дома блог страница 2134

(Видео) Интервјуто кое ќе предизвика нов потpec во кралското семејство: “Ништо не е како што замислуваат луѓето”

Меган Маркл вели дека да се биде член на кралското семејство „не било она што луѓето го замислуваат“ , објави денеска Би-Би-Си извадоци од интервјуто што ќе биде објавено во недела.

Во извадок од интервјуто дадено од Опра Винфри, Меган објасни зошто решила да излезе во јавноста токму сега.

“Сите ние носиме свои одлуки, но тогаш не можев да го сторам тоа. Не зависи од мене”, рече Меган. Таа додаде дека е „навистина ослободувачко“ што сега може „да зборува за себе“.

Делови од интервјуто биле објавени во време кога Бакингемската палата ги истражува наводите дека војвотката лошо се однесувала кон нејзиниот персонал.

Прво е објавено од „Тајмс“ откако бил снимен разговорот со Опра. Меган ги нарекла обвинувањата „последниот напад врз самата себе“.

Интервјуто со Опра, кое ќе се емитува на Си-Би-Ес во недела и на британската телевизија ИТВ во понеделник вечерта, треба да открие детали за животот на Меган и Хари како членови на кралското семејство пред тие да се одречат од тоа и да се преселат во САД.

НОВА АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со стабилно водство – Еве како стојат силите на политичките партии

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 1 и 4 март 2021 на 1109 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии. Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република
Македонија.

Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии.

Зaeв: “Ќе ѝ дадеме шанса на љубовта, спорот со Бугарија може да се реши”

Премиерот Зоран Заев во интервју за Слободен Печат вели дека спорот со соседна Бугарија може да се реши откако таму ќе завршат парламентарните избори.

-Ќе дадеме шанса на љубовта оти Борисов вели: „Ние не сме за вojна, ние сме за љубов“. Ќе се изнајдат решенија. Тие имаат таму врв на демократријата – избори. Нека си изберат Влада, институции. Мај, јуни се пред нас додека да дојде Европскиот совет. Можеме да седнеме посветени водејќи грижа еден за друг, почитувајќи нашите посебности и да го најдеме решението.

3aпочнyва белата недела: Еве што тpeба да пpaвите од денecка до cледната недела кога ни дoaѓа големиот xpиcтиjaнcки пpaзник

Во недела (14.март.2021), православните верници ќе го празнуваат еден од најголемите христијански празници – празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница.

Неделата пред Прочка се вика Месопосна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.

Мицкocки со иcкpeна пopaка од Инфективната клиника

Денес ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од истата бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник, реагира преку својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на предлогот на премиерот Зоран Заев за поделба на власта.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци, закани, уцени, менуваа изборен законик на пет минути пред почеток на кампања, во услови на пандемија, карантин, пакети, ја задожија државата за повеќе од една милијарда евра, пљачкаа и пљачкаат сѐ уште и што ли уште не…

Денес ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од истата бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник.

И тука ДА прв пат се сложувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, единствено му должам на мојот народ, на Македонците, на граѓаните на Македонија, на пратеничката група од коалицијата За обнова на Македонија, ИК, ЦК, општинските комитети, месните комитети, униите на ветерани, млади, жени, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба и се ќе сторам ним да им се оддолжам.

Имам една порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас.

Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник.

Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа…

Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор!

И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам.

Македонската пролет доаѓа!, пишува во својата Фејсбук објава Мицкоски.

Прилеп не бара воведување никакви мерки, а Koвид бројките по којзнае кој ден по ред се високи

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 186 оздравени пациенти од: Скопје – 50, Прилеп – 29, Кавадарци – 25, Куманово – 15, Тетово – 14, Велес – 9, Неготино – 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Гостивар – 5, Струмица и Крушево – по 4, Богданци – 3, Штип, Свети Николе и Валандово – по 2, Делчево и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.701 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-113, Авицена-371, Биотек-297, Жан Митрев (Филип Втори)-205, Систина-290, лабораторија Лаор–383, МАНУ-0, Судска медицина-33, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-148, Ремедика-59, лабораторија болница Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1190, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Во Прилеп во моментов се активни 719 случаи на позитивни со Ковид-19.

Дурловски до Заев: “Одговорност, па потоа помирување”

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски на Твитер упати порака до премиерот Зоран Заев, откако тој излезе со понуда за заедничка влада со опозицијата.

– Поништување на штетните договори, ослободување на невините од затвор, одговорност, а потоа помирување, напиша Дурловски.

Што стои позади понудата на Заев?

Според информациите што ги добив од одредени уредници од медиумите според нивните анкети, партијата ВМРО-ДПМНЕ стои подобро од СДСМ. Релевантен е истражувачот, тој што ја спровел анкетата, а тоа би било добра вест за приврзаниците на опозицијата, рече Бранко Героски во гостувањето во емисијата „Само интервју“.

Героски додаде дека со тоа се зголемува паниката кај власта, не му е лесно на Заев.

„Да се разбереме и таму не е лесно, затоа што имам некои информации дека, не знам колку се тие точни ќе видиме, љубопитен сум дали ќе се остварат таквите прогнози дека на претстојните локални избори ќе има многу независни листи, има доста структури кои што не се задоволни од партијата СДСМ“, појасни Героски.

(Фото) Брод кој “лебди” снимен во Англија: Се работи за редок феномен

Брод кој лебди над водата, ретка “оптичка мамка”, беше фотографиран во близина на Англија.

Дејвид Морис, авоторот на оваа снимка, вели дека бил изненаден кога забележал како огромен танкер лебди над водата недалеку од Фолмаут, во областа Корнвол.

Се работи за оптичка илузија позната како горен мираж, пишува англиски “Гардијан”.

MВР со анкета: Оценете ја работата на cooбpaќajната полициja

Почитувани граѓани, во изминатите неколку месеци Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, Гостивар, Куманово и Охрид започнаа со употреба на камери за регистрирање на контактот со граѓаните. Овој проект е имплементиран со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и ИЦИТАП меѓународната програма за помош и обука при водење на кривични истраги на министерството за правда на САД – информираат од МВР.

Целосното соопштение во продолжение:

Проектот веќе во следна фаза планира имплементација на системот за снимање со камери на територија и на другите Сектори за внатрешни работи ширум државата со што целата сообраќајна полиција би била опремена со таков систем со кој ќе се отстрани било каква можност за коруптивно и незаконско постапување.

Со цел оценка системот на мобилниот систем за снимање со камера (МССК) ги покануваме граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери да ја искористат можноста да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем.

Оценувањето ќе се врши преку пополнување на анонимна анкета од мобилен телефон со едноставно скенирање на следните QR кодови на македонски и албански или со директно кликање на следниот линк.

https://www.surveymonkey.com/r/BWC_MKD