движат меѓу пет и 16 степени.

Русија протера бугарски дипломат

Русија ќе протера бугарски дипломат по сличната мерка на власта во Софија кон руски официјален претставник поради шпионска афера, беше објавено денеска во Москва, пренесува Бета.

„Бугарскиот амбасадор Атанас Крастин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи на 28 декември, каде му беше врачена нота дека заменикот воен аташе на бугарската амбасада во Москва е непожелна личност“, соопшти Министерството.

Бугарија протера руски дипломат на почетокот на овој месец по неколку слични случаи, откако против него беа отворени истраги за шпионирање на американските сили стационирани во таа членка на НАТО.

“Комити” излегувaaт на скопските улици… нapoдот e co нив

“Дојдете да не охрабрите како некогаш, за заедно да ја почувствуваме моќта на она што сите генерации заедно го креиравме”.

Во продолжение ви го пренесуваме статусот на навивачката група “Комити Скопје”:

– Генерацијата која го донесе вистинското Ултрас движење во Скопје и Македонија, растејќи покрај оние кои веќе беа и прекалени тифози од бившите простори, и кои беа оние кои го понесоа товарот на големите промени.
Момците кои беа најголеми поборници за Самостојна и Независна Македонија, и во чие време се случи токму тој сон на многу генерации Македонци.

Генерација прави Ултраси која постави многу стандарди и која името Комити го издигна до висини кои е тешко да се достигнат.

Страшна екипа цврсти момци, убаво вкомпонирана, со хиерархија и ред, која ги примора службите да развијат стратегија за разбивање и уништување на групата, поради потенцијалот и можноста истата да биде деструктивна и вон контрола.

Момците кои палеа и жареа по Скопскиот асфалт, ликови кои ги држеа улиците и градот во вистинска смисла на зборот.
Јохан, Бошко, Жути, Џандар, Нешо, Манки, Суки, Капар, Бранче, Коки, Дуги, Протур, Црвен, Бране, Пајо, Роберт, Суха, Боби, ‘Here we go’,…а тука сеуште голем дел од основачите и маестро Гого.

Ве повикуваме браќа наши, ние кои покрај вас го почувствувавме Градски како наш втор дом, Западот како еден култен простор каде владее дружба, војничка дисциплина и кој кога ќе згрми, ечи низ цело Скопје, Вардар како институција која значи многу повеќе од клуб, а вас како вистински лидери покрај кои сме спремни смело да маршираме и во пеколот, самоуверени, без колебање ни двоумење.

Дојдете да не охрабрите како некогаш, за заедно да ја почувствуваме моќта на она што сите генерации заедно го креиравме. Моќта која произлегува од заедништвото и љубовта кон Вардар која надминува се останато, да го победиме еднаш за секогаш она што беше поставено помеѓу нас за да не раздвои.
Тука ли сте? Тука ли се и оние кои во вас ги видоа своите идоли?
#Мобилизација #ВардарТоаСмеНие #ФронтЗаВардар

Мицкоски: За Макпетрол има 33 милиони евра, а за тутунарите нема

– Власта на СДСМ и Зоран Заев го изгласа штетниот и по многу гледишта kpиминален закон за Макпетрол со кој од народната каса директно на контото на оваа компанија ќе се префрлат дури 33 милиони евра, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– И она со што од овој ден па се до крајот на животите ќе треба да живеат е сознанието дека 60 илјади луѓе настрадаа од кopoна, поминаа низ вистински пекол и се бореа за своите животи, затоа што Владата инвестираше 33 милиони евра во Макпетрол, а не во градба на систем со кој ќе го спречеше ширењето на зapaзата.

Треба да живеат со сознанието кое ќе го имаат роднините на оние 2 500 животи кои се загубија поради битката со кopoната, дека можеа да бидат спасени ако државата наместо во Макпетрол, инвестираше во правилна здравствена нега со зголемени капацитети.

Штетниците од власта треба да живеат со сознанието дека наместо 33 милиони евра во Макпетрол, можеа да дадат пари на 55 илјади граѓани, онолку колку што работни места се загубија во времето на kpизата, родители, мајки и татковци кои своите деца ќе ги остават без насмевка и пакетче за оваа нова година. За жал овие деца поради овие 33 милиони евра на Заев ќе останат без право на новогодишна желба.

Треба да живеат со сознанието дека дадоа 33 милиони евра на Макпетрол, а не на тутунарите кои и понатаму мрзнат по улиците барајќи правда и добра цена за својот тутун. За жал нивните деца ќе останат без можност за малку среќа и новогодишно пакетче.

И бидејќи гледам дека раководството на Макпетрол ме споменува, ќе им испратам и ним порака, исто како и на луѓето од власта, никогаш не ми била целта да влијаам или да ја диригирам уредувачката политика на Телма Телевизија како што тврдат во своето соопштение, тоа го оставам на Заев. А ако имаат доказ за овие нивни тврдења јавно ги повикувам да ги објават, во спротивно стануваат телевизија на лажни вести и цензори на вистината.

Сосема на крај, ви ветувам дека една од првите точки кои ќе ги разгледа новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде токму овој штетен договор за кој сигурен сум дека ќе има одговорност.

(Видео) Му се смее цел свет: Спектакуларно забивање на сопствениот кош

Урнебесна сцена на утакмицата меѓу Орландо и Вашингтон.

Во главна улога беше кошаркарот на Вашингтон Визардс, Томас Брајант.

Вашингтон доживеа пораз од екипата на Орландо (120:113), а мечот ќе остане запаметен по комичниот потег на центарот од Визардс.

Брајант на спектакуларен забиваше на сопствениот кош.

(Видео) Се тресеше цело студио – Нов земjoтpec го погоди Загреб

Серијата земјотpecи што ја погодија областа Петриња и Сисак денес добро ја почувствуваа вработените во хрватското радио.

“Професоре, дозволете ми само да ве прекинам. За жал, почувствувавме уште еден, малку потежок и посилен земјотрес и во нашата зграда. Претпоставувам дека овој силен земјотpec беше почувствуван и во остатокот од Загреб, веројатно во пошироката област”, рече домаќинот за време на програмата во живо.

Прилеп во шок: Пратеникот тргна против тутунарите во Собрание?

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески денеска одржа прес конференција, на која потенцираше дека пратениците на СДСМ, меѓу кои и нивниот претставник од Прилеп, Mиле Талески, не прифатија да се разгледува точката за Информацијата за состојбата на тутунот од реколтата 2020-2021 година.

– Денес парламентарното мнозинство предводено од СДСМ не прифати да се разгледува точката за Информацијата за состојбата на тутунот од реколтата 2020-2021 година која што ја поднесе Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес уште еднаш го видовме лицемерието на СДСМ и нивната лажна грижливост за тутунарите.

Денес ја видовме арогантноста на пратениците од СДСМ посебно на оние пратеници кои што доаѓаат од они предели кои се соочуваат со овој голем проблем.

Денес пратениците на СДСМ уште еднаш докажаа дека тие не ги бранат интересите на граѓаните туку единствено ги исполнуваат партиските наредби од страна на Зоран Заев.

Токму СДСМ и Зоран Заев ветуваа и сеуште ветуваат висока, сигурна и загарантирана цена на откуп на тутунот, но повторно по којзнае кој пат, бесрамно лажат и си поигруваат со тутунарите.

Имено, состојбата со откупот на тутунот во моментов е крајно драматична и срамна. Откупот е во хаос, а тутунарите се принудени да го даваат својот тутун за рекордно најниската откупна цена по 2005тата година. Повторувам, откупната цена во моментов буквално е најниската цена за откуп на тутун во последните 15 години. Срамно, жално и безобразно.

Очигледно, овој процес е во безизлезна ситуација, во кој власта на СДСМ освен безброј јалови состаноци и притисок врз тутунарите, не превзема апсолутно ништо со што би се стабилизирал откупот.

Власта не нуди никакви конкретни решенија, туку само привидно и површно покажува дека нешто работи и сака да помогне. Власта само одолговлекува, уценува и се изживува со вредните раце на тутунарите и денешниот ден со одбивањето да рерасправа за информацијата е најдобар доказ за тоа.

Затоа, сакам уште еднаш како пратеник од Прилеп и прилепско да ги информирам тутунарите дека денес, претниците од СДСМ одбија да се разговара за катастрофалната состојба со тутунот, а со тоа им свртеа грб на граѓаните кои што ги бирале да бидат нивни претставници и решија да бидат послушници на Зоран Заев, заврши Ристески.

Peгyлaтopна ги cooпшти цените на гopивата за оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цените на горивата да останат исти како и претходната недела.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 21.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 21.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 21.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,701 ден/кг.