(Фото) Биле врзани три месеци како тест за нивната љубов

Кога станува збор за тестирање на врската, можеби ќе се обидете да го “притиснете” партнерот и да дознаете колку добро ве познава или можеби ќе проверите колку се плаши од вашата разделба.

Александер и Викторија од Украина, за Свети Валентин одлучиле да се врзат себе си со лисици, како тест за нивната голема љубов.

Виталиј Зорин, од Украинскиот национален регистар, кој ќе го надгледува експеринментот вели: “Дланките на заљубениот пар постојано ќе бидат заедно”.

Зорин исто така, морал да го провери менталното здравје на Александер и Викторија пред да го одобри нивниот предизвик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.