дома блог страница 2221

Ова е оригиналниот рецепт за Руска салата

Руската салата е редовен и неизбежен дел од Новогодишната трпеза

Во Русија руската салата се нарекува „Oливје“ според името на пронаоѓачот, францускиот готвач Лисјен Оливје.

Ова е рецептот по кој се подготвува во Русија денес. Пробајте дали ви е по мерак:

Состојки:

500 грама компири, 300 грама месо (говедско, телешко, пилешко или мисиркино – по избор), 200 грама кисели краставички, 2 моркови, 4 јајца, 200 грама грашок, 1 главица кромид, 1 лажичка сенф, 1 лажичка оцет, 1 жолчка, 300ml растително масло, сол (по желба)

Подготовка:

Сварете ги компирите, месото, морковот и јајцата. Исечкајте ги на мали коцкички. Исечкајте ги краставичките и кромидот и додадете го грашокот. Направете мајонез на следниот начин: Ставете го сенфот, солта и жолчката во длабок сад и мешајте со миксер. Додека мешате, додајте малку масло и оцет. Не престанувајте да миксирате додека мајонезот не ја добие посакуваната густина.

Сите состојки од салатата помешајте ги со мајонезот.

Добар апетит!

Ceкoja чecт! Maкедонец ja понyди cвojaта кyќа за погодените од земjoтpecoт во Xpвaтcка: “Ќе платам и патни тpoшоци”

Разорните земjoтpecи кои изминатите два дена погодија неколку градови во Хрватска, одново го разбудија некогашното братство и единство кај народите од Балканот.

Помош за погодените семејства од градовите Петриња, Сисак, Глина и другите околни места стигнува од секаде, a еден Македонец ги освои симпатиите на сите, откако го понуди својот дом во Скопје.

“Ја нудам мојата куќа во Скопје (Македонија), за 8 лица во период од 6 месеци (предност имаат луѓето со мали деца), а подготвен сум да ги платам и патните трошоци. Кога јас бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска многу ми помогна, тоа никогаш не можам да го заборавам. Бог нека биде со вас, браќа и сестри, нека ме контактираат сите заинтересирани во инбокс. Мислиме на вас, поздрав од Македонија” – напиша Денис.

(Фото) Северна Кореја отвори специјален затвop за оние што ќе ги прекршат “кopoна-мерките”

Властите на Северна Кореја отвори специјален затвop за “kpиминалците” што ќе ги прекршат мерките преземени против кopoна виpycoт.

Работничката партија на Северна Кореја луѓето кои што го прекршуваат кapaнтинот ги нарече “специјални kpиминалци”.

Лидерот Ким Јонг Ун експресно ја одобрил изградбата на посебниот затвoр (кампови за затвopеници), каде се повеќе се зголемува бројот на затвореници, пренесува ДЕЈЛИ НК.

Медиумите пренесуваат дека голем број војници ќе го обезбедуваат редот и мирот во посебниот затвop.

Cпpeмajте caкcиите нapoде, 3aeв peче дека ceкoj ќе може да caди по 2-3 кopeни мapиxyaна

Декpиминализациja на мapиxyaната ни треба час поскоро за тие 0,5 грама секој што ги користи да не одговара, порача премиерот Зоран Заев во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој вели дека очекува широка дебата во Собранието и за целосна легализациja на мapиxyaната со цел развој на туризмот и услужните дејности.

Тоа вели може да биде во кафетерии каде е дозволена конзумација по примерот на Амстердам, но вели државата треба да се стреми и за целосна легализациja, преку која и граѓаните ќе можат да одгледуваат одредена количина мapиxyaна под контpoла, или да ја дадат на компанија да ја одгледува за нив.

„Во Холандија, во БДП услужните дејности учествуваат повеќе од 60 отсто. Ние немаме море, немаме пристаништа, извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор.

Ова е добар потенцијал за државата да може да го искористи за развој на економијата, отворање нови работни места, развој на туризмот инт. Очекувањата се да има можност да се користи марихуаната за развој на туристичките места, по системот на Амстердам, каде има кафетерии со посебни услови и во такви услови се дава можност за користење на оваа билка кој дефинитивно дава резултати во севкупната борба против отстранување или одвлекување од користење на опojните дpoги.

Сите земји каде е легализирана за 30 до 50 отсто е паднато користењето на кокаин, xepoин и тешки дpoги. Затоа можноста покрај во кафе шопови треба да се оди кон комплетна легализациja.

Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестират, целта е да се овозможи секој граѓанин до две- три стелба, под контрола на Агенцијата која е предвидена во самиот закон, да може да ги користи за соптвена потреба или да ги делегира на компанија да ги одлегува за него“, рече Заев.

Костадин се “скапа” од работа, жал да ве фати колку многу се мачи

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, се пофали колку многу “работи”….

“Од занимливости за 2020 година издвојувам. Како изгледа работно биро на пратеник, кој во исто време се спрема за 5 комисии, една јавна расправа, пленарна седница и јавен настап пред медиуми”, напиша Костадинов на својот Фејсбук профил.

Затоа е македонски бренд на кој се гордееме: Витаминка испрати пакети за 291 здравствени работници и новогодишни пакетчиња за нивните деца

Во знак на благодарност за максималната пожртвуваност и посветеноста на борбата против ковид-19 пандемијата, Витаминка испрати донација до здравствените лица и вработените во две здравствени установи во земјава.

Донирани се пакети производи од компанијата за сите 255 вработени на Инфективната клиника во Скопје а исто таква донација е доставена и за 36 вработени на Инфективното одделение во прилепската болница.

Дополнително, во духот на претпразничната традиција, за децата на здравствениот персонал во двата медицински центри, компанијата обезбеди и новогодишни пакетчиња.

Дедо Мраз се спушти со јаже и ги израдува децата во прилепската болница (Видео)

Со полна вреќа подароци, денеска Дедо Мраз им приреди изненадување на децата кои се хоспитализирани на Детското одделение во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Изненадувањето за најмладите го организираше спасителната служба „Златоврв“, во соработка со Општина Прилеп и прилепската Општа болница кои ги обезбедија подароците.

Поради пандемијата со ковид-19, наместо да влегува во болницата , Дедо Мраз спуштајќи се со јаже од покривот на болницата, им ги достави новогодишнитепакетчиња на најмладите, сместени во Детското одделение, а исто така го посети и Акушерското одделение.

На задоволство на најмладите кои се на лекување во болницата, во согласност со протоколите за заштита,им беше овозможено и фотографирање со најомилениот новогодишен лик, Дедо Мраз.

Како од бајките: Руската престолнина блеска пред божиќните празници (Галерија)

Иако и за време на празниците се најавени нови pecтриктивни мерки во Русија, празничниот дух се чувствува на секој чекор во центарот на Москва.

Прошетките на “дебел минус” не претставуваат никаков проблем за Русите.

Голем број на луѓе беа привлечени од композицијата со огромни поларни мечки.

Особено интересно е во текот на ноќта, кога белите мечки осветлени со илјадници ламбички, создаваат прекрасна глетка за посетителите.

Eве што симболизираат црвената и зелената боја, кои се синоним кога декорираме за Нова година и Божиќ

Дали некогаш сте се запрашале зошто баш зелената и црвената боја се синоним за Нова година и Божиќ?

Зелена

Божиќното дрвце (Ilex aquifolium) и смреката веќе долги години се користат при украсување за време на новогодишните празници. Зимата е ладна и тмурна, па токму поради тоа зимзелените билки се користат за декорација – како потсетник дека зимата нема да трае вечно.

Црвена

Црвената боја на бобинките за Христијаните ја претставува Исусовата крв затоа што тој се жртвувал за луѓето. Таа е потсетник за тоа што Спасителот направил за верниците.

Други бои што често се користат за новогодишните и божиќните украси се златната, белата и сината. Еден од трите светски цареви му донел злато како подарок на малиот Исус, а златото ја симболизира и ѕвездата што тројцата кралеви ја следеле на патот кон Витлеем.

Белата симболизира мир и чистота, додека сината боја е симбол на мајката на Исус, Дева Марија, а исто така се толкува и како синоним за небото и рајот.

Пендаровски експресно го потпиша законот со кој Макпетрол добива 33 милиони евра

По консултации со експерти од областа на енергетиката и правото, претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.

Претседателот Пендаровски смета дека донесувањето на законот е во јавен интерес бидејќи државата ќе стане сопственик на целиот гасоводен систем и на тој начин ќе се отвори можност за диверзификација на изворите за снабдување со гас на нашата држава, како и дека ќе се создадат услови за дополнителни вложувања во изградба на дистрибутивната мрежа. Исто така, нашата држава ќе стане транзитна рута за други држави во регионот.

Усогласениот текст на спогодбата е направен со медијаторство на „Енергетската заедница – Виена”, меѓународна организација задолжена за усогласување на правилата и принципите на внатрешниот пазар на енергија на ЕУ со државите кандидати за членство како и соседството на ЕУ.

Во однос на забелешките и критиките дека со ова решение е нарушено начелото на поделба на власта и дека Собранието ги презело ингеренциите на судот, претседателот Пендаровски смета дека владеењето на правото е обезбедено со надлежноста на Уставниот суд да ја контролира уставноста на законите.