дома блог страница 2162

СДСМ: Ги унапредуваме работничките права, недела станува неработен ден

Соопштение од Центарот за комуникации со јавност на СДСМ

Грижата и поддршката за работниците и унапредувањето на работничките права се приоритет на СДСМ и на институциите што ги предводи.

Со процесот на измени на Законот за работни односи, со кои недела станува неработен ден, ден за одмор за најголем дел од работниците, СДСМ реализира уште едно ветување од Програмата и овозможува поголема социјална еднаквост и заштита и унапредување на работничките права.

Со навремената и ефикасна помош, преку четири пакети мерки, во време на кризата предизвикана со корорнавирусот, Владата предводена од СДСМ спаси стотици илјади работни места во десетици илјади компании.

Ја зголемивме минималната плата од 9 на 14.500 денари, а просечната плата изминатите години континуирано расте, во ноември лани се зголемила за седум отсто во однос на просечната плата во истиот месец претходната година, односно за 1800 денари.

Поддршката за стопанството, за работниците и граѓаните продолжува и со петтиот пакет мерки, кој е во финална фаза.

СДСМ останува посветена на креирање и реализација на мерки и политики што го враќаат достоинството на работниците и обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани.

Како да не е истиот кога е на власт: Заев вели дека треба да престанеме со предвремени избори

Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Гевгелија, како одговор на барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори.

Државата, вели тој, има јасен правец по кој се движи, односно, како што рече, европеизацијата продолжува.

– Сите тешки одлуки што се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отворање нови работни места, да ги мотивираме ваквите инвеститори да инвестираат во нови инвестиции, да отвораат работни места, да го зголемуваат својот извоз, бруто домашниот продукт на државата, а со тоа и благосостојбата на целиот народ, рече премиерот.

Секое предвремено истрчување на избори, според него, ги кочи ваквите процеси.

– Затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа, а дотогаш треба буквално сите, почнувајќи од мене, претседателот на државата, извршната власт, општините, но и сите наши граѓани, да ги засукаме ракавите и да работиме. Само така ќе имаме голема плата, само така ќе има поголеми инвестиции, само така ќе има поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ, заклучи Заев.

(Видео) Запознајте го најмалиот рептил во светот

Научници од Мадагаскар и Германија откриле нов вид камелеон кој е толку мал што може да биде кандидат за најмал рептил во светот.

Телото на мажот на нов камелеон од Мадагаскар е долго само 13,5 милиметри. Тоа е речиси 1,5 милиметри помалку од досега најмалиот камелеон од истото семејство брукезиа.

Баварската државна збирка за зоологија во Михлен соопштила дека телото на нано камелеонот од 13,5 милиметри го прави овој вид меѓу најмалите од 11.500-те познати видови рептили.

Експертот за рептили во оваа институција Франк Гло, изјавил дека најновиот вид камелеон и женка која е малку поголема од него ги забележал локален водич на планина за веме на експедиција во 2012 година.

Милошоски: “Да беше Моцарт роден во Македонија, министерката ќе му забранеше да свири клавир на 4 години”

Фејсбук статус на пратеникот Антонио Милошоски:

-Да беше Моцарт роден во Македонија, министерката ќе му забранеше да свири клавир на 4 години, Никола Тесла со сличен изговор ќе беше исклучен од меѓуопштински натпревар по физика, а Ајнштајн нема да добиеше согласност на 8 години да биде префрлен во гимназија, каде по скратена постапка му било признаено целото основно образование!

Мотоциклист тешко повpeден на патот Прилеп-Битола

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

На 06.02.2021 во 16.45 часот на патот Прилеп-Битола А.Л.(31) од Прилеп управувајќи моторцикл „јамаха“ со прилепски регистарски ознаки паднал на коловозот и се здобил со тешки телecни повpeди кои му биле констатирани од доктор во Градска болница Прилеп, информира МВР.

Денес се празнува Св. Григориј Богослов

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јануари. Денеска е Св. Григориј Богослов.

Во Црквата името Богослов го носат само три личности: Јован, апостолот и евангелист, Симеон, наречен Нов Богослов, и Григориј Кападокиецот, кого го славиме денес.

Последниов се роди во 330 година во Аријанз. Ги помина сите степени на тогашната наука, завршувајќи го образованието во Атина заедно со свети Василиј Велики.

Григориј бил поетичен, чувствителен дух, но состојбите во Црквата во четвртиот век долго не му оставале можност да се повлече во ненарушено богомислие. Тоа му пошло од рака кон крајот на животот. Се повлекол во родниот Аријанз и тука го предал духот на Бога околу 390 година.

Hoви цени на гopивата oд yтpe

Како и секоја недела, таа и и утре напладне, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од вторник од полноќ.

Минатата недела малопродажните цени на бензините и дизелот останаа непроменети.

Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) останаа на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25 јануари 2021 година.

Максималните цени на нафтените деривати, како и изминатата недела изнесуваат 61 денар за литар Еуросупер БС-95, 63 денари Еуросупер БС-98, 52 денара Еуродизелот. Новата малопродажна цена на Екстра лесното изнеусва 41 денар, а малопродажната цена на мазутот се зголеми за 0,168 денари за килограм и изнесува 31,436 денари.

Kласата е вечна: Пандев за 15 минути мy “закачи” два гола на Наполи (Видео)

Горан Пандев и на 38-години докажува дека класата е вечна!

Вечерва успеа во рок од 15 минути два пати да ја стреси мрежата на неговиот поранешен клуб Наполи.

Пандев и’ донесе огромна предност на Џенова во првото полувреме од 2:0 и веројатно нови значајни три бода.

Нашиот капитен стрелаше прецизно во 11-та и 26-та минута од мечот против наполитанците и покажа респект со тоа што не ги славеше постигнатите погодоци.

Бyчковски со уште една “paдocна вecт”: Уштe тpи бугарски тeлeвизии бapaaт дa ce eмитyвaaт вo Македониja

Специјалниот претставник на Македонија во решавање на спроот со Бугарија Владо Бучковски најави дека во нашата земја има барање за емитување од уште три приватни бугарски телевизии.

– Макс ТВ на Телеком ќе ја реемитува BNT4 како дел од балканскиот пакет од 1 март. Во исто време еден од каналите на Македонската радиотелевизија, сателитскиот канал, ќе се реемитува преку бугарските оператори. Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ. Истото ќе се направи и со неколку приватни национални телевизии за реемитување во Бугарија. МРТ и БНТ се пред потпишување на договор за размена на дописници и размена на забавна и музичка програма. Ова треба да кулминира со создавање на заедничка продукција во блиска иднина – рече Бучковски во вчерашното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Новинската агенција МИА веќе има и свој дописник од Софија, новинарот Николај Крастев, а на името на дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија сè уште се чека.

Неделава беше договорено и Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија.

Xyман извpшител: Ги иcфpлил од cтанот, но им платил oпepaциja и се’ yште им плаќа киpиja

Еден судски извршител од град во централна Полска по барање на судот од стан исфрлил стара жена и нејзиниот возрасен син. Но, се се променило кога дознал дека се задолжиле за да платат лекување, бидејќи синот е многу болен, па им изнајмил стан кој го плаќа од свои пари, се додека градот не им додели општински стан.

– Ова е единствен случај во Полска. Во нашиот центар дојде тој извршител кој неколку дена порано ги исфрлил на улица и предложи на свој трошок да изнајми стан за мајката и нејзиниот болен син. Можат во тој стан да останат се додека не добијат општински, што може да потрае неколку месеци. Извршителот молеше да не го објавуваме неговото име, но морам да признаам дека сум трогнат од неговиот гест, за полските медиуми изјавил Влоџимјеж Волски, од локалниот центар за кризни интервенции.

Кога ги исфрлувал од станот 60-годишната мајка и нејзиниот 35-годишен син, извршителот не знаел за болеста на синот, а толку се задолжиле што долговите ја надминале вредноста на станот, токму поради лекувањето.

-Секако, госпоѓата направила голема грешка затоа што не доаѓала во судот на расправи и судот не знаел каква им е семејната ситуација. Пресудил да бидат исфрлени од станот и тоа без право на социјален смештај, кажал Волски.

Задолжениот стан во фазата на извршување го купило приватно лице и извршителот морал да ја спроведе пресудата, но штом дознал, се сожалил и решил проблемот на семејството да го реши на свој трошок.

Тој дури и побарал нивниот стан да биде блиску до болницата каде се лекува болниот син.