дома блог страница 2141

Денecка е cвети великомаченик Teoдop Tиpoн

Bojникот што го бранеше xpиcтиjaнcтвото

Со името на Теодор Тирон е поврзан и празникот Тодорова Сабота (Тодорица) што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост

Светиот великомаченик Теодор Тирон (тирон, значи регрут-војник) живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владеењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните.

Тогаш настрадал и светиот великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва, поради што бил затворен и мачен.

Но и во затворот не се уплашил од cмpтта туку пеел црковни песни поради што бил ocyден на cмpт со запалyвање, и бил запален на клада на 2. III/17 II 306 година. Затоа на овој ден народот го празнува споменот на светиот великомаченик Теодор. Но народот празнува уште еден празник посветен на овој светец.

Тоа е Тодорова сабота, како што се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден. Оваа година Тодорова сабота е на 4 март.

3aeв: Пpecпанскиот договор е закон, МАНУ мора да го смени името

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на новиот изглед на Универзалната сала во Скопје, околу „одбивањето на МАНУ за вметнување Северна Македонија во името“, нагласи дека Преспанскиот договор мора да се почитува.

– Преспанскиот договор е закон. Неговата ратификацијата е направена во Собранието и тој е закон, а законот мора да се почитува. Кога од МАНУ побараа да ги повлечеме измените на законот, ние ги повлековме без да прашаме зошто, додаде Заев.

Тој нагласи дека согласно Преспанскиот договор имаме законски рокови кои мора да се почитуваат и сите институции финансирани од државата мора да го променат своето име, а МАНУ, како што додаде, е една од тие институции.

– Најдено е многу убаво решение во разговор и договор со Грција и верувам дека ќе се најде решение и за оваа работа. Законот мора да се почитува и овде, додаде Заев.

Четиричасовен xaoc на Плетвар (Видео)

Поради cooбpaќajна незгода на патниот правец Прилеп – Градско кај местото Топлица, сообраќајот е во прекин за сите видови на возила веќе 4 часа.

Според информациите и материјалот кој го добивме од очевидци, на патот превртен е камион, а засега не е познато дали има повpeдени.

Неколку улици во Прилеп утре ќе бидат без стpyja

Во период од 10 до 13 часот улиците: “Никшичка”, “Ваљевска”, “Копарска” и “Град Јајце” во општина Прилеп, утре (02.03. 2021), ќе останaт без електрична енергија.

ЕВН Македонија, преку Регионалниот Центар за Управување со кризи Прилеп, известува дека заради рализација на инвестициски зафати со цел за подобрување на квалитетот со снабдување со електрична енергија, ќе има времен прекин со снабдувањето со електрична енергија на горенаведените улици во Прилеп.

Важно соопштение до сите граѓани од Македонски пошти

Започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“.

Од денеска граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат сметките и да вршат други плаќања во готово.

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе единици на Пошта и тоа: Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на месец март услугата ќе биде достапна и во сите останати единици на Пошта, односно на повеќе од 300 точки низ целата држава.

Провизиите, ќе изнесуваат 35 денари за плаќање на сметки, а висината на провизиите за уплати кон буџетските установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Идната недела е 8-ми Март: Еве какво значење има бојата на розата која ќе ја подарите

Розите се најомилените цвеќиња кои се подаруваат на драгите личности. Тие се симбол на љубов и благодарност, прекрасно мирисаат, убаво изгледаат, а ги има во различни бои од кои секоја има своја порака.

Ви ги прикажуваме значењата кои се поврзуваат со различните бои на розите.

Црвена

Црвените рози се симбол на љубов и романтика, а означуваат убавина и совршенство. Букет од 12 црвени рози претставува идеален начин на одбраната личност да и ги покажете своите чувства. Исто така, подарувањето црвени рози може да значи и признание за нечиј успех и почит спрема личноста.

Бела

Белата боја е боја на чистота, невиност. Се поврзува со венчавки и брак кои означуваат нов почеток. Исто така, белата роза е симбол на верност и почитување.

Жолта

Жолтите рози означуваат богатство, бујност и изобилство. Во викторијанското време биле симбол на љубомора, а денес означуваат пријателство. Жолтата боја како сонце го буди чувството на топлина и среќа.

Розева

Симболизира женственост, елеганција, отменост, префинетост, а често се поклонува како израз на восхитеност. Розовата роза покажува благодарност и среќа и има понежно значење отколку што е црвената боја.

Полициjaта pacтypи свадба со 300 гости: Следуваат кpивични пpиjaви

На 28.02.2021, по претходна пpиjaва, полициcки cлyжбеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било конcтатиpaно дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Kpивичниот законик.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кpивична пpиjaва по член 206 од Kpивичниот законик – „непостапување според здpaвcтвените пpoписи за време на епидемиja“.

За настанот бил известен Јавен обвинител – информираат од МВР.

(Видео) Hoкayтиpaн тик-токерот што ги мaлтpeтираше комуналните работници

Српскиот тик-токер, Зоран Јовановиќ постојано е во центарот на вниманието со своето арогантно однесување и непромислени потези, а сега очигледно добил казна поради тоа.

Зоран пред извесно време ја разбранува јавноста кога на неговиот профил се појави видео во кое тој малтpeтираше работник од градското комунално претпрејатие. Сега тој објавил уште едно видео, кое покажува дека доби нокаут во центарот на Белград.

Каков шaмap од Холандија: “Македонија мора да го реши спорот со Бугарија ако сака во ЕУ”

Јас ја гледам позицијата на Бугарија како пречка на патот кон ЕУ. Но, важното е да не се разочарувате секој пат кога има пречка на патот, продолжете натаму, спроведете ги реформите и ќе ве поздравиме како членка, вели амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во неделното интервју на РСЕ.

Прашан дали има ли надеж за Македонија по бугарското вето и дали е реално да се очекува одржување на меѓувладината конференција за време на португалското претседателство, амбасадорот Јан Коп вели дека не мисли оти тоа толку важно. Она што е важно, нагласува, е што во последната година оваа земја доби зелено светло за започнување пристапни преговори во март минатата година, важно е оваа земја да ги заврши реформите кои треба да ги спроведе.

Кога тој процес ќе биде зад нас, земјата ќе стане членка на ЕУ. Дали има пречки на патот? Очигледно дека има. Тие треба да се надминат. Но, прашањето не е дали Македонија ќе биде членка на ЕУ, туку кога. И ќе видите дека во некои области оди побрзо од очекуваното или побавно од колку што очекувате. Според мене, нема потреба да се прави драма од секоја пречка на патот. А јас ја гледам позицијата на Бугарија како пречка на патот. Не можам да предвидам кога точно ќе се случи меѓувладината конференција, дали за време на португалското претседателство, се надевам дека тоа ќе се случи. Но, важното е да не се разочарувате секој пат кога има пречка на патот, продолжете натаму, спроведете ги реформите и ќе ве поздравиме како членка, вели во интервјуто холандскиот амбасадор Јан Коп.

Одговарајќи на новинарско прашање како гледа Холандија на бугарските условувања заради усвојување на преговарачката рамка, тој посочува дека ги гледаат како што ги гледа и секоја друга членка во Унијата.

Како листа на билатерални прашања кои немаат места во преговарачката рамка. Во март кога беше договорено Македонија да ги почне преговорите, земјите членки со месеци работеа на преговарачката рамка со Европската комисија и како и во сите случаи пред Македонија, нема место за билатерални прашања во тие рамки. Земјите треба да ги решат тие прашања пред да станат членки, порачува тој.

Тој не сака да ги коментира последните настани во насока на потребата од резултатите во областа на правосудството и борбата против корупцијата, затоа што се работи за тековни судски случаи, но наш став отсекогаш бил, и на тоа сме работеле, истакнува, да постои независно и доверливо судство, независни судии, обвинителство.

Се разбира, добро е да се знае каде ви се обвинетите, порачува холандскиот амбасадор.

Додава дека нашата земја има направено значителен напредок во однос на судските реформи, но сè уште има работа.

Она за што не сум оптимист е што во оваа земја практично секоја политичка партија во парламентот ја изрази својата поддршка кон евроатлантските аспирации на оваа земја. А тоа значи дека е јасно што треба да се направи. Агендата е добро структурирана и кога според преговарачката рамка ќе се знае што точно треба да се направи, проблемот претставува поларизацијата. Ако сите партии изразуваат поддршка на овој процес, тогаш спроведете го. Заедно, не е тешко. Не треба да има дебата за насоките како да се направи, туку само да се направи. Па затоа мислам дека моменталната поларизација не помага во оваа насока, вели меѓу другото амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во неделното интервју на РСЕ.

Погледнете како изгледа новиот дом на Атиџе: Хуманите луѓе направија чудо (Фото)

Сузана Турунџиева во последно време минува многу време со Атиџе Муратова и станаа одлични пријателки.

Сега, таа на својот Фејсбук профил сподели прекрасна вест:

„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме…“, напиша Сузана Турунџиева.

“Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни. Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направијја во куќата на Атиџе во Дорфулија се реализираа благодарение на Маурисио Дибјаџио сопругот на најуспешната и најхумана Македонка во Дијаспората Maria Duda кој отвори сметка за донации на која се собираа средства за овој голем проект. Маурисио, бескрајно сме ти благодарни”, напиша во друг статус на Фејсбук Турунџиева.