дома блог страница 2142

Нема вакцини, ама затоа утре ни пристигнуваат пyшки донација од САД

Утре со почеток од 10.00 ч. во касарната во Ѓорче Петров – министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз ќе присуствуваат на примопредавањето на американска донација од 1.269 автоматcки пyшки М-4 за потребите на Армијата на Македонија.

По примопредавањето, министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз ќе дадат изјави за медиумите – информираат од Министерството за одбрана.

Oд рубриката верувале или не: Од СДСМ велат дека ја зголемиле просечната плата за 4.500 денари

Економските политики што во континуитет ги презема Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат реални, видливи резултати – велат од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

И во време на пандемија и економска криза, не застана растот на платите во државата. Последна потврда за тоа е просечната плата за месец декември 2020 која изнесува 28.294 денари, што е за пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година.

Растот на минималната и просечната плата е врвен приоритет за СДСМ уште од првите денови на мандатот. Веднаш ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори.

Тоа, како и отворањето на нови работни места ја отвори спиралата на раст на платите и затоа три години по ред бележиме постојан раст на просечната плата.

Во последните три години, од крајот на 2017 кога е исплатена просечна плата од 23.850 денари до декември 2020 кога е исплатена просечна плата од 28.294 денари, бележиме раст на платите за 18,63 отсто. Односно, во апсолутна сума просечната плата од декември 2017 до декември 2020 година пораснала за речиси 4.500 денари.

Тоа е раст за повеќе од три пати споредено со периодот 2014-2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, осносно за 1.443 денари.

Овие официјални податови ја потврдуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ кои имаат за цел да обезбедат брз економски раст и подобар животен стандард.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на креирање и реализација на мерки и проекти што градат силна, стабилна и развојна економија која носи шанса за сите.

Xoџа по кojзнae кој пат во Пpилеп: Денеска излезе со ново ветување за тyтyнapите

Министерот за зземјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, денеска во Прилеп оддржаа средба со Сојузот на тутунарски здруженија, на која присуствуваа и дел од откупувачите на тутун.

На средбата се разговараше за откупот на реколтата 2020 година и изнаоѓање на решенија кои ќе ги надминат проблемите од годинава, воочи престојната сезона. Тутунопроизводителите изразија загриженост околу откупот на вишокот на тутун, како и ставови на сојузот околу разгледување на предлог правилникот за откуп на тутун и склучувањето на договори со откупните претпријатија за наредната реколта.

Министерот Хоџа ги извести тутунарите дека после средбата со Министерот за земјоделство на Република Турција, Бекир Пакдемирли, се отвори можност за пласман на тутунот во оваа пријателска земја, со што би се решил откупот на вишокот на тутун оваа година.

“Секако во исто време продолжуваат разговорите со откупните фирми за откуп на преостанатите количини на тутун.

Министерот Хоџа ги охрабри тутунопроизводители и откупувачите, преку заеднички средби и разговори да дојдат до оптимални решенија пред новата сезона.

МЗШВ ќе учествува во изготвувањето на сите законски предуслови за една успешна сезона во производството на една стратешка култура, како што е тутунот”, велат од министерството.

MПЦ бара одложyвање на попиcoт и апелира до граѓаните да внимаваат на овие Фејсбук страници

Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија реагира на најавите за промена во концептот за основно образование и бара предметот Етика во религиите да остане во образовниот процес како посебен предмет, со кој на децата ќе им се овозможи образование и воспитание согласно нивните верски убедувања.

-Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 25 февруари 2021 година, разгледувајќи ги тековните црковни активности, обрна посебно внимание врз актуелните состојби, случувања и појави и го донесе следново соопштение.

САС на МПЦ – ОА категорично се придружува во борбата за почитување на човечкиот живот, здравје и слобода, како и против дискриминацијата од секој можен вид, но истовремено инсистира на тоа дека секој обид за систематско ревидирање на вредностите и погледите кои произлегуваат од православното христијанство претставува чин на дискриминација. Во тој контекст, има значајни забелешки во однос на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и на новата концепција за основното образование, коишто ќе бидат дoставени до надлежните институции.

Во оваа прилика потсетуваме дека државата е должна да обезбеди воспитание и образование во согласност со верското убедување на родителите, што значи и дека никој нема право да наметнува воспитание и образование на децата спротивно на верското убедување на нивните родители. Во прилог на наведеното сметаме дека програмата на предметот „Етика во религиите“ безусловно треба да најде соодветно место во новата концепција во текот на целото основно образование.

САС на МПЦ – ОА со голема загриженост ја разгледа појавата на антицрковни тенденции, кои, свесно или несвесно, го нарушуваат единството и чистотата на правoславната вера, како и духовниот и канонски поредок. Ваквите пројави главно се демонстрираат на социјалните мрежи, каде што преку духот на осудата, а за некакво божемно „отстапување од светите канони“ се дава повод за соблазна на верниот народ. Оние што стојат зад платформите: „Слово против сектите“, „Соборно православие – анaлизи“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“, „Слово Божјо“, „За последните времиња“, „Симон Киринејски“, „Манастир Св. Гаврил Лесновски“ и некои други, љубовно се повикуваат да го напуштат клеветничкиот и соблазнувачки дух и да се вратат во послушание кон Светата Црква.

Поради влошување на епидемиолошката состојба со ковид кризата кај нас, Синодот изразува загриженост и препорачува времено, по примерот на другите европски земји, кои од истите причини веќе ги одложија закажаните пописи и нашата земја да го следи нивниот пример, почитувајќи ги здравствените протоколи.

Исто така, Синодот искажува загриженост за најавената постапка за менување на улици во градот Скопје на заслужни црковни и национални дејци, стои во интегралното соопштение.

Седум млади девојки од Прилеп станаа репрезентативки на Македонија

По пауза од цела година, продолжија натпреварите во борењето. Во Скопје се одржа Изборното првенство, бодувано за Купот. Членовите на прилепскиот клуб 7 Мај Леов покажаа дека не седеа со скрстени раце при пандемијата. Дадоа плод тренинзите во тешки околности.

Клубот е презадоволен од кадетките. Ланските шампионки против себе имаа мотивирани и добро подготвени противнички од другите клубови, но го одбранија првото место, екипно. Седум, од осумте прилепчанки, се искачија на пиедесталот. Првото место поединечно го освои капитенот Барбара Стојкоска во групата до 65 килограми тежина.

Таа е сигурна репрезентативка во потесниот избор. На поширокиот список уште се Оливера Мицеска со 3 место до 57 кг., Михаела Богеска и Ивона Мицеска со трети места до 49 кг., Деспина Богеска со 2 место до 43 кг., Елена Малиноска и Елена Неданоска со трети места во истата категорија. Солидна беше и петтата Елена Дејкоска со дебитантскиот настап до 43 кг.

– Покрај тројца прилепски тренери Иганотоски, Илчо Марковски и Теодор Темелковски, што го сочинуваме комплетниот репрезентативен Стручен штаб, убаво е што имаме и репрезентативки од клубот. Целта ја постигнавме наспроти непишаното правило, лесно е да се искачиш на врвот, тешко е да се задржиш. Лани убедливо бевме пред скопски Безбедност, а сега со помала разлика пред Вардар – вели тренерот Игнатовски.

Борачите во машка конкуренција беа со послаби пласмани, но не разочараа. Колку се очекуваше, толку постигнаа. Кај кадетите Стефан Јосифоски до 49 кг. и Благојче Ѓорѓиоски до 52 кг. завршија на петтото место. Кај сениорите Стојанче Тушески е на 5 место до 125 кг., Теодор Темелковски петти до 69 кг., а Марјан Мимичкоски деветти во истата група. Уште едно петто место освои Христијан Пенков, до 79 кг.

-Кај машките важно е учеството, а не и пласманите. Не беа подготвени како што треба. Тешко беше без ниедно првенство или турнир. Но, на државните првенства во април, ќе пееме ,,друга песна,,- најавува Игнатовски.

Мнозинството од кадетките имаат право и за пионерки в недела на Изборното во Штип, каде ќе има и младинци до 20 години.

Дали ќе се најде сала?

Желба е на тренерите и репрезентативките првиот собир на Кадетската женска репрезентација да биде во Прилеп. Може да се оствари, ако се обезбеди сала. Собирот ќе биде кон средината на март. Тој ќе биде означен како прв вистински собир, иако и претходно имало подготовки. Сите претходни биле заедно со машката репрезентација, а сега женските се осамостојуваат.

Извор: “Неделник Зенит”

Пejaчот Нayм Петpecки: Во минyc cyм 70.000 евpa, живeeме од платата на жена ми и пензиjaта на мајка ми

Поради пандемиjaта и pecтpиктивните мерки пејачите се без работа и пpилив на пapи.

Најпознатиот македонски фолк-пејач во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека пандемиjaта му донела финансиска кpиза.

„Секако дека е тешко. Скоро година дена како сме без настапи, преживуваме некако без музика. Меѓутоа не е лесно. Финансиски некаде сум преку 60-70.000 евра во минус. Живееме со плата и пензија од мајка ми и од жена ми и од нешто што сме имале од порано. Меѓутоа тежок е животот секако, целата економија е упропастена. Не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација. Немам добар поглед кон иднината“, изјави Наум за “Бекстејџ”.

Одличен прилог за секое јадење: Комири кои ќе ги обожавате

Помфритот е омилен прилог со повеќето јадења со месо. Сепак, она што ги тера многу луѓе да стават помфрит на списокот на непожелни прилози е големата количина на масло што ја апсорбираат компирите при пржење.

Паметните домаќинки најдоа одлично решение – помфрит од рерна, што е исто крцкав како оној од пржење или тава, но со минимално количество масло.

Состојки:

1 кг компир, 3 полни лажици пченкарно брашно, црвен пипер, суви зачини, бибер, 2 лажици масло

Припрема:

Излупете го компирот, па исечете го на осмини. Соединете ги пченкарно брашно, црвен пипер, сув зачин и бибер, а потоа во таа мешавина додате ги компирите.

Поставете плех со хартија за печење, ставете ги компирите на хартијата, лесно посипете ги со масло и ставете ги во рерна. Компирите треба да се печат на 250 степени додека не поруменат.

Послужете со кое било јадење од месо и сезонска салата.

(Фото) Еве која е убавата Србинка од турнирот “Австралија опен” што го воодушеви светот со своите очи

Помина една недела откако Новак Ѓоковиќ го освои деветтиот “Австралија опен” во кариерата, а на социјалните мрежи и понатаму се говори за синооката Србинка која го бодреше Новак од трибините.

“Да, јас сум таа девојка со убави очи, ви благодарам на комплементите, се викам Даница Благојевиќ, мажена сум со Александар Благојевиќ и имаме три деца”, изјави за Спутник.

“Го запознав Новак кога дојде во Мелбрун првиот пат со својот тренер Дејан Петровиќ. Имам среќа што Дејан е мој роднина. Имаше школа за тенис, всушност Тенискиот клуб “Пума” во Крагуевац”, објаснува таа.

“Сакам да го гледам во живо секогаш кога игра во Австралија, но оваа година финалето се одигра на роденденот на мојот сопруг. Го изненадив! Купив две карти за да го гледаме Ноле и така прославивме. Следната година ќе ги резервирам истите карти, истите места, ќе ја носам истата капа и се надева, Ноле повторно ќе победи во финалето”, вели Даница.

(Фото) На плажа пронашле мистериозна топка: На неа има руски натпис – а еве што мислат експертите

Необична топка од титаниум, со руски натпис, беше откриена на Бахамите.

Менон Кларк од В.Британија, се шетала на островот Харбор со семејтството која ја забележала топката тешка 41 килограм.

“Видов еден сјаен предмет во песокот. Забележавме руски зборови на него, па копавме подлабоко за да дознаеме за што се работи”, вели таа.

“Го оставивме предметот на плажата, бидејќи не можевме да го кренеме. Слединот ден се вративме на истото место и забележавме како шест луца копаат за да го извадат целосно”.

Експетите велат дека топката е резервоар за хидразинско гориво за сателит или вселенско летало, меѓутоа, не е јасно како завршил на Бахамите.

МВР во нова акциja: Кpивична пpиjaва за прилепчанец поради поседување ловна пyшка без документи

ОВР Прилеп поднece кpивична пpиjaва пpoтив З.М.(52) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено изpaботyвање, држење, пoceдyвање и тpгyвање со opyжје или pacпpcкyвачки материи“.

– На 13.11.2020, полициcки cлyжбеници извpшиле пpeтpec во куќа во с.Голем Радобил, прилепско, сопственост на З.М., при што пронашле и одзеле ловен кapaбин „М98“ со калибap 7.9 мм и осум парчиња мунициja 7.9 мм за кои не поседувал документација – информираат од МВР.