Мицкocки: 3aeв caка да го избpише името Репyблика Maкедонија од личните кapти, за нас тоа е недозволиво

Македонците сега се запишани како граѓани на државата со новата придавка, бидејќи сега ние не ја пишуваме нашата националност на нашите патни исправи и во нашите документи за лична идентификација. Туку стои нашето државјанство каде што ние стоиме дека сме граѓани на државата со новата придавка. Погледнете ги сите нови документи кои што се издадени по новите принципи, погледнете ги изводите од матичната книга на родените, има две коси црти и на крај пишува дека сме граѓани на државата со новата придавка. Ете тоа е таа нова нација која што сакаат Зоран Заев и СДСМ да ја спроведат во Македонија и за жал наоѓаат странични поддржувачи во опозицијата кои што нормално треба да го одработат сето она кое што им било обезбедено пред изборите, сета логистика и сите ресурси за да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за Македонското радио.

Мицкоски открива дека коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е на стаклени нозе а како една од причините е непочитување правен договор помеѓу лидерите на коалициските партнери на СДСМ и БЕСА, како и дека по добивање на укор од странски дипломат Зоран Заев го повлекол договореното.

-Но, каква е вистината? Се погласно се шпекулира во политичките кругови дека станува збор за политички договор помеѓу СДСМ и БЕСА пред изборите кој што бил потпишан од двајцата лидери и сега веднаш откако се формира новата влада и откако Зоран Заев на мафијашки начин ги укради изборите доаѓа до моментот кога сето тоа што било договорено помеѓу СДСМ и БЕСА да се испорача. Тогаш Зоран Заев се консултирал со еден странски дипломат и добива укор од истиот дека ако ова влезе да ние како нација се заведиме како Македонци кои што се со сета своја посебност македонски народ, тогаш тоа би значело прекршување на Преспанскиот договор. Тогаш Зоран Заев на неговиот коалиционен партнер му вели дека тој не може ова да го подржи и тогаш настануваат сите проблеми внатре во коалицијата, доаѓа договорот во рамки на парламентарната дебата, сега моментално е на собраниска комисија Зоран Заев избезумен не знае како да реагира затоа што можно е многу скоро да му се распадне коалицијата со таа политичка партија. И веднаш го активираа страничниот играч во рамките на парламентот кој што практично треба да одработи за ресурсите и поддршката која што ја доби пред изборите за да и нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ и блокира да јас во мојата лична карта стојам како Македонец, да стои мојата националност како дел од македонскиот наро, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува етничката припадност да стои во личните карти, а дека не поддржува името Република Македонија да биде променето со новата придавка.

-Овој народ, македонски народ цел живот бил предмет на асимилирање, на негирање, на понижување, на терор од страна на многу освојувачи но сето тоа го преживеал и денеска кога човек кој што е дел од македонскиот народ со сите понижувања, со сите бришења со сите негации кои што им ги нанесе на македонскиот народ сака целосно да го избрише и ние тоа не смееме да го дозволиме и мора да се бориме до последно да по личните карти стои нашата нација, македонската нација дека ние сме македонци. Тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. А што не поддржува? Не поддржува промена на името Република Македонија со името со новата придавка која што на насилен начин Зоран Заев го донесе. И на крајот на денот на тој насилен начин како што го донесе има рок од 5 години за истото тоа се применува во документите кои што се за наша лична идентификација и патни исправи, изјави претседателот Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.