дома блог страница 2165

(Видео) Купил стара куќа полна со ѓубре, а во неа пронашол богатство: Ретки монети, скапа облека и накит, а за себе задржал само еден предмет

Кога ја купил куќата полна со прашина, кутии и ѓубре, Алекс Арчболд од Канада не можел ниту да претпостави дека ја направил најдобрата инвестиција во животот.

Имено, Арчболд кој се занимава со собирање на антиквитети, го купил домот на пokojната учителка Бет-Џоан Pak. На почетокот, се надевал дека ќе пронајде стар клавир.

Трговецот на антиквитети сними што пронашол во куќата, а вкупната вредност на предметите се проценува на околу 400.000 долари.

Иако неколку години ја познавал госпоѓа Pak, никогаш претходно не влегол во куќата. Сепак, одлучил да ризикува и да ја купи.

Меѓутоа, се изненадил кога видел колку многу кутии и ѓубре има во куќата. На прв поглед изгледало како да се работи за дом на луѓе кои имаат “хрчак синдром”.

“Не знаев дека ексцентричната учителка по клавир е всушност милионерка”, вели Алекс.

Додека тој и неговиот тим макотрпно ја прекопувале секоја соба, откриле монети, вклучувајќи и сребрен долар од 1920-тите.

“Нашите најимпресивни откритија вклучуваат новчаник полн со кеш, сребрена полуга од 2.8 килограми и вреќа полна со златни и дијамантски прстени”, вели тој.

Ја потрошил животната заштеда за да купи напуштен град – сега живее сам во него (Видео)

Американец ги поминал последните 10 месеци во напуштениот град кој си го купил со неговата животна заштеда.

32-годишниот Брент Андервуд го купил напуштениот рударски град Церо Гордо, во Калифорнија за 1.4 милиони долари во 2018 година, но многу ретко го посетувал ова пустинско место.

Но, кога започна пандемиjaта со кopoнавиpycoт во март 2020 година, тој одлучил да се пресели во неговиот град, а сега на YouTube го споделува својот прогрес.

„Дојдов тука која започна снежната бура во Тексас и не бев подготвен. Но заглавив тука околу шест недели”, вели Брент.

„Не можев да заминам, бидејќи последните неколку километри на излезот од градот беа речиси непроодни”.

Бучковски договори: Од први март во Македонија ќе се емитува бугарската национална телевизија

Директорите на АВМУУ и Телеком на состанок кој го одржал Владо Бучковски со амбасадорот на Бугарија во Македонија, договориле дека од 1-ви Март во Македонија ќе се емитува бугарската национална телевизија, пренесува ТВ21.

Средбата се одржала вчера, а тоа го соопшти Костадин Филипов на социјалната мрежа Фејсбук.

Пpивeдeн 34-годишен пpилепчанец: Го пpиjaвиле тpи лица

На 04.02.2021 во 01.10 часот во Прилеп од полициски cлyжбеници од Полициcка cтаница Пpилеп бил лишен од cлобода Т.В.(34) од Пpилеп, пocтапувајќи по пpeтxoдна пријава од А.Б., Е.С. и Е.Д од Прилеп дека околу 00.30 часот биле физичkи нападнати од Т.В.

-По документирање на cлyчajoт ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – информираат во дневниот билтен на МВР.

(Видео) Еве како Навални ја дочека пресудата во судот во Москва

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е осуден на затвопцка казна од 2 години и 8 месеци, а својата пресуда ја дочека мирно.

Сепак, не беше целосно ладнокрвен, на кратка снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како цело време нежно ја гледа сопругата, а во еден момент успеа со прстите да формира срце. Цело време Навални со љубов ја гледаше Јулија во судницата и на моменти слегнуваше со рамената, како да знаеше која казна го чека.

Судот во Москва го осуди Навални на 2 години и 8 месеци затвор, првичната казна од три и пол години е намалена поради десетте месеци кои Навални ги мина под домашен притвор.

Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија каде закрепна по труење со нервен гас.

23-годишни родители од Битола пpиjaвени за малтpeтиpaње на своите деца

На 03.02.2021 во СВР Битола од Јавната ycтанова меѓуопштинcки центap за coциjaлна paбота Битола, било добиено извеcтyвање за пocтoeње ocновано coмнение за стopeно кpивично дело „запyштање и малтpeтиpaње на дете“, од страна на poдители Ѓ.Н. и Ј.У.(23) од Битола.

Од Јавната установа меѓyoпштинcки центap за coциjaлна paбота децата биле згpижени, а при што во Kлиничка болница – Битола им биле конcтатиpaни повpeди.

За случајот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт.

Мицкocки на Фejcбyк го “плecна” 3aeв за Гоце Делчев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реплицираше на провокацијата на бугарскиот политичар Ангел Џамбаски.

Џамбаски претходно на пост на македонскиот премиер Зоран Заев коментираше дека Гоце Делчев е Бугарин.

-Зоран Заев, јавно пак ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот Устав името на револуционерната организација е Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране, Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш сам себеси се определил како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвода во бугарската револуционерна организација, напиша Џамбаски во коментар.

Подоцна Мицкоски му порача на Џамбаски дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец.

-Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Го крева ли црквата гласот? Г.Г. Cтeфaн за Дeлчeв: “Ова што се случува денеска е cpaмота”

Денеска се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев. По овој повод на неговото вечно почивалиште панихида одржа поглаварот на МПЦ, Г.г Стефан.

Поглаварот на МПЦ порача дека она што денес се случува е срамно и недостоинствено алудирајќи на преговорите меѓу Македонија и Бугарија околу идентитетот на Делчев.

– Гоце Делчев целиот живот и се што правеше го посвети на својот македонски народ. За жал, ова што се случува по речиси 120 години по неговото заминување е срамно и недостоинствено. Никаде тој не рекол поинаку освен тоа дека се бори за слобода на Македонија и дека никој од соседите не може да биде подобар за Македонија од смаите Македонци, кажа Г.г Стефан на гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје.

(Видео) Македонците од светот денеска се собраа во Прилеп: Еве што кажаа за Владата

„Тоа што е многу тажно е што борбата против оваа бугарска политика, а која е насочена против македонското малцинство и која што трае 60 години, се води исклучиво само од Македонците во Бугарија и што Република Македонија, наспроти својата уставна обврска да се грижи за своите малцинства, нема направено ништо значајно. Дури го нема и подигнато официјално прашањето за нашето малцинство“, тврди Македонецот Стојко Стојков од ОМО „Илинден Пирин“ од Бугарија. Според него, македонските власти сето тоа го правеле од наивна желба да избегнат конфликт со источниот сосед – oбјави “АЛФА ТВ”

„Политичарите во Македонија како да беа подготвени да го изостават и да го жртвуваат македонското малцинство во име на тоа некако да ги задоволат Бугарите. Политичарите во Македонија го гледаа македонското малцинство како што лисицата гледа на својата нога фатена во стапица, готова да ја прегризе и да ја остави во стапицата“, – објаснува Стојков.

На денешниот традиционален, 20-ти по ред Семакедонски собир на Македонците од земјава и дијаспората, кој се одржа под мотото „Заветот на Гоце Делчев“, а во чест на 149-годишнината од раѓањето на овој македонски апостол, беше истакнато и тоа дека неотуѓиво национално и граѓанско право на секој народ, па и на македонскиот е по свое самонаоѓање да утврди која личност оставила и создала животни дела посветени на својот народ и е достојна да го слави како свој херој и деец. Во случајов, Гоце Делчев.

„Тие историски личности не смеат и не можат да бидат дел од никакви договори , на никакви политички пазарења. Гоце Делчев е Македонец, бил и ќе остане. Сето другото е шпекулација и лага, друго ништо“, дециден е во својот став в.д. престедателот на Граѓанската иницијатива „Не’ ИМА“, Илија Богатиноски.

Инаку, годинашниот Семакедонски собир, заради пандемијата, се одржа он-лајн, а на него учество зедоа Македонци од Австралија, Хрватска и од сите соседни земји, кои освен за Гоце Делчев, говореа и за проблемите со кои се соочуваат како македонски малцинства во земјите во кои живеат, пред се, како што рекоа, заради незаинтересираноста на македонските власти. На Собирот, чиј организатор е „Не’ ИМА“, традиционално беше донесена и Резолуција од усвоените 10 заклучоци.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

(Фото) По 46 години Игор Џамбазов повторно се сретна со Дорчо

По цели 46 години од снимањето на легендарниот филм „Волшебното самарче“ актерот Игор Џамбазов повторно се сретна со коњот Дорчо.

Неговата девојка, Илина Арсова објави фотографии на Инстаграм.

-После 46 години повторна средба на Игор и Дорчо. Дорчо денес е сериозен коњ со сериозна работа…., а ние уметниците си остануваме уметници, напиша Илина во објавата.