дома блог страница 2170

ИО на тyтyнapите: Tyтyнapи даваат пapи под рака за да дојдат до вагите и да го предадат својот труд

Ниту неколкуте средби со министерот за земјоделие и откупувачите, ниту средбата со премиерот Зоран Заев, не беше од помош за тутунарските маки.

Tутунот и понатаму се цени со класа до две подолу, наместо по класи се откупува по шифри, се чека со денови да се предаде родот и се бараат пријатели и партиски врски.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на тутунарите, денеска пред новинарите излезе со скандалозна информација.

Тој вели дека тутунарите чекаат со денови и многу тешко доаѓаат до вагите. Тој истакна дека се прават списоци во кои нема редослед и дека некои од тутунарите даваат пари под рака за да го предадат тутунот кои го произведиле.

“Покатастрофален, полош откуп, никогаш немало во државава во последните 20 години”, вели Мирчески.

Сега тутунарите бараат нова средба со министерот и откупувачите, но и да се обратат пред пратениците во Собранието.

Од ИО стакнаа дека бараат 100 денари субвенција за предаден килограм тутун и обвинија дека во државата се врши нелегален увоз на тутун, со што дополнително се влошува нивната состојба.

Најпроблематично е во Долненско каде има производство од 9 000 тони, а досега се купени само 35 насто.

Решиле да излезат на пpoтecт пpoтив Пyтин, еве како си поминале (Фото)

На Твитер се шири фотографија за која се тврди дека е направена во градот Краснојарск.

Краснојарск е град со околу 1 милион жители и се наоѓа во Сибир.

Според она што се пишува на Твитер, група граѓани излегле на протест против власта на Владимир Путин, а поради апceњето на Алексеј Навални.

Еве како си поминале:

Ливерпул понудил цело богатство за младиот турски фудбалер на Јувентус

Актуелниот англиски шампион Ливерпул доставил понуда до Јувентус за трансфер на централниот бек Мерих Демирал, објави турскиот портал „Фанатик“.


https://markukule.mk/wp-admin/edit.php?post_type=page
Според изворот, англискиот клуб понудил 50 милиони фунти (приближно 57 милиони евра) за 22-годишниот Турчин. Јувентус ја одбил оваа понуда.

Претходно, медиумите известуваа за обидите на Ливерпул да ангажира други централни дефанзивци, бидејќи Вирџил ван Дијк, Џо Гомез, Жоел Матип и Фабињо се повредени.

Демирал дојде во Јувентус летото 2019 година за 18 милиони евра од Сасуоло. Оваа сезона, фудбалерот забележа две 2 асистенции на 14 натпревари за италијанскиот клуб.

Следниот неработен ден паѓа во петок – уште 5 споени викенди до крајот на годината

После многуте празници и споени викенди за време на новогодишните празници, неработни денови ќе имаме дури во април.

До крајот на годината ќе имаме уште само 5 споени викенди.

Првиот продолжен викенд што е пред нас е за време на велигденските празници, почнувајќи од 30 април, Велики Петок, до 3 мај понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар.

Друг продолжен викенд имаме веднаш потоа на 24 мај кој паѓа во понеделник и се добиваат три дена споени. Трет на 18 јуни, за празникот Духовден кој паѓа во петок и ќе имаме споен викенд. Четврт за 2 август, Ден на Републиката кој паѓа во понеделник и последниот споен викенд ќе биде кога 11 октомври кој паѓа во понеделник, Денот на народното востаните ќе се спои со викендот пред него.

Ова се неработните денови до крајот на годината:

• 01 мај (сабота), Ден на трудот,

• 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 02 август (понеделник), Ден на Републиката,

• 8 септември (среда), Ден на независноста,

• 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед

• 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

• 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 05 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Пелистер се зacили со квалитетен играч од Сенегал (Видео)

Битолчани се засилија со сенгалскиот интернационалец Омар Гудијаби

Сенегалецот во редовите на Пелистер пристигна од Шкупи, каде пак дојде како засилување од сенегалското првенство во 2019 година.

Гудијаби е претставен како големо засилување, а според видеото кое е приложено во објавата за трансферот, навистина се работи за одличен млад фудбалер.

Во продолжение дел од неговите квалитети:

Poден е со една paка и игра за Бpeгалница, а досега два пати ја затресил и противничката мрежа: Никола е вистински xepoj и инcпиpaциja

Никола Марковски е момче за кое треба да дознае македонската спортска јавност.

Младиот Никола Марковски од Делчево е доказ дека кога нешто се сака, може да се постигне.

Никола кој сега има 18 години од раѓање е без една рака, но тоа не го спречува активно да игра фудбал и да дава голови, објави Спортски удар.

Марковски e член на na ФК Брегалница од Делчевo, тим кој е лидер во Третата лига Исток.

Во есенскиот дел од сезоната Марковски даде два гола.

Димитриеска: Четири странски инвеститори договорени од СДСМ ги раскинале договорите

Претседателката на Комисијата за материјално-финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска ги демантира тврдењата на власта и Заев дека земјава има странски инвестиции. Таа открива дека четири големи компании ги раскинале договорите последниов период, како и дека Македонија е на дното од Балканот што го покажуваат извештаите за рангирање на индекс на сранските инвестиции.

-Само во последниов период раскинати четири договори со странски инвеститори и тоа се странски инвеститори кои СДСМ ги договорил, потоа ги раскинале договорите, станува збор за германски Кеслер кој требало да вработи 150 лица, две турски компании, една за прозиводство на улично осветлување, една за автомобилска индустрија и една компанија од Албанија инвестиција во фармацевтската индустрија, која требало да вработи 300 лица, овде станува збор за инвестиции кои власта ги договорила, па потоа ги раскинале договорите, открива таа.

Таа вели зад ваквата одлука на раскинување на овие инвестиции можно е да влијаела корупцијата, честото менување на законски прописи како со прогресивниот данок и неуспешните економски политики на Владата.

-Кога сме кај странските директни инвестиции Фајненшл тајм, Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции во 2016 година била на високото трето место, од 2018 паднала на 18-то во 2019 ја нема воопшто на листата од 50-тина држави, тоа упатува сигнал кај инвеститорите дека нешто не е добро во државата, посочи Кочоска.

Тешко е да се справува со власта кога има ваков степен на корупција, и на еден подолг рок ова ќе остави посериозни последици врз македонската економија.

Кочоска вели дека единствено Владата е добра во водење на скап пи-ар, кој ни прикажува како да сме во некоја од скандинавските земји, кога реалноста е сосема друга.

-Ако тргнеме од странските директни инвестиции ние сме некаде на дното од Балканот и земјите од Балканот, за периодот од јануари до септември странските директни инвестиции само 119 милиони евра или 58 евра по глава на жител, во Србија имала над една милијарда или 295 евра по глава на жител, тука некаде е и Албанија и Бугарија, ние далеку заостануваме пред овие земји, странските инвеститори инвестираат во други земји, вели Кочоска.

Американка за еден ден успеа да заработи 100.000 долари, а идејата ќе ве воодушеви

Американката Тоби почна да заработува многу пари продавајќи на интернет нацрти за изработка на кукла што таа ја осмисли, а се темели на американскиот сенатор Берни Сандерс, кој стана хит на социјалните мрежи со неговата поза направена за време на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Тоби, која од 2012 година се занимава со плетење и има онална продавница на платформата „Etsy“, добила повеќе од 32.000 барања за да им исплете кукла „Барни“, која го прикажува познатиот американски сенатор од Вермонт.

Сепак, сфаќајќи дека таа самата не е во можност да исплете толкав број од куклите, во својата продавнаца за шест долари нуди упатство во ПДФ за купувачите да може самите да си направат кукла. Уште во првиот ден 20.000 луѓе го презеле прирачникот.

И денеска понесете чадор со себе: Во наредните денови температури до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, на планините во западните делови со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени Целзиусови.

Во Прилеп променливо облачно и со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 11 степени Целзиусови.

Во вторник ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд. Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини.

Ова се температурите за наредните денови:

Сите сакаме бели и чисти заби, а со овие грешки си правиме голема штета

Забите не треба да се мијат веднаш по јадење бидејќи забите и непцата омекнуваат за време на оброкот, па полесно може да се оштетат доколку веднаш ги триеме со четка. Експертите советуваат да се почека од 30 до 40 минути, објави „Брајт сајд“.

Други совети од експертите се и да не се дозволи водата од базенот да влезе во уста, бидејќи средствата за дезинфекција и одржување на водата содржат состојки штетни за забите.

Стоматолозите, исто така, препорачуваат кафето да се испие што е можно побрзо, а не подолго од 20 минути бидејќи на тој начин за овозможува повеќе време за кофеинот да ги уништи непцата и бојата на забите.

Експертите советуваат и забите секогаш да се мијат одвоено, а не за време на капење или туширање, бидејќи тоа е процес на кој треба да се посветиме.

Исто така, не се препорачува пирсинг на јазик ниту џвакање мраз, бидејќи и двете работи ги оштетуваат непцата и забите и можат да предизвикаат испаѓање на пломбите.