“Тенкото мнозинство не може да одржи седница, а не па да донесе закон”

Парламентарното мнозинство во Македонија кое брои 62 од вкупно 120 пратеници колку што е вкупниот број во Собранието, освен што е тенко и килаво, истото е и кусо. Односно, месец дена владата се бори и не може да обезбеди кворум за работа на македонското Собрание.

Во собраниска процедура подолго време чекаат закони кои треба да бидат изгласани. За гласање во Собрание чекаат и предлог закони кои се потребни за да почне со реализација на петтиот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните.

Инаку оваа држава помош, власта најави дека ќе се реализира уште во јануари месец, но неѓу другите причини, и кусокот на пратеници во Собрание си го направи своето. Веќе сме март месец, а најавената државна помош е далеку од реализација.

Од друга страна, помошта на спопанствениците и граѓаните во оваа време на пандемија од корона вирусот и економска криза, и те како им е потребна и неопходна.

За потсетување, минатата година на премиерот Зоран Заев му се брзаше да оди на избори со образложение дека на Македонија и се потребни функционални институции, пред се функционално Собрание, имајќи во предвид дека собранието беше распуштено уште во февруари, бидејќи изборите требаше да се одржат во април, а беа одложени поради пандемијата.

Сега, скоро осум месеци после предвремените избори кои се оддржаа во јули месец, ние имаме уште понефункционално собрание, кое не може да овозможи кворум од 61 за почнување на одредена седница, а не па да донесе некој закон кој е од особена зажност за македонските граѓани.

Имено, вчера координаторите на пратеничките групи имаа состанок во Собранието. Главна тема беше блокираниот Парламент кој не може да оддржи седница. Причина за тоа е владејачкото мнозинство кое се соочува со многу поделби и прегрупирања.

Најнапред пратениците од ЛДП најавија дека ќе делуваат самостојно, а после тоа го стори и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.
Од друга страна, пратениците на албанските опозициски партии, односно коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, велат дека тие немаат намера и не е нивна одговорност да му обезбедуваат кворум на власта, за да може да функционира Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека Собранието не е функционално и дека потребни ни се нови избори. Неуспешниот обид да се соберат најмалку 61 пратеник за да одржат седница, според опозициската ВМРО ДПМНЕ е показател дека се потребни предвремени парламентарни избори за ново стабилно мнозинство. За законите кои треба да се гласаат, опозицијата присуствува, но не поради гласање по секоја цена, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.