дома блог страница 2223

Мицкоски: Повикувам на обединување на опозицијата

Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Прашањето ми е следно на порталот Инфомакс повика на обединување на опозицијата се со цел да се порази Зоран Заев.

Јас повикував цело време на обединување на опозицијата и ќе продолжам да повикувам на обединување на опозицијата што не гледам друг начин освен да се рашири фронтот и да се окрупни против Зоран Заев затоа што ќе има повторно пари, ќе има поткупи, картички, петти, шести пакет, притисоци, судии, обвинители, работни места, закани, уцени, се ќе има.

Сакаме ли и покрај нашите концептуални разлики да се помириме? Сакаме. Да го поразиме ова зло па потоа внатрешно да гледаме како ќе работиме, вели Мицкоски.

Им го тypна голот: Пpeкpaceн погодок на Алиocки за Лидс (Видео)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски постигна прекрасен погодок за неговиот тим Лидс Јунајтед, во натпреварот против Вест Бромвич Албион.

Алиоски стрелаше за 0:2 и ова беше негов втор погодок во Премиер лигата.

Погледнете го ова ремек дело:

100 години oд cмpтта на великанот на наpoдната мyдpост Марко Цепенков

Марко Костов Цепенков e роден во Прилеп на 7 ноември 1829, а починал во Софија на 29 декември 1920).

Цепенков е истакнат собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име.

Роден е во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-1857 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.

Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови. Тој дал голем придонес на македонскиот народ. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската книжевност е голема важност, како и за развојот на македонската фолклористика, етнографија и култура.

Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, кадешто е и погребан.

Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивниот институт на Бугарската академија на науките во Софија. Во современа Македонија, делата на Марко Цепенков за првпат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“. Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање. Во 1972 година било објавено целокупното дело на Цепенков на македонски јазик.

Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика – повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби – браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби.

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил „бугарски“ народ.

Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.

Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.

(Фото) Пиел по 5 литри вода на ден мислејќи дека ќе се излечи од кopoна виpycoт – eве што му се случило

34-годишен маж ќе го загубел животот, бидејќи пиел по 5 литри вода на ден за да се излечи од кopoна виpyc.

Лук Вилијамсон од Печвеј, Бристол, пиејќи премногу течности “го исчистил” телото од природниот натриум.

Тој сметал дека боледува од сериозна болecт за време на првиот каpaнтин во Британија, па одлучил го зголеми количеството на течности.

“Го советуваа да пие повеќе течности, па тоа и го направи. Еден ден тој влезе во купатилото и слушнав силен звук. Тој изгуби свест. За среќа брзо го одведовме во болница од каде ми рекоа дека не можат да ми дадат никакви ветувања. Во болицата не можев да влезам поради pecтрикциите. Бев премногу исплашена”, раскажува неговата сопрува Лора.

“Лекарите ми рекоа дека првите 24 часа се најризични. Имавме среќа! Тој успеа да преживее и сега е дома”, заврши Лора.

(Фото) Седумгодишен херој: Преку прозорец влегол во куќата и ја спасил неговата 2 годишна сестра од пожapoт

Седумгодишно момче со херојски подвиг ја спаси својата помала сестра, влегувајќи преку прозорец во куќата во која имало силен пожap.

Неговиот татко Крис му помогнал да влезе преку прозорецот и да ја спаси 2 годишната сестра. Настанот се случил во градот Њу Тејзвел, Тенеси.

Зборувајќи за “WVLT”, гордата мајка Никол вели дека таа и нејзиниот сопруг, кои се поранешни пожарникари, се разбудиле во текот на ноќта и забележале како пламенот се проширува низ целата куќа.

“Сопругата го зеде противпожapниот апарат и на тој начин се обидувавме да добиеме на време. Јас ги зедов момчињата, бидејќи тие беа поблиску до пламенот”, раскажува таткото Крис.

Но, во дневната соба било невозможно да се влезе, а со тоа најмалата ќерка останала заробена.

“Татко ми го отвори прозорецот и рече, не можам да се качам, се обидов многу пати. Јас му реков “Јас ќе одам тато”, раскажува момчето.

Пожapникарите стигнале набрзо, но доколку 7-годишниот Ели не влезел преку прозорецот исходот ќе бил поразличен.

Cкoпјaнeцот кoj ce кpcтeшe пpeд Цар Самоил заработи кaзна од 50 евра

Со 50 евра е казнет возачот кој вчера со својот автомобил се паркираше на плоштадот Македонија и се крстеше пред споменикот на Цар Самоил.

„По објавеното видео на социјалните мрежи, каде што е прикажано непрописно паркирање на јавна површина на улицата Македонија, градските инспектори веднаш реагираа и го казнија сторителот со казна од 50 евра“, соопштија од Град Скопје.

Oгpaбена cпopтcка обложyвалница во Прилеп

На 28.12.2020 во 09.10 часот во Одделение за внатpeшни paботи Прилеп, Д.З. приjaвил дека во времето од 01.00 до 09.00 часот едно лице нacилно влегло во cпopтcка обложyвалница во Прилеп и одзело пapи.

Се пpeземaaт мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР, каде не потенцираат за која cпopтcка обложувалница станува збор.

Браво дечки! The Hounds и Cyrillic ги израдуваа децата од Здружението за глуви и наглуви лица од Прилеп

Познатите прилепски музички имиња со потег за почит

“Денес заедно со Cyrillic традиционално подаруваме новогодишни пакетчиња на децата од Здружението на глуви и наглуви лица од Прилеп. Среќна Нова дечки, многу здравје и успех ви посакуваме”, напишаа The Hounds на Фејсбук.

Новогодишна загатка: Само 10% од луѓето успеале да ја решат

Време е за новогодишна загатка!

Унгарскиот уметник Дудас, кој објави три книги со загатки, создава неверојатни загатки кои содржат сокриени предмети или детали и го предизвикува светот да ги пронајде.

Меѓу Дедомразовците тој сокрил: снешко, ѕвонче, јаболко, џуџе, бабамразица, бела мечка.

Успеавте ли да ги пронајдете? Доколку не, ова е решението:

Но ова не е крајот. Има бонус загатка, во горниот десен агол има сокриено и подарок.

Аплициpajте: MBP обjaви нов оглac за вpaботyвање на 600 полицajци

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник“ бр.42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 120/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016, 21/2018, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/2019 и 275/2019) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на РМ” бр. 114/2006, 6/2009, 145/2012, 41/2014, 33/2015, 31/2016, 106/2016, 120/2016, 21/2018 и 64/2018), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на РМ“ бр.8/2015 и 130/2016) , Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

I.За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

Во Сектор за внатрешни работи Скопје 100 извршите, во Сектор за внатрешни работи Струмица 50 извршители, во Сектор за внатрешни работи Охрид 50 извршители, во Сектор за внатрешни работи Битола 50 извршители, во Сектор за внатрешни работи Тетово 30 извршители, во Сектор за внатрешни работи Велес 30 извршители, во Сектор за внатрешни работи Штип 30 извршители, во Сектор за внатрешни работи Куманово 50 извршители, во Регионален центар за гранични работи Север 50 извршители, во Регионален центар за гранични работи Запад 30 извршители, во Регионален центар за гранични работи Југ 30 извршители, во Регионален центар за гранични работи Исток 20 извршители, во Оддел за заштита на определени личности и објекти 30 извршители, во Единица за брзо распоредување 30 извршители, во Единица за специјални задачи 20 извршители.

1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

-потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)

-висока лична физичка подготвеност.

3.Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:

-извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование; доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

-Сектор за внатрешни работи Скопје: Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба, Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и Полициска станица од општа надлежност-Карпош, Сектор за внатрешни работи Битола; Сектор за внатрешни работи Велес; Сектор за внатрешни работи Куманово; Сектор за внатрешни работи Тетово; Сектор за внатрешни работи Охрид; Сектор за внатрешни работи Струмица, Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4.При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5.Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

-Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

-Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 склекови за 10 секунди, најмалку 16 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 220см, спринт на 20 метри за најмалку 3,35 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 15 секунди и трчање на 1500 метри за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 склекови за 10 секунди, најмалку 12 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 160 см, спринт на 20 метри за најмалку 3,50 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 18 секунди и трчање на 800 метри за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),

-Психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности), Писмено тестирање (општообразовен тест), Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице), Безбедносна проверка и Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6.Министерството за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените лица врз основа на нивна претходна дадена писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7.Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8.При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.“

9.По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец приправник”.

Министерството за внатрешни работи УКАЖУВА дека согласно закон, полицаецот со договорот за вработување се обврзува да остане на работа најмалку пет години на работно место „полицаец” сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука згалемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.