Претставниците на германската сојузна влада и покраинските влади одлучија досегашните строги мерки против виpycoт да бидат 7. март, со некои благи попуштања, како отварање на фризерските салони на почетокот од март.
“Ситуацијата од последниот состанок се подобри. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните што со своето однесување допринесоа за да се подобри ситуацијата. Меѓутоа, ние сакаме целосно да ја подобриме состојбата во државата и затоа ги продолжуваме актуелните мерки”, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по видео-конференцијата со премиерите од сојузните покраини.
Таа укажа на тоа дека во моментов е најважно спречувањето на ширењето на мутациските соеви од виpycoт кои се појавија во Германија.
Од вчера граѓаните на Македонија добија можност да се пријават за вakцинирање против виpycoт Koвид 19. Пријавувањето може да се направи преку интернет страницата vakcinacija.mk. Како што е најавено секој граѓанин ќе може да се регистрира, а самиот систем ќе ги регенерира податоците за тоа кој прв би бил повикан на вakцина, односно би му се дал приоритет.
Иако имаше пречки во работење, денеска сајтот функционира без проблем. Но, она што е интересно е дека доколку напишете vaksajns.mk ќе ве однесе на сајтот за вakцинација.
Реакција на ова имаше и општиот лекар Ненад Лазаров.
„www.vaksajns.mk – Гасам нет во знак на поштовање за генијалност на господин Adil Bakiu
Плус да одмориме утре шоу програм ќе се дешава, може и чочек ќе падне некој, со трубачи на граница при примопредаја на вакцини“, напиша Лазаров за краторот на домеинот, Адил Бакиу.
Турција цели кон првиот контакт со Месечината како дел од нивната вселенска национална програма и тоа до 2023 година, вели претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесува Ројтерс.
“Првото слетување на Месечината ќе го направиме со нашата национална и автентична хибридна ракета, а тоа треба се случи во 2023 година”, вели Ердоган.
Турскиот претседател не ја удостои јавноста со повеќе детали. Минатиот месец, Ергоган разговарал со извршниот директор на Тесла и SpaceX, Илон Маск, за можна соработка со турските компании.
На настанот во Анкара, Ердоган соопшти 10 национални цели меѓу кои и испраќање на првиот Турчин на научна мисија во вселената.
– Денеска сме овде во Прилеп да поразговараме за исклучително лошата состојба во која што се наоѓаат тутунопроизводителите, тутунарите. Луѓето кои што практично со тешка мака ги прехрануваат сопствените семејства, а она кое што оваа година го прави нивниот живот уште потежок е би рекол тутунот кој што ќе остане непродаден. Повеќе од 4.000 тони тутун ќе остане оваа година непродаден, неоткупен поради тоа што минатата година Владата на СДСМ и Зоран Заев дозволи да практично да се увезува тутун во Македонија, наместо да се откупува домашниот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Исто така она кое што сакаме да го слушнеме од прва рака е ниската откупна цена која што во овој крај, во Прилепско, во Долненско е исклучително е би рекол ниска, како никогаш досега, пониска била само можеби во 2005-тата година, исто така кога СДСМ беше на власт. Од информациите со кои што располагам, не само овде во Коњаре, во Големо маало, таква ситуацијата е и во Дебриште, така е и Црнилиште, така е и во Канатларци, буквално насекаде тутунарите во овој крај во Прилепско, во Долненско се разочарани од политиките кои што се денес секојдневие. Ние како ВМРО-ДПМНЕ предложивме дуплирање практично, зголемување двојна на субвенцијата која што ја добиваат тутунарите. Тие тоа го побараа од нас, а ние како опозиција го побаравме од Владата, но за жал немаше слух од Владата за таков потег. Исто така побаравме да биде укинат овој Закон кој што дозволува да се увезува тутун, но за жал и тоа не беше предвидено. И гледам денеска дека е предвидено од прилика некаде едно евро субвенција за еден килограм тутун што значи дека не може да се покрие ниту оној кој што остана непродаден, а камо ли па за нешто повеќе. Навистина тешка ситуација, со која што ние како политичка партија, како опозиција, како најголема политичка партија ќе бидеме на страната на тутунарите и ќе продолжиме да работиме во нивен интерес. А, следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го укине овој Закон со кој што се дозволува пред да биде откупено целото количество на тутун кој што го произведуваат тутунопроизводителите, тутунарите од Македонија, да се увезува од надвор, односно од странство тутунот во Македонија, истакна Мицкоски.
Така што еве денеска ќе разговараме и од прво лице ќе слушнеме она кое што ги мачи, а потоа во Парламентот како пратеничка група ќе дејствуваме, ќе им помогнеме на овие луѓе во рамките на можностите, додаде тој.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во дебатна емисија за Топ Тема на Телма тврди дека граѓаните на Македонија се среќни што СДСМ и коалицијата се на власт.
Будно се следат сите јавни настапи од министерката Шаџпанска, бидејќи не изостануваат од вакви изјави.
Вкупно 2 964 кандидати се пријавиле за полициски службеници на последниот јавен конкурс на МВР објавен во декември лани, на кој треба да се вработат 600 полицајци. Од пријавената бројка 2 365 се мажи, а 599 се жени, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска го посети Центарот за обука во Идризово каде почна процесот на фазна селекција на кандидатите.
-Оваа бројка што е далеку поголема од бројката на претходниот јавен оглас кога имавме вкупно 2 391 пријавен кандидат доволно говори како за евидентниот интерес кај младата популација за полициската професија така и за позитивниот имиџ на Министерството меѓу оваа категорија граѓани, рече Спасовски.
-Во рамки на сеопфатниот концепт на проверки, додаде Спасовски, кандидатите ќе минат прво физички, потоа психолошки проверки, па проверки на знаењата преку општо образовен тест и на крајот безбедносни и здравствени контроли притоа почитувајќи ги нужните епидемиолошки, односно здравствени протоколи. До крајот на март, односно почетокот на април треба да биде заокружен целиот селективен процес со прецизно бодовно рангирање на сите кандидати, по што ќе следи процесот за избор на кандидати.
-Согласно Законот за внатрешни работи, 660 кандидати ќе бидат избрани, односно за 10 проценти повеќе од предвидената бројка на барани извршители кои ќе бидат упатени на основна обука за полицаец со потпишување на договор за отпочнување на едногодишна обука за полицаец. Потоа, преку теоретска и практична едукација во три образовни модули во траење од по четири месеци како што налага стандардизираната процедура преку рангирање ќе бидат избрани идните 600 полициски службеници на МВР со коишто ќе склучиме договори за вработување на работна позиција приправник полицаец со обврска најмалку пет години да работат во МВР, рече министерот Спасовски
Тој изрази уверување дека и овој пат како и претходно одговорните во Центарот за обука, односно сите инволвирани во овој процес целосно ќе ги испочитуваат високите стандарди и критериуми пропишани за избор на најдобрите кандидати.