дома блог страница 2169

AЦ Милан или АЦ Миланиќ? (Фото)

Екипата на Милан викендов запиша нова победа во Серија А. Момците на Стефано Пиоли можеби не така убедливо, но заслужено ја совладаа Болоња на гости со 1-2 и го задржаа првото место на табелата.

„Миланезите“ поведоа во 26. минута со голот на Анте Ребиќ по промашениот пенал на Ибрахимовиќ, а Кеси во 55. минута од белата точка зголеми на 0-2. Конечните 1-2 ги постави Поли на девет минути пред крајот на натпреварот.

Раде Круниќ, репрезентативецот на БиХ, во игра влезе во 62- минута на место Ребиќ, а по мечот на Инстаграм објави симпатична фотографија. Круниќ ги нареде дресовите на сите играчи на Милан чии презимиња завршуваат на „ИЌ“ и ја објави фотографијата со коментар „АЦ Миланиќ“.

Отсекогаш сме биле во најјаките! Според Бектеши Македонија е една од земјите, кои најдобро се справиле со пандемиjaта на економски план

Министерот за економија Крешник Бектеши во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека Македонија е една од земјите кои најдобро се справиле со пандемијата на економски план.

„Почнувајќи од зголемување на минималната плата преку мерките на Владата, кои освен субвенционирање на плати, издаваше и ваучери на граѓаните – ваучери за туризам и ваучери за користење на домашни продукти, прехрамбени и други“, посочи Бектеши.

Тој најави дека во петтиот пакет мерки ќе биде и продолжувањето на грејс периодот за отплата на договите.

„Што се однесува до кредитите, такви беа дадени преку Развојната банка и не само што каматната стапка беше 0, туку се даде и грејс период од 12 месеци за почеток на отплата на долгот. Продолжувањето на грејс периодот ќе биде дел од петтиот пакет мерки“, вели Бектеши.

Дали политички договор ја гаси индустријата за игри на среќа на штета на економијата и граѓаните на Македонија?

ПР текст

Новиот закон би оставил без работа десетици илјади работници, а државната каса без 280 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот. Мотив за овој срамен предлог е исклучиво префрлувањето на игрите на црниот пазар, а граѓаните повторно ќе бидат драстично оштетени заради политички предизборни договори и интереси на поединци.

Повеќе од 10.000 луѓе стравуваат за своите работни места, а вкупно 70.000 директно и индиректно вработени во индустријата на игри на среќа чекаат расплет на срамно напишаното сценарио во кое цела стопанска гранка се гаси заради политички договор на штета на економијата и граѓаните на Македонија! Новиот закон за игри на среќа немилосрдно би избришал се добро што компаниите од оваа индустрија го правеа за економската стабилност, особено во период на криза заради епидемијата и би ја оставиле државната каса без 280 милиони евра кои што легалните приредувачи годишно ги придонесуваат во државниот буџет и буџетите на локалните самоуправи.

Почетокот на процесот на припрема на новиот закон за игри на среќа кој од 21 јануари е достапен на Единствениот национален електронски регистар (Енер), значи само дека во прв план се истакнуваат интереси на оние кои сакаат игрите на среќа да се префрлат на црниот пазар, каде не постои можност за заштита на играчите, ниту малолетниците. Под изговор дека се штитат интересите на малолетниците, со воведување на растојание помеѓу овие објекти и образовните институции од 500 метри, всушност децата се туркаат во илегалното обложување кое би им било на дофат на рацете!

На кого му е во интерес во екот на епидемијата да ја наруши економијата и целото општество? Мотив за ваков бесмислен предлог е исклучиво создавање на црн пазар од кого би се финансирале албанските партии, а негово усвојување значи дека во секој подрум ќе се организираат илегални активности, баш како и во Албанија.

Дали среде криза заради коронавирусот цел е Македонија да остане без стотици милиони евра кои со оваа одлука би се одливале на странски сајтови за обложување? На кого му одговара среде епидемија да се гаси индустрија од која живеат 10 отсто од населението на државата и која учествува со неверојатни 4 отсто удел во бруто домашниот производ. Само на оние кои своите интереси ги ставаат пред економската благосостојба на целата земја и кои не гледаат назад на отпуштените работници.

Одредени интересни групи работат и против здравствениот и против економскиот систем на земјата, не гледајќи на тоа дека се загрозени десетици илјади работни места. На кого му одговара државата да е во загуба? Повеќе од очигледно е дека ова оди во корист единствено на автомат клубовите и оние кои со ова драстично би ја зголемиле заработката. Интересите на лобистите засега се пред вработените во оваа индустрија кои стравуваат за својата работа додека се прават политички договори.

Со усвојување на новиот закон компаниите од оваа стопанска гранка би исчезнале од мапата на Македонија, што би оставило несогледливи последици врз државата и општеството. Ограничувањето на правото на работа низ некои скандалозни законски одредби би довело до кршење на уредбата за заштита на странски капитал и право на инвеститорите и директна штета за државата, која би морала да плати отштета од неколку стотици милиони евра.
Граѓаните повторно ќе бидат драстично оштетени доколку било што од новиот закон се усвои во интерес на политички предизборни договори и поединци.

Само во Македонија, играат Пелистер со Охрид, битолчани промашуваат пенал, а играч на Охрид се фаќа за глава (Видео)

Пријателската средба помеѓу Пелистер и Охрид одиграна во Струга предизвика полемики во фудбалската јавност во Македонија.

Тежина на чаршиските шпекулации им даде навивачката група „Чкембари“, која излезе со став за некакви заткулисни игри на оваа средба, алудирајќи на тоа дека нешто е наместено, додека пак од Пелистер веднаш излегоа со демант и се оградија од такви случувања.

Демантот на клубот:

За време на ваквите препукувања, на социјалните мрежи деновиве е актуелна е снимката направена на пријателскиот натпревар меѓу Пелистер и Охрид, при пеналот за битолскиот клуб што не го реализира напаѓачот Нето.

Голманот на охриѓани го одбрани ударот на офанзивецот на Пелистер, но она што е чудно од сета оваа ситуација е што еден од дефанзивците на ФК Охрид по нереализираниот пенал на Пелистер се држи за глава.

Во описот на видеото пишува:

“Обратете внимани на 6та од Фк Охрид кој жалеше што фудбалерот на Пелистер не погоди… Чиста намештаљка од играчите на Фк Охрид за 1-0 голманот бега од топката а за 2-0 сите бегаат од топката. Страмота! Ало ФФМ и МВР превземете нешто против рѕезилот што беше денес”.

Еве како да препознаете дали внесувате доволно витамин Ц

Витаминот Ц е многу важен за човечкиот организам, бидејќи освен тоа што го подобруа имунолошкиот систем, тој му помага на телото да се одбрани од сезонски настинки и грип, а го намалува и ризикот од хронични и срцеви заболувања.

Од друга страна, недостатокот на витаминот Ц предизвикува многу здравствени проблеми како што е губењето на телесната тежина, умор, инфекции на уринарниот тракт и слично.

Овој витамин делува како антиоксидант и спречува оштетување на клетките, а потребен е и за биосинтезата на колагенот.

Сепак, лекарите предупредуваат дека треба да се внимава со употребата на витаминот Ц, бидејќи со претерано внесување може да се предизвикаат проблеми со варењето на храната, дијареа, мачнина и грчеви во стомакот. Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите и на тој начин да се создадат камења или песок во бубрезите.

Се прашувате како може да препознаете дали вашето тело има недостаток на витамин Ц? Лесно е. Ако чувствувате малаксаност, болки во зглобовите, имате сува кожа или инфекции, голема е веројатноста дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.

Освен во вид на апчиња, витаминот Ц можете да го консумирате преку јадење цитрусно овошје, а исто така го има во зелениот зеленчук, односно во зелката, шипката, кивите, јагодите, чили пиперчињата, црвената и зелената пиперка, прокељот, брокулата, ананасот и папајата.

Полициjaта приведе двајца прилепчани за кpaжба во стан

Полициcки cлyжбеници од СВР Скопје вчера (01.02.2021) ги пpивеле Б.В.(29) и С.Ј.(30), двајцата од Прилеп, по добиена приjaва дека околу 13.30 часот извршиле тешка kpaжба во стан на ул.„Никола Парапунов“ во општина Карпош.

– Веднаш по добиената пpиjaва, пpeземени се мерки и активности и kpaдците се пpиведени, а по документиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе бидат поднeceни cooдветни поднесоци, велат од МВР.

Корисни совети за домаќинките: Еве како пешкирите секогаш да ви бидат меки и како нови

Секојдневно користиме крпи, па затоа многу е важно редовно да ги переме. Неизбежно е по некое време да изгледаат истрошено и старо.

Експертката за уредување ентериери, Рејчел Кохен, дава четири совети што ќе ви помогнат пешкирите да ви останат долго време меки.

Перете ги во ладна вода

Ниските температури спречуваат собирање на шевовите, односно помагаат пешкирите да ја сочуваат бојата.

Немојте да користите омекнувач за облека

Хемикалиите што ги содржи омекнувачот можат да ги оштетат влакната, поради што пешкирите по секое перење сѐ повеќе ќе се уништуваат.

„Наместо омекнувач, во машината за перење ставете тениско топче. Така ќе бидат помеки“, вели Рејчел.

Пешкирите подолго ќе ви траат ако ги перете одвоено.

Обрнете внимание на количината на детергент

Природни начини и трикови за да се спречи…

Доколку сипете повеќе детергент, пешкирите тешко ќе ви се исперат, односно ќе бидат крути. Следете ги упатствата на пакувањето, бидејќи така ќе знаете која количина на детергент оди на која количина облека.

Немојте да ги пресушите

Пешкирите што многу впиваат, побрзо се сушат. Па затоа, сушете ги во сушара што е можно пократко. Можете и да ги извадите пред да се исушат целосно и да ги сушите на воздух.

Колку често ги перете пешкирите?

Без разлика колку сте чисти вие или вашите пешкири, најверојатно се повалкани одошто мислите. Секогаш кога ќе се избришете со пешкир, на него останува слој мртва кожа.

Исто така, влажните пешкири привлекуваат бактерии, па така, ако не ги перете подолго време, тие ќе се размножуваат на нив.

Во машината за перење ставете половина шолја прашок за пециво. На тој начин ќе го отстраните застоениот мирис и ќе ги освежите.

Пешкирите треба да се менуваат секои два дена!

Вие скенирајте сметки и чекајте ваучери: Нови 5 работни места во општина Прилеп, плата до 29.000 денари

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 5 државни службеници од група I, подгрупа I во Општина Прилеп за следните работни места:

– Самостоен референт за административни работи, прибирање и обработка на податоци, Одделение за локален економски развој и прекугранична соработка, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

– Соработник за подготвување на годишна сметка и финансиски извештаи и планови, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања

– Самостоен референт за уредување на просторот и заштита на животната средина, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

– Раководител на одделение за правни работи, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

– Советник за спроведување на постапка за издавање на одобренија за градење, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната срединa

Платите за овие работни места се движат од 16.183 до 29.851 денари.

Огласите целосно можете да ги погледнете ТУКА

Пандев номиниран за спортист на годината на Македонија: Ова се останатите номинации

Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги номинираше најдобрите спортисти, федерации и репрезентации за 2020 година.

Во категоријата за број еден спортист се најде капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев. Покрај капитенот номинирани се Дејан Георгиевски (таеквондо) и Емил Павлов (карате).

Подолу погледнете ги сите номинации:

Спортист на годината

Номинација 1: Горан Пандев – фудбал; Номинација 2: Дејан Георгиевски – таеквондо; Номинација 3: Емил Павлов – карате;

Спортистка на годината

Номинација 1: Вероника Костовска – карате; Номинација 2: Дрита Ислами – атлетика; Номинација 3: Рејчел Стојанов – ритмичка гимнастика;

Млад спортист на годината

Номинација 1: Роберто Ацковски – карате; Номинација 2: Адријан Аземи – бокс; Номинација 3: Димитар Јованоски – триатлон;

Млада спортистка на годината

Номинација 1: Магдалена Божиноска – карате; Номинација 2: Сара Велкова – фудбал; Номинација 3: Александра Симева – тенис;

Најуспешен национален тим

Номинација 1: Фудбалски национален тим; Номинација 2: Ракометен национален тим; Номинација 3: Одбојкарски национален тим;

Најуспешен спортист на лице со инвалидитет

Номинација 1: Владимир Тркаљанов – шах; Номинација 2: Андреј Стојаноски – пливање;

Најуспешен тренер – селектор

Номинација 1: Игор Ангеловски – фудбал; Номинација 2: Борче Костовски – таеквондо; Номинација 3: Сашко Арсовски – карате;

Најуспешна национална спортска федерација

Номинација 1: Фудбалска федерација на Македонија; Номинација 2: Македонска Таеквондо Федерација; Номинација 3: Карате федерација на Македонија; Номинација 4: Ракометна федерација на Македонија; Номинација 5: Одбојкарска федерација на Македонија.

Пазете се инфлуенсери, Петре се пофали со своите 30.000 следбеници

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во стилот на инфлуенсерите се пофали дека на Фејбук стигнал до 30.000 лајкови.

“Доколку можев, би му се заблагодарил на секој одделно за пружената поддршка.

Бројката од 30.000 пријатели на социјалните медиуми е само уште еден доказ дека заеднички веруваме во оваа наша поинаква приказна и дека чекор по чекор секојдневно го менуваме Скопје кон градот кој заслужува да стане.

Од сѐ срце сакам да упатам едно неизмерно големо благодарам на сите вас, и продолжуваме понатаму уште поуверено и посилно”, напиша Шилегов.