Црвените од Ливерпул имаат само една победа на последните седум натпревари, и тоа против Астон Вила во претходното коло од ФА Купот.
Тимот на Клоп вчера забележа нов пораз против Манчестер Јунајтед и беше елиминиран од најмасовното натпреварување.
Стрелец на победничкиот гол беше Бруно Фернандеш од слободен удар во 78-та минута. За Португалецот ова беше 11-ти погодок за “црвените ѓаволи” сезонава и беше вистинска мајсторија.
По информацијата од Јавното обвинитeлcтво дека е поведена постапка против тренер по џудо на возраст од 46 години, за кој постои основано сомнение дека сторил продолжено kpивично дело – Обљyба со злoyпотpeба на положбата, со реакција се јави и Џудо федерацијата на Македонија.
Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:
“Во однос на последните информации за приведување на еден поранешен тренер по џудо, Македонската Џудо федерација би сакала да го даде следното појаснување.
Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот.
Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи.
Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт”.
Од ОЈО за случајот велат:
“Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице на возраст од 46 години, за кој постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.
Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена”.
Од МВР пак информираа дека се работи за лицето со иницијали Р.П (46):
Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 52 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, и остануваат 61 денар за ЕУРОСУПЕР БС-95, 63 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98 и 41,5 денари за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1).
Со одлуката на РКЕ за 0,445 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 31,268 денари.
Како причина за промената на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат променетите референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кои се зголемени за околу 0,099 отсто кај бензинот и намалени кај дизелот за околу 1,215 отсто, како и за 0,74 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Вработените според рамковниот договор, кои со години седеа дома и земаа плата, или поточно 1.349 службеници ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа. Меѓу нив, најголемиот дел се економисти и правници, но има и кадар со средно образование. Планот за нивен трансфер помина на владина седница, а пред три дена истиот го презентираше првиот вицепремиер и министер за политички системи, Артан Груби.
Според информациите до кои дојдовме, рамковни ќе има и во Прилеп.
Па така, во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа ќе дојдат тројца нови административци, двајца со завршени студии по јавна администрација и едно лица со завршен Економски факултет.
Според најавите, овие лица со работа треба да започнат од 1. февруари.
Останува да видиме дали и во другите институции во Прилеп ќе има дел од овие 1.349 лица.
Нема крај на годинашните тутунарски маки. Освен катастрофалната откупна линија со понижувачки просечни цени, деновиве, тутунарите од источниот регион се соочуваат со нов, сериозен проблем кој им ја зголемува и неизвесноста, но и трошоците. Кооперантите кои имале склучено договори со откупувачот „Далија табак“ од Делчево, а кој пак, заради необезбедените банкарски гаранции, не може да го продолжи откупот, сега родот треба да го предаваат во откупните пунктови на прилепскиот Тутунски комбинат, кој по налог на ресорното Министерство ја презел оваа обврска. Но, овие тутунари, сега немаат амбалажа за пакување на тутунот, па во паника, бурно реагираат на социјалните мрежи – oбјави “АЛФА ТВ”
„Тутунарите не само што произведуваат тутун, со оваа власт, сега ќе мораат да произведуваат и картони…ако не произведуваат картони ќе им остане тутунот непродаден…“
„Кој си купи посовреме, се спаси сега….“
„Браво, „Далија“ нема пари, сега ТКП излегува како спасител..и што правиме сега – дерење пак по нивно, се е изрежирано пред време…„
„Истото сценарио беше и со грозјето. Само две визби го собираа, сега и со тутунот. Некој ќе си го наполни длабокиот џеб…“
„А бе, директоре прилепски, зошто да не го земеш овој тутун кога ти е џабе, како што и овој договорениот ни го земаш за џабе…ти останаа пари, па сега со нив и овој да ни го земеш за без пари…“ – реагираат тутунарите на социјалните мрежи, каде од вчера, не се ретки и огласите за меѓусебна купо-продажба на картонска амбалжа, иако тоа е обврска на откупувачите.
„Што ќе правиме со амбалажа, каде да обезбедиме и каде да го носиме тутунот ние од струмичко…?!“
„Има, ама денеска ми побараа по 100 денари од картон..ќе морам да купам, овие нема да дадат никогаш….“
„Се продаваат кутии за тутун од 1 евро, па до 100 денари, затоа нема, море ајдуци…?!
И додека тутунарите панично си го бараат спасот, од ТКП, се правдаат дека обезбедувањето на картонската амбалажа во случајов, било обврска на „Далија табак“, а не нивна. ТКП ги преземал само договорите, а тутунарите за амбалажа требало сами да си се снајдуваат. Од „Далија табак“ пак, денеска не одговараа на нашите телефонски повици.
Од друга страна, додека двете откупни компании си ја префрлаат топката, добро упатени тутунопроизводители тврдат дека се појавил извесен турски откупувач кој сакал да влезе на македонскиот пазар и да го откупи вишокот тутун по загарантирана цена од 280 денари за килограм, плус 60 денари субвенции, без никаква обврска на државата. Но Министерството, наводно не ја прифатило оваа понуда.
Во интервју за Слободен печат претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев изнесува неколку провокативни тези за Преспанскиот договор како и за Договорот за добрососедство со Бугарија.
Фото/printscreen/Tрилинг/
Коцарев во интервјуто тврди дека и двата договори се недостоинствени за граѓаните на Македонија и дека Македонија е „центар за регионална дестабилизација“ како резултат на геополитичките игри на големите сили кои ја претвораат во поле на своевиден експеримент.
Ако кон ова се додадат и домашните политички превирања тогаш, заклучува Коцарев, бродот наречен Македонија полека но сигурно тоне.
-За можните геополитички импликации треба да се направи многу подетална анализа, а за идните политички решенија треба да има консензус. Синтагмата „ЕУ е единствена алтернатива“ е потполно погрешна – многу е подобро да зборуваме, на пример, дека ЕУ е најдобрата, од повеќето, алтернативи. Или, слично. Вака, ако ЕУ, од повеќе причини (неповрзани со Македонија) го стопира целосно процесот на проширување или го одложи за подолг период, што тоа ќе значи за Македонија?
Челси ја прекина соработката со тренерот Френк Лампард. На сопственикот и управата им било тешко да донесат ваква одлука.
“Благодарни му сме на Френк за се’ што направи како тренер, меѓутоа, резултатите и играта на тимот не беа во склад со очекувањата на клубот, кој се наоѓа на средината на табелата, без изглед дека нешто ќе се подобри.
Никогаш не е добро време да се разделите со легенда како што е Френк, но после долго размислување одлучивме дека е потребна промена, со цел до крајот на сезоната да се подобри играта и резултатите”, напишаа од клубот.
Сопственикот на клубот, Роман Абрамович, исто така се огласи по промената на Лампард:
“Ова е навистина тешка одлука. Имам одлични односи со Френк и неизмерно го почитувам. Тој е човек со големи особини и најмногу работна етика. Меѓутоа, во овие околности веруваме дека е најдобро да се промени менаџерот. Му заблагодарувам и му посакувам се’ најдобро. Тој е икона на овој голем клуб и неговиот статус овде останува недопрен. Секогаш ќе биде топло пречекан на “Стемфорд Бриџ”.
Лампард потроши 200 милиони евра на засилувања, а на половина од сезоната Челси заостанува 11 бода од врвот
Клубот се наоѓа на деветтата позиција во Премиер лигата, а просекот на Лампард во клубот е 1,67 бодови по натпревар.
Тоа го прави четврт најлош тренер на Челзи во досегашната историја на клубот.
Денеска би требало да наполни 40 години, доколку никогаш не заминеше на пат кон Нова градишка…
Нашиот најпознат пејач и легенда Тоше Проески својот талент кон музиката никогаш не го криеше, а едно такво видео говори и за неговиот ангелски глас кој го поседувал уште на 15 годишна возраст.
На видеото се гледа како Тоше настапува во еден прилепски ресторан на само свои 15 години, погледнете: