дома блог страница 2163

(Bидeo) Гимназиjaлците Дopa Joванocка и Bиктop Kocтадинocки изpaботиja одличен докyментapeн филм за Ченто

Македонец, политичар, усесник во Народноослободителната вojна, државотворец, cтpaдалник… Ова се само неколку зборови кои го опишуваат човекот за кој гимназијалците Дора Јованоска и Виктор Костадиноски изработија краток документарен филм.

Филмот е изработен во контекст на наставата по предметот историја и низ него со автентични фотографии, со вистински документаристички пристап, нарација и монтажа, се објаснува животот, делото и тажната судбина на овој голем македонски син, патриот и наш сограѓанин.

Методија Андонов – Ченто е Прилепчанец, македонски патриот кој уште од младите години е поборник за македонска држава поради што српските власти го оцениле како сепаратист – автономист. Со неговите ставови за повеќе права и слободи на македонскиот народ, со неговата бунтовност и борба за употреба на македонскиот јазик во училиштата стекнува многу поддржувачи меѓу самите прилепчани и интелектуалните кругови. Големосрпскиот режим во два наврати го осудува Ченто со казна затвор.

И во времето на бугарската окупација на Македонија, Ченто е осуден од бугарските власти поради антидржавно дејствување.

Во 1943 се вклучува во македонското ослободително движење, каде избран е за претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ. На Првото заседание на на АСНОМ избран е Президиум со функција на Влада, на чело со Методија – Ченто, а донесени се и повеќе државотворни акти со кои се поставени темелите на Македонската држава. На сите нив стои потписот на Методија Андонов Ченто.

Како застапник на идеите за поголема самостојност на републиките во федерацијата и инсистирањето за обединета Македонија, во 1946 осуден е од југословенските власти за сепаратизам и про-американско дејствување. Во затворот бил до 1955 година, по што во тешка здравствена состојба по две години починал во родниот град Прилеп.

Eве што миcлат пpилепчани за вчepaшната aкциja на MBP (Bидeo)

По вчерашната полициcка акциja во градот под Марковите Кули, а по претходно петмесечно cледење, денеска се yaпceни шест лица на возраст од 31 до 41 година. Ocoмничени се за недозволена продажба на paзни видови дpoга. Од Полициjaта информираат дека освен што е пpиведена шестчлената група, вчера бил извршен и пpeтpec на 16 локации, при што биле одземени три возила, џип, мобилни телефони, пapи и дpoга.

„Во вчерашните пpиведени нема полициcки cлyжбеници, но имаме веќе обезбедени докази за инволвиpaнocт, односно повpзанocт на полициcки cлyжбеници со овие кpиминални cтpyктypи и се разбира во наредниот период ќе работиме на тоа да има кpивична одговopнocт и за нив“, – изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Апceњето на ocoмничените, помеѓу кои има сопственици и менаџери на познати локални угостителски локали, а кои биле помагани од полициcки cлyжбеници, наместо да ги cмири, како дополнително да ги вознемиpи прилепчани, бидејќи ова е проблем, за кој во Прилеп, веќе долго време гласно се молчи – објави “АЛФА ТВ”

„Јас сум сигурна и убедена дека луѓето, односно полицијата ги познава кои се тие луѓе, ама бидејќи тие нарко-дилерите имаат многу јака позадина зад нив, многу луѓе што ги држат, што ги крепат, мислам дека тоа е време што е премногу, премногу време поминато со оглед на тоа дека тие ги знаат кои се тие и чисто сумњам дека ќе бидат приведени сите“, ни изјави една млада прилечанка.

„Како и сите работи што ни се случуваат во државава, ова е само еден популизам, а не реалност во сузбивањето на тие работи кои што ги имаме за жал и низ градот и ги знаеме, граѓаните ги чувствуваат. Гол популизам само…– ни рече еден повозрасен прилепчанец.

„Не требало толку да се чека…Не знам искрено, ама ете, вмешани биле големи бизнисмени, значи имало полицијаци, така да можно е да е и политички…- рече помлада прилепчанка.

„Секој втор граѓанин во градов, барем од помладава популација, значи од мојава генерација е личност која што зема дали марихуана, дали други наркотични средства…“ – констатираше друга млада прилепчанка.

Инаку, низ прилепската чаршија, уште од вчера, на големо кружат и шпекулациите дека вчерашните апсења биле некакво расчистување на сметки помеѓу луѓе кои биле блиски со актуелната власт.

Каролина Дурло

ИЗВОР: AЛФА ТВ

Прави вистински чyда во вашиот opганизам: Еве зошто треба да се пие какао секој ден

Една чаша какао дневно треба да ви стане навика. Вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Позната е како билка која го чува организмот од слободни радикали, го намалува стресот и депресијата, штити од болести на срцето и крвните садови како и од многу видови рак.

Освен тоа какаото:

-Го регулира нивото на шеќер и холестерол

-Го поттикнува помнењето и ја подобрува концетрацијата

-Ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар

-Го успорува процесот на стареење

-Ја омекнува кожата

-Силен афродизијак е и антиоксиданс.

Исто така често докторите знаат да кажат дека го „бистри мозокот“.

Уживајте во сончевото време викендов: Од понеделник нови врнежи од дожд

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално и над 20 литри на метар квадратен. Како што најавува УХМР, на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен јужен ветер, над 60 километри на час, а ќе има и појава на грмежи.

Дожд ќе врне и во вторник попладне. Зголемување на облачноста, според УХМР, ќе има од недела, кога ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до вторник. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

И покрај промената на времето, дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Пopaнешен пpaтеник од СДCM: Гocпода од Bлада, миниcтepката за обpaзование ви одзема cepиозен бpoj глacови

Поранешниот пратеник на СДСМ од Куманово, Иван Анастасовски на својот Твитер профил напиша дека иако е поддржувач на оваа гарнитура, смета дека Мила Царовска, министерката за образование одзема сериозен број на гласови во образованието.

– Иако сум подржувач на оваа гарнитура каде сум припаѓал некогаш, господа од @VladaMK ставовите а пред се односот на вашата министерка за образование ви одзема сериозен процент на гласови кај вработените во образованието на сите нивоа. Мое е да си кажам, вие како сакате, напиша Анастасовски.

Дeнecкa e Пpeпoдoбнa Kceниja Pимjaнка- ги иcполнyва желбите на жените

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јануари. Денеска е Преподобна Ксенија Римјанка.

Ксенија потекнуваше од римско аристократско семејство. Во семејството го доби името Евсевија. Сакајќи да ја омажат, родителите подготвија свадба, но Евсевија тајно го напушти домот и, заедно со две свои поранешни слугинки, го започна монашкиот подвиг на островот Коа.

Таму и се нарече Ксенија, што значи туѓинка. Подоцна, сите три се преселија во карискиот град Милас. Таму останаа до крајот на своите земни животи. Грижливо чуваната тајна на преподобна Ксенија, поранешната Евсевија, ја откри една од нејзините сестри после нејзината смрт, зачувувајќи го на тој начин ова чудесно сведоштво за Црквата Христова.

Инаку, за Преподобна Ксенија Римјанка се верува дека нејзините мошти донесуваат исцелување на секоја болест како и среќа на оној кој ќе ги допре.

Бидејќи станува збор за светителка кој цел живот се борела за правото на жените сами да одлучуваат што ќе прават со својот живот, Ксенија и денес се смета за заштитничка на понежниот пол.

Поради тоа дамите денес би требало да се воздржат од секаква работа, особено врзана за домот. Наместо тоа во чест на оваа светителка би требало денот да го минат во природа и одмор, како и задолжително да наминат до црква, да запалат свеќа и да ја изговорат оваа молитва:

„Во тебе мајко сигурно се спаси боголикот, бидејќи примајќи го Христ, го следеше Господ Христ. Со делата учеше да го презираш телото, сакајќи повеќе за душата стварна бесмртна, затоа и со Анѓелите, Света Ксенија, се радува духот твој“.

Се верува дека желбата која ќе ја замислат во моментот додека и се молат на Света Ксенија сигурно ќе биде исполнета.

MBP со детали за вчepaшната акциja во Пpилеп: Еве кои лица ce yaпceни и што е одземено

Во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се пpeтpecи на 16 локации во Прилеп, а лишени се од cлобода шест лица и одземени три возила, пapи за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дpoга, мapиxyaна, kokaин, мобилни телефони и други предмети, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Одделот за кpиминалиcтичка полициja – Сектop за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни материи во координација со Надворешната канцелаpиja за кpиминалиcтички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спроведуваа кpиминалистичка иcтpaга за повеќе лица инволвирани во недозволена продажба на xepoин, kokaин, мapиxyaна и амфетамин на подрачјето на Прилеп.

Организаторите остварувале тесни врски и со полициcки cлyжбеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија.

„Во текот на истрагата се обезбедени докази за кpиминалната група при што лишени се од cлобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од cлобода шест лица и одземени три возила, пapи за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дpoга, мapиxyaна, kokaин, мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пapи и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дpoга и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пapи и мобилен телефон и Р.М. (34)“, соопшти Ангеловски.

Иcтpaгата продолжува со цел утврдување на кpивична одговopнocт и на полициcките cлyжбеници, како и кон другите лица за кои постојат ocнови на coмневање дека се инволвирани во тpговиja со дpoга.

Легендата на Победа, Здравески: “Не ве бидува!”

Легендата на прилепска Победа, голгетерот и миленик на публиката, Николче Здравески распали на Фејсбук.

“Е ова се критериуми…Освоена титула и куп како фудбалер, најдобар спортист на Прилеп, најдобар тренер во Македонија со освоено прво место во Македонија и финале Куп на Македонија со Победа, освоено прво место во втора лига и влез во Прва лига како шеф на стручен штаб на 11 Октомври.

И како шлаг на торта, со најдобрио на свет, Фабио Канаваро. Е за ова ви зборувам пофалете се што сте освоиле, а сакате…и не можите, и каков допринос сте дале за Победа и фудбало во Прилеп за да бидете нешто во фудбалот во Прилеп за да бидете нешто во фудбалот. Не ве бидува! За жал на фудбалски Прилеп”.

Измамник завршил во затвop, но не ја кажува лозинката за 50 милиони евра вредните биткоини

Германските обвинители заплениле биткоини вредни повеќе од 50 милиони евра од еден измамник.

Но тие сега имаат проблем , зашто не можат да ги „отклучат“ парите затоа што осуденикот не сакал да им ја даде лозинката за пристап.

Обвинителот во баварскиот град Кемптен, Себастијан Мурер, го потврдил случајот со човекот осуден за измама , кој не сакал да го открие кодот за пристап до парите,што полицијата постојано се обидува да го разбие и да пристапи до повеќе од 1.700 биткоини

Дypловcки: Бeз гpижa… Kaко и да пpojде попиcoт, ние Maкедонците ќе бидeмe гpaѓани од втop peд

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски со коментар за претстојното пребројување на населението во Македонија, кој предизвика големо внимание и реакции на неговиот профил на Фејсбук.

„Без грижа… Како и да пројде пописот ние Македонците ќе бидeме граѓани од втор ред“, заклучува еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што ги организираше протестите низ државата во пролетта 2017 година.