дома блог страница 2178

Била пpиcилена да ја даде својата ќерка на пocвojyвање кога ја poдила: 50 години подоцна одново се пpoнajдоа

Паулина Падер (65), забременила кога имала само 14 години. Таа се плашела да им го признае тоа на своите родители, па им се доверила на своите пријатели за голема тајна, но многу бргу веста дошла до нејзиниот татко, кој и се заканил дека ако роди дете, нема да може да го донесе дома.

Тој и забранил да излегува, па таа ја прекинала врската со таткото на детето и одлучила дека детето ќе биде дадено на посвојување. Нејзината постара сестра Керол рекла дека ќе ги прими неа и детето, но таткото не сакал ни да слушне за тоа.

Паулина родила здраво девојче на кое му го дала името Луиз.

„Веднаш се поврзав со неа, но кога родителите ми дојдоа во болница, татко ми не сакаше ниту да ја погледне“, вели таа.

Додава дека девојчето веднаш по раѓањето било дадено на посвојување.

„Кога ќе пораснеш, можеби ќе се сретнеме. Ти ќе ме паметиш мене, а јас тебе“ и рекла тогаш на малата Луиз, од која единствено сеќавање и била фотографија од бременоста.

Таа неодамна одлучила да ја побара својата посвоена ќерка преку емисија која се занимава со обединување на членовите на семејството кои изгубиле контакт. Не било потребно многу истражување за водителката Давина Мекол да открие дека нејзината ќерка ја следи на Фејсбук со години, но не се вика Луис, туку Керол Вајтхед.

Керол изјавила дека по смртта на нејзината посвоителка, решила да ги побара биолошката мајка и семејството. Со помош на пријател ја пронашла на Фејсбук, но од страв дека таа може да одбие контакт, решила само да ги следи нејзините статуси и фотографиите што ги објавува.

По учеството во шоуто, мајката и ќерката конечно се обединија.

“Ние се поврзавме веднаш штом се запознавме и оттогаш се слушаме. Едноставно нема непријатна тишина, како да сме живееле секогаш заедно. Сега мојот живот е целосен”, заклучи мајката за Мирор.

ACOM: Предлог измените на 3aконот за игpи на cpeќа се пpoтивпpaвни на веќе издадените лиценци

Заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот, кој ионака со ваквото законско решение ќе остане покус за над 250 милиони евра, средства со кои индустријата на игри на среќа придонесува во државната економија, сметаат од АСОМ.

Почетокот на процесот за подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, наиде на силна реакција од страна на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија. Асоцијацијата стои на ставот дека нема да прифатат закон кој води кон целосно затворање на индустријата. Ова, велат од АСОМ, е погубно решение кое ќе „збрише“ цела една стопанска гранка, која има значаен социо-економски придонес во државата.

Освен тоа, Асоцијацијата укажува и на домашни и меѓународни правни консеквенци со кои може да се соочи државата, бидејќи со ваквото законско решение, кое ќе стави клуч на врата на спортските обложувалници, на компаниите им се одзема стекнатото деловно право по основ на важечките лиценци за постоечките објекти.

Асоцијацијата на спортски обложувалници констатира дека предлог измените на Законот се противправни на веќе издадените и постоечки лиценци и дека истото ќе предизвика правна несигурност кај субјектите на коишто им е издадена лиценца со точно одреден рок на важење согласно Законот за игри на среќа.

Условите кои ги наметнува новиот закон, де факто значат затворање на нашите објекти, а со тоа и прекин на правата кои ги регулираат лиценците. Спортските обложувалници плаќаат лиценци кон државата кои им гарантираат услови за работа за периодот за којшто е издадена лиценцата. На основ на тие лиценци, приредувачите на игри на среќа во обложувалница вложуваат во простор, средства за работа, ИТ решенија, нови вработувања.

Заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот. Буџетот ионака со ваквото законско решение ќе остане покус за над 250 милиони евра, средства со кои индустријата на игри на среќа придонесува во државната економија, велат од АСОМ и посочуваат дека во моментот се во тек правни консултации со домашни и меѓународни експерти.

До 50 шанси за 100.000 денари: Акција на Sport Life за тикет со најмногу погодени натпревари

Во Sport Life стартуваше акцијата „до 50 шанси за 100 000 денари“  во која ќе се натпреваруваат играчите членови на СЛ клубот. Акцијата ќе трае од 22.01. до 22.3.2021 година, во 4 етапи од по 15 дена. Во тој период, во секоја одделна етапа, Sport Life ќе доделува вредни подароци за оние кои ќе погодат најголем број на натпревари на еден тикет, независно дали е тој добитен или недобитен.

Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100 000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25 000 денaри за производи од Анхоч или Техномаркет, а пак третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.

Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари, со минимален коефициент од 1,30. Акциската понуда важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација уплатени со приложување на СЛ клуб картичката, а ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикетите со натпревари од Супер тип понудата.

Сите информации во врска со овој натпревар, како и тековната ранг листа можете да ги дознаете ТУКА.

Со зачленувањето во СЛ клубот играчите na Sport Life се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во оваа и голем број други акции и натпревари како што се Типстер на месецот, Втора кеш шанса, како и да освојуваат поени за вредни подароци од СЛ маркетот.

Брестовац повеќе не е селектор на Македонија

Македонската ракометна репрезентација го одигра најлошото Светско првенство. Со биланс од една победа и дури пет порази, Македонија заврши на 23-то место на СП во Египет.

Тоа веројатно е и причината што РФМ и селекторот Данило Брестовац се одлучија да ја прекинат соработката.

“Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори. Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година”, информираат од РФМ.

Неофицијално: Нов директор на прилепската болница и здравствениот дом – Така се негуваат партиски кадри

Маркукуле неофицијално дознава дека новата здравствена институција Општа болница со проширена дејност – Прилеп, ќе има нов директор.

На местото на досегашниот в.д. директор, Драги Богоевски, според нашите информации ќе биде именувана поранешната пратеничка во Собранието од СДСМ, Кети Смилеска.

Владата на неодамнешната седница донесе Одлука за спојување на јавните здравствени установи, Здравствен дом Прилеп и Општа болница Прилеп во Јавна здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Прилеп.

“Со спојувањето на овие две здравствени установи сите здравствени услуги кои во моментот се пружаат во две здравствени установи сега ќе се добиваат во една со што им се олеснува правото на пациентите да добиваат квалитетни услуги на едно место, без да бидат оптоварувани со дополнителни административни процедури за упатување од една во друга установа. Со спојувањето се намалуваат трошоците во административните процедури и се надополнува кадарот што недостасува, пред се медицински персонал во установите, а воедно со спојувањето се овозможува порационално искористување на буџетот, намалување на долгот, а со тоа и поефикасно работење, како и спојување на возниот парк, што ќе значи и надминување на досегашните проблеми со транспорт на пациенти, со посебен акцент на транспортот на пациенти со возило на итната медицинска помош” соопштија тогаш од Владата.

Смилеска беше дел од претходниот парламентарен состав. Родена е на 13.12.1974, и е Дипломиран економист на Економскиот факултет – Прилеп.

Во Собранието Смилеска беше член на Комисија за финансирање и буџет, Комисија за локална самоуправа, како и заменик член во Комисија за економски прашања и Комисија за здравство.

На Владина седница на 09.11.2020г. Смилеска беше именувана за за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви.

Bpxoвниот cyд на CAД ги отфpли тyжбите пpoтив Tpaмп

Врховниот суд на САД ги отфрли тужбите против поранешниот претседател Доналд Трамп, со кои беше обвинет дека за време на мандатот ги прекршил одредбите на Уставот за спречување корупција со задржување на сопственоста врз неговата деловна империја, вклучително и хотел во близина на Белата куќа.

Судиите ги отфрлија одредбите на пониските судови кои дозволија тужби, една поднесена од Вашингтон и државата Мериленд и друга поднесена од обвинители, а исто така одбија да ги сослушаат жалбите на Трамп против тие одлуки. Тие им наредија на пониските судови да ги отфрлат спорните случаи.

Во тужбите се тврди дека Трамп ги прекршил одредбите на Уставот за спречување на корупција, со кои се забранува прифаќање подароци и пари од странски влади и федерални влади без одобрение на Конгресот.

Cтоиљковиќ: “Jac ги издејствував вakцините од Србија, владата е нecпpeмна за пpoцecoт на вакцинациja”

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник Иван Стоиљковиќ, во “Дневникот” на TВ “Сител” потенцираше дека Maкедонија ќе добие Вакцини од Србија, затоа што тој лично кај спрскиот претседател Вучиќ
ја издејствувал помошта, а за тоа говори и фактот што лично премиерот Заев му заблагодарил. Сепак, Стоиљковиќ додава дека македонската влада направи сериозен пропуст со Законот за лекови и сега испораката доцни.

– Она што е тема во македонската јавност изминатата недела е, јас покренав една иницијатива кај српскиот претседател да отстапи на нашата држава еден дел од вакцините со кои располаага Србија. Го информирав претседателот на владата господинот Зоран Заев, добив согласност од претседателот Вучиќ, го информирав Заев. Тој бараше гаранција дека нема да биде вратен дека сигурно ќе биде даден одреден дел на вакцини и дојде до реализација на ова што се случува во меѓувреме. Србија излезе во пресрет на барањето на македонската влада, јас сум презадоволен што премиерот ја прифати мојата иницијатива. За сериозноста на иницијативата зборува фактот дека минатиот понеделник ме повика премиерот да ми се заблагодари за тоа што го направив, вели Стоиљковиќ.

Тој појасни дека владата направи пропуст и проблемот не е конкретно со испораката туку Законот според кој треба веледрогериите да преговараат со производителите, додека пак производителите бараат преговори со државите.

– Мислам дека проблемот не е со испораката, туку проблемот настанува што преговарачкиот тим од нашата држава што ги водеше преговорите воопшто и со меѓународните институции и фармаколошките светски организации, очигледно тоа го правеше на начин на кој беше неадекватен на состојбите кои владејат во фармакоиндустријата во светски размери. Нашата екипа сметаше дека нашиот закон е доволно добар и дека веледрогериите ќе се впуштат во тој процес и ќе набават одредена количина, меѓутоа ниту една од големите светски фармацевтски компании како Фајзер, и руските и британските не сака да договара со веледрогериите туку директно со државата. Направен е сериозен пропуст и се гледа затоа што денеска во собранието имавме измена на Закон за лекови што укажува на тоа, нагласи Стоиљковиќ.

Тој додаде дека Србија е спремна да отстапи уште 90.000 кинески вакцини и одредена количина Спутник и владата за тоа е информирана и нејзина е одлуката дали ќе ја прифати понудата.

– Србија како набавувач нема право да тргува со нив, треба да се обрати до производителот да побара дозвола дека вакцините ќе ги даде на друга држава. Така е и со Фајзер. Одобрување од Фајзер ќе се добие, заклучи Стоиљковиќ

Попладнево очекувајте бела прекривка насекаде во Македонија

Времето во земјава денеска ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет.

Особено попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени.

Во среда ќе дува силен северен ветер и на места се уште ќе провејува снег. Во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено. Во петок кон крајот на денот во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Најубавата честитка за 40-от роденден на Тоше доаѓа од Кавадарци: Дечките од 4UBand со одлична преработка на песната “Кој ли ти гризе образи” (Видео)

Ако денеска беше меѓу нас ќе го прославеше својот 40-ти роденден. Неговите дела, неговата музика, неговите зборови…ќе ги паметиме засекогаш! Тоше беше еден и единствен!

Најдобрата честитка за неговиот роденден доаѓа од Кавадарци. Дечките од 4UBand направија одлична преработка на песната од Тоше, “Кој ли ти гризе образи”.

Групата ја сочинуваат: Борис Илов (гитара и вокал), Борис Грков (гитара) и Оливер Миленковски (кахон).

Уживајте во продолжение:

Вујовиќ: “На Македонија и се потребни нови Аце Јоновски и Велко Марковски, кои имаа cpце како автобус” (Видео)

Тренерскиот стратег и добар познавач на македонскиот ракомет, Веселин Вујовиќ, изнесе неколку интересни размислувања околу иднината на македонската ракометна репрезентација.

Некогашниот тренер на Вардар, кој беше селектор и на Македонија, го анализираше прикажаното на нашите ракометари, но исто така истакна што му е потребно на македонскиот ракомет за да ја задржи главата “над вода”.

Вујовиќ ја анализираше играта на Филип Талески, за кого вели дека во последно време е непрепознатлив и дека целосно уназадил во играта.

“Не игра одбрана, не шутира, прави технички грешки, прави глупости…Така да го разбирам селекторот, го става во игра, па го менува. Едноставно не знае што да прави со него”.

За останатите во тимот Вујовиќ вели дека им недостасувала желба да покажат многу повеќе од тоа што го прикажаа на теренот.

“Неопходно е Македонија да пронајде играчи како Велко Марковски и Аце Јоновски кои беа бедем и имаа срце како автобус. Мораат да најдат и пивотмен “двометраш” кој игра во двата правци. Пешевски и Стоилов кои се страшни напаѓачи, не можат да постигнат и да се враќаат назад против врвните репрезентации”, анализира Вујовиќ.