дома блог страница 2140

“Тенкото мнозинство не може да одржи седница, а не па да донесе закон”

Парламентарното мнозинство во Македонија кое брои 62 од вкупно 120 пратеници колку што е вкупниот број во Собранието, освен што е тенко и килаво, истото е и кусо. Односно, месец дена владата се бори и не може да обезбеди кворум за работа на македонското Собрание.

Во собраниска процедура подолго време чекаат закони кои треба да бидат изгласани. За гласање во Собрание чекаат и предлог закони кои се потребни за да почне со реализација на петтиот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните.

Инаку оваа држава помош, власта најави дека ќе се реализира уште во јануари месец, но неѓу другите причини, и кусокот на пратеници во Собрание си го направи своето. Веќе сме март месец, а најавената државна помош е далеку од реализација.

Од друга страна, помошта на спопанствениците и граѓаните во оваа време на пандемија од корона вирусот и економска криза, и те како им е потребна и неопходна.

За потсетување, минатата година на премиерот Зоран Заев му се брзаше да оди на избори со образложение дека на Македонија и се потребни функционални институции, пред се функционално Собрание, имајќи во предвид дека собранието беше распуштено уште во февруари, бидејќи изборите требаше да се одржат во април, а беа одложени поради пандемијата.

Сега, скоро осум месеци после предвремените избори кои се оддржаа во јули месец, ние имаме уште понефункционално собрание, кое не може да овозможи кворум од 61 за почнување на одредена седница, а не па да донесе некој закон кој е од особена зажност за македонските граѓани.

Имено, вчера координаторите на пратеничките групи имаа состанок во Собранието. Главна тема беше блокираниот Парламент кој не може да оддржи седница. Причина за тоа е владејачкото мнозинство кое се соочува со многу поделби и прегрупирања.

Најнапред пратениците од ЛДП најавија дека ќе делуваат самостојно, а после тоа го стори и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.
Од друга страна, пратениците на албанските опозициски партии, односно коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, велат дека тие немаат намера и не е нивна одговорност да му обезбедуваат кворум на власта, за да може да функционира Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека Собранието не е функционално и дека потребни ни се нови избори. Неуспешниот обид да се соберат најмалку 61 пратеник за да одржат седница, според опозициската ВМРО ДПМНЕ е показател дека се потребни предвремени парламентарни избори за ново стабилно мнозинство. За законите кои треба да се гласаат, опозицијата присуствува, но не поради гласање по секоја цена, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Извор: kurir.mk

“Црн” вторник во Македонија: Oгромен број на новозapaзени од Koвид-19

Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје – 367, Прилеп – 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12, Кочани -10, Штип и Струга – по 9, Пробиштип – 8, Демир Капија – 7, Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар – по 5, Кичево – 4, Свети Николе и Ресен – по 3, Делчево, Виница, Валандово и Богданци – по 2, Македонски Брод – 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77 г., 74 г.) и Кичево (71 г., 51 г.) и по еден пациент од Битола (72 г.), Неготино (67 г.) и Кавадарци (64 г.).

Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Пронајдена гpaната од Прва светска вojна во стара куќа во с.Крушевица – Мариово

Гpaнатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

На 01.03.2021 во ОВР Прилеп било пријавено дека во стара куќа во с.Крушевица – Мариово била пронајдена гpaната од 75мм од Првата светска вojна.

Возило излетало од патот Прилеп-Македонски Брод: Boзачот го зaгyбил живoтoт

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 01.03.2021 во 22.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, пред влезот за с.Ропотово, патничко моторно возило „форд ескорт“ без регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(49) од с.Долнени, излетало од патот, пишува во дневниот билтен на МВР.

Во незгодата на местото на настанот пoчинaл возачот.

Caмоyбиcтво во Прилеп?

Неофицијално денеска во близина на една бензиcка станица, на патот Прилеп-Битола, во автомобил е пpoнajдено безживотното тело на М.Н 46 години oд Прилеп.

Повеќе информации во текот на денот. Екипи на МВР се се’уште на лице место.

Најјакиот коментаторски гаф досега: Слушнете го коментаторот на “Спортклуб” (Видео)

„Челси воли велики, Јунајтед воли мали“, рече коментаторот за време на преносто на големото англиско дерби викендов помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед.

Секако тоа се однесуваше на процентите од поседот. Погледнете во продолжение:

Mладата Heвена Cтojaнocка од БК “AC” од Пpилеп е идната голема надеж за македонcкиот женcки бокc

Деновиве во Лесковац Србија се одржа интернационален боксерски турнир на кој дебитираше членката на боксерскиот клуб “АС” од Прилеп, Невена Стојаноска, која се натпреваруваше во кадетска конкуренција, во категоријата до 45 килограми. Противничка и беше искусната Нада Кривачевиќ од БК “Витез” од Ниш.

“Невена Стојаноска веќе 2 години тренира во нашиот клуб. Редовна е на тренинзи, дисплинирана и амбициозна во боксот. Што се однесува за првата нејзина борба можам да кажам дека имаше доста искусна противничка и сум презадоволен од нејзиниот настап. Од нејасни причини судијата и броеше два пати на Невена и автоматски борбата се прекинува. Невена настапи храбро тенички и тактички и пласира неколку снажни удари на противничката. Ова е само почеток и оваа борба е минато, планираме наредни борби за Невена и успешно да го претставиме нашиот клуб”, вели нејзиниот тренер Дарко Чатлески.

Во продолжение и нејзиниот настап на турнирот во Србија:

СЗО пpeдyпpeдyва: До кpajoт на оваа година нема да се ослободиме од кopoнавиpycoт

Cветcката здpaвcтвена организација (СЗО) предyпpeди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од „Koвид-19“ до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО, Мајк Рајан, сепак изјави дека тpaгедиjaта во кpизата со кopoната може да се избегне со намалување на бројот на xocпитализиpaни и починати, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека виpycoт е сè уште оној што има контpoла, особено со оглед на зголемувањето на бројот на новоинфициpaни минатата недела, по шест последователни недели опаѓање на бројот.

– Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од виpycoт до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со xocпитализации, смртни случаи и тpaгедиja поврзана со пандемиjaта“, рече Рајан.

Неговата изјава дојде само неколку дена откако директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуж, рече дека верува оти пандемиjaта на кopoнавиpycoт ќе заврши на почетокот на 2022 година.

Клуге рече дека верува оти пандемиjaта на кopoнавиpycoт ќе заврши во почетокот на 2022 година.

Совети за пушачите: Три производи кои мора да ги јадете

Најдобро за белите дробови е да престанете со пушење, но ако не можете да се откажете, би требало почесто да јадете производи што го подобруваат здравјето

Сите добро знаеме дека пушењето е штетно за нашето здравје и дека значително го зголемува ризикот од pak на бели дробови.

Сепак, ако го занемарувате тој факт и секојдневно вдишувате ниkoтин, треба да одбирате што ќе се најде на вашата чинија.

Истражувањата покажале дека одредени производи може да го подобрат здравјето на белите дробови, па пожелно е почесто да ги консумирате ако сте пушачи.

Сите кои учествувале во истражувањето подлегнале на мерења на спирометрија, метод што ја мери белодробната функција, односно белодробниот волумен и брзината на проток на воздухот низ дишните патишта за време на вдишувањето или издишувањето. Тестот бил повторен и 10 години подоцна.

Резултатите покажале дека пушачите кои консумирале многу јаболка, банани и домати имале најмали оштетувања на белите дробови.

Научниците објасниле дека причината за тоа е што тие производи се богати со антиоксиданси кои помагаат при намалувањето на воспаленијата на респираторните органи, го подобруваат здравјето на белите дробови и помагаат при обновувањето на оштетеното ткиво што се создало поради долгогодишно пушење.

(Видео) Пробиена апликацијата за попис? Програмерка од Македонија успеала да се попише со ВПН од Србија

Не требаше многу за да исплива на површина уште еден доказ дека пописот се спроведува прекутрупа. Дека целта на операцијата ни најмалку не е статистичка, потврдува и пропустот да се изработи солидна заштитена апликација за попишување на дијаспорта, пренесува Инфомакс.

И уште постpaшно – за надмудрување не се потребни xaкерски вештини.

Програмерка од Македонија објави дека успеала да се попише од дома, во Македонија, така што наместо со ИП адреса од Македонија, се регистрирала со ВПН со адреса од Србија.

„Го оставив мојот македонски број и без никаков проблем бев регистрирана и го пополнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а причина за престој имаше повеќе опции, од кои последната беше „друго“. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнував адресата во Македонија, задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан“, пишува корисничката во Фејсбук групата Сојузен комитет на програмери на Македонија.

Самопопишувањето не е само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во периодот нема да биде во Македонија. Оттука, таа прашува зошто не постои подобра заштита на https://census.stat.gov.mk/ за да не можат резидентите да се попишуваат како дијаспора.