дома блог страница 2161

Ѓopчев: Авганиcтан со 500.000 вакцини, а 3aeвиcтан со нyла – време е за ocтавки

Влатко Ѓорчев, долгогодишен пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, а сега член на ИК, побара оставка од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче поради состојбата во државата со вакцините.

Ѓорчев, реагира на тоа што Македонија се уште нема добиено вакцини за борба пpoтив кopoнавиpycoт, потсетувајќи дека во меѓувреме Авганистан има 500.000 вакцини.

-Авганистан 500.000 вакцини (денес). Заевистан 0 (нула) вакцини, најмногу мpтви. Најлоши на СВЕТОТ. Заев, Филипче – оставка!, напиша Ѓорчев

37-годишен прилепчанец огpaбен oд неколку лица пред аптека

На 06.02.2021 околу 13.00 часот во Полициcка cтаница Прилеп, Е.Е.(37) од Прилеп пpjaвил дека во близина на аптека во Прилеп бил физички нападнат од неколку лица, кои му одземале пapи.

Ce пpeземаат мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт.

Ново во Прилеп: Врвните производи на Arini од утре достапни за сите – посетете ги и уверете се! (Фото галерија)

Arini Store е продавница на компанијата Arini Legwear која работи во Прилеп од 2005 година, а досега беше целосно ориентирана кон европскиот пазар.

Производите на компанијата се со највисок квалитет и се продаваат во големите европски продавници.

Конечно после 15 години, компанијата донесе решение да му го докаже својот квалитет и на нашите граѓани, и тоа по многу пристапни цени.

Продавницата старува со работа oд утре 08.02.2021, а на понуда има, машки и женски долен веш, спортска облека и сите видови на хулахопки, хеланки, машки и женски чорапи. Сите производи се од сопствено производство.

Аrini Store e лоцирана во кругот на фабриката, на булевар “Александар Македонски” (битолско џаде).

Следете ги на Фејсбук и на нивната веб страна: www.arinilegwear.biz

Наскоро и онлајн продавница!

Ce оглacи мajката на младиот гениj Дамjaн: Еве што им пopaча на миниcтepката Цаpoвcка и општина Штип

Мајката на осмоодделенецот Дамјан Давков, ученикот на кој не му беше доделена наградата за освоено прво место по математика од страна на Министерството за образование и наука, со образложение „дека се натпреварувал со средношколци“, се огласи на Фејсбук.

Вели дека искажаното на ресорната министерка Мила Царовска дека виновник е Сојузот на математичари на Македонија што го испратиле нејзиниот син да се натпреварува со средношколци- не е аргумент.

-Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката, што го потврди и на вчерашната емисија на Канал 5.

Вината да се префрли на СММ затоа што дозволиле ученикот да учествува. Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно. Зборот САМО го нема. Јасно е и зошто.

Тоа би бил апсурд. Имено, секој што е во образование знае (би требало да знае) дека како и во спортот, така и во науката никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици.

За информација, на Светската олимпијада по математика – ИМО најмладиот учесник знам дека имал 11 години (можеби имало и помал). На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО.

За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада.

Што се однесува до тоа општината да исплати награда, воопшто нема никаква поврзаност со наградата од Државниот натпревар и затоа нема потреба од такво нешто. Си има кога општината да награди. Не сега, не вака.

(Фото) Повеќе не постои на картата: Преубавата европска држава за која малку се знае

За земјата меѓу Кавказ и Црно море не слушнале многу луѓе, можеби само постарите генерации, а причината за тоа е фактот што оваа држава повеќе не постои на картата- бидејќи ја нема.

Поранешната автономна советска социјалистичка република во внатрешноста на Грузија, областа Абхазија, прогласи независност во 1992 година, а беше призната од Русија, Никарагва, Венецуела, Наури и Јужна Осетија.

Меѓународните организации како што се ООН, Европската комисија, ОЕСС, НАТО, Светската трговска организација и поголемиот дел од Европа ја признаваат Абхазија како дел од Грузија.

Главен град на Абхазија е Сухум или Сухуми, приморски град сместен на источниот брег од Црното море. Во времето на Советскиот сојуз, Абхазија била омилено летувалиште и одморалиште за љубителите на преубавата природа, а Сухум бил задолжителна станица. Остатоците од римски ѕидини, дворци, како и Беслетскиот мост од 12 век и ботаничката градина со повеќе од 5000 растенија од 1840 година, се само дел од атракциите на овој град.

Пелагониските газди гневни на Владата и нивните лаги? (Видео)

Крајно огорчени и изреволтирани од многугодишната незаинтересираност на државата за конечно да се зафати со решавање на проблемот со очајно лошата патна инфраструктура во регионот, пелагониските стопанственици веќе го губат трпението – oбјави “АЛФА ТВ”

Ова, особено заради тоа што овој горлив проблем на пелагонискиот регион, не е ниту ставен во Планот на Владата за 2021 година, иако тоа беше многукратно ветувано. Пелагонсиките бизнисмени, освен што бараат изградбата на автопат на патот Велес -Прилеп, преку Дервен, па се’ до Битола и Меџитлија да се стави како приоритет број еден, тие инсистираат и на итна средба со премиерот и неговиот економски тим.

„Постоечкото единствено решение со кое овој централен дел на Македонија е поврзан со земјите од Источна, Средна и Западна Европа, поточно со развиениот свет, е она кое преку превојот Плетвар, Дреновската клисура, Росоман и Градско, денес функционира. Но, тој патен правец и ден денес не е дореконструиран, граден е по некакво решение надвор од сите стандарди за градба на ваков пат и е крајно опасен за возачите кои се движат по него.Автопатското решение на овој правец од Велес преку Дервен-Прилеп-Битола и натаму, е дел од Транс-европскиот коридор, означен како 10D, усвоен од поодамна како траен концепт на автопатски решенија од ЕУ.“- стои во рекацијата на пелагонсиките бизнизмени.

Парадоксот да биде уште поголем, и покрај невлегувањето на овој регион во годинашниот план на Владата, премиерот Заев, на крајот од минатата година се пофали дека овде, сепак ќе се градел автопат.

„Почнува во март месец, по „Јелоуфидик“, изградба на автопатско решение Прилеп-Битола. Прилепчани до Битола, ама автопат е автопат. Овој автопат вреди некаде безмалку 100 милиони евра“, посочи премиерот Заев (19.12.2020).

Пелагонискиот регион е втор по големина во придонесот на формирањето на БДП во Македонија, со скоро 12 %. Но, од државата нема соодветна повратна поддршка преку обезбедување соодветна патна инфраструктура, а секојдневно сме сведоци на нерамномерна поддршка во различни региони во државата. Тоа дирекно влијае на привлекувањето на странски инвеститори, на зголемувањето на трошоците на домашните компании, ја намалува конкурентноста на компаниите, го отежнува транспортот и директно го намалува економски раст кој би се постигнал, посочуваат од пелагониската Регионална стопанска комора.

Инаку, бизнис заедницата од пелагонискиот регион, повеќе од 10 години се труди пред надлежните институции да го издигне проблемот на крајно лошата патна инфраструктура во овој дел на државата.

Каролина Дурло

Луѓето со оваа kpвна група имаат посебна “моќ”

Според јапонската традиција и наука, kpвната група може да открие многу интересни работи за вашата личност, како и за вашето здравје.

Во 1930-тите, еден јапонски професор прв тврдеше дека нашата крвна група може да одразува некои карактеристики на личноста што ги имаме. Во јапонската култура има дури и хороскопи со крвна група!

Постојат четири крвни групи А, Б, АБ и 0 плус, како и нивните негативни и позитивни својства. Најретката крвна група е АБ со околу 3,4 проценти и АБ негативна со 0,6 проценти. Ако вашата крвна група е АБ, можете да се сметате за прилично посебна личност.

Па, зошто луѓето со крвна група АБ се единствени?

– Луѓето со крвна група АБ се „универзални приматели“ – Науката ни кажува дека луѓето со крвна група АБ го наследуваат генот А од едниот родител, а генот Б од другиот родител. Фактот дека оваа можност е многу ретка нуди една огромна предност: луѓето кои имаат АБ позитивна група можат да добијат каква било крвна група, поради што се познати како „универзални приматели“. Па, затоа сметајте се дека имате среќа!

-Тие можат да бидат одлични во мултитаскинг- Покрај тоа, постојат и други причини зошто треба да им завидуваме на луѓето со крвна група АБ. Очигледно, тие се исто така одлични во мултитаскинг и можат брзо да завршат сè на што работат. Некои велат дека овие луѓе можат да се однесуваат поинаку во зависност од ситуацијата или лицето со кое се. Тоа не значи дека тие не се искрени ниту со самите себе. Тие се само такви.

-Тие се чувствителни и срамежливи- Луѓето со крвна група АБ, исто така, можат да бидат доста срамежливи и невини, барем првично, пред подобро да ја запознаат личноста. Откако ќе се навикнат да бидат со некого, тие се како отворена книга. Покрај тоа, ако имате крвна група АБ, многу е веројатно дека сте и чувствителна, емотивна личност која длабоко се грижи за одредени проблеми. Кога станува збор за љубовта, овие луѓе се прилично идеалисти. Некој што може да ги исполни нивните високи стандарди ќе стане одличен партнер за нив. Тие исто така сакаат да бидат третирани внимателно и топло.

Сè на сè, луѓето со крвна група АБ се многу посебни и сакаме да ги имаме во близина!

Ракописот и начинот на кој пишувате може да открива многу за вашиот карактер и здравје

Анализата на ракописот открива многу работи за карактерот на една личност. Дали знаете дека пишувањето може да открие и каков е вашиот крвен притисок?

Кога пишуваме постојат три начини на кои пенкалото или моливот го допираме до хартијата. Токму ова открива многу.

Силно притискате

Луѓето кои пишуваат како да сакаат да го „пробијат“ листот со пенкалото се енергични, посветени, сериозни и не сакаат да губат време. Понекогаш се под стрес или големо оптеретување бидејќи мислат дека сиот товар е на нив. Би било добро повремено да се опуштат и да побараат помош. Можно е лесно да се навредат на критика.

Слабо притискате

Луѓето кои пишуваат лесно, едвај оставајќи трага на хартијата се многу чувствителни. Тие се вистински емпати и одлично ги разбираат сите останати. Повремено им е потребно некој друг нив да ги разбере поради што треба да бидат погласни и поотворени. Другите понекогаш ги сметаат за премногу тивки и затворени.

Притисокот варира

Напишете неколку реченици и погледнете дали некои букви се послабо, а други посилно напишани. Притисокот кој варира додека го држите пенкалото може да биде индикатор за висок крвен притисок, особено доколку почнете послабо да пишувате, па потоа буквите стануваат се појасни и подебели.

(Фото) Снежно невpeме во Германија: Над 200 сooбpaќajки, запирање на возовите и препорака до граѓаните да останат во своите домови

Снежна бура и силни ветрови ја погодија денеска северна и западна Германија, поради што запрен е железничкиот сообраќај, а се случиле и 222 сообраќајни нecpeќи во кои повpeдени се 28 лица, соопшти германската полиција.

Германската метеорлошка служба апелираше до граѓаните да останат дома, а властите им помогнале на бездомниците така што ги згрижиле во топли засолништа, пренесува АП.

Управата на железничкиот превозник „Дојче Бан“ соопшти дека главните железнички рути меѓу Хамбург, Хановер и Берлин, како и оние на запад, се затворени, затоа што снегот ги натрупал шините.

Во градот Минстер еден од најтешко погодените градови, имало толку снег на улиците што амбулантните возила не можеле да поминат, а јавниот превоз бил запрен.

Во градот наврнале повеќе од 30 сантиметри снег, а во некои наслеби и снежните наноси оделе и до еден метар висина.

Метеорлошката служба најавила дека до крајот на денот ќе наврне уште снег.

(Видео) Директорот на ЕЛЕМ од СДСМ го сменил името на Попова Шапка во Kodra e diellit?

Во новата реклама на Елекрани на Македонија (ЕЛЕМ) се испромовира новото име на Попова Шапка кое што е преименувано во Kodra e diellit.

Ски центарот Попова Шапка го изгуби своето името старо 6 децении. Ова преименување го дозволил Васко Ковачевски директор на ЕЛЕМ и член на СДСМ.

Сега, новото име на ски центарот кој е во државна сопственост ќе се користи за промоција на албанскиот јазик.

Инаку претходна најава за промена на име немало од страна на ЕСМ.

Видеото може да го погледнете ТУКА.