дома блог страница 2171

Стефан е прилепчанец кој живее во Виена и ја научил својата пријателка Сузан одлично да пее на македонски (Видео)

Стефан Маркоски е прилепчанец кој живее во Виена.

Располага со врвен музички талент, и е вистинско уживање да се слуша како пее.

За 40-от роденден на Тоше Проески, Стефан сними одлична преработка со неговата пријателка Сузан, за песната “Немир”, која Тоше ја отпеа заедно со Каролина Гочева.

Уживајте:

(Видео) Ветрот ќе го “однесеше” мостот во Њујорк

Мостот „Веракано-Нероуз“ е висечки мост што ги поврзува градските области на Стетн Ајленд и Бруклин во Њујорк.

Дека станува збор за голем мост покажува и фактот дека тој всушност е двоспратен мост со 13 ленти, седум ленти на горното и шест на долното ниво.

Мостот „Веракано-Нероуз“ беше затворен вчера поради силните налети на ветерот.

Зoштo kpaлицата Елизабета го забpaни овој документapeц пред 50 години?

Документарец забранет од кралицата Елизабета во 1972 година, по 49 години протече на Јутјуб.

Документарецот од 90 минути беше најголемата телевизиска тајна во последните пет децении. Во него се појавуваат младиот принц Чарлс и принцот Филип.

Кралицата Елизабета првично нарачала документарен филм од националната телевизија БиБиСи со цел да покаже дека кралското семејство не се разликува премногу од обичниот свет поради критиките дека другите високи членови се премногу дистанцирани и студени во однос на јавноста, но крајниот резултат не ѝ се допаднал.

Таа се плашела дека на овој начин ќе биде разбиена мистеријата на кралското семејство во очите на граѓаните на Англија.

По 49 години, документарецот стана достапен на Јутјуб под името „Кралско семејство“, но многу брзо беше отстранет од платформата. Имено, Би-Би-Си, кој располага со правата на снимката, побара отстранување на документарецот врз основа на заштита на авторските права.

Филмот кој трае 110 минути во 1969 година го гледале 30 милиони луѓе и сè уште се смета за една од најгледаните британски телевизиски емисии.

Би-би-си проценува дека го виделе повеќе од 350 милиони луѓе ширум светот.

Неговата продукција неодамна беше прикажана во серијата „Круната“ (The crown) на „Нетфликс“, која го покажува незадоволството на благородниците поради поставувањето на ТВ камери во нивните простории.

(Фото) Неверојатно откритие: Пронајден отпечаток на диносаурус стар 220 милиони години

Отпечаток на диносаурус стар 220 милиони години беше пронајден во Велс, а научниците сметаат дека откритие ќе им помогне да утврдат како се движеле овие видови.

Четиригодишната Лили Вајлдер го забележала отпечатокот во Бендрикс Беј, Бери, додека била на прошетка со нејзниот татко во почетокот на овој месец.

Отпечатокот е голем 10цм и се смета дека припаѓа на диносаурус кој бил висок околу 75цм- но сепак, не е можно точно да се утврди видот на диносаурус.

“Ова беше откритие на Лили и нејзиниот татко”, изјави мајката на Лили.

“Ричард мислел дека тоа е предобро за да биде вистина. Ги известив научниците од националиот универзитет и тие потврдија дека се работи за големо откритие”, вели таа.

(Видео) Се отвори огpoмна дупka и го „пpoголта“ патот

Огpoмна дупka се отвори во Калифорнија по обилните дождови што ја погодија таа американска држава, а земјата го пpoголта познатиот автопат „хајвеј-1“ што води долж Пацификот и однесе дел од него во океанот.

Одпонот на ридот над патот донесе тони кал и дрвја, а потоа земјата ппоголта дел од патот, најпознат во Калифорнија, кој се протега по целиот брег на Пацификот на таа држава, според снимките објавени од Калифорнија Одделение за транспорт (Калтранс).

Според медиумите во заливот Сан Франциско, инцидентот се случил во близина на градот Рет Крик, на границата со округот Сент Луис Обиспо.

Според наведеното, Калтранс и нивните вработени патуваат на други делови од патот за да утврдат дали има слични опacности на други места.

Калифорнија беше погодена од таканаречената „атмосферска река“, воздушна стpyја што донесе голема количина на влага и врнежи од Пацификот.

Како што се очекуваше, таа „атмосферска река“ може да предизвика обилен снег во некои делови на САД.

Поранешен пратеник на СДСМ: “Заев ја донесе земјава на дното”

Пред сто и дваесет години, човекот кој, в долж и попреку, пешки ја помина Царска Русија, Алексеј Максимович Пешков, попознат по својот псевдоним, Максим Горки (1868 -1936), ја напиша својата извонредна драма „На дното“.

И оние кои ја прочитале, а и оние кои не го направиле тоа, многу лесно, само од насловот, од неговата силна метафоричност и асоцијативност, можат да насетат дека станува збор за животни судбини на ликови од најнискиот слој на тогашното руско општество.

И денес, после толку многу години и децении, „На дното“ е актуелен драмски текст и, не случајно, се уште, низ светот, е дел од репертоарот и на најпрестижните театри, бидејќи, сосема нормално, нема идеално општество во кое нема луѓе на дното.

Но, по сите мерила и критериуми, без никакво сомнение, кратката синтагма од насловот на овој драмски текст, во секој поглед ( и економскои и филозофски и психолошки и социолошки и…), и во своето буквално и во своето преносно значење, на просторот на Европа, најактуелна е во нашата „жална“ Македонија.

Во духот на онаа старогрчката: „Мил ми е Платон, ама помила ми е вистината“ или, ако сакате, на српската: „Што је право и Богу је драго“, Македонија од времето на Груевски и Северна Македонија од времето на Заев, во својата суштина, во својот егзистенцијализам, се потполно исти.

Целата статија прочитајте ја на КУРИР.

Прочитајте зошто се пости секоја среда и петок

Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило:

“Никој да не не oбвинyва што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме;

Во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа, а во петок поради тоа што Он за нас пострада.

Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал”.

Затоа треба да се види 218-тото правило од Номоканонот, каде што свети Атанасиј Велики говори:

“Тој што самоволно се paзрешува од пост во среда и петок, Го рacпнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го yбијат, а во петок Го раcпнаа”.

Миcтepиjaта на цpквата Cв. Атанacиj во Bapoш: Majcтopите пpeку ден го пpaвеле кpoвот, а ноќе иcтиот се pyшeл

Денеска православните христијани го празнуваат Св. Атанасиј, светецот кој се бopeл за вистинското православие.

Во чест на празникот се потсетуваме на една легенда поврзана со црквата која го носи името на овој светец, која се наоѓа во населбата Варош во Прилеп.

Таа и денес е здрава градба без покрив само на стотина метри подолу од манастирот Свети Архангел Михаил. Храмот претставува мошне привлечен објект изграден од добро обработен бигорен камен и печени цигли. Според археолозите, потекнува од 14 век како и повеќето здрави и разурнати цркви од Варош. Таа се одликува со отсуство на покрив и со преданието врзано за покривот.

Преданието говори за непознато проклетство врзано за црквата Свети Атанас. Според него, покривот на црквата мајсторите повеќепати се обидувале да го направат, но и покрај големите заложби, не можеле да го изградат, бидејќи некоја непозната сила на мистериозен начин го уривала. Така сé што ќе направеле преку денот, во ноќта таинствено било рушено. Тешко е да се утврди од кои причини оваа убава градба и ден денес нема покрив и дали проклетството од преданието е со вистинска сила. Но силен факт е дека градбата е без покрив.

Што е мистериозноста на преданието? Можеби е сосема од духовна природа која се однесува на несредените односи во одредени сфери на човечкиот дух што, од своја страна не дозволува организирање соодветна акција за поставување покрив на еден значаен и убав објект како што е овој импресивен храм.

Се разликува од останатите црковни градби во Варош. Меѓу нив и по апсидата која овде нема полукружна форма од надворешната страна, туку е аглеста. Тоа е поретка појава при градбата на божји домови. Самата градба зафаќа, речиси, квадратна форма, а во нејзините ѕидови се вградени повеќе стари елементи од градби, главно мермерни споменици од постари времиња, кои евентуално опстојувале на истиот простор или во неговата близина.

Ваквите елементи од антиката ги забележале и археолозите и истражувачите кои се интересирале за културните остатоци. Археологот Сариа од Белград, кој во Прилеп доаѓал во 1923 година, констатирал дека црквата имала значителен број антички споменици вградени во самата градба.

Според него, во црквата биле вградени четири големи мермерни столбови кои и во негово време стоеле вертикално само два. Столбовите, всушност, го држеле некогашниот покрив. Дали тој некогаш постоел? Дали покривот паднал откако долго време стоел на градбата или се работи за неуспешно покривање уште од почетокот.

Фактот што градбата потекнува уште од времето на големиот број цркви исто така влезени во старото предание може да значи дека црквата во некое од подобрите времиња била дури и активна. Не е исклучено дека таа била една од црквите на посебните семејства во Варош, исто така опишано во посебно предание.

Околу неа се пронајдени многу археолошки остатоци, меѓу нив посебно се спомнуваат печки за топење руда, печки за печење керамика и слично. Во близина се ископани гробови од средниот век и се најдени монети од македонските кралеви. Тоа од своја страна е потврда за долгиот континуитет за користење на овој простор низ различните периоди.

До кога ќе трае проклетството на црквата Свети Атанас опкружена со толку големо богатство од стара култура од десетици векови? Прашањето, се чини, не е тешко, но одговорот…

Прилеп доби атрактивен “кал паркинг”, единствен ваков во Европа? (Фото галерија)

Oткако поради реконструкцијата целосно отпадна паркинг просторот на булеварот “Гоце Делчев”, општина Прилеп се досети и најде нов простор каде ќе се наплаќа паркинг.

Просторот е позади зградите на булеварот, или позади некогашниот “Игор дракстор”. И тоа не било каков паркинг, туку “европски” каков што доликува на град кој е во “процут” изминатите три години.

Секоја чест, ова остава без зборови….

Денecка е Cвeти Атанacиj: Чecтита cлава и чecтит именден на cите кои пpaзнyвaaт

Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

МПЦ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

По празникот Св. Атанасиј зимен народот смета и верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Голем борец за вистинското православие

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени еретикот Ариј и неговите приврзаници.

Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.

Веднаш по Првиот вселенски собир на 8 јули 326 година на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.

По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атанасиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал.

Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон ариевците, а потоа ја одбил и наредбата на царот, еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија.

Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.

Уште четири пати свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати.

Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.