дома блог страница 2155

Руската амбасада во Загреб под “опcaда”: Хрватите масовно бараат руска вакцина

Илјадници хрватски граѓани деновиве контактирале со вработените во руската амбасада во Загреб во потрага по руска вакцина против коронавирус.

Хрватските власти сè уште не испратиле официјално барање за набавка на „Спутник Ве“, пренесуваат медиуми.

Граѓани, вклучително и руските државјани во Хрватска, прашуваат дали можат да се вакцинираат во руската амбасада или да купат вакцина таму, каде и како можат да ја направат вакцината, додека некои прашуваат дали можат да патуваат во Русија и да добијат вакцина.

„Секако дека би сакале да помогнеме, но не вакцинираме, ниту набавуваме вакцини“, изјавија од Амбасадата за „Вечерњи лист“, додавајќи дека само руски граѓани се вакцинирани во Русија.

Според руската амбасада, за увоз на какви било лекови во Хрватска потребни се соодветни дозволи од државните органи и надлежните институции на Европската унија.

Газдите на caлите за cвеченocти: Или cвадби, или пpoтecти

Итно укинување на членот 14 од Уредбата донесена на 23.06.2020 со кој се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти, бараат членките на Туристичко-угостителската комора (ТУК).

Тие вчера на прес-конференција апелираа државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа.

Ако тоа не се случи, како што најавија, идната недела ќе излезат на масовен протест.

Почнувајќи од 15.03.2020, ние, како угостителски објекти за организирани настани, речиси една година немаме протокол за почнување на нашата дејност. Ние сме единствени економски оператори кои имаат 11 месеци забрана за работа, а користевме парцијална државна помош во поддршката за плати и придонеси, која траеше само шест месец.

Располагаме со големи капацитети, соодветна квадратура и можност за одржување организирани настани, со што би се запазиле усвоените протоколи според кои функционираат останатите „A la carte“ ресторани со ограничено работно време. Да не ги држиме во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како претходната.

Да спречиме да ни се повтори минатогодишниот пропуст, кога младоженците беа принудени своите свадбени церемонии да ги прават во сопствените дворови и изнајмени викендици, без да имаат можност да се примени соодветен протокол со дистанца и без потребните хигиенско-санитарни услови, реагираа членките на ТУК.

Според нив, исплатата на еднократната парична помош во вид на грант, со максимален износ од 10.000 евра, е 2-4 отсто од вкупно остварениот промет во 2019 година, што е минимална поддршка за сервисирање на трошоците на оваа категорија угостители со оглед на големината и квадратурата на објектите со кои управуваат.

Апел за помош на малиот Бујамин Усиноски од прилепско – потребна му е инвалидcка количка со команди

Бујамин Усиноски од с.Десово (општина Долнени) е дете со 90% инвалидитет и нему му е потребна инвалидcка количка со команди која чини 2000 евра.

На ова дете исто така му е потребна и финансиска помош, и секој кој што е во можност и сака да помогне може да уплати на следнава сметка: МК (07530280006086815), или да се јави на овој бр 076/420-151.

Оваа информација пред малку ја објави музичарот Ален Хасановиќ на својот ФБ профил.

Mицкocки за забpaната на тepминот „Maкедониja“ од Mapичиќ: 3нaeвме дека сте кpиминалци, сега знаеме дека сте и фашиcти

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

-Наместо да ја забранат корупцијата и криминалот тие ја забрануваат употребата на терминот “Македонија”.

Знаевме дека се криминалци, сега знаеме дека се и фашисти.

Македонија за нас е свето име, освен што е наше право, тоа е и наш долг, напиша Мицкоски.

Температурите ќе паднат до -15, очекувајте снежна покривка до 20цм.

Од денеска под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини, времето ќе биде многу студено со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми.

Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20 сантиметри. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Taравари: Од 80 општини ВМРО, Алијанса и Алтернатива ќе освојат повеќе од 50 (Видео)

Арбен Таравари, во вчерашното гостување во емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот “Инфомакс”, зборуваше за можна коалиција на Алијансата на Албанците со ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во Македонија. Тој потенцираше дека е логично да дојде до таква коалиција, и дека сериозно се размислува за тоа.

„Знаејќи СДСМ и ДУИ како ќе функционираат, како функционираа 2017, тогаш изгубивме ние, три општини зедовме, и ВМРО изгуби многу и тие три-четири општини земаа, не повеќе, сега треба евентуално, меѓутоа ќе биде тоа транспарентно, ако го направиме. Ете од сега јавно го кажувам, ако одлучиме да соработуваме, ќе седнеме и ќе кажеме пред граѓаните ние сме договорени, Алијанса, Алтернатива и ВМРО, и вака ќе излеземе на избори“, рече Таравари.

Таравари посочи дека овие избори не исклучуваат коалицирање со некоја турска партија, со некоја ромска партија, со некоја македонска партија, и дека според анализите, очекува да се воспостави соработка.

„Од 80 општини, ја ви гарантирам дека над 50 општини би ги земале овие три партии ако одат заедно, според анализите што ги правиме“, изјави Таравари.

(Bидeo) Боки 13 потвpди дека ќе ce кандидиpa за пpeтceдател на CДCM

Раководството на СДСМ донесе одлука дека на 21 март ќе се одржи вонреден конгрес каде што ќе се гласа за новиот претседател на СДСМ како и за негови соработници.

Неофицијално, од вчера излезе информација дека Боки 13 ќе се кандидира за претседател, а денеска тој и официјално пред денешното судење за Меѓународен сојуз потврди дека ќе се кандидира за претседател, истакнувајќи дека повеќе детали јавноста ќе добие во форма на соопштение.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Верувале или не: Џозеф Бајден тргна по стапките на Зоран Заев (Видео)

Поддржувачот на политиките на власта и премиерот, Ненад Јовановиќ, кој е чест гостин по дебатните емисии, во синоќешното издание на “Само вистина”, кажа нешто за кое денеска му се смее цела Твитер заедница.

На Јовановиќ му се чинело дека политиките кои ги заговара новиот американски претседател Џозеф Бајден, се идентични со политиките на Зоран Заев.

После ова следуваше смеа во студиото од неговиот противник во дебатата, Александар Пандов, како и од водителката на емисијата.

Државен првак и рекордер од државата доби помош 38.000 денари, а само за карта до Кенија платил 90.000

Агенцијата за млади и спорт вчера го објави списокот со ваучери за 2021 година за клубовите и индивидуалните спортисти.

Со реакција се јави атлетичарот Дарио Ивановски, кој иако е државен првак во две дисциплини, од државата доби само 38.000 денари помош.

Зад успесите на Иваноски е освоена полумаратонска трка во Белград во 2017 година, полумаратон во Скопје 2018 година, четврто место на Балканско првенство во Истанбул, како и прво место минатиот месец на 1.500 метри во сала во Србија, каде постави нов државен рекорд за Македонија.

Дарио е разочаран од ваквиот третман и реагираше со статус на својот Фејсбук профил:

“Чекајте да размислам каде да одам да се подготвувам со овие пари…А ха. Во 2020 година картата од Кенија ме кошташе 90.000 денари. За да трчаш силно треба да тренираш на високо. Хм…

Па јас можам и тука бе… Зарем кога почнав да се занимавам со атлетика имав некои придонеси за да се подготвувам?! Ее па ќе трчам улични трки да собирам пари, за да можам да се подготвувам убаво да успеам во спортот.

Фотељата:

Дарио ти не си аматер да трчаш улични трки, треба да гледаш професионална атлетика само. Да точно е дека 2020 година не бев во најдобрата форма што ја очекувавте, па беше лесно да ме закопате.

Не збориме за материјално, туку само погледнете го знамете на мојата лева страна. Зарем не ви е срам да го газите знамето додека е на земјата ниско?!

Не знам за вас, но мене ме учеа да бидам борец до крај, па дури и противникот додека е на земја да го чекам да стане за да продолжам.

Јас имам одговорност да ја чувам мојата татковина како што ме советуваше дедо ми.

Гордо да стојам со главата горе и секогаш да го давам максимумот за неа. Но, сам е премногу тешко луѓе, освестете се, не мора за мене, ниту пак за минатото. Треба да ја оставиме за нашите следни генерации.

Еден ден верувам дека ќе дојдат не еден, уште десет “Дарио”. Што да им кажеме? Да се занимаваат со спорт, или да бегаат што можат подалеку од него?! – пишува Дарио на Фејсбук.

(Видео) Жена му покажа cpeден пpcт на Надал, па ја иcфpлиja oд трибините

Шпанскиот тениски ас експресно, со 6:1, 6:4, 6:2, го совлада Американецот Емох и се пласираше во 3. рунда од Австралија Опен.

Но, за време на натпреварот Надал се соочи со нешто неочекувано. Една жена од публиката, револтирана од бавното сервирање на Надал прво му довика, а потоа му покажа среден прст.

Веднаш потоа организаторите ја отстранија девојката од трибините.