Денес во 9.16 часот во централна Хрватска повторно се почувствува силен потpec.
Магнитудата беше 3.5, на 26 километри јужно од Загреб, недалеку од Глина. Риболовец успеал да сними како земјотpecот изгледал сред езеро.
Paзopните земjoтpecи кои ја погодиja Xpватска во изминатите денови, го разбудија некогашното братство и единство кај балканските народи.
Помош за погодените семејства пристигнува од секаде, секако и од Македонија, но и од нашинците кои живеат во Хрватска.
Дека Македонците се со големо cpце насекаде во светот, зборува и гестот на Кире Ристовски, нашинец кој е сопственик на ресторанот “Македонска барака” во Загреб.
Неговиот ресторан испрати 100 порции со храна за погодените семејства, но и за луѓето кои помагаат да се расчисти xaocoт после земjoтpecите.
Секоја чест!
Во процесот на образование, најважно е децата да ги имаат најдобрите можни услови.
Токму затоа, спортските обложувалници “Евротип” и “Голд Слот” клубовите се одлучија на потфат во основното училиште „Даме Груев“, каде е извршена целосна реконструкција на тоалетите.
Имајќи ја предвид и годината во која се соочивме со голема пандемија, сепак и двете компании со ентузијазам ја продолжуваат со својата општествено одговорна мисија, создавање на што подобри услови за сите.
Препозната беше потребата за реакција во ова основно училиште, каде тоалетите беа во доста лоша состојба претходно, а сега пред крајот на оваа календарска година, целосно се санирани машките и женските тоалети.
Покрај тоа, не беше заборавена ниту предновогодишната еуфорија на најмладите, па “Евротип” и “Голд Слот” им доделија и новогодишни пакетчиња на учениците во ова основно училиште.
“Евротип” и “Голд Слот” и понатаму ќе продолжат со помагање на оние на кои помошта им е најпотребна, а на децата од основното училиште „Даме Груев“ им посакаа многу успеси во училишните клупи.
Eве како изгледаа тоалетите претходно:
Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека 2021 година носи голема надеж и им се заблагодарува на граѓаните за „историскиот напор“ во борбата против епидемиjaта, пренесува Дојче веле (ДВ).
“Овие денови и недели – и нема што да се разубавува – се тешки времиња за нашата земја. И така, тие ќе останат уште долго време”, рече канцеларката Ангела Меркел во своето веројатно последно новогодишно обраќање до граѓаните, кое синоќа се емитува на јавниот сервис.
„Да ви кажам нешто лично на крај: ќе има парламентарни избори за девет месеци и нема да се кандидирам повторно“, рече 66-годишната Меркел. Денес е последен пат кога ви се обраќам на новогодишната ноќ “.
Таа додаде: „Не мислам дека претерувам кога велам: никогаш во последните 15 години Старата година не ни беше толку тешка и никогаш, и покрај сите грижи и одреден скептицизам, не ја очекувавме новата со толку многу надеж“.
Пофалбите на Меркел, образована физичарка, водена од научни совети за управување со пандемијата за сузбивање на првиот бран, се претворија во критика за она што беше сфатено како неможност за сузбивање на вториот бран.
Изборите ќе се одржат во најголемата европска економија во септември, а Меркел, чии конзервативци се очекува да освојат најмногу места во парламентот, најверојатно ќе му ја предаде диригентската палка на еден од тројцата кои се борат да го заземат врвот во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ).
„Можам само да замислам колку огорчени се чувствуваат оние што жалат за своите најблиски кои ги изгубија поради короната или кои треба да се борат со последиците од болеста, додека во исто време некои безнадежни лица го расправаат и негираат вирусот“, рече Меркел.
„Теориите на заговор не се само лажни и опасни, туку и цинични и сурови“, додаде таа. „Исто така, ќе се вакцинирам кога ќе дојде моето време.
Четвртиот и последен мандат на Ангела Меркел е обележан со незадоволство во Конзервативната партија по загубата на регионалните избори, што многумина ги поврзаа со нејзината одлука да прими повеќе од милион баратели на азил во 2015 година.
Падот на регионалните анкети во 2018 година, во кои конзервативците изгубија гласачи кои застанаа на страната на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) и Зелените, ја натера да не се кандидира за петти мандат.
Доколку формирањето на коалицијата се одложи по декември, Меркел ќе остане вршител на должноста канцелар до 2022 година, додека новата влада не стапи на должност.
Форумот на жени при ОО СДСМ Прилеп вчера објави “балетски перформанс” на така наречениот Jerusalema Challenge.
Откако видеото предизвика бурни негативни реакции од низ целата држава, истото беше избришано од официјалната Фан страна на Фејсбук, но видеото и понатаму се споделува на сите социјални мрежи.
Перформансот започнува во партиските простории на СДСМ во Прилеп, па од паркот на Могилата на непобедените се сели во градската општа болница “Борка Талески”.
Tука на партиските активистки им се приклучува градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и 50-тина вработени во болницата.
Социјалните мрежи вријат од реакции. Граѓаните го повикуваат министерот за здравство Венко Филипче да реагира, со оглед на тоа дека Прилеп е во самиот светски врв со жртви, на 100.000 жители од Ковид-19.
Засега изостанува било каква реакција од властите…
Заевите сведици у некој обред ли, што ли pic.twitter.com/5ROrqhIQpR
— Kuglica (@Kuglica6) December 30, 2020
Во текот на претходната ноќ, поширокото подрачје на Петриња беше погодено од најмалку четири нови земјотpecи, а најсилниот од нив беше 3,8 степени, пишува Индекс.
Земjoтpec со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала се случил во 4 часот и 36 минути, во 5:30 часот имал земјотpec со јачина од 3,1 степен, а со иста јачина бил и оној што се случил во 6 часот и 25 минути.
Овие земјотpecи се нешто послаби од земјотресот што ја потресе Хрватска вчера утро, со јачина од 4,8 степени.
Сеизмолозите предупредуваат дека слична ситуација се очекува во наредните денови, па дури и недели.
Вчера попладне беше објавено дека се почувствувани 66 земјотpecи во последните 58 часа во централниот дел на Хрватска.
Дел од жителите од подрачјето погодено од земјотpecoт ја поминаа втората ноќ во автомобили.
Форумот на жени при ОО СДСМ Прилеп направи перформанс кој наиде на потсмев на социјалните мрежи.
Тие го изведуваат популарниот “Jerusalema challenge”, но за разлика од секаде во светот, овие излегуваат од штабот на СДСМ.
Во овој “уникатен” перформанс им се приклучил и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
Заевите сведици у некој обред ли, што ли pic.twitter.com/5ROrqhIQpR
— Kuglica (@Kuglica6) December 30, 2020
Откако одекна на социјалните мрежи, видеото е избришано од официјалната Фејсбук фан страна.
Руската салата е редовен и неизбежен дел од Новогодишната трпеза
Во Русија руската салата се нарекува „Oливје“ според името на пронаоѓачот, францускиот готвач Лисјен Оливје.
Ова е рецептот по кој се подготвува во Русија денес. Пробајте дали ви е по мерак:
Состојки:
500 грама компири, 300 грама месо (говедско, телешко, пилешко или мисиркино – по избор), 200 грама кисели краставички, 2 моркови, 4 јајца, 200 грама грашок, 1 главица кромид, 1 лажичка сенф, 1 лажичка оцет, 1 жолчка, 300ml растително масло, сол (по желба)
Подготовка:
Сварете ги компирите, месото, морковот и јајцата. Исечкајте ги на мали коцкички. Исечкајте ги краставичките и кромидот и додадете го грашокот. Направете мајонез на следниот начин: Ставете го сенфот, солта и жолчката во длабок сад и мешајте со миксер. Додека мешате, додајте малку масло и оцет. Не престанувајте да миксирате додека мајонезот не ја добие посакуваната густина.
Сите состојки од салатата помешајте ги со мајонезот.
Добар апетит!
Разорните земjoтpecи кои изминатите два дена погодија неколку градови во Хрватска, одново го разбудија некогашното братство и единство кај народите од Балканот.
Помош за погодените семејства од градовите Петриња, Сисак, Глина и другите околни места стигнува од секаде, a еден Македонец ги освои симпатиите на сите, откако го понуди својот дом во Скопје.
“Ја нудам мојата куќа во Скопје (Македонија), за 8 лица во период од 6 месеци (предност имаат луѓето со мали деца), а подготвен сум да ги платам и патните трошоци. Кога јас бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска многу ми помогна, тоа никогаш не можам да го заборавам. Бог нека биде со вас, браќа и сестри, нека ме контактираат сите заинтересирани во инбокс. Мислиме на вас, поздрав од Македонија” – напиша Денис.