Во посета на Прилеп вчера беа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Тие заедно со градоначалникот на општина Прилеп, ја посетија американската компанија “Гентерм” која се наоѓа во технолошко-индустриската зона “Алинци” и вработува неколку илјади граѓани од Прилеп и прилепско.
Фабриката беше отворена во 2016 година, а беше плод на долги преговори на економските тимови на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во индустриската зона која се наоѓа недалеку од Прилеп денеска функционираат три фабрики. Покрај “Гентерм”, таму се сместени и компаниите “Вик” и “Акомпласт”.
Oвие три компании значително ја подобрија економската слика на Прилеп, кој пред нивното доаѓање располагаше со армија од 18.000 невработени лица.
За жал оваа владина гарнитура не успеа во изминатите 4 години да донесе ниту една нова фабрика во оваа зона, а граѓаните се сеќаваат дека актуелните функционери зоната ја нарекуваа ливада и нива, а подоцна ги кудеа и компаниите кои отворија свои фабрики тука.
Ќе се потсетиме на една од прес конференциите на СДСМ пред зоната:
Дали партиската припадност и роднинските врски се пресудниот услов за вработување и во малата, рурална општина Долнeни?! – прашува “АЛФА ТВ”
Според информациите до кои дојде телевизијата, од свои извори, братучедот на актуелниот градоначалник на оваа општина е советник за образование, култура и спорт, а додека неговиот шура пак, бил поставен за возач.
Исто така, како што тврдат изворите на телевизијата, ниту братот на градоначалникот не останал покусо за работно место, а ни негова друга роднина која наводно работела во Детска градинка во село Црнилиште, а воопшто не одела на работа, иако земала плата од Општината.
Приказна за себе биле и вработувањата во Основното училиште во с. Житоше, каде советник од Општината, користејќи ја својата функција, себе си се вработил како секретар, сопругата – наставничка, а чичко му е директор на училиштето, чии деца пак, се вработени како полицаец и наставничка. Во ова училиште свои блиски роднини си вработил и директорот на Агенцијата за развој на земјоделието, кој потекнува од ова село.
И секретарот на општина Долнени, според изворите на “АЛФА”, си вработил десетина свои роднини, помеѓу кои и внукот кој бил вработен во Општината пред пет месеци, а не бил мал бројот и на оние кои треба да бидат дел од новите Рамковни вработувања, кои врз база на партиски списоци, требало да бидат вработени во државни институции во Прилеп.
За дел од нив, “АЛФА” веќе пишуваше, конкретно за престојните вработувања на тројца жители од општина Долнени во прилепскиот Центар за социјални работи, за што потврда имавме и од директорот на оваа Јавна установа. Нашите извори велат дека според оваа шема на партиски ургенции, а во склад со новите Рамковни вработувања, еден човек требало да биде вработен во Бирото за вработување во Прилеп, друг во УЈП и неколку лица во МВР – ПС Прилеп, но нашите извори не ја исклучуваат и можноста дека сите овие вработувања ќе се чувале во тајност и на стенд-бај, додека не поминела вревата во јавноста, за потоа дел од нив, на мала врата, можеби да бидат префрлени на работа во матичната општина Долнени.
„Градоначалникот има направено фамилијарни вработувања. Неговиот братучед Емран, неговиот шура Џемил, брат му Рамадан, роднините Хава, Неџат… Ги има овие имиња или во институциите во Прилеп, или во Долнени… Само не се знае, се ќути за ова… Сeто ова е по партиски клуч… Се изготвуваат списоци на состанок на ДУИ за тоа кој каде треба да се вработи…Вработувањата им станаа фамилијарен бизнис, иако голем дел од нововработените немаат ниту соодветно образование или пак имаат купени, фалсификат дипломи…“ – откривa изворот чиј идентите им е познат на редакцијата на “АЛФА ТВ”.
Со цел да ги провериме овие тврдења, уште пред неколку дена, одговор побаравме од градоначалникот на општина Долнени, Џемил Ќамили, меѓутоа се до денес, оттаму не добивме ниту потврда, ниту демант – велат од телевизијата.
“Картата која беше прикажана од турската телевизија, а која ги предвидува зоните на шрење на турското влијание на југот од Русија изгледа бесмислено. Турција треба да се откаже од овие соништа”, изјави шефот на Комитетот за народна дипломатија и меѓунационални односи на кримскиот парламент, Јуриј Гемпелј.
Имено, на тускиот канал ТГРТ Хабер беше прикажана мапата на ширење на влијането на Турција до 2050 година, така што под турско влијание се наоѓаат многу држави од Блискиот исток, но и северот на Африка – Ерменија, Грција, УАЕ, Бахреин, Кипар, Грузија, Либан, Сирија, Јемен, Ирак, Кувајт, Египет, Либија.. и многу други.
On the main Turkish channel "TRT1", the presenter told which territories should become part of Turkey by 2050. Armenia, Greece, UAE, Bahrain, Cyprus, Georgia, Abkhazia, Ossetia, Syria, Yemen, Oman, Iraq, Kuwait, Lebanon, Egypt, Libya++ pic.twitter.com/uyVXikZV2O
#Stratfor the world's leading geopolitical intelligence platform that orchestrates all American & British terrorism around the world with #CIA & #M16 is making a projection about Turkey's influence by the year 2050. pic.twitter.com/SoDe8gESxj
Ако веќе сакате да му оддадете почит на покojниот и да приложите за покoj на неговата дyша, или тие пapи дајте ги на cиpoмacи, или дајте ги на семејството на покojниот, зашто еве како завршуваат венците со вештачко цвеќе, кои ниту имаат христијански симбол, ниту нешто му значат на покојниот – напиша на Фејсбук, Протоереј Златко Ангелески, кој објави фотографија од новите градски гpoбишта во Прилеп.
Инаку ова е секојдневна слика и на новите и на старите градски гробишта, а свештениците во повеќе наврати потенцираат дека на ваков начин не е се оддава почит кон покojните.
Гледајќи едни од други, луѓето како да се натпреваруват на чиј погреб ќе има повеќе венци, па според нивниот број како да се мери почитта и значењето на покојникот: колку поголем број на венци, толку поголем е рангот на покојникот и неговото семејство.
Она што треба да го знаат нашите православни верници е дека, старите незнабожечки народи – Грците и Римјаните, ги украсувале гробовите на своите покојници со венци од лисја и цвеќиња. Дури и постоеле посебни денови, кои токму заради венците од цвеќиња, особено од рози, ги нарекувале „Денови на розата“ (Dies Rozarum).
Од друга страна кај Евреите и древните христијани, при погребенијата немало венци.
Токму затоа верниците не е лошо да се откажат од оваа навика и парите потрошени за венци да ги ги дадат во хуманитарни цели, гест што најдобро ќе му се најде за душа на покојниот.
За покојниот најважни се нашите молитви и пеењето на помените, особено парастосите на 3-от, 9-от, 20-от и 40-от ден по cмpтта, како и за 6-месечниот и годишниот помен.
Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул, попладнево загуби од Лестер со 3:1 на натпреварот на гостински терен од 24-то коло во Премиер лигата.
За избраниците на Јирген Клоп ова е трет пораз во низа во Премиер лигата.
На претходните два натпревара „црвените“ беа поразени од Манчестер сити (1:4) и Брајтон (0:1).
Ливерпул загуби за прв пат од ноември 2014 година во три последователни натпревари во англиската лига. Тогаш тимот го тренираше Брендан Роџерс, сегашниот тренер на Лестер.
По 24 натпревари Ливерпул има 40 бода и се наоѓа на 4. место, додека Лестер со 46 бода од 24 натпревари е на втората позиција.
Братот на музичарот Ице Атанасовски oд Битола, кој вчера почина, преку статус на Фејсбук пишува дека Ице немало да биде покоен, ако Интерното одделение во болницата во Битола покажело барем малку грижа и основна хуманост.
-Мојот брат Ице Атанасовски , денес мора да го наречам покоен, а не морав. Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив. Со денови ги молевме да го пуштат Охрид, Скопје, некаде, тие дури ни викаа навредени, дека биле способни да го лечат. А тој ден за ден пред очите ни се топеше.
Дури ни рекоа ако го земиме и не го примаат некаде, кај нив да не сме го враќале… Не можеа да му направат обично снимање на срцето 10 дена, ниту нешто што би му помогнало. Само лежеше, едвај и да влегуваа во соба. За на крајот да го снимаат конечно, да ни кажат мора да оди итно Скопје, ама не се знае дали патот ќе го преживее…Па зошто тогаш не се јавија кај колегите Скопје да кажат каков пациент иди?
Не ни дадоа ништо, ни што примал, ни како примал, докторите Скопје мораа да почнат од почеток се пред да го оперираат. Каде им е душата и човечноста?? Брат ми издржа 5 операции на срце, ама штетата што беше направена Битола му го уништи организмот за да не може да закрепне од операциите. И сега??
И пак никој нема да одговара што него го снема на 43 години, оти тие беа неспособни да признаат дека НЕ се способни??? Дали некогаш нешто ќе профункционира, дали докторите на интерно ќе престанат да се однесуваат како ние да сме ништожни и безвредни?? Дали некогаш ќе почнат да го ценат човечкиот живот??, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Неговата сопруга исто така потврди дека тој починал поради несовесноста на некои индивидуи во битолската болница.
-Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето, 10 дена некој да венее пред нивните очи, а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, може е нешто плус. За по 10 дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај.
Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита.. Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија Скопје кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето, дадоа се’ од себе еден месец, ама не издржа.
Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен шок. И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме.. Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка. Почивај во мир голем човеку. Тоа што го помина ти да не се повтори на никој – вели Гордана Атанасовска.
Кељот се смета за еден од најздравите и најхранливите видови зелен лиснат зеленчук. Важи за супер храна полна со корисни соединенија кои имаат моќни лековити својства.
Постојат многу начини како да се консумира оваа намирница во сиров или зготвен облик. Повеќето луѓе претпочитаат да готват кељ, повеќе отколку да го јадат сиров, со цел да се отстрани горчината на овој зеленчук.
Во продолжение неколку здравствени предности и зошто е добро да го вклучите во вашата редовна исхрана во различни форми.
Помага во регулирање на холестеролот
Консумацијата на кељ ја забрзува синтезата на желудочна киселина во телото, а со тоа помага во регулирање на нивото на холестерол. Помага при превенција од разни кардиоваскуларни заболувања и е добар за здравјето на срцето.
Помага во одржување на здравјето на коските
Кељот е богат извор на калциум, фосфор и витамин К. Помага во подобрување на густината на коските и го намалува ризикот од остеопороза и фрактури.
Ризница на минерали
Кељот е богат со есенцијални минерали како калиум и магнезиум. Додека калиумот помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања и управува со крвниот притисок, магнезиумот помага да се заштити телото од дијабетес тип 2.
Помага во одржување на здравјето на очите
Кељот помага во подобрување на здравјето на очите и ги штити од штетните УВ зраци. Богат е со каротеноиди, вклучувајќи зеаксантин и лутеин кои помагаат во подобрувањето на видот.
Богат е со антиоксиданти
Кељот е богат со антиоксиданти како витамин Ц и бета каротен. Тие помагаат во сузбивање на оксидативната штета кои ја нанесуваат слободните радикали во телото, што може да го зголеми ризикот од рак и да го забрза процесот на стареење.
Ракометната федерација на Македонија преку статус на Фејсбук објави дека Кире Лазаров е новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
-Почитувани,
Ве известуваме дека на денешната прес-конференција одржана online Претседателот на Ракомететната Федерација на Македонија г-динот Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната Седница на Управниот Одбор на РФМ на ден 12.02.2021 година, членовите на Управниот Одбор на РФМ едногласно го усвоија предлогот за назначување на г-динот Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација.
На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати г-динот Кирил Лазаров, кој се заблагодари на доверената подршка од страна на РФМ и ги информираше претставниците на медиумите дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија, стои во нивниот пост на Фејсбук.
Поради врнежи од снег и ниски температури претпладнево во 10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“.
Забрана за сообраќање на камиони од 7 часот изутрината има и на патот Маврово-Дебар.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови кон недела, особено во југозападните делови.
До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, а понекаде во југозападните делови висината на снежната покривка ќе надмине 20 сантиметри.
Најстудено изутрина е во Маврово, каде се измерени -13 степени, по што следат Крушево со – 11, Берово -10, Во Крива Паланка -9, во Прилеп – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во Битола, Дебар, Штип и Тетово, -5 Скопје-Зајчев Рид и во Охрид, -4 во Струмица и Демир Капија, -3 во Дојран. Најмногу снег има на Попова Шапка, со 40 сантиметри снежна покривка., покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и до утре наутро таа понекаде во пониските места во југозападните делови ќе изнесува над 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -5 до 1 степени.
Во Скопје облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, од пладневните часови со врнежи од снег кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.