дома блог страница 2172

За пocтapите ocтаток од Kypшyмли ан, за младите камена бина: Нов податок откpива што точно бил ѕидот во центapoт на Прилеп

Архивот за Прилеп, Македонски Брод и Крушево, го одбележува своето 65-годишно постоење. Во својата збирка архивот поседува 609 фондови, 7 збирки и над 60.000 научно-истражувачки документи – објави “Канал 5”

Најстариот докумет во прилепскиот архив датира од 1788 година, а се работи за купопродажен договор.

За жал, велат од архивот секоја власт низ годините како што заминувале, така со себе ја земале и документацијата.

Најновиот документ кој деновиве е откриен и преведен е од 15-от век, а се однесува на стариод ѕид во центарот на Прилеп, или кај граѓаните познат како Куршумли ан, а кај младите камена бина.

Според оригиналниот документ, сепак не се работи за ан, туку ѕидот е остаток од некогашен голем безистен.

Според Елена Чагороска од прилепскиот архив, ѕидот е остаток од безистен кој бил изграден за време на владеењето на Мухамед Мехмед Фатих од 1432 до 1481 година.

Во 1894 година истиот бил предмет на купопродажен договор. Безистенот бил голем објект кој имал повеќе улички, а во него имало голем број на занаетчиски дуќани.

Прилогот погледнете го ТУКА

Прилепчани HAПAДHATИ од битолчани во Битола

На 29.01.2021 во 21.53 часот Г.Ц.(36) од Прилеп пpиjaвил дека во Битола тој и Б.Ѓ.(33) од Прилеп биле физичkи нападнати од П.К. и В.С., двајцата од Битола.

-Се работи на pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

3aeв вели дека потребни му се уште 6-7 години за да покаже peзyлтати (Видео)

Премиерот Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието откри дека му биле малку 4 години во владата за да покаже резултати, пренесува Експрес.

Тој предходно велеше дека уште во првиот мандат на СДСМ ќе бидат постигнати големи резултати а сега тврди дека поради начинот на владеење на предходната влада потребни се 10-11 години или уште 6 до 7 години за да постигне резултати во повеќе области.

Меѓу областите кои ги спомнува се правосудството, соседската политика, енергетиката, патишта…

Со оваа изјава во која ја обвинува владата што владееше до 2016 година Заев се обиде да создаде алиби за катастрофалната состојба во погоре наведените и други области каде што има многу мали или никакви резултати во последниве 5 години.

Индиректно премиерот од Собранието ни порача дека и во наредните 6 години до 2027 година граѓаните не треба очекуваат резултати од него и неговата влада.

Taceвcки: cите во затвop бе шyги, вpeме е за некои дpyги (Видео)

Aктерот Сашо Тасевски со ново оригинално видео

“Јас и Тoто Котуњо, преработка на Лашате ми кантаре…” – напиша Тасевски. Погледнете во продолжение:

Утре е голем празник: Го празнуваме светецот кој бил голем бopeц за вистинското православие

Утре е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

МПЦ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

По празникот Св. Атанасиј зимен народот смета и верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Голем борец за вистинското православие

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени еретикот Ариј и неговите приврзаници.

Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.

Веднаш по Првиот вселенски собир на 8 јули 326 година на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.

По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атанасиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал.

Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон ариевците, а потоа ја одбил и наредбата на царот, еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија.

Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.

Уште четири пати свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати.

Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Утpe и дpyгиден нови вpнежи од дожд: Oд cpeда пpoлетни темпepaтypи

Времето утре претпладне ќе биде претежно облачно, а во попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои пак во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег.

Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег, но со послаб интензитет.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд. Од среда ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури

Ќе го видиме ли и ова чyдо? Cпаcoвcки ќе го cпpeчyвал дpвокpaдcтвото

Ја спречуваме неконтролирана сеча на шумите и нелегалната продажба на дрва за огрев, која претставува сериозна закана врз еко-системот и намалување на шумскиот фонд, наведе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Формиравме координативно тело составено од членови од сите надлежни институции кое во најкус можен рок ќе започне со подготовка на системски мерки, со цел конечно решавање на состојбата со бесправното сечење на шумите“, потанцира Спасовски на фејсбук.

Тој денеска остварил средба со Аница Симонова, раководител на Сектор шумска полиција, Јулијана Николова, генерален директор на Македонски шуми, како и Сашо Јовановиќ од секторот за шумарство и ловство при МЗШВ.

Почина тyтyнопpoизводител на откyпен пyнкт во прилепско

53-годишен жител на долненското село Саждево, тутунопроизводител и татко на четири малолетни деца, починал на откупен пункт, откако претходно, подолго време безуспешно се обидувал да предаде 30 картони тутун за да си го прехрани семејството. Оваа вест како бомба одекна помеѓу тутунарите и уште повеќе го зголеми нивниот револт, бидејќи, како што кажуваат самите, ова веќе било втор ваков смртен случај за само неколку дена – oбјави “АЛФА ТВ”

„Се работи за сиромашно семејство. Некаде две недели одел и се молел да предаде некој пакет тутун, а 30 пакети носел за да ги предаде вчера. Мислам дека му враќале некој од пакетите…Ова е втор случај на починат и не да е втор ТАТ или дека ќе биде, туку дефинитивнои е втор ТАТ тутунот оваа година, затоа што се работи за огромни, огромни суми…реално, кај поединци штетите се и до 10 илјади евра“, ни изјави за Алфа, Васко Јосифовски.

Разочарани од државата, но и уплашени од ваквиот, тек на откупот заради двата згаснати животи, тутунарите, од вчера се организираат на социјалните мрежи, солидарно, со доброволни прилози да им помогнат на семејствата на двајцата починати тутунари.

Од друга страна, деновиве, се повеќе се продлабочуваат и недовербата и јазот помеѓу самите тутунарите, па вчера формиран е и втор Иницијативен одбор со членови од сите тутунски региони во земјава.

„На два дена пред протестот во Скопје се посомневав дека неколкумина од Иницијативниот одбор работат за откупувачите, во спрега со власта, затоа што дел од нив и беа отворено со власта“, објаснува Васко Јосифовски кој е и иницијатор за формирање на новиот Иницијативен одбор.

Инаку, Јосифовски смета дека завчерашните ветувања на Заев дека тутунарите ќе влезат во петтиот пакет Ковид-мерки, се уште едно замајување на македонските тутунопроизводители за евентуална помош од стотина евра, што според него, би било понижувачки, ако се има предвид актуелната ситуација со откупот, која била повеќе од алармантна.

Каролина Дурло

Bo понеделник бojкот на нacтавата! Учениците кpeвaaт глac!

Очекуваме и бараме поддршка од сите пратеници и сите политички партии за нашите барања во врска со државната матура, затоа што овие барања не смеат да бидат политизирани, изјави денеска претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи по состанокот што Сојузот го одржа со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што информира Ходаи, Генералното собрание на Сојузот на средношколци на денешниот состанок што ќе се одржи попладнево ќе одлучи дали ќе бојкотираат или протестираат во текот на наредните денови. Сепак, како што додаде, во понеделник нема да се вклучат во наставата.

– Го примивме барањето на Сојузот на средношколци како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и како дел од комисијата за образование наука и спорт која што е матично тело во ова Собрание одговоривме на ова барање како ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека апсолутно имаат право да си ги бараат своите средношколски права поради сите овие околности кои што се настанати и КОВИД пандемијата сметаме дека не се прекршува нити уставот, ниту законите ниту законот за образование ниту на државниот испитен центар и затоа имаат апсолутна поддршка, истакна денес Игор Здравковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе пробаме да ги искористиме сите алатки кои што ни стојат на располагање за да го реализираме ова барање бидејќи гледаме дека според нас Министерката постојано продолжува да се однесува автократски меѓутоа тоа е само на штета на сите ученици во овој случај и на матурантите, истакна тој.

Прашан дали како пратеничка група ќе иницираат законски измени во Собранието, Здравковски одговори:

–Да, разговараме сега ги разгледавме сите опции имаме опција јавна расправа имаме опција да го ставиме ова како предлог закон на комисијата за образование наука и спорт, имаме исто така опција да предложиме на седница директно да одиме на пленарна седница со ваква точка меѓутоа со оглед на тоа што сме во опозиција имаме едни добри односи со нашите коалициони партнери и сакаме да добиеме поширока поддршка дури и од овие кои што се претставници во комисијата од мнозинството за заеднички да донесеме што е можно побрзо решение затоа што има и некои рокови кои што се малку проблематични што понатаму доколку се одложи целиот овој процес би претставувале проблем за средношколците, посочи тој.

Ceла: 3aeв е нajголемиот измамник во земjaта!

ДУИ и СДСМ се исти горе-долу, бидејќи станаа како сијамски близнаци. Ова го истакна лидерот на албанската опозиција Зиjадин Села во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.

-Двете страни се партнери во Владата. Овој другиот, (Заев) е најголемиот измамник во земјата. Неговиот збор во јавноста и не е збор за било кој од граѓаните, мислам дека на сите им се свежи неговите зборови од оние прес-конференции за страшната вистина за „Монструм“, а денес повторно го гледаме како игра политички на грбот на неколку семејства кои трпат последици, било оние семејства на децата кои беа убиени, или на оние семејства чии членови можеби неправедно се влечат по судовите и им се суди повторно со што ги зголемуваат нашите дилеми за правдата, рече Села, пренесе ПлусИнфо.