дома блог страница 2222

(Видео) Мизрахи до Заев: Дедо ми е тeпaн со палки по табаните- дали уште стоите на ставот дека тоа било администрација?

На денешната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи ги посочи со фотографии од собраниската говорница, членовите на нејзиното семејство кои се однесени во логopoт Треблинка во 1943 година и не се вратиле од таму, освен нејзиниот дедо, па го праша Зоран Заев дали сеуште стои на ставот дека тепањето на најзиниот дедо по табаните со палка било администрација.

-Господине Заев дали знаете кој е овој, тој е Страшо Пинџур чие тело било однесено во непозната локација, а началникот го опишал неговото мачење, па бил тепан до cmpт, господине Заев ова е Мирче Ацев прогласен за државен непријател на бугарската фашистичка okyпаторска власт во Македонија кој имал дури 27 година само исто како Страшо Пинџур, за него велат дека одбил да даде било какви податоци па бил тепан по табаните, знаете оние тeпањa со палки по табаните „сичко знам, сичко ќе приказвам“ и дедо ми е тeпaн со нив дека немало бугарски фашистички окупатор, истакна Мизрахи.

Мизрахи му посочи на Заев за Мучето како граѓанин на Струмица кој бил убиен на струмичките улици од kypшум на бугарски полицаец, нешто кое било напишано на споменикот за кој сега тој наредил со електрична брусилка да се избрише зборот бугарски од споменикот, за кое Заев признал јавно.

-Дали господине Заев сеуште стоите на ставот дека Бугарија во времето на Втората светска вojна била администратор на Македонија, а не фашистички okyпатop оти мојата фамилија не е отепана со пенкало, дали уште стоите на ставот дека бугарските вojски ги ослободувале Крива Паланка, Куманово и Скопје, свесни ли сте дека со изјавата за БГНЕС дека Петрич и Струмица зборат на ист јазик дали е бугарски или македонски сте на иста линија со негаторските политики на нашиот источен сосед со кои се негира постоењето на македонскиот јазик и негово сведување на нормата на бугарскиот јазик, па по тоа дали зборувате на македонски или на бугарски јазик и ако говорите на македонски јазик, тогаш дали петричкиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик ? – праша пратеничката Рашела Мизрахи од собраниската говорница.

Верувања кои помагаат да привлечете повеќе пapи во Новата година

Фенг шуи ве советува како годината да ви биде побогата. Црвената боја ќе биде таа која треба да ви донесе среќа и просперитетна година.

Црвен паричник

Новиот паричник симболизира дека сте подготвени да примите ново богатство во Новата година (како материјално така и духовно), а црвената боја ќе ви помогне да привлечете добри вибрации.

Црвена облека

Фенг шуи советите гласат дека на новогодишната вечер треба да носите црвено. Тоа не значи дека облеката мора да е црвена, туку барем еден детаљ на вас.

Црвени обувки

Обувките се поврзани со одењето кон подобри ситуации, затоа со ваквиот модел бидете сигурни дека ќе зачекорите кон подобро утре.

Златен накит

Носете барем некој дискретен златен накит, тој привлекува пари, затоа во новата година не заборавајте на и овој златен детаљ.

Нов часовник

Часовникот симболизира дека се движите напред, затоа со купувањето на нов часовник ќе привлечете и нова позитивна енергија. Макар тоа да биде и најобичниот и најевтиниот.

Голема чанта

Чантата симболизира дека очекувате добри нешта, затоа е потребна голема чанта во која би ги сместиле сите благодети на овој свет.

За сите љубители на добрата чашка црно вино за Новогодишната ноќ: Еве како да избегнете главоболки следното утро

Кога ќе ги прашате лекарите како да ви помине главоболката од пиењето вино, тие ќе ве советуваат дека најдобро е да престанете да пиете. Но постои уште една причина поради која се појавуваат главоболки , а таа не е поврзан а со претерување.

Научниците за главни кривци за главоболките ги сметаат танините, хистамините и шеќерите.

Танините се антиоксиданси кои се наоѓаат во грозјето и поради нив ни се суши устата на утро.

Уште еден фактор е шеќерот, а кога тој се меша со алкохол, потребна е голема количина вода за да го разгради. И доколку не сте хидрирани, можете слободно да очекувате главоболка.

Најдобар совет е да пиете полека и за време на вечерта на секоја чаша вино потребно е да испиете по една чаша вода.

Изненадyвање какво што не очекyваше: ФФМ на нajдобap можен начин мy ce оддолжи на новинapoт Toни Стojaновcки (Видео)

Спортскиот новинар Тони Стојановски, кој ја освои нацијата после натпреварот Грузија-Македонија, доби прекрасно изненадување од ФФМ.

Неговите моќни зборови после најважниот натпревар, кој на Македонија и’ донесе пласман на Европското првенство, се најдоа на еден од ѕидовите во куќата на фудбалот.

Тони не го криеше задоволството и истакна дека е пријатно изненаден.

Погледнете:

Вицепремиер открива како изгледа кога Путин критикува

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна ја критикуваше руската влада затоа што сметаше дека цените на некои прехранбени производи скокнаа неоправдано. Вицепремиерот Марат Хуснолин опиша како изгледа кога Путин критикува.

„Тој (Путин) може да го каже она што го има тивко, спокојно, но многу остро. После тоа, сон не може да те фати. За среќа, тоа не се случува често “, напиша тој на Инстаграм.

Тој додава дека одвреме-навреме контактира со претседателот, известува за седниците и понекогаш му се јавува на телефон за некои важни прашања.

„Тој секогаш одговара и му благодарам за тоа“, рече Хуснулин.

Cpце како планина: Пожapникap од Штип добpoволно замина за Xpватcка за да помогне по cepиjaта земjoтpecи

По серијата земјотреси во Хрватска, во кои особено настрада град Петриња, пожарникарот од Штип, Александар Ѓорѓиевски објави на социјалните мрежи дека доброволно заминува за Хрватска да им се стави на располагање на своите хрватски колеги.

-Пошто никој не се јави за Хрватска си тргам сам до граница ме носи Столе Штерјов, таксист од Штип, а 5 часот со автобус на Хисар тргнувам таму каде што сум потребен со чисто срце и Македонски манири. Газдата на Хисар, господ здравје да му даде, картата до Хрватска кога слушна за што ја вадам ми овозможи бесплатен превоз БЛАГОДАРНОСТ хумани луѓе! Бензинската Дади Компани исто се погрижи за таксистот и ми среди бесплатен превоз до граница БЛАГОДАРНОСТ хумани луѓе среќен сум ве има! – напиша Ѓорѓиевски на социјалната мрежа „Фесјбук“.

Ѓорѓиевски претходно упати апел до Општина Штип и градоначалникот Николов, како и неговите колеги и други сограѓани да се стават на располагање на пожарникарите од Хрватска.

-Да не заборавиме како Македонци во 1963 година по земјотресот во Скопје цел свет се обедини и ни пружи помош ајде и ние да бидеме хумани да се упатиме кон Хрватска и да помагаме на луѓето кој сега се борат со тие рушевини и рамо до рамо да им помогнеме да ги пребродат овие тешки мигови. Јас сум спремен да тргнам уште вечерва ако има заинтересирани кој имаат возила со зелен картон тргнуваме одма доволно е Општина Штип да ни обезбеди возило да стасаме до таму, храна и смештај ќе се потрудам сам да обезбедам – апелираше Ѓорѓиевски.

Cpeќна Hoва година од длабочините на Oxpидcкото Езepo (Видео)

Нуркачкиот центар Амфора и Клубот за подводни дејности Охрид веќе 18 години традиционално на уникатен начин ги пречекуваат Hовата година и Божиќните празници со китење елка под вода.

Во услови на пандемија, за да нема групирање на повеќе нуркачи на едно место, беа формирани помали групи од 3-4 членови, кои нуркаа на три различни локации на Охридското Езеро: кај Заливот на коските, Трпејца и Свети Наум во изворите на Дрим.

-Им ја честитаме Новата Година 2021 на сите граѓани на Република Македонија, а како и секоја година па така и оваа, овој ден го посветуваме на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите – истакнуваат Јован Секулоски – претседател на НЦ Амфора и Горан Балевски, претседател на КПД Охрид.

Мицкоски: Повикувам на обединување на опозицијата

Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Прашањето ми е следно на порталот Инфомакс повика на обединување на опозицијата се со цел да се порази Зоран Заев.

Јас повикував цело време на обединување на опозицијата и ќе продолжам да повикувам на обединување на опозицијата што не гледам друг начин освен да се рашири фронтот и да се окрупни против Зоран Заев затоа што ќе има повторно пари, ќе има поткупи, картички, петти, шести пакет, притисоци, судии, обвинители, работни места, закани, уцени, се ќе има.

Сакаме ли и покрај нашите концептуални разлики да се помириме? Сакаме. Да го поразиме ова зло па потоа внатрешно да гледаме како ќе работиме, вели Мицкоски.

Им го тypна голот: Пpeкpaceн погодок на Алиocки за Лидс (Видео)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски постигна прекрасен погодок за неговиот тим Лидс Јунајтед, во натпреварот против Вест Бромвич Албион.

Алиоски стрелаше за 0:2 и ова беше негов втор погодок во Премиер лигата.

Погледнете го ова ремек дело:

100 години oд cмpтта на великанот на наpoдната мyдpост Марко Цепенков

Марко Костов Цепенков e роден во Прилеп на 7 ноември 1829, а починал во Софија на 29 декември 1920).

Цепенков е истакнат собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име.

Роден е во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-1857 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.

Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови. Тој дал голем придонес на македонскиот народ. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската книжевност е голема важност, како и за развојот на македонската фолклористика, етнографија и култура.

Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, кадешто е и погребан.

Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивниот институт на Бугарската академија на науките во Софија. Во современа Македонија, делата на Марко Цепенков за првпат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“. Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање. Во 1972 година било објавено целокупното дело на Цепенков на македонски јазик.

Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика – повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби – браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби.

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил „бугарски“ народ.

Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.

Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.