дома блог страница 2224

Новогодишна загатка: Само 10% од луѓето успеале да ја решат

Време е за новогодишна загатка!

Унгарскиот уметник Дудас, кој објави три книги со загатки, создава неверојатни загатки кои содржат сокриени предмети или детали и го предизвикува светот да ги пронајде.

Меѓу Дедомразовците тој сокрил: снешко, ѕвонче, јаболко, џуџе, бабамразица, бела мечка.

Успеавте ли да ги пронајдете? Доколку не, ова е решението:

Но ова не е крајот. Има бонус загатка, во горниот десен агол има сокриено и подарок.

Аплициpajте: MBP обjaви нов оглac за вpaботyвање на 600 полицajци

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник“ бр.42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 120/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016, 21/2018, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/2019 и 275/2019) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на РМ” бр. 114/2006, 6/2009, 145/2012, 41/2014, 33/2015, 31/2016, 106/2016, 120/2016, 21/2018 и 64/2018), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на РМ“ бр.8/2015 и 130/2016) , Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

I.За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

Во Сектор за внатрешни работи Скопје 100 извршите, во Сектор за внатрешни работи Струмица 50 извршители, во Сектор за внатрешни работи Охрид 50 извршители, во Сектор за внатрешни работи Битола 50 извршители, во Сектор за внатрешни работи Тетово 30 извршители, во Сектор за внатрешни работи Велес 30 извршители, во Сектор за внатрешни работи Штип 30 извршители, во Сектор за внатрешни работи Куманово 50 извршители, во Регионален центар за гранични работи Север 50 извршители, во Регионален центар за гранични работи Запад 30 извршители, во Регионален центар за гранични работи Југ 30 извршители, во Регионален центар за гранични работи Исток 20 извршители, во Оддел за заштита на определени личности и објекти 30 извршители, во Единица за брзо распоредување 30 извршители, во Единица за специјални задачи 20 извршители.

1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

-потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)

-висока лична физичка подготвеност.

3.Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:

-извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование; доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

-Сектор за внатрешни работи Скопје: Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба, Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и Полициска станица од општа надлежност-Карпош, Сектор за внатрешни работи Битола; Сектор за внатрешни работи Велес; Сектор за внатрешни работи Куманово; Сектор за внатрешни работи Тетово; Сектор за внатрешни работи Охрид; Сектор за внатрешни работи Струмица, Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4.При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5.Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

-Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

-Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 склекови за 10 секунди, најмалку 16 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 220см, спринт на 20 метри за најмалку 3,35 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 15 секунди и трчање на 1500 метри за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 склекови за 10 секунди, најмалку 12 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 160 см, спринт на 20 метри за најмалку 3,50 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 18 секунди и трчање на 800 метри за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),

-Психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности), Писмено тестирање (општообразовен тест), Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице), Безбедносна проверка и Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6.Министерството за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените лица врз основа на нивна претходна дадена писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7.Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8.При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.“

9.По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец приправник”.

Министерството за внатрешни работи УКАЖУВА дека согласно закон, полицаецот со договорот за вработување се обврзува да остане на работа најмалку пет години на работно место „полицаец” сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука згалемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

ВМРО-ДПМНЕ по 100 дена се враќа со повисок рејтинг кај Македонците, а Албанците со помала доверба кон СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има поголема предност од СДСМ кај Македонците покажуваат резултатите од најновата анкета на ТВ Телма и МЦМС, а спроведена од М-Проспект.

Во анкетата на ТВ Телма и МЦМС, опозициската ВМРО-ДПМНЕ води со 25,4 отсто наспроти 22,5 отсто за СДСМ кај Македонците.

Од друга страна пак од самата анкета може да се забележи и намалената доверба на СДСМ кај граѓаните Албанци.

На прашањето „доколку се одржат парламентарни избори за која партија би глчасале?“, за СДСМ би гласале само 3,7 од испитаниците Албанци.

Имено збирот на процентите на владината коалиција изнесува 29,1 отсто. Или, поединечно СДСМ 18,6, ДУИ 6,7, ДПА 1,4 и Беса 2,4 проценти. Најпроблематични се процентите за ДПА и Беса. Зашто, и двете партии пред последните парламентарни избори имаа рејтинзи на ниво на статистичка грешка, а сега се со покачени и тоа во услови на катастрофални први 100 дена Влада.

Од друга страна пак по истиот принцип, опозицијата, има рејтинг од 29,6 отсто. И тука мора да се има превид дека, на пример, Алијанса и Алтернатива се земени како посебни политички субјекти, исто како и Интегра, за која се најде место на листата како вонпарламентарна партија. Поединечно гледано, ВМРО-ДПМНЕ има 18,1%, Алијанса за Албанците 4,6, Алтернатива 0,5, Левица 6,2 и Интегра 0,2 отсто.

Бројките од најновата анкета го потврдуваат опозиционото расположение кај граѓаните.

Меркел си ја отвори душата: Еве за што сонува германската канцеларка

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за магазинот „ДБ-Мобил“ на компанијата „Железници на Германија“ изјави дека сè уште сонува да вози на Трансибирската железница низ Русија.

„Сè уште сонувам да возам со Транссибирската железница преку Русија или да возам низ Карпестите Планини во Америка, но засега ништо не е планирано“, рече канцеларката.

Меркел одговори и на прашањето кои цели сака да ги постигне во преостанатото време како канцеларка.

Според неа, пандемиjaта „покажа дека треба да вложиме повеќе напори во дигитализацијата“. Таа исто така истакна дека е потребно да се „забрзаат“ големите стратешки проекти како што се производство на батерии во Германија, употреба на водородна енергија, како и „зазеленување“ на економијата.

„Без такви иновации, нема да можеме да ги запреме климатските промени, а притоа да останеме економски успешни“, рече канцеларката.

Одговарајќи на прашањето која одлука и е најтешка како канцелар, Меркел рече дека станува збор за борба против пандемијата, нарекувајќи ја „предизвик за демократијата“.

„Фактот дека федерацијата и сојузните држави ги ограничуваат слободите заштитени со закон е една од најтешките одлуки за време на мојот мандат. Сепак, овие одлуки беа буквално потребни “, заклучи таа.

Претходно, на официјалната страница на Меркел на Фејсбук, во делот „Мојот сон“, беше напишано „Патување преку Трансибирската железница од Москва до Владивосток“.

(Видео) Бранови високи до шест метри – невpeмето направи xaoc во Хрватска

Налетите на уркански ветрови во централното подрачје на Далмација создадоа бранови на отворено море високи до шест метри, додека крај крајбрежната област беа помеѓу два и четири метри.

Метеоролошката станица регистрирала неколку часовени силни ветрови во областа на Сплит, изјавија од агенцијата Хина во хидрометеоролошкиот институт во Сплит.

Морето се излеа на брегот во Каштел Гомилица, каде што водата влезе во куќа, па интервенираа и пожарникарите .

Поради неповолни временски услови, прекинати се неколку траектни линии на Јадранот, објави утрово хрватскиот авто-клуб.

Ова се луѓето што заработиле вртоглави суми од Јутјуб оваа година

И покрај тоа што количината на реклами е намалена од почетокот на Koвид-19 пандемијата, овој општествен сектор брзо заздравува. Со тоа, и корисниците на Јутјуб повторно можат да заработуваат многу пари на нивните видеа.

Следат годинешните најголеми Јутјуб-sвезди, според „Форбс“, за периодот од 1 јуни 2019 година до 1 јуни 2020 година.

10. Џефри Стар- Јутјуб-канал за шминкање – совети и продажба на шминки. Заработка: 15 милиони американски долари. Вкупен број на прегледи (од јуни 2019 до јуни 2020 година): 600 милиони. Претплатници: 16,9 милиони.

9. Дејвид Добрик- Заработка: 15,5 милиони долари. Прегледи: 2,7 милијарди. Претплатници: 18 милиони.

8. Блипи (Стевин Џон)- Јутјуб-канал за деца. Заработка: 17 милиони долари. Прегледи: 8,2 милијарди. Претплатници: 27,4 милиони.

7. Настја (Анастасија Раѕинскаја)- Заработка: 18,5 милиони американски долари. Прегледи: 39 милијарди. Претплатници: 190,6 милиони.

6. Πpecтон Арсмент- Јутјуб-канал за видеоклипови од „Мајнкрафт“ и други видеогри. Заработка: 19 милиони долари. Прегледи: 3,3 милијарди. Претплатници: 33,4 милиони.

5. Марк Фишбакс – Маркплајер- Јутјуб-канал за видеоигри. Заработка: 19,5 милиони долари. Прегледи: 3,1 милијарди. Претплатници: 27,8 милиони.

4. Рет и Линк- Заработка: 20 милиони американски долари. Прегледи: 1,9 милијарди. Претплатници: 41,8 милиони.

3. Дуд Перфект- Заработка: 23 милиони долари. Прегледи: 2,77 милијарди. Претплатници: 57,5 ​​милиони.

2. Мистер ѕвер (Џими Доналдсон)- Заработка: 24 милиони американски долари. Прегледи: 3 милијарди. Претплатници: 47,8 милиони.

1. Рајан Каџи- Јутјуб-канал за практични „направи сам“ совети. Заработка: 29,5 милиони американски долари. Прегледи: 12,2 милијарди. Претплатници: 41,7 милиони.

Анкета “вредна 33 милиони евра” го покажува стравот на Заев од Мицкоски

Новогодишниот подарок од власта до Макпетрол вреден 33 милиони ги даде првите резултати во вид на нарачана анкета. На неа се разбира дека води Зоран Заев и СДСМ, пишува порталот Република.

Резултатите не би можеле да бидат поинакви ако се знае упорноста на власта да го истера законот со кој државата и подари пари на приватна компанија која сосема „случајно“ поседува телевизија која не може да се нарече ни провладина туку чисто владина.

За што всушност се работи

33 милиони вредната анкета на Телма го открива стравот на Зоран Заев од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој е најголема закана за власта.

Доколку не е така, на Заев совршено би му одговарало Мицкоски да има низок рејтинг. Но, и Заев знае дека поддшката за Мицкоски кај народот е голема па затоа мора да нарачува анекети на кои ќе се прикажува дека неговиот рејтинг расте а на лидерот на опозицијата опаѓа.

Но, дури и во една нарачана анекета Телма не може да скрие дека СДСМ нема доверба кај гласачите па рејтингот во однос на ВМРО-ДПМНЕ бил поголем за само 0.5 проценти.

Извор: Република.мк

(Видео) Hoвата пecна на Aндpиjaна Jaневcка е виcтинcко peмек дело, a e пocветена на нejзината мajка

Андријана Јаневска повторно ги стопли срцата со нејзината нова емотивна песна “ЛЕТАЈ”, посветена на нејзината мајка.

Андријана се одлучи песната да ја промовира на роденденот на нејзината мајка кој што беше неодамна.

“Песната ЛЕТАЈ е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот. Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста”, напиша Јаневска на Фејсбук.

Пpocинечки: He cyм paзговapaл со никoj од македонcката фyдбaлcка peпpeзентација

Роберт Просинечки демантираше дека е во игра за селекторското место во А тимот на Македонија, откако српски Курир најави дека има договор со ФФМ.

Ваквите натписи ги демантираше и ФФМ, а Просинечки за Јутарњи.хр објасни дека нема никаков контакт и договор за превземање на селекторската позиција на нашата најсилна фудбалска репрезентација.

-Вие сте први кои ми го кажувате ова. Не сум ги читал порталите. Навистина не знам ништо за тоа, ви кажувам, прв пат слушам за такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од македонската фудбалска федерација. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема, изјави Просинечки.

He e воланот, нитy менyвачот: Овoj дел од внатpeшнocта на автомобилот е повалкан од тoaлетот

До сега, според истраувањата, воланот и рачката на менувачот се сметаа дека се највалканите делови од кабината на автомобилот, но работите се менуваат.

Површините што најчесто ги допираме во автомобилот се исто така највалкани, а во последниве години воланот и рачката на менувачот добија сериозна конкуренција. Според студијата спроведена од „Compare the Market“, нов кандидат го достигна врвот на листата на највалкани површини.

Студијата спроведена од британскиот портал за споредба на осигурување на автомобили беше спроведена на десет различни автомобили на кои тие се обидоа да утврдат степен на нечистотија со класични брисеви, но исто така и со методот RLU (Relative Light Units) кој ја споредува количината на аденозин трифосфат (АТП), која е присутна кај сите клетки на растителни, животински и микробиолошки организми. Колку е повалкана површината, толку е поголема количината на АТП и ова резултира во поголемо отчиту

Студијата ги испита површините што најчесто ги допираме, како што се лостот на трепкачот, ременот, рачките на вратите, централниот ретровизор, итн. Според резултатите, највалканата површина е екранот со инфо-забава, со 371% поголемо читање на RLU во споредба со вц-шољата. Рачката на менувачот е на второ место, проследена со рачката на трепкачот, воланот и рачката на сопирачката за паркирање.